Здраво Ивана. И јас ги имам тие негативни присилни мисли, кои порано, пред неколку месеци мир не ми давале. Се затворив, изгубив желба да испаѓам, да се дружам како да е крај на светот. Јас немам пробано со терапија да се справам со нив, затоа што психотерапевтот ми рече дека ниедно апче нема да ми помогне да се справам со нив, освен самата јас. Почни да се дружиш, најди некое хоби, не им се спротиставувај на мислите, подобро прифати ги (во смисла - е ако де) колку и да се застрашувачки, не им обрнувај многу внимание...Негде прочитав дека негативните мисли се како куче - колку повеќе ги храниш, толку повеќе се враќаат и се присутни. Тие всушност нема ни да бидат присутни ако не ги храниш од твојот страв. Очигледно како и јас и ти си исплашена од нив. Се е само еден филм во нашите мозоци и најчесто тоа е филм што не сакаме да го гледаме. Со тек на време ќе исчезнат или ќе се намалат ако не им посветуваш толку голема значајност, едноставно и на мозокот ќе му се здосади од нив. Само храбро, не си сама.
Девојки здравоо јас сум добро, избегавам да искачам на сонцето а навечер си излегувам. Синока бев на музика во друг град и си поминав супер, хаххаа едно време на самиот крај ме фати малце нелагодност но бидејки личноста што беше со мене не знае за состојбава морав да си седам и кулирам хахаа. ИИИИ еве нешто штооо задолжително треба да се прочитааааа. Убав ден на ситееее ви посакуваммм http://majkatiitatkoti.com/objavi/stravot-e-strasen-samo-za-onie-sto-mu-se-plasat/
Здраво женски, јас да не се подречам, ама ок сум последниов месец, нормално си има моменти, ама некако убаво ги надминувам стравовите коа ке ми дојдат в глава....инаку, жештинава и мене ми смета, мада реално летово поубаво ми влијае од зимата.... во мојот град е исто така многу жешко преку ден ама цел ен го минам на работра, и кога си одам дома веќе сонцето го нема така да се трпи некако.... инаку, мали проблеми имам навечер со спиењето, како и обично знае да ме фати тој немир некој и нагло будење и здив немање, ама ретко, и продолжувам да спијам..плус не е мн често, читам книги последниов период многу пред спиење, и подобро заспивам.. Страв главно имам стандард, за здравјето, ете исто како што пиша една од вас погоре да не се навраќам, страв ме фаќа нагло да не ми се крене притисок, и слично и да имам некој излив, или пак срцето коа ќе осетам како пецкање или болки некои мали низ гради било каде... најчесто се плашам од нервози и стресаови ако ми се десат било какви, тогаш се плашам за овие работи. а инаку убаво ми минат деновиве, имам надеж поради ова. Зафатена сум на работа, навечер по малку шетам и ок ми е... Се трудам да вежбам се почесто игнорирање на мислите за болести и анкс, се трудам да реагирам постабилно и го вежбам тоа со секоја нова појава ан страв/// ги тргам мислите со друго нешто, земам да се занимавам со др нешто, и тоа е тоа. Инаку, пиев б6 скоро месец дена, ии исто така има месец дена мианто одкако почнав да јадам скоро секој ден ретко со прескокнување, кисело млеко или јогурт со семе од лен и чиа внатре, ги оставам 5 мин додека ручам друго, и после тоа го јадам во мал филџан за кафе... Читав за чиата дека е добра за оваа состојба, па не знам дали значи нешто... Поздрав , ве гушкам сите, и имајте надеж,.... се надевам само дека нема ништо на никој да ни се деси, а од стресните мисли и анксиозност и страв, не се секирајте, поминуваат и тие денови, ова се однесува на тие што се пожалија од ова,...пошто имав и ја лош период со мислење све и свашта, и запагјав ко во втрлог со тие секакви мисли и цело тело ми се стегаше од страв, но помина... само со упорност, и надеж бидете. **
Женски јас заминувам вечерва на одмор, се надевам дека една недела ќе живеам и дишам нормално, имајте убава недела hug:
Zdravo, se ukluciv sega posle dolgo vreme i kako pocnav da gi vrtam mislenjata vidov deka ima mnogu koi dobro go minuvaat periodov. Se nadevam ke trae. Bidete silni, molete se, znajte deka lekot e vo vas i samo napred. Ve gushkam.
Од кога почнаа овие пеколни горештини мене ми е потешко.Неможам да ги поднесам температуриве,имам тахокардија постојано се препотувам,денес сум многу нервозна иако имам причина да бидам среќна,ме фаќа некоја внатрешна нервоза необјаслива.Желудникот ме мачи 3 дена ми се гади и така.Мораме напред.....
