Јас вака мислам: Прво, кај човекот се појавуваат сите овие чувства, на пример фобија, стравови, мала самодоверба, недоверба во околината, па потоа, како последица на сите овие чувства се појавува анксиозноста.... Искрено, не верувам дека анксиозноста се појавува така, сама од себе. Значи, мора да постои нешто што ја поттикнува, а тоа се сите овие претходно наборени чувства кај човекот, кои се појавуваат со текот на животните прилики и ситуации. Е сега, секој на различен начин мора да се справи со овие чувства, и кога ќе се среди голем дел од нив, ќе ја снема и анксиозноста. Верувам дека недовербата во луѓето ја поттикнуваат самите луѓе што се околу нас, со нивните постапки. Затоа, обидете се да ги игнорирате луѓето кои ви прават да се осеќате лошо и непријатно во својата кожа. До сега, веќе треба да ги осеќате луѓето кои ја шират добрата енергија. Оние луѓе кои шират негативна енергија ни прават да ни биде лошо, а со тоа ја цицаат и нашата енергија....во една книга прочитав дека ваквите луѓе се викааат „енергетски вампири“ Можеби е така, но ако човекот не се промени, таквите луѓе секогаш ќе ги привлекувате. Значи, ние мораме да го смениме нашиот однос кон овие луѓе, и тие луѓе автоматски сами ќе се повлечат од нашите животи...Значи, ако се променам за една одредена ситуација, таа или ќе биде во моја корист или едноставно ништо нема да се случи... А и зошто да се губи довербата во луѓето?! Па сите не сме исти....не можеме да живееме со мислата дека секој ќе не повреди. На оваа планета за сите има место, само треба да си го одбереме човекот или луѓето со кои ќе си „го градиме нашето гнездо“
Јас вака мислам: Прво, кај човекот се појавуваат сите овие чувства, на пример фобија, стравови, мала самодоверба, недоверба во околината, па потоа, како последица на сите овие чувства се појавува анксиозноста.... Искрено, не верувам дека анксиозноста се појавува така, сама од себе. Значи, мора да постои нешто што ја поттикнува, а тоа се сите овие претходно наборени чувства кај човекот, кои се појавуваат со текот на животните прилики и ситуации. Е сега, секој на различен начин мора да се справи со овие чувства, и кога ќе се среди голем дел од нив, ќе ја снема и анксиозноста. Верувам дека недовербата во луѓето ја поттикнуваат самите луѓе што се околу нас, со нивните постапки. Затоа, обидете се да ги игнорирате луѓето кои ви прават да се осеќате лошо и непријатно во својата кожа. До сега, веќе треба да ги осеќате луѓето кои ја шират добрата енергија. Оние луѓе кои шират негативна енергија ни прават да ни биде лошо, а со тоа ја цицаат и нашата енергија....во една книга прочитав дека ваквите луѓе се викааат „енергетски вампири“ Можеби е така, но ако човекот не се промени, таквите луѓе секогаш ќе ги привлекувате. Значи, ние мораме да го смениме нашиот однос кон овие луѓе, и тие луѓе автоматски сами ќе се повлечат од нашите животи...Значи, ако се променам за една одредена ситуација, таа или ќе биде во моја корист или едноставно ништо нема да се случи... А и зошто да се губи довербата во луѓето?! Па сите не сме исти....не можеме да живееме со мислата дека секој ќе не повреди. На оваа планета за сите има место, само треба да си го одбереме човекот или луѓето со кои ќе си „го градиме нашето гнездо“ [/quotедно големо браво од мене убаво написано поздрав
Само да ве поздравам..и да ве прашам како ви се врати концентрацијата? јас сум еве 4врти месец на СЕРОКСАТ од по 10мг...мн ми е подобро..но сеуште не можам да учам,неккако не сум мн дружељубива,постојано сум смуртена и сеуште мислам дека сум психички болна,како да ми е празна главата,како со сила да се смеам...можам да се пофалам дека сега спијам Фала Богу нема страв,нема немир и нема повеќе лоши сонови,мислам дека потсвеста ми е чиста..само се прашувам до кога вака ќе бидам како изгубена..како исклучена се осејкам
Продолжи да си ја земаш терапијата(Сероксатот е супер лек за вакви проблеми),а плус ти земаш и многу мала доза, така да немај гајле..Со тек на време од Сероксатот ќе ти станува се подобро и подобро да знаеш...Доколку претходно си била во лоша анксиозна и депресивна состојба, најискрено ќе те советувам учењето во наредниот период да го ставиш на маргините, посебно ако студираш на некој тежок факултет и трпиш притисoци заради испитите...Стресовите предизвикани на факултет дефинитивно не одат во прилог на твојата анксиозна состојба, дури и можат да се одразат подоцна и да те кутнат во кревет...Фокусирај се на работите кои те исполнуваат со задоволство, кои го прават хармионично и розево твоето секојдневие... Имам неколку страни претходно на темава напишано еден голем пост за анксиозност, па те советувам и тој да го прочиташ...
