Da @crimson mnogu porano tinejdzerka bev ne bev ni svesna za sostojbava mnogu se plasev vo guzvi bukvalno bez vozduh ostanuvav no so tek na vreme deka ne obrnuvav premnogu vnimanie sepak toa se godini vo koi ne razmisluvas bas dlaboko i taka izblede toj strav sea nemam problem
леле цела една недела не сум пишала... @Cleonika не грижи се за увото и јас имав такви проблеми ама не ти зуи тебе увото,туку ти мислиш дека ти зуи порано тоа ме полудуваше,особено кога беше се тишина (како на пример навечер коа спиев) ми требаа саати за да заспијам оти полудував заради увото ама научив и тоа да го контролирам !! гледам има и нови жртви на анкс паа со среќа нека ви ее и се надевам брзо ке се оттарасите од неа <3 иначе да не се подречам сеуште ми е многу добро,воопшто не мислам на анксиозноста сега ке почнам youtube channel и многу сум преокупирана со тоа.. снимам,правам видеа,мислам идеи и такви работи. можете и вие да почнете со youtube channel верувајте дека е многу забавно и ке ви ги оттргне и мислите од анкс а и плус и пари се заработуваат ... ништо нема да изгубите ако пробате <3 ве сакам сите и имајте убав ЖИВОТ,не ден хаха
Не, не користам терапија никаква,, освен бедоксин, и некогаш ептен ретко коа ме фаќа многу тешко знам да се напијам половина хелекс, и ме зашеметува одма обично коа не можам да заспијам.... Инаку Емили мило ми е што си ок, после коа ке се средиш све, прати ни линк да видиме некое видео .... Инаку дај боже сите да сме ок се повеќе и повеќе..... *
Здраво драги мои, Кажете ми дали некогаш сте имале проблеми со сува, многу сува кожа на лицето. Мене на двата образи ми се појавуваат како лишаи, и сега неможам да се смирам, видов дека тоа е еден од симптомите на лупус. Ке си пукнам од страв
jas eve 6 nedeli se otkazav od site lekovi i padnav skros i so niv ne bev nesto posebno ama sega beter ,gi imam site mozni dijagnozi odev na taa edna terapija za depresija na psihijatrija so eden aparat i vo toj moment mi bese podobro sega isto ,odam povremeno na psiholog koga imam pari ,i zavcera psihijatarot mi gi dade zalasta od 10 mg cetvrtina da pijam prvo to go ispiv sinojka i pak odnovo isti sranja po 100 ti pat odnovo sega sum vo teska kriza ,nemam sila da mrdnam kako da si pomognam kazete pozz,
Друштво здраво, јас после толку време се осудив и да искочам со некој непознат на кафе хаха и тоа не кај мене во населба, се чуствував изгубено, неприсутно ама не дозволив да ме фати паника. Искачам и кога ми е тешко, на кафе во мало по роднини, пешачам навечер, некогаш ми се врти некогаш ми е добро ама одам. Денеска ми е онака пак некако мутаво, ама сега бев до аптека, па до маркет, осекам некој немир ама одам. На фб се бодриме со другарките што ми се анксиозни, малце збориме за анксот повеке си тераме веке на шала на смеа и ни е многу полесно. Ве гушкам ситеееее, само храброоооо
Леле значи не можам да се ослободам од стравот дека ќе ме стегне срцето кога сум нервозна..... еве сеа се изнервирав нешто ама маалку само и викнав и одма се вознемирив мајка ми ми мереше притисок одма покачен и сттав ме фаќа ауф.... некад ок сум ете ама вака коа се вознемирувам се плашам многу што ако ме удри инфаркт.... :/
притисокот може да се смени секоја минута сега може да ти е 120 со 80 а за 1 мин да ти биде 160 со 120 значи тоа е нормално,од висок притисок ништо неможе да ти се случи,а веруј ни од нервози јас сум многу нервозна личност и за се се нервирам,буквално за се,некогаш и неможам да се контролирам но тоа е што е...
