Јас последниве неколку денови сум плачка, не знам ама пред да си легнам ми иди да плачам, се нервирам, почнувам да се разочарувам од се во животов, да се обвинувам и денеска имав така мал напад додека бев на кафе ме затреси малку, а еден период баш се чуствувам одлично....
Јас исто така последниве денови само ми се плачи исто и многу сум нервозна.Цел ден сум заникаде.Излегов малце ама исти незнам што да правам.Нервозата ја чувствувам најмногу во нозете тое многу ме нервира.
Добро вечер/утро. Од средата сум под опсада на овој проклет грип. И најјакото од се е што САМА отидов на лекар, и тоа болна. чекав во чекална, без никаков проблем. Фала богу бидејки се бев уплашила дека после оној напад од пред неколку дена повторно ќе ми се врати. Инаку јас се борам со ова чудо долго време. Има периоди кога ми е супер, ама има периоди кога сум за никаде. Избегнувајте работи кои ве растревожуваат.
Денес 8 ми Март ,среќен нека ви е .Не ми е сјајно но сепак ке одам со друштво за денов во кафана после тоа во кафич се договоривме се надевам дека нема да имам паники ,поздрав другарчина
И јас денеска нешто се изнервирав прееска и еве ега ме стегаат гради и ми се лоши се се плашам дека од нервозата ќе ми се случи нешто зошто ме стегаат геради вака си викам не можам да се смирам не знам зошто вака
Среќен 8ми Март на сите... нека ни даде Господ сила да се бориме и да истраеме. Прегратки и бакнежи до сите .... тежок ми стана мене денов ама еве сега испив половина апче се надевам ќе се смирам.
Дечки у фаза на откажување на пароксетин сум. Си најдов аминокиселини и фала богу подобро е Л-теанин и ГАБА аминокиселина и се е ок Гледав некои видеа дека имало во Скопје со едноставно земање на крв да ти проверат кои невротрансмитери ти се најзастапени во мозокот па сега сум во план да се тестирам и врз основа на тоа да координирам со аминокиселини. Не се давајте само напред. За утеха да ви е скоро секој 4 човек е како нас само секој на свој начин си се носи со ова чудо. Бтvv Среќен 8 ми Март. Имајте убав ден позз
Среќен 8 март на сите. Нека овој непријатен период ни остане само смешно сеќавање во иднина. Само напред
И од мене среќен празникбидете среќни што сме жениод жена поубаво нема!!!Цела недела ми беше супер,сега пмс и почуваат да лудуваат хормониве.Бев кај моите па не ме собра таму,сега сум во период ни во стариот дом ни во новиотКако никогаш да не сум живеела кај моите,такво чувство имам кога ќе појдам таму,а штом поседам некој саат не ми се оди во новиот дом.Како и да е се е навика,срцката ми ја наполна душата и среќна се вратив во новиот ми дом.Проблем ми е што кога ќе појдам таму ме фаќа носталгија за времето кое таму сум го поминала,игрите со внуками ми недостигаат,и ме фаќа депресија и неможам да уживам во моментот.Па се борам со сама себе и моите чувства.....ама само напред....
@mal.ecka јас па едвај чекам да си заминам од дома незнам мислам дека нема да ми фали мојот дом кога ќе се омажам, иако тука израснав.