A jas da prasam dali nekoj ima pojdeno vo demir hisar kaj nekoj poznat psihijatar janakieski ke da bese ne sum sigurna.Znaci edna osoba isto so anks i paniki piela deprozel i heleks i nemalo podobruvanje i bila kaj ovoj psihijatar gi smenil lekarstvata i vi se molam ova ne mi e jasno od eden den naednas site simptomi izceznale osobava od depresivna ni za muabet ni za nisto preku den stanuva vesela nasmeana so volja za zivot????ili se nekkoi jaki lekarstva ili pak raboti psihata ete pojdov kaj najdobriot psihijatar i sega sum super?????sto mislite????me interesira ako ne da pojdam i jas a terapijava bas ke se rasprasam i ke ja pisam dali nekoj bil pod takva terapija
Zdravo na site Nova sum na forumov i so vas sakam da gi spodelam moive simptomi. Cesto mi se slucuva, a osobeno koga sum negde izlezena da pocnam da osekjam slabost vo celo telo, nozete kako da ne se moi, kako da mi se kusat, osekjam nemir i potoa pocnuvam da custvuvam strav deka ke se onesvestam, srceto pocnuva da mi bile silno,mi trne celo telo. Eve bas denes mi se sluci, bev izlezena i se najdov vo guzva i nozete pocnaa da mi se tresat mislev deka nema da izdrzam da ja pominam guzvata. Nekolku pati imam zavrseno na brza pomos so malce pokacen pritisok i normalno ekg. Mnogu se plasam,iako sum uverena deka psihicki mi se slucuva i se obiduvam da odam kontra na toa, sepak mi se povtoruva
Секогаш сум била анксиозна, едноставно тоа ми е во природата ама во последно време не е баш така, почнав да учам како да се справувам особено откако ми се појави и проблем со дишењето тука влијае и други промени кои ги воведoв воопшто во животот и секојдневието сега ми е многу подобро i am satisfied
здраво јас после цела година без анксиозност и панични напади ми се вратија пак ... не толку лоши ко порано, но пак лошо ги поднесувам. Најчесто ги имам коа треба да идам негде дали да полагам испит, на место каде што треба подолго да останам или на неодложливи настани. Порано не беа вакви т.е повеќе беше страв со мисла- дека не можам да идам, дека лошо ќе ми биде и сл. Сега секој можен пат повраќам, почнав и на најобични излегувања да повраќам и тоа не ми е од храна туку од возбуда, од страв што не можам да ги контролирам. Се осеќам ко да мора да повратам, дека така подобро ми е.Вообичаено имам болки во стомакот, некогаш може и да изгубам свест сл. Сепак не се осеќам силно да идам некаде, пак се врати стравот да излезам од дома. Ете задутре ќе идам на одмор, имам страв од тоа како ќе го поминам патувањето, таблети обавезно, ама пак се плашам од тие болки во стомакот неподносливи се... и да пак ми е ко се во сон, нереано, ко да не сум присутна во моментот, ко само физички сум тука, а психички ни јас не знам каде ...
вики не сум пробала со психотерапија иако планирам веке некое време...во суштина мојот проблем се тие мисли што ме измачуваат а веројатно се последица на нешто...се надевам со психотерапија ке биде подобро... ти благодарам
да и јас прочитав некаде дек не треба а им се спротивставуваш на овие мисли... се трудам колку што можам да се занимавам со други работи но навечер е тешко кога си сам со мислите...се надевам ке го пребродиме и ова фала за советите многу ми значат... те поздравувам
немој да се обесхрабруваш секој што поминал низ ова го има осетено тоа чувство на нереалност и страв од излегување од дома... малку па и малку повеке топлото си има удел во оваа состојба така што веројатно и тоа што повракаш ти е повеке од стресот кој го имаш и немирот во себе... немој да губиш надеж ако не одиш на психолог или психијатар да посетиш и секако ке има резултати нема ништо страшно во тоа да одиш верувај дека ке ти олесни од самиот разговор а ако е потребно и терапија...само напред тука сме да помогнеме со нашите лични искуства и да си одиш на одмор со позитивни мисли и најубаво ке си поминеш .... позз
Мислам дека време е да побараш психотерапија ке ти помогне многу како да се справиш со мислите, нема потреба да се мачиш и да не уживаш во најубавите години...
И јас се плашам да останам сама на раб,а сега сме со одморите сначи 40 дена ќе бидам и сама во смена со еден куп луѓе,се тресев некни кога почнав 1 смена,одамна така не ми било,мислев ќе се онесвестам ама не беше така.Само упорност и самодоверба.
често и мене ми се случува тоа, но не се плаши. мора да ги тргнеш тие мисли јас 2 месеци бев супер, не мислев на тоа, не еве баш денес пак се враќа старото - плашење дека во секој момент ќе паднам. се држам цврсто и не дозволувам да ми идат тие мисли. пробај и ти. мисли на позитивни работи ќе успееш
Ti blagodaram @sheis .Eve denes sum super.Cesto znam dobro da se kontroliram,se slucuva i podolg period da nemam nikakov panicen napad i taman ke si pomislam na dobro odi,pak.ke mi se sluci nesto najcesto koga sum izlezena negde i povtorno se vrti krugot.Ama ke bide dobro,mora da bid
Како што реков многу се загрижив кога почнав да имам проблем и со дишењето, веќе со месеци ми траеше и беше се полошо и полошо, отидов на лекар да видам што е проблемот и ми рекоа дека нема ништо. Тогаш бев сигурна дека ми е до психа, дури не сакав да си признаам дека сама си направив да дојдам до тој степен ама само ќе направев полошо. Од тој ден решив дека јас ќе си бидам најважна Почни да бидеш ''себична'' барем додека не видиш напредок. Не сакам да повторувам работи кои ги имате слушнато веројатно, дека се е во главата,ние сами одличуваме за се, но кога убаво ќе размислиш за тие работи ќе разбереш дека се вистина. Многу ми помогна она за Тhe Law of attraction многу е корисно да се знаат тие работи кои драстично може да ве сменат. Физичката активност исто така многу помага, може да биде што било, јога, кардио, трчање...Сега веќе немам проблеми со дишењето освен ако некогаш многу се изнервирам ама не е страшно, сигурна сум дека и тоа ќе се промени. Кога понекогаш ќе видам некои реакции кои се предизвикани од мојата анксиозност само се насмевнувам затоа што знам дека полека исчезнува. Нели ако се зборува за лагата многу често се претвора во вистина, се може да се смени само едноставно почни да се однесуваш како да не постои, нели, со среќа