zdravo znaci deroxatot e seroxat na makedonski posto ja sum u francija i mi prepisa tie da gi piem ednas na den ama ja ne gi piem mislim deka ce stanem zavisna i 50 mg se ednas na den rece 3 meseca da gi piem ve molam pisete mi eden sovet da posnem da gi piem ili kako i ja ne znam dali ce bidem podobra i ja ne znam ve molma za sovet pozdrav ot mene
Еве нешто убаво : Како да станете позитивна личност „Позитивниот став нема да ги реши вашите проблеми, но ќе изнервира доволно луѓе, што вреди за трудот„ – Херм Олбрајт. 1. Сфатете дека ништо не е невозможно, наместо да се убдеувате поради што е невозможно. 2. Во секојдневниот говор бидете вие најважни. 3. Згмечете ги негативните мисли 4. Заменете ги за позитивни мисли 5. Засакајте го она што го имате 6. Бидете благодарни за својот живот, подароците и луѓето околу себе... 7. ...секојдневно 8. Насочете се на она што го имате, а не на она што го немате 9. Не се споредувајте со другите 10. Но, во нив побарајте инспирација 11. Прифатете ги добронамерните критики 12. Но, игнорирајте ги луѓето што мрморат 13. Лошите работи сфаќајте ги како неопходност за да ги цените добрите 14. Каменот од кој се препнувате, може да стане и нагорно скалило 15. Опкружете се со позитивни луѓе 16. Жалете се помалку, а смејте се повеќе 17. Замислете дека веќе сте позитивна личност 18. И во секој следен дел обидете се тоа и да станете.
бравос azzura ова сто си го написала е супер,јас на пример за мене мозам да казам ама секогас сум се созалувала и леле секогас со некои црни мисли само негативности во мене,секогас со натазено лице,никогас располозена како да ми се руси светот,и многу луге ме имаат прасано зосто сум секогас тазна(со тазен израс на лицето)ама ајде ке се развеселам и јас мозеби еден ден.....поздрав до сите ви посакувам убав ден на сите
И покрај она што можеби ни се случува во животот, и поради сите маки, удари, неостварени желби, соништа....кажи ми само едно НАДЕЖ31, дали вреди да си тажна? и дали вреди на луѓето да им објаснуваме зошто сме тажни?! Животот е еден, наш, еден и единствен. Никој нема да ти ги врати годиниве, миговиве, сончевите денови кои треба да ги поминеш со љубовта на својот живот, со блиските, со миризбата на секојдневието... Сите ние ја носиме својата драма во нашите души. Но, мора ли сите да знаат?! Кажи дали вреди повеќе твојот тажен израз на лицето или твојата насмевка?
Pozdrav za site eve me i mene ja se boram so ovaa KUCKA veke 7 godini i mislam deka nikogas nema da pomine sega sakam da probam so homeopatija pa ako nekoj ima iskustvo so toa neka napise ve molam ......sega za sega tolku a ponatamu mozebi i ke napisam poopsirno za mojata borba i stradanja so ank.
