Не јас не реков дека не треба да се искажеш ако се е во ред, само ти реков да не коментираш за лековите, дека од нив се мрднувало или слично. Немој да се стегаш, и немој да гледаш на лековите како нешто лошо, кој може без лекови добро кој неможе ке си пие, и тие лекови се за да ни помогнат, не за да ни одмогнат, јас тоа сакав да ти кажам. Имај и ти добра нок и верувај во тоа дека еден ден сите ние ке бидеме добро
Се Ќе биде во ред .. верувам . .. силни сме ние.. ако требаше досега илјада пати ќе завршевме таму .. секоја ви чест на сите за храброста .. да се бориме и да продолжеме да докажуваме дека сме храбри момци и девојки..добра ви ноќ на сите, ве гушкам сите и ви праќам многуу љубов .. фала ви на преубавите зборови и фала што постоите ..
Сакам да не е вака тешко и да не паничам и да не ми се стегаат гради и чука срце од страв за што ќе биде ако биде.. сакам да живеам во сегашност и да сум среќна.. ми се плаче секој ден од мака на психијатар не сум била сеуште ... а инаку мн ми р мачно и се борам секој ден и само се надевам на пофобри утра и денови. Сакам да сум спокојна како и сите што сакаме. Сакам спокојно да легнам и да се разбудам. Надеж сеуште имам и само се молам да биде подобро. Се молам за мене и за сите вас. Дефинитивно најизмачувачко нешто е ова .
Пробај да разговараш со психијатар , па и да ти препише лекарства нема ништо лошо и страмно во тоа.. сите сме поминале и минуваме низ истото.. тука сме за подршка , немој да се плашиш
Фала ти за советот во мојов град нема и се мидлам долго да одам во скопје да побсрам психолог или психијатар подобар некој... мислам дека разговор би ми помогнал осеќам дека ако се олеснам на прав човек ќе знае како да ме надочи и советува сепак др е стручно лице. Ти благодаеам уште еднаш..
Јас не сум баш најдобро, ама од шетање немам време да помислам на анксиозносва, ајде и за убави работи да си кажиме во темава, со тазе дечково хахха шетам само и да ме фати напад се обидувам некако да ги пренасочам мисливе, вчера и на роденден бевме кај негов другар, имаше многу луѓе и одма мене жештини ме фатија, малку вртоглавица, и кога останавме помалку почнав да функционирам нормално, тоа е, се бориме некако, мора. Ќе бидеме сите подобро мора hug:
Imate li napadi od tipot placenje molenje za umiranje, samounishtuvanje? Mne Celo vreme mi se slucuva toa koga doma nekoj ke mi prerece, nekoj koga ke mi povishi Ton so pricina...
Девојки и јас страдам од анксиозност,но не би сакала да зборувам за тоа.Знам колку е тешко и токму поради тоа,на сите кои се соочуваат со ова сакам да им кажам дека се ќе биде во ред,да бидат храбри и да имаат верба во себе.Запомнете се е минливо!
Се додеκа не му погледнеме на стρавот во очи, ние ќе се самосожалуваме и патиме... Ајде да му поκажеме на чудовиштето деκа неможе да не сκρши!!!
