Здраво на сите. Јас сум нова на форумот но долго време ја читам темата. И јас имам еден голем страв. Бремена сум 6-7 недели и кога доага 8 недела ме фака страв и паника од загуба на бебето, тоа ми се случува бидејки до сега иамв 5 спонтани абортуси и се некако мислам дека ке ми се случи истото. Што е најболно за мене докторите ми викаат дека нема причина за спонтан но се случва. Ја читав книгата Мокта на потсвеста и малку ме смирува но тоа не помага, се пласам да земам некои таблети за смирување да не станам зависна.
Кога се соочив со анксиозноста и почнав да барам начини да се излечам, мислев дека постои некој метод кој ке ми помогне од наредниот ден веќе да не ја осеќам, но се повеќе се уверувам дека не постои нешто такво. Очигледно е дека тоа е дел од нашите карактери и ќе не прати цел живот, но може да научиме да ја прифатиме или не. Јас незнам во која група на анксиозни спаѓам. Дали сум комплетно вратена во нормала или сеуште имам аксиозност. Најчесто функционирам беспрекорно. Се движам, патувам, имам сила да го претрчам цел свет и во тие моменти си викам – чао анксиозност, но тогаш ми се случуваат денови како на пример кога се менуваше саатот пред неколку недели. Едвај се движев, цело време имав нагони на повраќање ,вртоглавица ужасна, отидов на кафе, ама едвај чекав да си одам дома на сигурно, пак почнав да размислувам далу сум можеби биполарна ( читав негде во весник дека и тоа било честа појава и повторно се осетив како во најпроблематичните денови . Сега додека ви пишувам сум супер. Планирам каде ќе патувам за Велигден, си го реновирам станот и се е нормално, ама неможам а да не мислам кога следен пат ќе ми се појави ненајавено анксиозноста, а тие моменти ги мразам,затоа што ми ја црпат целата енергија и ме спречуваат во планирање на долгорочни активности затоа што секогаш постои тоа - АКО МИ СЕ СЛУЧИ БАШ ТОГАШ??
Беа ,најдобро да се потрудиш да не размислуваш -и да не си го поставуваш тоа прашање.колку повеќе мислиш на тоа те фаќа поголема паника-барем кај мене,и сама од ништо ќе си направам проблем позз и секое добро
Маца, не ти требаат таблети за смирување. Ти имаш реален страв и затоа те фаќа паника, секоја жена која имала спонтан абортус, со следната бременост се плаши од тоа. Затоа, стравот ти е реален. Веројатно, ти препорачале да лежиш, зашто сепак не е лесно. И да не ти препорачале, лежи и одмарај. Но, за стравот од повторна загуба, би ти препорачала да разговараш со некој психо-терапевт за да ти помогне преку разговор да го надминеш стравот и да се радуваш. Во секој случај, само можам да ти кажам да се опуштиш и почни со некои вежби, од типот да „му зборуваш на бебето, замоли го да ти помогне да останете заедно....кажи му дека го сакаш....“ Овие работи се можеби смешни, за некој, но сепак е начин да се поттикнеш да веруваш дека нема да го загубиш бебето и дека се ќе биде во ред Најважно е да останеш храбра и со силна одлука дека овојпат ќе успее. Ти посакувам многу среќа
Поздрав до сите тука на форумов,случајно го најдов па се надевам дека ке ми сте од помош,имам 24 год и анксиозеен сум еве веке 2 год ,на почеток не пиев ништо но сега заради почести панични напади ми преписаја депрозел и хелекс по потреба ,дали некој има искуство со овој лек (депрозелот) знам дека е Ад и дека се пие 6 мес до година,и друго во последно време имам проблеми и со спиењето заспивам брзо но се будам кај 3 -4 немозам да заспијам повторно,преку ден функционирам некако но кошмарот почнува на вечер кога ке се разбудам и знам дека ке останам буден до сабајле,како да го повратам стариот ритам на спијење затоа сто веке страф ме фака од ова полу спиење,психијатарот ми фамилиарен пријател близок и тој вели дека анксиозноста е несто сто секој го почуствувал во животот и дека морам да пијам АД за да не се мачам години зошто таа знае да се врати,па какво е вашето искуство со АД јас еве веке 2 дена како ги пијам,и како ако некој имал проблрм со спиенјето го решил...........и друго од битола сум и некој спомна гесталт метод кој се практикува во градов па каде точно се наога и каква терапија е и како се заказува зосто и психијатарот ми рече да одам на терапија психо ,гесталтот ми го спомна....
