Анет, сосема е нормално да се чувствуваш така по смртта на родителот. Кога умира еден од родителите, посебно мајката, ние како човечки суштества треба да се соочиме со фактот дека веќе ја нема...едноставно, и официјално се одвојуваме од папочната врвца, од оној кој не донел на овој свет... Мила душичке, мораш да сфатиш една работа - а тоа е дека на овој свет доаѓаме да научиме одредени лекции. Кога ќе ги совладаме, едноставно „си заминуваме“.... Некои луѓе ја бираат болеста како начин на заминување од овој свет. Душата одлучува да си оди. И сите тие работи се премногу длабоки за да ги дискутираме тука... Би сакала само да ти кажам дека твојот страв од мозочен удар , односно дека ќе ти се случи нешто слично како на твојата мајка, е сосема реален страв. НО, кај тебе има друг момент , а тоа е дека самата кажуваш дека сакаш да продолжиш понатаму да живееш и да си среќна. Токму таа твоја желба (за која веројатно не си ни свесна) ти овозможува да живееш, зашто самата веќе си одлучила дека тоа не го посакуваш за себе. Во суштина, за да се надмине загубата на некој толку близок, потребно е да поминат 6 месеци до една година. Потоа, човекот се навикнува на се- затоа и сме создадени на таков начин. Верувам дека имаш голема празнина во душата, која со ништо не може да се надомести. Но, треба и да разбереш дека животот за тебе само што почнува, а и твојата мајка сигурно ќе сака да те гледа како успеваш како личност на овој свет. ... Не се плаши од мозочен удар, зашто реално премногу си млада за такво нешто. И не се плаши од животот, бидејќи тој не може да те уништи ако ТИ не сакаш. За сите нас, господ пишува посебна приказна, така и за тебе Смири се малку, излегувај со другарки, читај, гледај филмови, а кога ти е тешко, пиши тука Поздрав
Фала на советот.Се трудам да го надминам сето ова иако ми е тешко мајка ми ми беше се на овој свет додека она беше жива јас бев најхраброто девојче на светот..Знам дека ја нема и дека нема да ја вратам но сакам да го надминам овој страв не сакам да мислам на удари сакам да живеам нормално еве сега ке се верам среќна сум со вереникот многу но многу често ме напаѓаат вакви панични напади..Едноставно не знам како да престанам да мислам на тоа,излегувам се дружам шетаме скоро секој ден со вереникот но кај и да одам мене тоа ми е во глава дека ке ми се случи нешто дека ке се онесвестам страв ми е сама да седам дома или било каде од утре треба да почнам со работа но не знам како ќе работам господ нека ми помогне.Не знам и дали е нормално тоа што често имам главоболки не се јаки мали се болките но сепак се плашам,мозе ми е од стресот зошто постојано ми се тие мисли во глава дека ке добијам мозочен удар и мозокот го оптеретувам па најверојатно од нервоза ми се случува се..Сега се чуствувам и малце подобро кога видов дека многу луѓе го имаат истиот проблем јас мислев дека сум единствената на овој свет што го има овој проблем..Фала што секогаш сте тука сите па се надевам сите брзо ке го надминеме сето ова треба да сфатиме дека се ни е во главата како мислиме така и ни се случува..
Дуња дали ти си имала проблем со тоа да му веруваш на психијатарот затоа што читам дека си одела на психијатар, дали е нормално во оваа ситуација малце и да си мислиш дека не треба никому да му веруваш ?