Поздрав Ферхунде..ме насмеа твоето име... добредојде на форумов!!!! Јас сакам да слушнам за твојат борба, те молам одвој време и пиши ни за оние моменти кога ти успевало барем малку да си олесниш. Инаку јас ја надминав анксиозноста и без хомеопат мислам дека се е тоа губење пари и време...што не значи дека сум во право...но многу бев разочарана...јас изгубив и време и пари маткајки се со разни такви методи...се сеќавам на една Др.Благица која лечеше со некои такви методи .....мислам кинези-бла бла...метода..со некои лепенки на струја...еднаш ме заборави на апаратот подолго..јас и не знаев колку треба да лежам замотана со лепенките и со некаква струја... едвај стасав до дома бев како изулавена,не сакам ни да си спомнувам...лечела алергии, депресии...незнам што, ха хахах аха.Ме соголи.... еден преглед и беше 1200ден ..а јас одев 2-3 пати седмично,целата плата ја давав кога ми беше најтешко..но НИШТО од мојот спасител..таа само си возеше убава кола и беше лепо удесена , а јас во иста , дури и потешка состојба.... Ве молам да не ми се лутите што вака на некој начин ве обесхрабрувам .. ..но јас така ги доживеав тие ,,современи,, начини на лечење, ги пробав, одев и на акупунктура и таму дадов многу пари...и ден денес трпам последици и сум заглавена финансиски од такви мои експерименти и луди верби дека некој од тие методи ке ми ја избрише анксиозноста ,,како со рака однесено,,веле тие... но тоа не се случи. Се си дојде на место кога ЈАС самата си реков...е нема да молзат секакви ,,досетливи интриганти и финансиски профитери од ,, нека умрам, нека полудам...ДОСТА е!! И така тргна мојата приказна ..на инает ..и упорност..и успеав..Денес сум сосема добра.Понекогаш ке ем мавне некое од тие страшни чувства , кога ке има некој астресна состојба ,но јас не им придавам важност, се насмевнувам и одам понатаму...тие стивнуваат и исшезнуваат. Поздрав Драга Ферхунде.... Прости ако те обесхрабрив не значи дека сум во право.
се согласувам со тебе дуња нема брз начин на излекуванње на анксиозноста но секој нека проба тоа што намислил да не му биде сетне мака,јас еве сега одам на психотерапија и не залам ни за денар што плакам ,исто така пијам и Ад и упорна сум и во тоа,скептична бев пред да почнам со АД но сега не жалам но исто така работам на себе што е највазно од се верувам во психотерапијата и психотерапевтот и советите негови иако многу работи од тоа знаев уште пред да одам на психотерапија но верувајте не е исто ние ги знаеме работите механички и мислиме дека ги применуваме но не е така дури сега го сватив тоа,луге верувајте се е до нас самите до нашиот начин на размислување до начинот на кој ги гледаме работите,но пред се до нашата војља да се промениме ,ви предлагам да најдете добар психотерапевт водич кој на прав начин ке ве води да излезете надвор од сиот тој хаос сто се случува во вас и неколку совети што јас ги прифатив и упорно ги применувам: 1.секогаш живејте во овој момент не размислувајте за иднината нити минатото гледајте сега и овде да ви биде добро 2.На прашањата ШТО АКУ-дадетеси одговор КЕ СЕ СПРАВАМ СО ТОА. 3:се што трба да го направите стравот е да создадете повеке верба во своите способности да се справите со што и да ви се испечи на патот 4.вашите лоши периоди исполнети со страв и паника не владеат со вас и вашиот живот тоа го прави вашата неколеблива сила која секој од вас ја има во себе.има уште многу но сега неам време повеке поздрав и само работа на себе и ништо друго
