Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    Како прво ништо неможе да ти се случи,сеуште си млада а како второ не седи цела вечер така. За инат на анксиозноста легни си. Диши длабоко. Пробај да се опуштиш. Затвори очи и ке заспиеш. Можеби ке се помачиш но сабајлето кога ке станеш ке бидеш пре среќна што си успеала. Верувај. Анскиозноста поминува единствено ако се соочиш со стравот. Се ке биде во ред верувај,неможе ништо да ти се случи. :l::l:
     
  2. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Женска анксизоност и може и депресија нешо .. ако ти се дешава или од претходно нешо..
    најдобро би ти било да си посетиш психолог ке се преродиш.. тешко е си викаш дека можеш и сама да го надминеш, но доколку гледаш дека не оди пообарај помош од психолог многу ке ти биде подобро..
     
  3. smatka

    smatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    57
    Ooooo inspiracijaaaa najgolema mi dade <3 falaa
     
    На Emili12321 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Исто мила моја Нате и јас ги имам истиве симптоми, докторот рече дека е поради промена на времево, а исто така имам и циклус и све ми е хаос . ама ќе мине, мора да мине ! :l:
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Денес нешто ново кај мене .. Одненадеж затнување на уши , ми се здрви јазик неможев да голтам .. Се напив две хелекс од 0,25 одеднаш и чекам да се смири ситуација ... Страшно луѓе, се плашам за себеси
     
  6. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    а зошто не посетиш психолог ке ти биде мнооогу подобро.. ке научиш да ги контролираш тие панични напади..
     
  7. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Zdravo , jas sum nova so ovoj problem , pred nekoe vreme mi dijagnosticiraa anksioznost I depresija mi dadoja asentra no peoblemot prodolziva bezvolno se cuvstvuvam I kako nekoja teskotija I praznina na dusava, dali nekoj od vas go ima ova I kako se spravuvate ? Navistina e tesko sega treba i cillusot da mi dojde depresijata mi e zgolemena , sto da se pravi? Ocajna sum ;(
     
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Луци полека мила, ке почнат да дејствувааат апчињата и ке се стабилизираш.Земи читај некоја книгаа со позитивна содржина и нема да обрнуваш толку внимание на тоа
     
  9. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    мене веке 2 месеца ушите нонстоп ми се затнуваат ... 2 саати ке ми бидат затнати,5 минути отнати. се нервирам но пробувам да не паничам бидејки мислам и дека не е за паника. значи едноставно не кревај паники,третирај ги како да ти се случува често и веруј ке ти отрпне и јазикот и ушите ке ти се отнат. само без паника и не пиј толку многу апчиња :*:*
     
    На bubic.k и natemila им се допаѓа ова.
  10. Gsm

    Gsm Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Дечки, супер е темава и одлично што поискусните ги советуваат "новајлиите". Јас се соочувам со овој проблем повеќе од 30 години, и можам да кажам дека има од страшни ситуации кога стравот те обзема и тешко е да го контролираш, до моменти кога си играш со него како со мало дете. Сите ситуации се интересни, затоа што после секоја од нив сте чекор понапред.

    Дефинитивно психијатар/психолог е моментот кој комплетно го менува животот, посебно ако нејдете некој како јас пред 15-тина години, што не сакаше да чуе за лексилиум, диезепам, хелекс или било каков друг лек. Нормално, на почеток побара да се направат испитувања за моменталните тегоби (срцебиење, потење, "задебелен" јазик, светкавици во очите, зуење во ушите, со еден збор - пречуствителност), и откако сите функции на органите се покажаа дека се добри, случајот беше решен.

    Ќе пробам да се вклучам поактивно во темава и да помогнам колку што може да се помогне од страна :)
     
    На mistrivce и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Gsm

    Gsm Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    И јас се согласувам 100%. Ако си била на лекар, и ти кажале дека симптомите што ги имаш не се од органска природа туку од страв/анксиозност, немој да подлегнуваш на лекови. Но ако ги пиеш континуирано подолг период, консултирај се со лекар како да ги прекинеш за да не си предизвикаш други „филмови“ кои уште повеќе ќе те збунат.
    Посети психијатар/психолог и ќе тргне на подобро.
     
