И јас исто. Сосема изгубив надеж дека некогаш ќе заврши. Дека кога ќе се погледнам во огледало повторно ќе бидам "jас". Се уништив целосно. Мојата личност пропадна во секој поглед.
Не е пропадната твојата личност, туку треба да се смениш и да се пронајдеш пак. Огледалото го покажува само она што го мислиш. Барај се пак и ке се најдеш, не се откажувај колку и да ти е нереално. Знаеш јас како одговарам на тие чувства на дереализација- си викам штом се ми е нелогично, нереално и безсмислено тогаш и моите глупи мисли и чувства се такви, па немам за што да ме замарат. Тешко е знам, но само на силните Господ му праќа препреки што можат да ги издржат.
Се обидувам да не се откажувам, да верувам дека ќе дојде подобро утре, да правам работи кои ме исполнуваат, но повторно, повторно, повторно истото!!!!! Ако еден ден во месецот ми е подобро, тогаш другиот ден ми е уште десет пати полошо. Имам чувство како да туркам зид со глава. Јас не живеам, јас преживувам. Заборавив како е да живееш нормален живот од таа проклета деперсонализација!!!!!!! Извинете на овие негативности, но не можам веќе да издржам.
Еве еден дечко кој зборува за неговото искуство со деперсонализацијата/дереализацијата. Инаку не се извинувај, доколку ти е полесно - слободно искажи си се! Затоа сме тука, нели? Да си дадеме поддршка и по некој совет.
Јас да ви кажам искрено во последно време си отворам на ју тјуб и си правам некои ланчиња, блузички ,брошеви си го пренасочувам вниманието а потоа се осеќам задоволна со постигнатото па колку лошо и да е хахаха ..ете еден предлог од мене како би искористиле 2-3 часа од денот . Иначе не сум и јас нешто нај нај но било и полошо .. Ви праќам позитивна енергија
Не е поентата да се споредуваш со други луѓе за да се осеќаш пропаднато, како што викаш. Поентата е да увидиш, да научиш нешто од другите, нешто што ќе ти помогне. Увиди што е тоа што го грешиш, кои карактерни особини ти се проблематични, и почни да се менуваш. Да, има работа, самата промена не иде одма, ама секој може да се промени. Битно е да увидиш што е тоа точно кај тебе што ти прави проблем, да размислиш, најдеш начин како да го смениш и да свесно работиш на тоа. Ако, на пример, увидиш дека си премногу осетлива, обично анксиозните луѓе се такви, тогаш свесно почни да го менуваш тој момент. Така и за сите други карактерни особини кои не ти се од помош, кои само те доведуваат до анксиозност, а со нив ништо паметно не постигнуваш. Увиди како реагираш на прблемите кои ги имаш. Дали ќе го решиш проблемот ако плачеш, драмиш, си праиш тензија во себе, ако паничиш? Не, само ќе се навлечат симптоми на анксиозност, па иди после во таква состојба барај чаре за проблемот. Ем симтоми непотребно се навлекуваат само, ем проблемот нерешен. Ова се не го зборам на памет, и јас работам на решавање на оваа состојба и знам дека само со промена на карактерот се искача од ова, не може, пак ќе кажам, да си тераш по старо и да очекуваш нешто да се смени, да исчезнат симптомите, а ти и понатаму да паничиш за се нешто, да се стресуваш, да си праиш тензии, телото реагира на сето тоа. Мора работа на себе, сама или со помош нечија, битно е да се менуваш на подобро.
