1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. tetito

    tetito Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Луѓе каква анксиозност е мојава, полн сум со фобии реагирам цел ден анксиозно и после тоа сум уплашен од се и сешто ме плаши животот се ме плаши, тешка депресија ми доаѓа, .... дали на некој му е вака ?
    Оффф тоа чуство дека поулавувам е многу присутно кога ќе ми дојде ова ..., а постојано одложувам психијатар и лекови, кои што најверојатно бев нив оваа состојба и неможе да се помине.
     
  2. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    незнам како све вие јас деновиве сум узас ајде нешто позитивно кажете ми
     
  3. tRiNkErBeLl

    tRiNkErBeLl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    луѓе мои еве ви линк за едни соли, се викаат солите на др. Шуслер, всушност тоа не се ништо друго освен минерали, ама така приготвени да може организмот веднаж да ги приме, јас ги земам број 2,5 и 7 (против стрес) секој ден од 1-4 пати ама без проблем може и почесто, и вртоглавиците можам да кажам дека скроз изчезнаа, дури и кога ми е најтешко барем не ми се врти... ги има за се и сешто, они се 12 соли вкупно мислам и плус 15 додатоци или така нешто... на левата страна ги има сите болести под азбучен ред, и ако кликниш на една ти кажува кои соли можеш да ги комбнинираш... можеш слободно да комбинираш до 5 соли истовремено. јас не сум во македонија, ама сигурна сум дека мора да ги има и кај нас во аптека некаде ... инаку не зимам никакви АД или било какви таблети освен витамин Б6 и овие солите и некоаш ми е супер некоаш не, ама ќе биде, полека но сигурно ;)
    http://schuessler-cell-salts.com/
     
  4. janicka12

    janicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Od ankcioznost stradam i jas vo momentov.Celo vreme me sledat negativni misli.Kaj i da odam i so i da pravam celo vreme se prisutni.Se trudam tie negativni misli da gi zamenam so pozitivni i da prestanam da mislam na nesreki.Pred dva meseci pocnav da dobivam napad na panika i so toa normalno i tahikardii.Mojot verenik mi pomaga sekogas i vezbame joga ili ke iskocime i duri i togas koga sme iskoceni koga ke se nasmeam odednas mi doaga nekoja strasna misla vo glavata i vednas pocnuvam da se plasam i da krevam tenzija.Neznam so da pravam kako da si pomognam sebesi kako da gi trgnam tie odvratni misli.Nesto moram da napravam za da ne poludam.Pomognete mi ve molam.
     
  5. gruevska

    gruevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    janicka nemoj da se plasis site sme gi imale tie strasni misli i jas patev od toa duri da ne spomenuvam kakvi samo opusti se ili razgovaraj otvoreno za toa sto razmisluvas taka ke ti bide polesno ;) samite po sebe ke isceznat i jas vikav do koga vaka ama ete sega gi nema gledaj malku po pozitivno na rabotite i koga ke dojde taa misla losa svrti go pametot na ubava misla :D pozdravce ti posakuvam se najdobro
     
    На janicka12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    и јас деновиве имам налети на анксиозност, односно секој ден ме пратат, позади секоја активност што ја правам, без разлика дали сум на работа или дома гледам филм мене умот толку ми е истрениран и измачен што во се си ги носам истите мисли. Си велам, морам да ја прифатам мојата состојба, ама кога ќе почнат морниците по тело, па и адреналинот во стомаск ми тогаш веќе ми се зголемува паниката, еве баш пред да се вклучам ми поминаа истиве овие чувства :(
    Мене многу ми помага форумов и пишувањето на него, велат дека кога ќе го поделиш чувството и болката не се веќе целосно само твои, а така и исчезнуваат..... пишувајте и вие, можеби ќе си помогнеме, мене ми помага што гледам дека некој исто како мене го поминува ова секој ден, а уште повеќе ме радуваат зборовите на тие што победиле Dunja и Azzura :)
     
    На Skorpija12, janicka12 и Azzura им се допаѓа ова.
  7. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Dunja и Аzzura, само на нив се сетив во моментов, се разбира ќе ми биде подраго ако бројот на победниците е уште поголем и се прави борци како овие две ;)
     
