Можно е и тој симпом да се има....ете порано кога и јас запаѓав во таква состојба и кога ќе почнеше паниката да ми ровари во умот, ќе ми го кренеше притисокот и тогаш нормално се ти се пореметува па дури и видот кој понекогаш до толку што завеси ми мрдаа пред очи.Како и да е не е лошо и еден контролен очен преглед да си направиш.
Јас само да ве поздравам и да ви посакам убав ден . Ве читам редовно но не сум пишала заради тоа што нема ништо ново кај мене , нема подобрувања. Во врска со проблемите со видот јас ги имав тие симптоми и бев и на преглед и сегде и на крај докторот ми кажа дека сето тоа си е симптом на анксиозноста . Во денешно време нема кој не е анксиозен , таква е динамиката .. Кој помалку кој повеќе но тоа е тоа .. Ве поздравувам сите и продолжувам да се молам за нас
Ви се случува ли понекогаш кога е се во ред со вас и кога сте среќни, да ве фане анксиозноста и црните мисли? Сабајлево почна да ме боли глава и почнав да си замислувам дека нешто се случува со мене, дека ми е висок притисокот и слични глупости што и на вас сигурно многу добро ви се познати. Без никаква причина,полна со себе денес ми се случува ова. Хелп
Понекогааааааааш !??? Секој божји ден, демек супер сум,среќна сум,ама пак се чувствувам незнам како,пак фали едно делче од мозаикот..така е цел живот,никогаш неможеме да бидеме комплетно исполнети и стално ни фали некоја непознаница....можеби и тоа не тера да продолжуваме напред...кој знае!
Инка и мене Не се секирај исто е кај сите...еве и ја арна арна станав денеска, па задушница е и дојдов со моиве на гробишта и почнаа да ме боцка во гради на срединаа еве ме фати страв... значи аман више :/ ама ајде со секоја преживеана криза се надевам на подобро...
Епа тоа е, од тоа што најмногу се плашиме ни се случува... ти од срцев удар и почнуваат да те боцкаат градите од самата помисла. Јас од мозочен удар и притисок и почнува да ме боли глава и да ми се вртат секакви сцемарија. Ахх, се надевам ке помине ова и ќе си докажеме дека ништо од замисленото нема да ни се случи.
Ke terime dajleele , ima nadez, se e normalno od toa za anksot, bidete svoi, ne terajte na sila nis. Ako vi se smee smejajte se, ako nr placete, cuvstvata ne gi gazete. Ne mozme da bideme non stop srekni i pozitivni kako sekoj normalen covek. Se pominuva so vreme. Vo eden den moze se da se smeni. Samo da gurame napred
Дечки здраво, како што знаете утре задуница, и ради гужва таксистиве не возат нагоре, а кај нас во драцечево гробистата се на височинка и угорница, имам пола саат одење нагоре незнам како да се осудам да тргнам пешки плус и гужви, што ако ме дрмне некоја паника. Претходниот пат идев пешки и одвај стигнав мислев ке умрам тамууу. Незнам пто да правам
Doma t.e novata doma po brakot . Nz Od kade da pocnam. Celo vreme mislam deka nekoj saka da mi nametne nesto.imavme nogu karanici za kakov mebel so kako, posto site davaat mislenje.i sega za spalnata apk dojde do toa deka moraati tie da dadat mislenje. i sekoj moj predlog e detski i ne cini za niv. Jas sakam ds se osekam kako doma i sakam da bide nes po moe? Dali gresam? Se osekam deka ako prifatam ke se zagub sebesi i toa mi pravi panikq, toa mi bese eden od izvorite za vie panicni napadi. Nz kwko da go resam ovoj problem
Зборувај со маж ти, кажи му дека ти смета зошто така се понашаат со тебе. Не грешиш воопшто, нормално дека секој сака како што си замислил да му биде дома а не други да му кажуваат. Кажи му нему нека си зборне со неговите да не ви се мешаат и едноставно терај си по свое. Речи им или вака да купиме јас како што сакам или купете си по ваш вкус ама мене воопшто не ми се допаѓа, не ми причинува никакво задоволство. Би требало маж ти да земе твоја страна ако сте тазе во брак. И не се нервирај. Паметните додека мислат, будалите си уживаат.
Остани си своја бе, како што си кажа, па ти ќе спиеш на спалната не они. Ти треба да си го уредуваш ентериерот по свој вкус, секако секоја идеја е добредојдена, ама ако не сакаш да ја прифатиш не мораш. Јас лично на никојне би му дозволила да ми се меша, дури здравје ни маж ми ) Опушти се и оствари си ја својата идеја, знај дека така ќе бидеш подобра и ќе се чувствуваш по исполнето.
Не е главна тема прашањето дали ти ке се загубиш себеси или навистина ке одберете квалитетна спална на која се разбира ке спиете ти и сопругот.Моабетот ми е,не гледај сега да се инатиш или да биде по секоја цена твојот избор да победи туку разгледајте свесно со аргументи чии ставови и карактеристики за спалната се попозитивни а сето тоа оди во твој прилог.Некогаш инаетот не тера и непотребно да правиме проблеми каде што ги нема.Ако навистина многу ти се допаѓа некоја спална кажи им убаво дека ти дотолку ја сакаш таа и несакаш друга а здравје по неколку години кога ке ја менувате ке им дадеш простор на нив да ти се умешаат во изборот.
Најубаво тоа да го направиш некако спонтано, да не излезе =Еј, ајде седнувајте сите, ке имаме состанок! Кога би можеле во животот многу работи да ги извадиме на маса и да кажеме дека ни пречат,ни тежат и на срце и на душа,можеби би била полесна живеачката,но на жалост ние само собираме,собираме и кога ке ни дојде преку глава пукаме како вулканот на Попокатепетл,бомбите на Зајо се петардичка во според со експлозијата која ќе ја направиме а пак на наша штета.Биди политичар,извидник.осети време и расположение па плесни им у фаца се што те тишти ама онака смирено.
леле го имаме истиот проблем !! и јас треба да одам на гробишта со мојата мајка и цел пат е угорница и многу ми е страв паника де не ме фане
Еми и да те фане,ништо страшно,не ке умреш,но ако ти излезе некој од покојните таму ее тек тогаш да се уплашиш......хахахаха ај малце шала
хаха јас сум од драчево, ако си и ти кажувај ке идеме заедно хахахаа. Јас лани срцка отидов со триста паники ахаха ама преживеав, ваљда ке собера сила и утре да одам, мада им реков не е сигурно ако не се осекам добро ке откажам, незнам што да правам никако не сум