Јас мислам дека треба да му веруваш на психијатарот,ако не му веруваш зошто одиш кај него?Ние кога имаме анксиозност тогаш не слушаме никого мислиме дека само ние сме во право и никој друг иста сум и јас тврдоглава бев и на доктор ми рекоа дека не ми е ништо дека сум здрава а јас пак не верувам и пак мислам дека имам нешто,пред 2 месеци бев на ехо на срце ми рекоа дека имам одлично срце а јас сега пак ке одам да го снимам сега пак мислам дека нешто не е во ред оваа недела почна да ми чука брзо срцето па да видам што е работата..Но мислам дека се ни се случува психички,се ни е во главата се тоа што мислиме тоа и ни се случува и физички.Тешко е да се бориш со ова барем за мене е тешко,не можеш да живееш нормално цело време си под притисок се плашиш да не ти се случи нешто а уствари ние сме свесни дека ништо нема да ни се случи затоа што тоа само се мисли..Мене докторката ми рече морам што побрзо да ги отргнам овие мисли зошто можам нешто сериозно да му наштетам на организмот,мозокот не може убаво да работи цело време е под притисок и под исти мисли..Пробајте сите веќе да не мислите на ништо седете со блиските особи правите нешто,одите некој спорт,што и да е само отргнете ги овие мисли,губите убави моменти од животот што некогаш сите ке ги бараме а нема да можеме да ги вратиме,еден е животот живејте дури можете,гледајте ги позитивните работи на светот а не само негативните,ако сака бог нешто да се случи ке се случи ако не нема..Се надевам сите што побрзо ке се изборите со овој страв зошто знам како е да живееш под страв,посебно јас сум под голем страв..Ке си даваме овде сите совети и ке си помагаме па на тој начин мислам дека ке успееме сите ..Подруго е кога знаеш дека и многу други го имаат истиот проблем знаеш дека тоа само тебе не ти се случува,јас мислев дека сум единствената на овој свет што ми се случува ова..Поздрав па пишете ако можете
браво аззура како секогаш полн текст добри зборови незнам ни како да исказам колку добро смилени ти се и на место зборовите незнаеме акко на друг начин би и помогналае на форум.но ова твоево нека го има на ум ке и користи зато што не постои друг начин оввем да се продлзи понатаму напред со нови сили и во подобро утре зато што секој тоа го заслужува нема што посебно д аказам веќе све е казажно од азура позз
Браво за Аззура драго ми е што ја имаме на форумов и јас се веселам..малку сум отсутна имам работа ама усте две-три недели да заврши училиштето па почесто и јас ке сум со вас Сакав само да му одговорам на Тетито..ке бидам докрај искрена... Вака..јас променив неколкумина...хе хе хе хе..мислам дека некои од нив и беа добри ама јас бев за никаде... сите не ми чинеа им наогав маани...ама најдов накрај еден кој машки се зафати со мене и мојата анксиозност...колу јас бев поупорна да го направам ,,батал,, демек ,,што знае тој..еве не ми пиминува,,...и слични глупости , толку тој знаеше да ме стави на вистинското место и да ми докаже дека се е можно и дека и анксиозноста е надминлива само ако јас сакам...и човекот успеа.Човекот беше вистински добар...незнам дали ке бев добра да не беше тој. Му верував Тетито ..гледав Господ во него оти почувствував дека анксиозноста се намалува навистина и исчезнува..ми беше се подобро и подобро.Ги слушав неговите препораки, се придржував на неговите упатстав, го враќав филмот наназад,,што се ми рече кога бев кај него,, дааа и го засакав и како човек и какопријатели ....и денес многу го сакам.Тој беше мојот спасител..од каква гуска во магла направи смирена и нормална личност.Дури и ме направи поиздржлива...секогаш ми велеше,,онаа што не те убило ке те направи посилно,, и така стана. Поздарв мили мои ве читам и ветувам дека почесто ке ви пишувам уште малкуууу..а дотогаш сакајте се себе и пешачете..јас многу пешачев тоа ме смируваше(и покрај вртоглавиците девојчиња ) моиии...) и ВЕРУВАЈТЕ МУ НА ПСИХИЈАТАРОТ.
ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СТАНУВАМ ЧУСТВИТЕЛНА НА СЕКОЈ ЗБОР КОЈ КЕ МИ ГО КАЖАТ НА ПОВИСОПК ТОН ИЛИ ПАК НА ПОГРУБ НАЧИН,ПОСЛЕ ТОА ИЛИ ГУБАМ САМОКОНТРОЛА И СЕ ДЕРАМ КАКО НЕНОРМАЛНА ИЛИ ПАК СЕ РАСПЛАКУВАМ!!!!СЕ ПЛАШАМ ДА СЕ ДВИЖАМ ПО УЛИЦА МИСЛАМ ДЕКА НЕКОЈ МЕ СЛЕДИ И ИМАМ ЧУСТВО ДЕКА НАСЕКАДЕ НЕКОЈ МЕ ПРАТИ И МИ ДИШИ ВО ВРАТ! ПОЛУДУВАМ ЛИ???? НЕ КАЖАВ НА НИКОЈ ДО СЕГА,СЕ СРАМАМ ДА ГО КАЖАМ ОВА ПРЕД МОИТЕ ЗАТОА ШТО ОДМА ЌЕ ПОЧНАТ ДЕМЕК ТИ СЕ ЗАНАШАШ ТОА ГЛУПОСТИ СЕ, А ПРЕД ДЕЧКО МИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕМА ШАНСИ МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ МИ СЕ СМЕЈАТ?