  12. Gsm

    Gsm Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Има повеќе техники кои при појава на нападите решаваат проблем, меѓутоа конкретно за твојот е најдобро да се консултираш со психијатар.
    Во мојот случај најмногу помагаше следната, ама не ја земај здраво за готово затоа што јас не сум лекар туку зборувам од мое искуство:
    - Концентрирај се на нешто што го гледаш и пробај да го анализираш, на пример кажи си во себеси „колку е убава масата, види како добро ги направиле рабовите, стаклото е малку валкано, ама тоа не менува ништо, ....“ и продолжи колку што можеш подолго.
    После некое време ќе се изнасмееш на тоа што тоа правиш, ама стравот ќе го снема
     
    На LUCI 99 и Viki693 им се допаѓа ова.
  13. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    2.379
    Супер е техникава но неа и е дијагностицирана и депресија за жал, јас точно знам како она се осека, таа празнина во душата, тој немир, безволност е најтешко нешто, не ни може да се сконцентрира на нешто. Ама не грижисе, за 2-3 недели асентрата ќе почне да делува и ќе се осетиш многу подобро па ќе можеш да употребуваш разни техники :) поздрав!
     
  14. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    @Gsm Добредојде, секој совет е добронамерен. Ххахаа за добредојде едно глупаво прашање е дали до сега од паничен напад се имашш онесвестено, бидејки ова е мојот најголем страв.
     
    На mistrivce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Само храбра биди и бори се, не е појако од требе верувај :)
     
    На LUCI 99 и mistrivce им се допаѓа ова.
  16. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Да, не е појако но е опсесивно влијателно и да и одговорам на LUCI99 не си осамена сите се чувствуваме како во еден сандак полн со оси и очајно се бориме да излеземе надвор што се надевам сите ке успееме ако не барем дел од нас кој се појаки и упорни Поздрав до Верен, Луци99 и сите Феминки
     
    На mistrivce, Cleonika, natemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. qwerty01

    qwerty01 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас да се пофалам, мислам дека сум при крај со победата над ова чудо. Немам повеќе напади, едноставно ги прифатив симптомите и како што ги прифаќав навистина исчезнуваа бидејќи не мислев на нив. Пак ке речам, друштвото е лекот за се. Најдете некој на кој ќе можете да му се искажите и не дозволувајте да ве надвладеат лошите мисли. Се е веќе измислено, треба да го прифатиме светот таков каков што е и да собереме храброст да го живееме секој ден како да ни е последен. Не смееме да изгубиме вера и надеж. Вербата во бог, вербата во себе, вербата во луѓето. Тоа не смееме да го изгубиме. Подобро е да веруваш и да си измамен, отколку да не веруваш во никого и да се сомневаш и во себе. Кога ви е лошо, едноставно помислете на сите луѓе околу вас. Секој го живее животот на некој начин, секој се бори, сите имаме лоши моменти. Затоа да не седиме во место и да се плашиме. Да веруваме дека сме создадени да го живееме животот позитивно, секој момент да стане прекрасна меморија. Се надевам дека за брзо ќе се пофалите и вие. Што и да треба пишете ми тука сум.:mm::):rock:
     
    На Cleonika, GirlLove, natemila и 4 други им се допаѓа ова.
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Бравооо, еве и јас сум пак доброооо, искачам се дружам, мислам позитивно, едноставно го сакам овој животттт. Знае да ме дрмне ама и јас почнав да ги прифакам, па се надевам дека сум и јас на добар пат:) :l:
     
    На Cleonika, lejlla, veren и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    15.842
    Пол:
    Женски
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    2.379
    Што убаво си се напив вечерва ☺️
     
    На bubic.k, IthoughtIwasAnAllien, veren и 2 други им се допаѓа ова.