Zdravo kako ste jas dobro sega za sega mislam deka ovaa sostojba e na periodi koga poloso koga podobro ali ke bide gledajte vizita na k5 sega ke zboruvaat za ovaa sostojba poz ubav den
Не кажаа нешто посебно, можам да кажам дека тука има попозитивни помагачи што знаат што да речат Инаку, еве јас да ви раскажам како мина вчера со биоенергетичарот.. Прв пат ми беше и имав малку како страв, .. биоенергетичарот беше постар, и со него имаше и еден доктор, што работат заедно имаа едно апаратче со сонда што се држи во рака, и 2 минути компјутерски поврзано мери се во организмот..па после ми објаснуваше докторот, во главно рече дека се ми е ок и сум здрава никаков проблем ни со срце ни со притисок ни со крв ни бубрези ни нерви ни ништо... и ајде после тоа во друга соба бев, биоенергетичарот ми ја стави раката на чело прво, после на гради, и на стомак.. каде што се собира негативна енергија и стрес нели.... морам да признаам дека се чувствуваа како вибразии струења некои.... а најзастрашувачко ми беше на стомак кога ми кажа дека желудникот ми бил малку пропаднат, тоа обично од стрес се случувало, и као се обиде да го крене, се осеќаше како да се качува нагоре внатре, тоа малку језиво беше... ама на крајј сепак, не е дека имав драстична разлика некоја, ама се осеќав вечерта коа заспав, и сабајлево коа станав некако поинаку, тоа стегањето во градии како да ми го снема, и тоа помислував и така на работи во принцип што ми прават анксиозност, и одма малку ми свртува в стомак и в гради..ама денеска баш чудно некако немаше стегање.. Треба да одам 10 дена, па на крај ќе видиме дали има некоја добра промена.... јас сепак се надевам,, знаете како е коа имаш мака за сламка се фаќаш..секаде помош бараме ...... ајде поздрав, бидете добри.. тешко ни е на сите, ама ќе пребродиме кога тогаш
Добро морам да прашам ,има некој искуство со Биоенергијава? ја уште 9 дена треба да одам, а трема иам некако све чудно ми е,,, и се создава страв пред одење ... кажите утеха некоја ако знае некој нешто .., поздравв
Јас лично немам искуство,меѓутоа доаѓаше пред неколку години кај мене дома човек и правеше третмани на мајка ми. Ништо страшно не е,не се секирај.Само подобро може да ти биде,барем за да ти ја тргне негативната енергија која си ја апсорбирала.И според мене тоа не е ништо натприродно,сите ја имаме,само кој повеќе-кој помалце.Тие луѓе кои ја имаат повеќе им пречи па треба некако да ја исфрлат а најдобриот начин за тоа е со самото помагање на други Со среќа маче и кажувај како ќе поминеш.И јас ќе одам ако помага
Да стварно ако ти помогне, дај боже да ти помогне, кажи тука подетално или во приватна порака, па да појдиме и ние немај срам или страв туку гледај да ти помогне. Размислувај позитивно. Инаку кај мене голема улога има и времето. Ете во неделата кога беше никакво, ми беше многу лошо, а за среќа овие денови освен што сум малку нервозна друго не чувствувам ништо.... И срцето е смирено.....