Ве молам, дали ке можете да ми кажете некој добар психијатар, кој не е само бизнисмен, кој знае и сака да ислуша и да помогне и кој работи со плави картони. Читам дека ги фалите своите психијатри, па затоа ве молам за помош. Мојот што го одбрав, е тотално незаинтересиран, во тие кратки 30мин.(Што следуваат за со плав картон)тој повеке зборува за себе,околку што ме слуша мене.И секоја средба ја нплатува по 200 денари, иако колку што јас знам, партиципацијата е помала. Притоа не добивам ни белешка, ни фискална, а ни третман. А ми зема упат и плав картон. Секогаш кога ке речам дека нисто е успеав да кажам, вели, е па толку е времето за со плав картон. А кога го прашав да ми каже мислење за мојот проблем, ми рече, еве ти терапија, а ти сама ке си го решиш проблемот. Па јас да можев сама да го решам, зар ке барав стручна помош? Затоа ве молам, напишете ми некој добар психијатар од кој сте задоволни и кој работи со плави картони.
Искрено се надевам дека сум од некаква полза и дека помагам на некој начин...Работата е во тоа што кога мене ми беше така одвратно лошо, немаше ваков начин за некој да ти помогне и советува, па морав се сама...Всушност имаше, но пред 10 години, компјутерите беа луксуз кај нас, па немав друг начин освен книги, книги...И кога ве читам сите вас, и кога ќе се потсетам на мојот лош период, едноставно не можам да трпам да гледам како некој очајно бара помош, зашто не знае што му се случува...Сега ми е уште поубаво што ете некако можам да ви помогнам, но мора да се признае дека и животот и времето си го прават своето И запомнете, сонцето сите не грее
од голема полза си аззура верувај,и секогаш кога ке имам потешки денови сметам на тебе со психотерапевтот зборував баш за овој форум ,за тоа колку хумани луге има кои сакаат да помогнат и колку кога ти е најтешко доволно е да прочиташ еден охрабрувачки и позитивен пост и моментално ти е подобро,тој рече барем знаеш дека не си сама и тоа ти е еден вид групна психотерапија но рече гледајте да ви преовладувааат позитивни разговори ,секој да казува што му помогнало макар тоа била и мала ситница,па така аззура помагај и понатаму се што тебе ти помогнало зошто мислам дека ти веке и немаш голем проблем со анксиозноста барем по твоите постови како се тоа да е зад тебе .поздрав
zsravo na sitee.... eve mene pakk me nemase 5-6 dena mi bese ok ,ali vcera i denes pak krss...osekam kao neso da mi se losi ,kao da mi se nadigaa,i gotovo pakk misliii kruzaaatt,pak domaa se zatvorammm,ete me vikaa na rucekk bevv tamuu i sedaam i osekamm kako neso mi rabori vo mese,kao da mi se losiii,i odmaa najdovv naciin kako da izbegamm da si odamm deka imam nekoja rabotaa ,a jas pravo domaaa,i odma na forumoo baramm pomoss...ejj pomagajtee sto da se pravii,uff ovaa gadotiloo ne se mavnuvaa od glavaa,me ispotii sto patii od sabajlee i ednata raka mi e na pulsoo si go osekaam kako mi cukaa i neznaamm use soo neee.....
zdravo na site vaka sum dva meseca samo mislam deka ke umram i se nes si praam filmovi vo g lavata k ako da si gi povredam decata mazot mi i ostanatite, ve molam za pomos kako da gi otrgnam tia misli od glava. Pijam samo persen na bilna baza. Aj pisete mi pozdrav. [mod-kirilica:2k88ewhh][/mod-kirilica:2k88ewhh]
Сани, оди кај доктор Милутинович (најдобар е) - работи со плави картони и зема по 100 ден за преглед..Има ординација кај Градска Болница на самата автобуска станица во зградата..Само земи си упат за кај него од матичен...Поздравче и не се секирај, се ќе биде добро...
Луѓе ова навистина не се трпи веќее мислам дека ќе полудам,денес бев втор ден на работа вчера беше подобро на работа а денес занигдее времето споро ми минеше,ме нападнаа моите мисли дека ке ми се случи нешто уф не можам да живеам нормален живот а имам прекрасно момче се прекрасно ама мисливе ми сметаат многу во животот,дали е нормално од стрес и нервози често да ме боли глава,да ми чука срцето брзо,да ми се гади??бев пред 2 месеца на ехо на срце ми рекоа дека имам одлично срце..помагајте ве молам!
