mimiblack и јас имам вртоглавици. И плус не јадам ко шо треба. Чекам да дојде утре сабајле и да си го фатам патот за накај дома. Ама еве не ми е добро. Пак ми е врело на кожава мислам градите ќе ми пукнат. Имам вртоглавици и не сум при себе. Се плашам...
нема потреба од паника, така полошо си праиме сами на себе насочи мисли кон нешо друго, најди некоја интересна личност за муаабет нешто благо или солено со вода земи си
Друштво здравооо, јас сум добро, од време на време вртоглавица, омалаксаност и сл. Е сега утре треба да си се возам со автобус хаха едно пола саат и ме фака паникаа, дали ке успеам да се довозам, да не се симнам некаде на пола пат. Нема да одам сама секако, мајка, другарка хахаа обезбедување ама пак не ми е мирна душата некако.
Имам забележано еве 3-4 пати од нигде никаде се намовнувам цела, цело тело, нз дали ми е некој нов симптом, дали на некој му се има случено вакво нешто?
@PanicGirl a te molam kazi mi zasto voopsto trgna na odmor? Eve i mene nekoja zestina vo glavata ama ne se zamaram kolku poveke mu davas znacenje,tolku povekje kje trae
@perla24 Отидов со намера да си поминам убаво и секако оти 'другите' сакаа. Еве денес треба да си одам. Станата сум од 5 сабајле а таксистот рече ќе дојде во 10. Повраќав, се тресев, се шетав по тераса... Ама времето не минува брзо. Сега си седам, ви ги читам постовите и чекам да дојде 10 саат. Поздрав
Фала за убавите зборови. Мислам дека најмногу ми влијае тоа што не сум емотивно исполнета и затоа ми се враќа минатото назад. Многу сакам да се заљубам , мислам дека би ми било подобро. Поздрав
Одиси дома, написе нешто за смирување и ако не посетуваш психијатар тоа обавезно да го направиш, читам и мислам под голем стрес си и мора да преземиш нешто... Позз
Леле женски мн ми е лошо денеска.. додуша и вчера исто ме фати, после јадење ручек..бев прегладнета и јадев и после тоа ми се слоши толку што едвај станав од кревет ми се спиеше ко потепана бев. Сега еве исто доручав и дојдов на работа пешки и седнувам тука и ев еладна пот осеќам лошење , омалаксаност.. не знам зошто вака... оффф .
Јас после три години се качив во автобус, па после пола саат пешачење низ центар, малце ме дрмна страв и паника во автобус, ама среќна сум што конечно се качивввв и со автобус си се вративввввв
,,Ежењето,, е една од нашите најосновни реакции на инстинктот на страв, така што самато по себе не е нов симптом туку реакција на чувството на страв. На нашите предци (посебно уште додека биле ,,крзнени,,) им било од голема корист, ден денес можеш да видиш како животните (пр. мачка) се ,,накострешува,, кога е исплашена и кога е во состојба на ,,fight or flight,,. Реално, мачката има зошто е во таква состојба, додека кај нас, анксиозните, тоа се случува и во најобични, безбедни ситуации. Лошо е чувството, ама е секако дел од нашава состојба Пиеш терапија? Колку повеќе придаваш значење, толку полошо ќе ти биде. И мојот најлош паничен напад беше на одмор. Лежев и мижев, тогаш ни терапија уште не пиев. Со шетање и врткање нема да се смириш, седни и диши, ама полека, земај воздух со уста ,,во стомак,, држи го малку, па испушти го полека. И прави го тоа се додека не ти се ,,избистри,, умот. Ова е тешка и заебана работа, ама не е опасна, нема ништо да ти стане, повторувај си го тоа секогаш.
Devojki ajde mi treba sovet za vo sabota kako da se opustam,na svadba sum prv pat otkako sum vo ovaa sostojba i uste sega koga ke pomislam na toa me fakja nekoja glupava panika i strav sto ako ova,sto ako ona.Ajde spidelete nekoe mislenje kako ste pominale vie na nekoja takva veselba dodeka ste vo ovaa sostojba.Inaku denovive dobro se drzev ama eve sea me fatil nekoj nemir a i vo pms sum pa vikam ako dobijam vo sabota toa uste povekje ke me obeshrabri