    На Azzura му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Поздрав Драги мои...денес е Велигден ...јас не ве заборавив...утрово се помолив за себе и за сите вас ....верувам дека сите еден ден ке бидете надвор од оваа анксиозна состојба...не не верувам јас сум сигурна само мора да сте упорни и непопустливи. :!:
    Уф...сакав да ви го честитам празникот наш и да ви посакам мир и спокој во душите. :)
    Но пред се се јавив да ги ИСКАРАМ овие новиве...хе ех простете ама за карање сте скоро сите освен мојата драга Аззура и имаше уште некој ама да не ми замери неекој со позитивен став......колку пати повторивме дека ниту еден анксиозен не полудел до сега????Што е оваа :envy: ...ајде да размислиме вака...онојшто е луд свесен е дека е луд????...нееее.!!!
    Оваа мисла веднаш да се исфрли од главата ...знам јас дека таа веднаш надоаѓа во момент на паника ама веднаш ИГНОРРР и колку поупорно ја игнорирате таа секојпат ке ослабнува и на крај ке се изгуби. Ајде и вака ...Секој пат кога имате паника велите ,,ке полудам,, и колкупати полудевте досега????А????Ајде Ве молам!!!
    Соберете си ја храброста .
    СРЦЕБИЕЊЕ...... па што ...размислувајте во правец ..,,ма какви па нека го нека лупа срцето, знам тоа е здарво и ништо нема да ми се случи..па и кога трчате срцето ви чука силно па не умираме...нели???Тоа само престанува и се смирува....
    Не замерувајте ми ве молам ама само со жалење ништо не правиме...Ги читам постовите и почнуваат вака
    ...и мене денес не ми е добро...ааах ..и????Ама ние сме онаа што нашите мисли прават од нас...
    Мора да се кревате...од рано утро на ноге јуначке, на работа било каква... нема лежење, неема плачење, нема жалење...тоа не води никаде...јас тоа го поминав и знам...се додека лежев и плачев бев анкс.
    Кога решив и станав и храбро тргнав баш таму кадее најмногу ме фаќаа паниките јас се ослободив...сите ги победив...сите ...дури и најстрашната од темницата...многу паничев леле се кревав на нозе околу мене кога ке снемаше струја ...ама си реков ,, марш Дуња..бебе си ,,и вежбав...хе хе ке ви откријам како...кога мажот и синот ке заспијеа јас излегував во ходникот го гасев светлото и одев до вцето во темница..секој авечер издржував подолго и на крај не го ни палев светлото се движев во темницата и се смеев како дете..срцето веќе не ми лупаше а стравот беше минимален скоро и го немаше. :clap: Са јас победив!!!!!! Сега ке ми зтрепери понекогаш кога ке се најдам во темнива и јас само се насмевнувам...се присетувам на вежбите од ходникот.Ееех што се нема човек да доживее
    Ајде доста е
    Поздрав!!!
    Ве сакам и немојте да ми се лутите ..хе хе малку ве испокарав.. :inlove:
     
    На danika и Azzura им се допаѓа ова.
  9. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Пријателчиња, Дуња е во право. Па не е фер до толку да се жалиме, а телата ни се здрави...имам една блиска пријателка која е болна од леукемија! Ах, кога ќе помислам дека се бори цели 5 години, и кога д-рите викаа Крај, таа викаше НЕ. ЕЕЕЕ, тоа е борба. и да ви кажам дека СЕ ИЗЛЕЧИ, пред некое време рекоа дека болеста се повлекла. Како, само таа знае, а докторите не знаат :) Но, кога ќе ја видев како шета низ улица, со црната болест во себе, не можев а да не си кажев „алооо, ќе паѓаш во криза?!, па гледај што е криза, гледај како се руши човековата психа и од што се руши!“ Но, таа другарка моја не се сруши- таа издржа и се избори.
    Но, верувам дека на сите нас едноставно ни се испраќаат сигнали „од горе“, а тоа се миговите кога веќе сфаќаме дека оваа состојба треба да си замине....Бидете во исчекување дека нешто добро ќе се случи...верувајте, успева :)
    Понекогаш не сме ни свесни колку сме храбри ....
     
    На milky-candy, maca99 и dunja им се допаѓа ова.
  10. janicka12

    janicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Jas posto sum panicarka i takva sum otkako znam za sebe za tahikardijata bev na lekar,rabotata e sto na rezultatite mi pisuva nesto elogiran pomobilen preden mitralen zalistok ne se sledat jasni znaci za prolaps na zalistokot se registrira neznacajna mitralna regurgitacija ,se sledi fizioloska trikuspidna regurgitacija i istencen ainteratrijalen septum na nivo na fosa ovalis,se sledi mal kolor sant koj ne pravi hemodinamski reprekusii.Sega se vi pisav zatoa sto otkako bev na lekar uste tolku mi e potesko i uste tolku me faka panika.Ako slucajno nekoj od vas znae sto znaci toa neka mi pise.Jas znam deka se ova poteknuva od umot zatoa sto jas sum licnost sto mesto da proba da se smiri misli sekoj den na bolesti i za toa sto moze da se sluci,so seta sila se trudam da go odbegnam stravot ama se nekako ne pominuva po cel den mislam na toa pocnav da ne spijam nitu pak jadam kako sto treba.Otkako se veriv celiot moj zivot se smeni nonstop sum pod stres i nemozam da go prifatam ovoj dom kako moj dom veke edna godina.
     