Здраво на сите некој може се сеќава на мене некој не,значи почнав со елицеа пред пет недели ,инаку не дека нешто многу се смени ама се стабилизирав малку и се пуштив во борба ,значи секој ден пешачам по 4-5км ,веќе 15дена по ред ,резултат се осеќам многу постабилно и силна,не пијам ништо друго освен елицеата ,утре сум на контрола кај мојата докторка психијатар,ми "зсповеда" рече те чекам на контрола нашминкана и со средена коса ,значи сакав само да ви дадам моја подршка и верба дека може да се излезе од состојбата треба упорност и нормално време ,поздрав и ве чекам од другата страна на мостот сите како победници
Здраво на сите некој може се сеќава на мене некој не,значи почнав со елицеа пред пет недели ,инаку не дека нешто многу се смени ама се стабилизирав малку и се пуштив во борба ,значи секој ден пешачам по 4-5км ,веќе 15дена по ред ,резултат се осеќам многу постабилно и силна,не пијам ништо друго освен елицеата ,утре сум на контрола кај мојата докторка психијатар,ми "зсповеда" рече те чекам на контрола нашминкана и со средена коса ,значи сакав само да ви дадам моја подршка и верба дека може да се излезе од состојбата треба упорност и нормално време ,поздрав и ве чекам од другата страна на мостот сите како победници
Може на некого ќе му звучи смешно ама баш за луѓето во оваа состојба, слушав совети пред некое време од постар човек кој инаку беше доктор. Значи докторот кажа дека анксиозноста и депресијата земаат се поголем замав во денешно време. Стресот, недоволно спиење, многу работа, замор...се тоа доведува до оваа состојба. Прво мора да се има голема желба да се победи оваа модерна болест т.е. состојба. Мора да си кажете сами на себе дека може да успеете и дека ќе успеете. Да се навратам на тоа што реков дека може некому ќе му биде смешно....кажа дека ако сте верник, ако верувате во Бог, тогаш појдете во црква или манастир. Помолете се на икона, запалете свеќа за здравје, напиете се и измијте се со светена вода. Ќе почувствувате внатрешен мир. Молете се од срце и искрено. И нормално верувајте во тоа што го кажувате. Ако сте во можност повеќе пати посетете. Истото важи и за муслиманите, да појдат во џамија. т.е. важи за сите, кој во што си верува. Ама нормално да си се пијат и апчињата кои се препишани од специјалист. п.с. кажа дека добро е и да се пешачи, да се трча и на било каков начин да се троши негативната енергија.
ве читам и гледам дека кај некој од вас има напредување и мило ми е за вас,јас немам никаво напредување тапкам во место секоја ден различно ми е,нескам да ве замарам со симптомите што ми се прави битно е дека немам ден без нив а најлошо е тоа што чувствувам како да немам излез како да тонам како да незнам како да си помогнам а сакам ,покрај анксиозноста депресијата ме убива имам страшна депресија секој ден ми е борба ,никој не ме разбира како ми е мислат дека глумам дека така намерно се преправам и тоа уште повеќе ме фрла во очај ,пробав со психотерапија но кај мене не вроди успех едноставно како зборовите да не допираат до мозоков сега се размислувам единствено за психијатар и употреба на лекови а од друга страна не сакам лекови поради тоа што треба да ги пијам подолг период а тоа ме ограничува во обид за повторна бременост за некои што незнаат тука првата ми беше неуспешна заврши со спонтан првите три месеци се држев и после тоа попуштив а сега одам само надолу и надолу и јас незнам веќе што сакам побркан ми е паметот.поздрав до сите
Инаку заборавив да се надополнам, мислам дека и јас чувствувам некои од овие симптоми... Срцето ми чука брзо, некако сум тажна без причина, лесно се нервирам, ништо не може да ме насмее искрено од срце како порано, не можам да спијам, ми се врти, мислам дека сум болна, бев на доктор ми правеа секакви анализи и се е најнормално.....и апетитот ми е ок. ама читам тука дека луѓето со оваа состојба имаат напад на паники, страв им е сами да излезат од дома и сл. Јас тој проблем го немам за среќа. Одам на факултет, со другари излегувам ама ништо не ми е интересно. Не знам дали ова е само период или треба сериозно да го сфатам.