Здраво Ферхунде И јас ќе ти кажам дека хомеопатијата е вид на лечење со некои треви, кои коштаат по 2000 денари. Имав една познаничка, која имаше циста на градата, и иако беше свесна дека полицистичните гради ги има секоја втора жена, ете она пиеше некои лекови од хомеопатката...И на крај ништо....Со хомеопатијата се забрануваат секакви лекарства, како и одреден вид на храна, а како и секој лек, треба време да почне да делува. Ако си се одлучила, прво распрашај се убаво, зашто секој не може да е хомеопат, а не дај боже, ако е погрешно направен лекот, може стварно лошо да биде.... Мислам дека не може ништо од тоа да помогне, туку само твојата сила да се избориш, а хомеопатот ќе ти ветува брда и планини, но само ТИ си го знаеш добро твоето тело. На крајот на краиштата, мешавината од хомеопатскиот лек за анксиозност сигурно ќе се базира на валеријана и кантарион- нешто што ќе ти го наплати, а како чај го има насекаде ...Не знам, може и не сум во право.... Ти посакувам се најдобро
vaka sum dva meseci se mislam deka ke mi se sluci nesto deka sum bolna i se mi se vrte vo glavata kako da si napravam nesto kako da gi povredam drugite neznam kako da si pomognam mislam deka ke poludam piam samo persen na bilna baza ve molam za sovet cekam
persenot nema da ti pomogne da si posetis vednas psihijatar on ke ti kaze sto da pravis dodeka si taze ke bide polesno za lecenje.
Се согласувам со психотерапијата и верувам во психијатарот...без него кој знае дали ке бев ваква сега..но се друго е шарена лаж...се сложувам со Азура....се ке биде на база на кантарион или валеријана...па тоа ние го знаеме...сепак пробајте што рече некој да не ви е мака....ако имате пари и време....Јас вака зборувам оти сето оваа го минав...и сфатив..Психијатар, анксиолитици под негова контрола и Јас со својот игнорантски став кон симптомите, физичките вежби или активности од било кој вид и ...анксот ке го победите. Јас го победив, ке го победите и вие,Ве сакам драги мои...нека не ве напушта надежта...можно е колку и да трае ...сепак ке си замине...ве уверувам.
Да дуња надежта е нешто што не треба никогаш да го изгубиме тоа не одржува во живот но за анксоозноста поважна е решителноста за да се промениме наместо да викаме СЕ NADEVAM DEKA OVA EDEN DEN KE MI POMINE,треба да да речеме дека сега и во овој момент тоа поминува,да си ја подобриме самодовербата да не одлагаме работи што сакаме да ги правиме и никогаш да не мислиме на исходот од тие работи како и да испадне ке биде во ред,вазно сме пробале,се додека одлагаме и си велиме ке го направам тоа кога ке оздравам тоа ке се одоговлекува до бескрај исто и анксиозноста ке ја влечкаме со нас затоа што стравот не парализира,јас знам дека прекѕ нок нема да се сменам знам дека ке имам и тешки денови и понатаму ама кој нема такви денови,вазно е дека црпам сила од сите страни и решена сум да се доведам до некој ред .поззз
Pa vaka..i jas go imam istiot problem kako vas..mene pred 3 meseci mi pocina majka mi od mozocen udar..od toj den jas sum psihicki mnogu zapadnata...strav mi e da izlezam nadvor da ne mi se sluci nesto celo vreme mislam deka imam nekoja bolest,za se mislam negativno se mislam deka nema da go docekam utresniot den premnogu sum uplasena malce nesto ke me zaboli i jas odma mislam deka ke dobijam mozocen udar ili infarkt..ne mozam veke da go podnesam ova sakam da ziveam normalno i da mislam pozitivno na zivotot da mislam na ubavi raboti no ne znam kako da gi otrgnam ovie crni misli od mene..24 saati mislam na loso na udari opteretena sum premnogu i od tie misli imam cesti glavobolki omalaksanost se osekam kako da nemam sila..osekam deka mi nema spas deka ne mozam da go nadminam ova..ve molam pomognete mi. [mod-kirilica:3w0xny9f][/mod-kirilica:3w0xny9f]