    На Skorpija12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Јаничка, а не ти кажа докторов што значи дијагнозава?! Според она што јас го знам од себе, претпоставувам дека крвта малку побрзо се движи во срцето , во првиот залисток. Е сега, мене ми најдоа мноогу маллл пролапс...па ми рекоа дека додека сум била дете, сум имала вроден мал шум на срце и тоа на постари години преминува во пролапс, НО само ако телото и психата се под стрес. Инаку, не би се појавило. ... инаку, јас отидов на кардиолог тогаш, зашто цела година ме бодеше грбот, во пределот на срцето, па мајка ми ме натера да одам, зашто и таа си има проблеми (ама сериозни) со срцето. И ете тогаш така ми кажаа, но ме утешија да не се секирам зашто сето тоа поминува кога психата ќе се смири.
    Ако не ти препишале некоја терапија за срцето, тогаш се е во ред. И немој повеќе да мислиш на болештии, туку почни да размислуваш како да ја средиш ситуацијата со новиот дом, зборувај со вереникот како се осеќаш, можеби се плашиш да стапиш во брак- сепак тоа е нова ситуација....Но, штом ти се појавуваат физичките тегоби откако си верена, мислам дека треба да размислиш и да се договориш со идниот сопруг што ќе правите. И не се плаши, нема да се разболиш од ништо ако своето мислење го кажеш на глас :) ти посакувам се најдобро мила
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  12. janicka12

    janicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Doktorkata mi kaza nesto deka ne bilo nisto strasno i ne mi objasni bas najubavo mi prepisa verapamil i me ispratija na patofiziologija,iako mislam deka doktorkava e neso nesigurna ne me ubedi bas.Jas postojano sum pod stres a najveke mi e krivo so ne bev vakva licnost jas sekogas si bev vesela nasmeana nervozite se normalna rabota ama otkako se veriv se nekako sum tazna se cuvstvuvam prazno mozebi ova se mi poteknuva od toa sigurno ne mi odgovara brak i takvi raboti neznam so da kazam navistina neznam.
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Девојчиња, ќе се обидам подетално да ви објаснам некои битни работи во врска со оваа тема, но тоа нема да е сувопарна теорија, туку примери кои лично со свои очи сум ги гледала...
    Ќе тргнам од главниот факт, а тоа е дека анксиозноста и паничните растројства не се душевна или ментална болест, која остава трајни психички последици или неповратни оштетувања на нервниот систем. Значи ова е мачна , но минлива состојба. Ваквото нешто се случува на личности, кои многу длабоко размислуваат и ги анализираат нештата до максимум и се многу емотивни и чувствителни, а воедно и многу паметни со висок IQ - мислење на д-р специјалист невропсихијатар Милутинович. Забележав дека многу од вас се плашат заради тахикардијата - НЕМОЈТЕ! Ако немате тахикардија, тогаш ќе имате страшни болки во желудникот и сл. Тоа не значи дека имате проблеми со срцето или болен желудник, туку болката е на нервна база - од стравот и паниката, кои неосновано ве нападнале и ви го прават животот тежок. Нормално е кај анксиозните луѓе и да чувствуваат топлина, да се потат, а потоа наеднаш ладно да им стане и да почне треска - немојте и од ова да се плашите...
    Прочитав во неколку мислења за анти-депресивите, кои ви се препишани...Доколку ви се дадени од стручно лице - земајте ги, но во минимална доза. Според моите сознанија најдобри синтетски лекови за анксиозност, страв, депресија и панични нарушувања се Сероксатот и Асентрата, но во минимални дози..
    Сега следува најважниот дел :) Доколку вие не направите некои чекори, кои ќе ве поместат од оваа точка, никакви анти-депресиви и седативи нема да ви помогнат, тоа имајте го во предвид :!: . За почеток, направете си околу себе една цврста барикада и не ги пуштајте во важиот живот ликовите, кои делуваат негативно врз вас, т.е. ви влеваат негативна енергија и депресивно расположение. Од соопствено искуство ви кажувам дека има некои луѓе, кои не ми згрешиле ништо и немам ништо против нив, ама страшно депресивно се осеќам во нивно друштво...Делува себично, но морате да се ставите себе си на прво место - заборавете на туѓите грижи и проблеми( во овој случај само вие сте важни и никој друг)! Направете си дневна стратегија на нештата, кои ве чинат среќни и ве исполнуваат. Иако работата е најдобриот лек, сепак доколку немате работни обврски, можете да правите нешто друго - интересно или репродуктиво (читајте некоја добра книга, гледајте филмови, слушајте музика, цртајте, пишувајте, играјте ги вашите омилени игри на компјутер, ако имате надвор дворче - посадете си цвеќе некое итн...) Строго избегнувајте ги оние луѓе, кои ве потсеќаат на непријатните мигови од минатото(едноставно не ги пуштајте во вашиот живот) и не одете на места, кои ви будат лоши спомени...Правете онака како вам ви одговара и не се замарајте со ништо друго...Запомнете дека ова еден ден ќе помине, а вие ќе излезете како победници и многу поцврсти отколку што сте биле...Ниту едно човечко суштество на светот нема идеален склоп на ментални црти...
     