Пола Македонија пија АД , и што сега сите ке завршат во лудница?абе луѓе има триста врсти на анксиозност и депресија сите патиме ика некој повеке некој помалце ,мене многу поарно ми беше кога имав со помал интензитет анксиозност ама стресовите си го направие своето и ми се влоши состојбата ,затоа да гледаме помалу да се нервираме а ние се нервираме за глупости и за ситници ,да најдиме секој ден нешто позитивно да се фокусираме на позитивното ,мислете позитивно во мислата е лекот и енергијата вежбајте јога и медитација ,очистетеја душата од непотребното поздрав и имајте убава ноќ
Значи на форумов има луѓе што врска немаат, незнаат што пишуваат...анксиозност, депресија, бардовци... Лелеее мајко мила, немојте останатите да обрнувате внимание и да се вознемирувате беспотребно!!! Убав ден на сите
Значи сите се вознемирени тука од сопствената состојба и не верувам дека некој е дојден со намера да вознемири некој друг, туку сите со своето гајле сакаат да искажат мака, и она од што се плашат. И да, секако дека има луѓе што врска немаат, без навреда кон никого значи не ми е целта да се расправам, ама да сме знаеле што е проблемот, немало ни да го имаме. И апсурдни и банални да ни се мислењата, стравовите и маките, тука сме токму поради тоа,затоа што тука има и други како нас, што разбираат како е да се плашиш од апсурдни стравови, нешто што останатите на пример во наша околина можеби не ни го сфаќаат и разбираат... Но затоа тука, сите не мачи истото, но на најразличен начин, од најразлични стравови и глупави идеи што ни надоаѓаат но сепак тешко ни е да се избориме. Сите сме тука за некој да не утеши, дека е безпотребно вознемирувањето, и дека всушност се ќе биде во ред, поздрав
Извини Елисабета, немав намера да вознемирам некого, само го искажав мојот страв. Ни мене не ме тешат кога читам стравови од некои и како им се свртело и слошило во одредени ситуации, но сепак тука сме сите различни јас очигледно сум од тие послабите,што ја искажуваат маката и се очајни, па исто како и другите го искажав мојот страв. Ја сум растена покрај неа, поради икс причини и бев сведок на се тоа, и тоа ми е мене траума и страв сега секоја моја состојба јас со тоа ја поврзувам, така да само си го искажав мојот страв, исто како што некои други тука кажуваат дека им е паника гужва, или одење на кафе, или афтобус, или слично. Мојата намера воопшто не беше да бидам трн во око баш јас. Има тука похрабри, и поискусни од оваа област, па и такви што веќе разговарале со стручни лица, и што знаат како да не советуваат и охрабрат нас понехрабрите или понеискусните. Јас сум во оваа состојба само пола година, и ми е се непознато и ново затоа и сум очајна сеуште, како што верувам сте биле сите по првите средби со ова. Уште еднаш по 6, 7 пат ќе се извинам ако некого особено го вознемирив со мојот проблем и раскажување на состојбата на таа жена, но ќе повторам, не ми беше целта да заплашам некого со намера, не очекував таква реакција, пошто долга е дискусијава на темава, и исчитав и јас самата и многу очајувачки и обесхрабрувачки примери од луѓе, но и многу добри и силни совети и поддршки, и благодарна сум за тие. Поздрав
Tвојот став за лековите?свесни сме дека е немија и дека не е сјајно да ги пиеш ,но да се полуди од нив неможе
ЗНАЧи немав став дека може да полудеш од нив, туку дека патам од Анксиозност, и паники, со што се што би ме потсетило на пример на ситуација од што се плашам, ќе ме натера да паничам и да се плашам од тоа, А пошто ја лековите со неа ги поврзувам, само потенцирав дека ми е страв од ситуацијата нејзина таа пиеше и таа ми е поим за состојба од која се плашам. И уште еднаш, ти завидувам на способноста да се расправаш иако велиш си анскиозна. Искрено ти кажувам, мене дискусии и расправии сериозно ме вознемируваат, и се грижам иако ете лично не те познавам, не би сакала да се расправаме, не сметам дека има потреба, нити пак дека нешто до тој степен згрешив за да се расправаме. И ја барам утеха тука, исто како сите, и барам место каде ќе можам да се олеснам и искажам, маките мислите и тн. Се надевам само на пријателско прифаќање, не сум тука за да се расправам или дисутирам тоа само дополнително ме вознемирува, еве 10 пати отворам рефреширам да видам дали си одговорила, од што не сакам да продолжува дискусијава со ваков тон. Едноставно сфати ме,и да сум згрешила со раскажување на тој пример, се обидов да се извинам веќе низ неколку одговори. . Те поздравувам
@Cleonika sakav da ti pisham poraka mila, ama nemozam. Ako mozesh ti pochni so razgovor, ne sum tuka nikogo da kritikuvam, ednostavno ako mozam sakam da pomognam
не се расправам само дискутирам за тоа што за мене не е прифатливо и воопшто не ме нервира дискусијава ,само знаеш некои личности се нежни и треба да се пази што се пишува .