здраво на сите еве ме и мене јас ги имам нападите некогас појаки некогас послаби,еве сабјлево кога станав бев крс цело тело ме болесе некако го поЧнав денов,и и како некој да ме притиска на срцето пак немозам да земам воздух и така еве ме на форумов и си туркам ден за ден,се надевам дека ке помине поздрав до сите
Затоа еднаш ве искарав што се жалите ма да ми беше жал оти ЗНАМ и јас бев во ваша кожа...ама знам дека треба да преовладуваат позитивните белешки и белешки од видот,,....јас вака го надминав. Поздрав Никако не ве оставаме сами ...секогаш ке сумсо вас, а гледам и Аззура е прекрасна!!Несебична личност!!! Ние ја победивме анксиозноста ке ја победите и вие!
Aneto00..... не си сама, сите те разбираме како ти е, не знаеш јас какви часови имав поминати на работа, а кога ке имав некој таков момент ќе се јавев на некој да ме развесели, или барем да ги ми ги насочи мислите на нешто друго, може и да трае само 5 минути ама барем ќе ми олеснеше. многу ретко знаев и да си поплачам , сама без никој да ме гледа, јас многу ретко успевам да ги искажам емоциите пред други. Ти викаш дека имаш и дечко за кој велиш дека те сака, сигурно ти е голема подршка, еве барем на него можеш да се ослониш иако никој место тебе не може да ти ја реши состојбата, ама барем ќе биде тука и ќе ти помага. Еве ако ти е некаква утеха јас во моментов баш би сакала да имам некоја таква личност(љубов ) иако ми е страв од напуштање и неуспех ,љубовта многу помага, работи на незе, уживај ја..... јас немам љубов . жална е твојата состојба што ја немаш повеќе мајка ти, и никој нема да може да ја замени, ама еве господ ти пратил друга личност ( дечко ти ) што останува покрај тебе, и многу други луѓе, научи да ги сакаш, се разбира тие што ти се мили и драги. Ти посакувам се најубаво, таков е периодот додека ја навикнеш состојбата, како да се справуваш и да ја прифатиш, после е полесно, барем така викаат многу од форумов.
i ja sum za nigde denska podobro utre ne znam sekoj den ce puknem vise mi ide kako da ne mozem da disem i me kako steganje u grudive i take se nadevam deka ce projde ova se mislim da vlezem na rabota vikam so pametot moze ce se trgnat ovie misli ot mene ama mi se cini deka nema ne znam i ja bi sakala da sum kako sto bev porano no zdravje ce vidime kakko ce bide pozdrav do site u forumov pisuvajte pojce vie sto ste go prosle ova pozdrav [mod-kirilica:w7o4ia7z][/mod-kirilica:w7o4ia7z]
milky-candy,ти благодарам многу за одговорот и посебно ти благодарам што од толку форумџии со толкаво искуство, ти си единствената која што ми одговори. Поздрав.
Еве нешто што може да биде корисно Ова се 7 нешта кои вреди да ги имате на ум: 1. Живејте денес. Ако се сконцентрирате само на денес, а на утрешниот ден дури кога навистина ќе пристигне, ќе се поштедите себе си од стрес, ќе го подобрите својот фокус и продуктивноста. Секако, мора и да ги планирате работите кои ве очекуваат, но постојаното размислување на иднината ќе почне да ви пречи во секојдневниот живот. Ограничете го времето кога ќе се оптоварувате со проблемите кои ве очекуваат. Нека бидат максимум 15 минути на ден. 2. Соочете се со препреките. Лесно е да седите и да размислувате за работите кои можат да ви се случат, но најчесто тоа се само големи чудовишта кои постојат само во вашите мисли. По правило, повеќето животни препреки лесно се совладуваат ако навистина се потрудите. Чекор по чекор, до остварување на целта. 3. Потрудете се да разберете. Разговарајте со луѓето, направете истражувања и ќе видите дека стравовите исчезнуваат. Сфатете дека што и да е – ќе помине. 4. Пронајдете ја добрата страна на проблемите. Проблемите ни помагаат подобро да се разбереме себе си и да се развиваме како личност. Некои од нив комплетно нè обесхрабруваат, но секогаш постојат опции. 5. Внимавајте кои фрази ги користите. Немојте да зборувате и мислите негативно. Секогаш користете зборови како надеж, верба, победа, успех... Токму од зборовите кои ги користиме произлегува нашата моќ. 6. Немојте да учите само од сопствените грешки. Некои грешки се интересни затоа што нè учат на нешто вредно, но набљудувајте ги и другите луѓе. Не морате да почувствувате сè на сопствена кожа. 7. Научете да се сакате себе си!