Алехандро, депрозелот е АД, поточно лек кој го храни хормонот во мозокот што се вика серотонин, а тоа е хормонот на среќа (народски кажано). Повеќе за лекот еве прочитај тука http://lijekovi-lijecenje.blog.hr/2009/ ... setin.html За да почне да делува било кој антидепресив мора да се пие 3-4 недели, дури после тоа ќе се видат ефектите. Ако после овој период тебе не ти е подобро, тогаш лекот веројатно ќе треба да се замени со друг. Сепак е добар лек и верувам ќе ти помогне. За анксиозноста како појава ќе мора да прочиташ малку повќе низ сајтов или по други сајтови, но немој да се грижиш зашто сите ја осеќаме анксиозноста, а кај поемотивните луѓе е поизразена, но сепак секој различно ја осеќа. Што се однесува до несоницата, мислам дека депрозелот нема да ја реши брзо, но хелексот би ја решил. Пред спиење напиј се хелекс, не е страшно...јас така пиев и по некое време се стабилизира. За несоницата ти кажувам од лично искуство зашто и јас имав проблем со неа. И баш како тебе, ќе заспијам, па ќе се разбудам во некое време со силно чувство на анксиозност. Толку ќе се изнервирав што на сред ноќ, ќе се напиев хелекс и пак заспивав, и тогаш спиев убаво и многу сонував. Но, има и други лекови баш за несоница, па можеби ако и кажеш на докторката ќе ти препише некој... Во секој случај, ќе мора да ја најдеш сам причината за оваа состојба. Со помош на психијатар, кој би те насочил сам да го откриеш проблемот. Има разни терапии, а гешталд терапијата е една од нив...за терапиите прочитај тука http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... 0%B2%D0%B8 Пишувај на формумов како напредуваш, ние си помагаме еден на друг , голем поздрав
Незнам во каков вид на анксиозност да го вбројам моето, ама се издржува и ок е се додека не се појави многу многу стрес во мојот живот....тогаш ми се појавуваат сите попратни појави на анксиозноста, страв тресење стегање во градите чуство дека поулавувам, се случува од време на време ама многу е лошо, значи за мојата ситуација сум свесен сум и се пробувам за да излезам од нејзе, знам точно што ме загрижува но тоа што ме загрижува во тие моменти ми изгледа толку многу реално што мислам дека ќе поулавам... едноставно во тие моменти сите мои фобии се многу реални, и незнам како да излезам од ова, ова ми се јавува кога ќе ми се собере многу многу стрес многу проблеми иначе добро се носам со анксиозноста, ама кога ке ми се јави ова мислам поулавувам, сеуште не сум бил на психијатар, незнам зашто и јас одбивам да отидам, можеби не верувам дека ќе ми помогне.. ама ова е многу многу тешко не би му го посакал ни на најголемиот смртен душман и непријател вакво нешто ... поздав до сите, навистина сакам сите да бидете излекувани од ова зло !
Здраво маца-маца,јас сум исто бремена и досега сум имала еден спонтан абортус па иако ми помина неделата во која сто го имав минатиот пат цело време сум на стрек,зборувам за еден а камо ли за пет..да е скраја.Значи дека е потполно нормално да се пласис само мора да се опуштиш и да пробаш да се релаксираш за да не си правиш полосо.Мој совет во врска со лекови за смирување е да не земаш..или ако сакас мозе да си земес некои на природна база како персен или чај од маточина ама се разбира со претходна консултација со твојот доктор.Ти посакувам среќа .поздрав
Како се справивте со концентрацијата,јас ја немам воопшто... како изгубено и збунето сум цело..инаку на АД сум веќе 2 месеци и конечно мирно спијам
да ве прашам како на старт ги поднесувавте антидепресивите јас еве почнав со депрозелот и како да имам гаденје и немам апетит и не спијам добро и дали сето тоа ке се промеени по извесно време ,поздрав
Браво!!! преубав совет...тоа е по онаа нашата ,,сто пати кажана лага станува вистина,, Јас истото го правев иакоми беше тешко јас одев исправено и велев ,,да да јас сум добра ми помина ,,..и така се стана вистина..јас навистина станав ДОБРО. Поздрав до сите и јас како Аззура многу ве сакам!!!!