Мене ми беше многу подобро 2-3 месеци а сега...дали од времето дали што мислам дека немам веќе симптоми и пак ми се враќа ама дереализација 100ка. Толку како изгубено како несмислено да се осеќам не е било...се плашам да легнам да заспијам како зашематена сум немам ни расположение
Кај сум анксиозна па и рак во хороскоп...е ајде де..плачка невидена....последниве денови се расплакувам без причина....така седам и ми иде да заплачам за без врска...без врскаПречуствителна сум,главата ме боли 3 дена без престам..причина непозната.Се напив апче ми помина малку,сеуште е присутна.Ве гушкам
Фала ви на поддршкаа..... јас сериозно бев многу подобра од предходно, веќе неколку месеци функционирав нормално, сеа останав да бидам пречувствителна, и се тоа, и си имав денови така потешки, но во главно научив да не се замарам и плашам толку. Но ете вчера можда дека и пред моите така се расплакав се засекирав нели дека од нервоза срцето бла бла, и апче ми даде мајка ми, и неубаво се осекам сеа, тука ми е таа грижа на совест за тоа вчера , цела ноќ заморна презаморна, спиев се будев со тахикардии, верувам дека барем некој од тука ме сфаќа за што зборам и како е ..... и еве денеска повторно засекирана сум, зошто да ми е вака, дали можеби никогаш нема да научам да се контролирам во нервоза.... значи се осеќам ко недораснато неискусно дете....во кој дел од животот ја уствари сум пропуштила да научам како и сите други, да контролирам нервоза, да не ја земам толки при срце..значи во мојот памет секоја нервоза разочарување или гнев, некако премногу ги сфаќам лично, големо, значајно,и се мачам,.... не знам, сакам да ми мине брзо, сакам нормално да се нервирам како сите нормални ... а не на овој начин, и да се плашам дека од висок притисок ќе ми се деси нешто .... Инаку Емили и Верен, фала многу на поддршката *
Јас тебе кога прв пат те прочитав во една друга тема и те пратив овде си реков како е можно да страда од овој проблем а е толку позитивна и храбра. Поминував низ тежок период во детството, несвесто сум потиснувала работи што ме уништувале, сега се полека откривам од каде и што е ппроблемот. Многу пати се прашувам зосто пак јас,, кога бев нај храбра, нај силна, после смрта на татко ми ги чував и мајка ми и сестрами а имав само 18 години, зошто сега на 27 со 7 годишно дете и самохрана мајка нема мене кој да ми помогне и даде мала подршка. Секој ден е се потежок, сакам работа, сакам да сум самостална да не зависам од никој. Секој ден почнав да си викам ок ако треба да се деси нека се деси више ми е преку глава да гледам како ги уништувам луѓето што ги сакам. И да не должам имам многу да кажам ама едно знај не си сама, не сме самиии, секогаш кога ке осетиш дека треба да пишеш пишиии.
Јас денеска бев океј и тоа и убаво расположена се до пред малку кога ми се деси нешто шо се разочарав уште толку во се, уште еден доказ дека немам среќа во ништо апсолутно во ништо. Си се изнаплакав и повеќе нема да се надевам во ништо, само штета си правам, не знам шtо сум толку баксиз, си мислам како на некои блазеси му се му оди од рака, а мене баш ништо, барем нешто да речев е ова мене ми оди, имам среќа ама јбг. И знам сите велат е период е ќе помини ќе биде подобор.ми се смачи од тоа, цело време само тоа го велев и пак истото. Не знам полош период не сум имала во животов овие два месеци, а најмногу од се анксиозносва ми е врв, секако таа е присутна и во убаво и неубаво. Од сега ништо нема да мислам да се надевам, ќе вежбам, читам книги, ќе шетам, барем тоа нема да ми ја распари душава. Се надевам дека вие имавте убав ден, бидете најреќни, имајте убава вечер
Дали повеќето од вас имат дереализација? Мене се ми изгледа како на сон само тоа ми се врти у глава незнам што да направам мислам дека имам разни пореметувања. heelp
Фала ти Нате јас веќе спомнав дека да не беше ти да ме упатиш тука каде што евр ме веќе секојдневен гостин сум, немаше да знам што ми е проблемот ... јас цело време па сметам дека не сум доволно храбра на пр како некои пријателки што ги гледам околу мене, и мислам се ми се случува баш поради тоа што сум плашлива и тн. Инаку, имам болјс и секогаш сум имала за живот за авантури за дружење и тн... сега мислам дека највеќе ме убива и провоцира што од кога е тука анскот јас само се повлекувам од се и немам храброст да се опуштам во ништо дури ни кога се договараат обични дружби или излегување и сл... Инаку, Нате ти сериозно си минала низ многу бури во животот, и тоа само повеќе докажува колку си храбра што и после се си вака силна и растеш сигурна сум прекрасно дете ! Јас од се срце ти посакувам да најдеш работа што ќе ти одговара и да се опуштиш ! Да беше од мојот град од се срце ќе ти помогнев за работа .... и фала ти за поддршката како трбе така и на сите овде затоа што кога и да ми е тешко кога и да пишам има некој спремен да даде поддршка да ме смири !! <3
ete povtorno jas..posle 2 gonidi povtorno na staroto se vrativ ...dosta mi e nesakm ni apcinja ni nisto vise preku glava mi e....ima li spas da se resime konecno od ovaa sostojaba (inku nekoj neka mi pise vo poraki neznam tuka kako da go napravam na kirilica fondot)
Luge me nemase podolg period ,ne deka bev dobro,no sega sum katastrofa.me gusiii,nemozam vozduh dlaboko da zemam i da se izdisam.ima nekoj vakov problem.
повторно ми се врати она гушењето,неможам воздух да земам и срцето ме стега на пати ноо се тешам со тоа што сум преморена и синоќа спиев само 2 саати ) хаха
Прочитајте го ова применете го неколку пати со дневно и ке го почуствувате ефектот 10000% ипробано е , посебно е зачудувачки кај луѓето што имаат панични напади и се чуствуваат вознемирено пријатна вечер на сите http://kukuriku.mk/tochka-na-srekat...energija-i-go-zajaknuva-imunoloshkiot-sistem/