здраво, јас сум нов и ме интересира оваа тема и сакам да споделувам мислења со вас, и со овие напади зошто истите напади ми се случуваат мене, кога се движам по улица продавница како да немам кординираност со моето тело и паника ме фаќа да не ми се случи нешто да не паднам ... и уште многу други работи.
Ме интересира колку години имаш? значи за ова што кажуваш треба да смениш нешто во твојот живот твоето секојдневие да биде пополнето со активности што те исполнуваат кога ке ти дојде да се нервираш размисли моментално дека не треба да се нервираш, а кога гледаш дека ти се менува расположението излези од дома со другаарки другари, забавувајсе, знам дека неккогаш и ова не те исполнува, но треба самата во некој ситуации да си правиш да се чувстуваш исполнето и да си имаш убав ден.
Душо тоа не е излез, туку напротив треба да ја гледаш светлата страна на убавиот живот и убавите работи во него исполнети со радост и среќа, секој ден поминат среќен многу значи во животот, а не од ништо да си правиме нешто, внеси во твоето секојдневие активности вежбање и променисиго ставот.
Имам 20 години. Инаку се обидувам да го пополнам моето секојдневие правејќи тоа што ми е интересно, ама ете некој период така се чувствувам. Излегувам со личноста што најмногу знае да ме засмее ама во последно и тоа ми е глупаво и како што кажав не ми е интересно. Приметив дека почнав често да избувнувам, да се карам за ситници со сите, буквално се ме нервира и лесно се лутам. Сите што не размислуваат како мене ми изгледаат дека се глупави. И искрено најубаво ми е да сум сама, од колку со сила да се смеам со некого. Зборував со мајка ми за ова и колку толку ми помогна психички и ми даде сила ама тоа беше моментално. Другиот ден истата песна. Се тешам дека е лош период, а истовремено се плашам да не се почетни симптоми на анксиозност. Инаку докторот матичниот (кога мислев дека сум болна и кога правев анализи) ме праша дали се заморувам многу во последно и дали сум под стрес. Јас му негирав т.е. му ја кажав вистината, а тој само ми рече да пијам бедоксин неколку денови и дека ништо не ми е.
Добро да кажеме овие години се најмногу критични за младите пубертет и сите тие работи како и да е тоа настрана нека биде. Знам дека секој почеток од нештата што ѓи менуваш од почеток се океј али со тек на време се здосадуваат знам и јас сум таков окколу тоа,знаеш да реагираш брзо на некој критики или слични работи ѓи сваќаш многу длабоко и емоционално. А истото за тоа и јас сум бил моментално ке се чувствувам супер со некој кога ќе разговарам а другиот ден иста приказна. Иначе нема што да се плашиш се зависи од самите нас, повеќе мислам на вежбање да се насочиш пешачење, трчаање, а за оваа што викаш кога си сама најубаво ти е мислам дека така повеќе се затвораш во себе. Затоа треба да си го распоредиш денот да немаш време за размислување ...
Искрено пубертетот мислам дека е зад мене значи тој период 15-16 год беа критичните ама ги поминав супер. Од тогаш има поминато 4 години и не верувам уште да сум во пубертет. Како и да е едвај чекам лето да дојде. Тогаш имам многу послободно време и ќе можам да вежбам како што треба, да пешачам повеќе, да планинарам, на село да одам на чист воздух.... Сега сум повеќе зафатена со факултет, учење, испити може и тоа има влијание. Само се надевам дека за 2-3 месеци нема да се влоши состојбата, додека дојде лето.
Веќе два дена без престан го чувствувам јазикот како ми удира на заби. Уште ова ми фалеше. Не можам веќе да издржам, не можам. Сакам да ме нема!
123ppp da ne se vrakam nazad da citam, dali piesh nekoja terapija? ajde kakvo "da me nema" ???????? se e toa period, ke pomine a ima i spas, veruvaj vo toa.....nema nisto sto nemoze da se popravi...osven "edno" i zatoa ne sakam ni da slusam ni da citam za toa "edno" pri tolku mnogu drugi opcii....