го отварам форумов и најактивен топик анксиозност, и одма ми е полесно јас бев во депресивно/анксиозна состојба пред едно 4 години едно добри 6 месеца, а можеби и подолго, не сакав да се сеќам на тој период, додека не ми се деси истото пред два месеца, почна прво бавно, повремено и после ме доведе до стадуим да не можам дома да спијам сама, буквално одев или кај брат ми или кај другарка ми секој ден ама, јас си реков дека нема шанса да и дозволам на мојата психа да победе, зашто е моја и мора да ме слуша мене и дека ако првиот пат ме држело 6 месеца, сега за 2 морам да се средам да не се повторуваме цело време со симптоми оти очигледно сите ги имаме, така да еве и неколку совети од мене што мене ми помагаат. порано цело време коа ми се плачеше, се стресирав оти да не ме виде некој, па да не покажувам слабост итн. сеа ич не ми е гајле, си одам по улица и си плачам, и така коа ми е најтешко и коа ми се иде да си излезам од собствената кожа пошо не можам да го издржам чувството место да седам дома си ги облекувам патките и директно излевам да трчам, да не мислите сега дека сум некој атлет па трчам по 5 саата, едвај 15 минути пред срцето да почне да ми рипа до спротивната страна на улицата и пак назад, ама нема веза продолжувам да се шеткам. немам некое посебно хоби па цело време се обидувам да се занимавам, дали серии гледам или некое списание било што, и најискрено најмногу што ми помогна е да не се нервирам што се чувствувам вака, тоа е така ми било пишано, се будам навечер, па шо ако, ставам си пуштам филм и после некое време пак ќе се успијам... и цело време се обидувам да правам работи од кој шо ми се ствара паника, на пример треба цело време преку работа да летам,, а ме стра од летање ама се убедувам себе си, ќе бидем, пополека со бебешки чекори и така си се тешам сама ... најдобар совет што ми го даде мама еднаш (жена што пред 15 години не беше во способност да погледне преку прозор надвор, без да се онесвесте, а камоли пак да го премине прагот, а сега не можиме дома да ја најдиме пошо цело време е некаде на пат) е дека јас сум господар на моето тело и на мојот ум и дека секој ден можам да се чувствувам баш така како што јас сакам. така да коа ја гледам неа, знам дека има надеж пошо и јас успеав да се извлечам од таа ситуација еднаш, а на пат сум еве и втор пат да успеам.... морам да одам сега, ви посакувам на сите весели велигденски празници и верувајте во себе ве молам
Беа, мене кога ме фати од ново, бев во јужна африка, вечерта пред да се качам на 12 часовен лет, неочекувано, уше коа мисла не ми се преврте преку глава, ама си реков тоа е морам назад, и со плачки се качив во авионот и си стигнав дома, претходно се нервирав зошто баш таму и зошто секој одмор или викенд мора да ми се упропасте, ама баш затоа и те фаќа зашто потсвестно го мислиш и на некој начин сами си го предизвикуваме, а коа ќе се научиме да не ни е страв од самиот страв ќе прекине се.... и јас сум како тебе некоаш сум супер а некоаш не, ама морам да верувам дека ќе биде подобро и да се одвикниме од навиката сами да си ствараме стравови, иначе и мене ме фати пак кога се менуваше саатот и сите кај мене на работа беа тој период за никаде, па валјда ние поосетливите го доживуваме тоа потешко... поздрав и со среќа со реновирањето
Јас го пијам депрозелот и супер ми е со него. Претходно бев на Флуоксатин, ама откако престана Алаклоид да го произведува сум на Депорозел со хелекс. Обично треба 2-3 недели да се навикне организмот ако не си земал претходно некои слични лекарства. Но сепак консултирај се со докторот зашто мене прво ми дадаоа Асентра и не можев да ја поднесам ни ден, а сега сум супер. Фала богу од кога сум на депрозал не сум осетила појака епизода на анскиозност.
zdravo na site eve me i mene polse tolku vreme off i jas imam porblem strav od bremenost a sto e najloso mojot doktor mi vika deka mozebi e potrebno i operacija za da dojde do bremenost a toa e laparaskopija kako da ja napravam a imam tolku mnogu strav kako da se pobedi ovoj strav ???
јас сум на депрозел веќе 5та година, на почетокот првите 2 недели дур телото ми се навикна на него ми беше маачно, ме се гадеше и тешко ми беше на стомакот но после престана тоа. Јас мислам дека депрозелот ме држи така да кажам под контрола за да не осеќам огромни вртоглавици но сепак и покај него јас секојдневно осеќам вртоглавица, некогаш е онаа мојата константна и вршам секакви аботи а некогаш и во несвест паѓам и по лекари трчам, откога го најдовбфорумов не сум отишла на лекар фала му на Бога и се надевам нема да одам пак, мисла дека разменувањето на сикуства со луѓето кои минуваат низ оваа фаза највеќе помагаат како и самолонтролата, апче ко апче помага но еве 1 година со асентра 5 со депрозел и уште осеќам вртоглавици секојдневно без изостанок....До нас највеќе зависи
Сега на почеток, ти звучи страшно и невозможно да одиш на операција, но зошто да се плашиш од бременост тоа е најубавото нешто што може да ти се случи, детето кое ќе го добиеш без разлика дали по природен пат или со операција е најубаво нешто што може да се случи во еден човечки живот, за тоа живее секој поединец за да оформи семејство а операцијата ќе биде веднаш заборавена во однос на благословот и подарокот кој може да ти до донесе. само анпред детето е нешто нај нај нај јас едвај чекам да созреам и да станам мајка ама имам уште многу време, со бременоста и бебето и на анксиозност ќе заборавиш и на се... Секое добро