Фала ти многуу завршив и за денска.. ок поминав како вчера се опуштам кога ќе почнам да осеќам како да ми пропаѓа главата како вибрации некои.... интересно е ама анксот глупавв од самото исчекување да дојде време да одам се напнувам и сум вознемирена -.- и дека сеа нели со ова се осеќам како да почнав да го чепкам и вознемирувам самиот страв и состојба, пак почнав да размислувам повеќе за тоа.. ама се надевам ќе издржам еве уште 8 дена да минат.... па ќе видиме како ќе биде бакнежи држам среќа на сите да ни е подобро
Preska na chasot po istorija mi se sluchi neshto mnogu strashno ... mene sekogash pred isprashuvanje me fakja panika no se spravuvam nekako so nea no denes nemozev ... denes edno devojche odgovarashe pred mene ii beshe voznemirena i jas kako sho bev voznemirana i faleshe ushe profesorot da mu reche na devojcheto: lele ne se plashi tolku mnogu ne daj boze srcev udar ke dobiesh ... i mene tolku mi trebashe i ushe tolku i vishe nemozev da izdrzam mislev deka ke umram ii mu kazav deka mi e losho i otidov do wc se izmiv,se smiriv i na kraj me isprasha i 5 sepak si dobiv
Имав паничен напад вечерва после доста време.Добро што ми се случи пред човек во коj имам доверба.Ова дека треба за некоj ден да почнам да работам и мислев на тоа и ме фати страв дека ке ми се случи таму пред непознати луге. Не знам што да правам.Подобро ке биде да се откажам пред да почнам само не знам како на моите да им кажам.Маjка ми ке почне со муабетите: Па како планираш утре семеjство да имаш? Што ке правиш вака? Што само ке направи да се чувствувам уште по мизерно.. Барем знам сега што ми ги предизвикува и редно време е да побарам стручна помош
Здраво, гледам од последниве постови, никој не е баш добро. Исто и јас. Изгледа ќе да е до времево. Мора да бидеме храбри, да веруваме и да се молиме. Ќе помине се како ништо да не било. Јас сум сигурна. @Bellamy, ти изгледа како мене имаш страв од промени. Затоа тоа ти создава дополнителна паника. Мислам дека не треба да се откажеш, туку да даваш се од себе да го живееш животот како да не си ни малку анксиозна. И мене деновиве ме чекаат обврски, кои ми создаваат трема и паника и страв итн, но мора да се соочиме со нив и нормално да се издигнеме над. Јас ти држам среќа! Ако треба пиши ни ќе те храбриме!
Ej rabotata e dobro neshto Taka sekoj se chuvstvuva pred da pochne na rabota i go fakja panika no veruvaj mi kakva i da ti e rabotata nema nikakvi problemi da ti predizvika,naprotiv ke bidesh zafatena i nema da imash vreme da mislish na anks ne panichi za ova ii ne se otkazuvaj ... sekako eden den treba da pochnesh da rabotish vaka ili onaka treba da se soochish so toaa. ne se grizi koga se naviknesh 2-3 nedeli posle toa super ke ti bide
Btw letovo neznam kako ke me bide ... treba da odam na praksa 20 dena po red a objektot kade shto ke imam praksa e 2 km daleku ... i i za natamu i za navamu treba peshki da odam a koga peshacham sama me fakja panika isto taka me fakja panika i vo kombe,a za taxi pa i nemam tolku pari sekoj den po 150 da davam .. sovet nekoj ?
здраво. Јас деновиве бев подобра, но сега ми се случи нешто чудно. Прееска ручав и си легнав да преспијам, кога станав срцето ми чукаше брзо и почнав да вежбам пошо така и ми беше планот си викам ќе се смир, ама еве скоро пола саат не престанува ттахикардијата. Се плашам да не добијам срцев или мозочен удар. Искуството некој со ова?
Дечки здраво да речам добро сум со некој ситен симптом. Вчера малата имаше родителска, и стално одев или со мајка ми или сестра ми, ама вчера некако се решив да одам без нив, и отидов влегов си седнав и се ок, и некаде на пола родителска кога ме фати дереализација, па од самото тоа една паника, а беше спарно и многу осветлено лелее мислев секој момент ке се онесвестам. Си викам во себе да станам да си одам ама бев со малата додека да се објаснам сите ке ме разберат, и земав листав таму во папката на малата демек проверувам што работеле а јас сирота неможам да се сконцентрирам за да проверам, и си викам во себе ок ке останеш што биде биде. И така некако се подсмирив и останав до крај. Малце после тоа се разочарав си реков аман кога ке мислам поминало тоа ме потсетува дека е тука, ама после па и малце се порадував, па порано не одев сама до продавница и на секој таков напад без срам станував и бегав а сега останав до крај. Луѓе со сето срце посакувам ова да исчезне, ако не сака 100 % барем 80 % да го снема од сите нас.