    На italiana, dunja, nadez31 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Точно, најточно :) И секој нека знае дека колку и да земате антидепресиви, колку и да се кљукаме со апчиња, ништо нема да помогне, ако не се изборите сами. Ако не сфатите дека борбата е ваша и на никој друг ...
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnGeLaaAaaAaa

    AnGeLaaAaaAaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи вака имам 17 години и по се ова што го прочитафв мислам дека и јас ја имам оваа болест..
    Милам дека се започна пред 4 години кога за прв пат ми се здрви прстето мало и ме фатиј атакви паники што ми се здрви раката па јазикот и веке не можев во тој момент нормално да зборувам па морав да одам на лекар ..ме пуштија на разни испитувања но ништо..како и секогаш..
    Потоа пред еве 1 месец се разбудиф на сред нок и се тресев како да имам температура како да ми е мн ладноо само што не отидов на болница ..еве овие неколку дена пак се врака се ме факаат страшни паники се разбудувам во нокта без воздух и подоцна ми е страв ако заспијам ке се угушам ..од толку црни мисли по деновите почна да ме боли и стомакот ...овие фобии и паники повеке ми се случуваа ноке и неможзам да спијам во темно како мракот да ме проголтува барам и најмала светлина и гледам во неа се додека не запсијам ..
    дали мислите дека можеби ова да е некое хормонско нарушување пошто сум и во тие години или за оваа болест не постојат граници..како да гии отфрлам црните мисли? со што да се бодрам ? дали ова некогаш ке престани?
     
  16. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    ristos voskresna dali go imate gledano filmo so ristos koga toj izdrzal i nie morame borete se jas uspevam boretese so ovie iskusenija pozdrav
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Тоа што ти се случило пред 4 години, пробај да го заборавиш скрос. Речи си вака - ако ми се случило тогаш не мора да значи дека ќе ми се повтори. Сега сум друга јас и ова е друго време...
    Душичке, немаш ти хормонска болест, не се плаши...А, тоа што го кажа дека го осеќаш во моментот кога заспиваш е една од симптомите, која заборавив да ја напишам во мојот претходен пост...Ова кај тебе е типично анксио-фобично нарушување. Имаш 17 години и не е добро да пиеш анти-депресиви и лекови за смирување...Затоа послушај ги моите совети од претходниот пост
    за да не ги повторувам тука пак
    и разговарај со некого во кој имаш потполна доверба (немој со другарки или дечковци)...Ова дефинитивно ќе ти помине, знам дека е мачно и тешко, но ќе помине да знаеш...Плус ти си сеуште во многу чувствителни години, а тоа е дополнителен фактор...
     
    На AnGeLaaAaaAaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    постов заслужува едно големо BRAVO вешта рака имаш милки многу убаво кажано и притоа од срце
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. alehandro

    alehandro Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    поздрав до сите и за многу години празнициве!вчера цел ден не бев дома бев во Охрид и да ви казам искрено немав ни еден симтом на анксиозност супер си поминав и воопшто за ништо не размислував,но кога ке имам повеке време за размислување пак се почнува пак таа напнатост и исчекување дека нешто ке се случи ,бидејки имам проблем со спиењето скоро цел ден мислам дали вечер ке спијам се оптоворувам со глупости од типот дали е ова анксиозност да не е нешто друго посериозно дали денес ке ми е добро итн,сам си предизвикувам напнатост,пијам депрозел и хелехс навецер пред спиенње ама сеуште не сум ок ,од четврток почнувам со психотерапија па да видам со ке биде ,ме нервира со го изгубив ритамот на спиење и знам дека самиот си ја предизвикувам несоницата ,како вие се справувате со тоа ај некој совет поздрав
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Alehandro дали и депрозелот го пиеш навечер?? јас го пијам насабајле и ми дава сила, ме држи будна и сталожена. Да не треба да смениш да го пиеш наутро во комбинација со Хелекс и навечер усште едно хелекс. Кажи ми од колку мг пиеш хелекс??