Да тука си кај нас мила....анксиозност во превод знчи страв од нешто непознато...зебња велат Хрватите.Нема да те плашам ...ама јас вака почнав. Прво мислев дека од силната главоболка ке ми предизвика мозочен удар..папотоа срцебиењето ке ми предизвика инфаркт, па ми трпнеше левата рака и нога...па мислев дека ке се шлогирам..ама ништо од тоа..хехехе..сеуште сум жива и здрава само психички измалтретирана до бесвест.Затоа додека е времетргни си на психијатар и поразговарај си....научи да ги игнорираш ваквите мисли и не си го уништувај животот. Поздрав
И јас мислам да побарам стручна помош, затоа што секој ден се полошо станува. На моменти чувствувам болка во градите, и некакво пулсирање кај окото... Многу чудно се чувствувам. Навечер се будам од сон и плачам без причина. Само несакам ова да ми остави трајни последици.
Не плаши се мила...само побарај стручна помош.Ке помине...само треба да си силна и да ги игнорираш овие пулсирања и болка во градите нормално ако си направила испитувања и ако тие се воред. Биди јунак...ноќе кога ке ти се појават вакви напади на плачење ти стани и обиди се да читаш или гледаш ТВ или ...незнам најди нешто ..јас многу читав. Во меѓувреме поразговарај си сама со себе дали навистина постои нешто што теразочарува...или не е во склад со твоите желби, мечтаења...сепак мора да има подлога ваквото однесување на твојот организам. Сепак не плаши се...се ке помине...само прави нешто..не седи и не плачи.За последиците НЕ, само навреме тргни во борба против анксиозноста иии се ке помине. Поздарв
Еве како јас ги правам вежбите за психофизичка реласација кои помагаат при анксиозност. Треба удобно да легнете во полузатемнета просторија, убаво проветрена, и да е тивко односно да може да се сконцентрирате на себе. Едната рака ја ставате на градите, а другата на стомакот. Вдишувате длабоко, а притоа ја напнувате целата телесна мускулатура. Броите 1, 2, 3, и потоа издишувате исто 1, 2, 3 и при тоа ја опуштате целата телесна мускулатура. Значи при вдушување на еден начин ја грчите мускулатурата, а при издишување ја опуштате. Кога се прави ова со стручно лице се оди мускул по мускул.На пример вдиши-згрчи нога-издиши и опушти нога. Битно е раката која ја држите на стомакот при дишењето да се подига и спушта што значи дишете длабоко и на стомак. Во почетокот 10 пати вдиши издиши, и постепено се подолго. Јас вежбам околу 30 мин. Ова најдобро е да се прави со стручно лице-психотерапевт, но може и да пробате сами, но упорно, резултато не доаѓа брзо. Која ке се почуствувате лошо-дишете длабоко, кажете и стоп на непријатната мисла и уфрлете некоја пријатна (плажа, море...
crazyinlove19 poslusaj ja dunja sto ti kazuva taa e edna prekrasna licnost koja so svojot sovet moze samo da ti pomogne mnogu pobrgu da ja pobedis anksioznosta, no ne odlozuvaj nisto, pojdi na psiholog ili psihijatar (jas mislam psihijatar e popametno) sto mozes pobrgu i ke vidis ke ti bide podobro
Фала ви многу на советите..Фала му на бога овие неколку дена сум малце подобра пак си ги имам мислите ама не толку многу дека почнав на работа а таму сите ми се супер персоналот си ги засакав сите и ме смеат по цели денови па така не мислам толку на тоа..И со помош ваша јас се чуствувам малце подобра..Вие како сте ?Треба да сфатите дека се е психички на нервна база...
Фала за советите, инаку бев на секакви испитувања во врска со болката во градите и фала Богу се е во ред, знам дека се е до мојата психа и од тоа што премногу се плашам. Се трудам да си најдам некоја занимација да не мислам цело време на тоа, колку што можам почесто излегувам, се дружам... Секако дека ќе побарам и стручна помош најбрзо што можам, се надевам се ќе биде во ред.
здраво на сите еве и јас ве Читам скоро секој ден,и поЧнав да ја Читам книгата силва метод незнам на кого ја имасе AZZURA препораЧано па ајде да пробам и јас инаЧе болката во левата страна кај срцето и кај градата си ја имам или тоа е мојот напад мислам дека ви писував дека пред една недела заврсив во итна,се ок а јас пак си ги имам симптомите ке продолзам да се борам и се надевам дека ке успеам еден ден и така си туркам ден за ден голем поздрав до сите
"Silva metod" е навистина стара книга од тој тип, и ретко се наоѓа, така да, убаво е човек да си ја има во домашната библиотека, ако успее да ја најде Овој метод помага полесно да ја визуелизираш ситуацијата. Во книгата има еден многу добар дел, каде што објаснува како да ја замислите болката. Колку што се сеќавам, треба да ја замислите во бојата која не ја сакате. Здравиот дел треба да го замислите во бојата што ја сакате. Болката (или кај нас анксиозноста) замислете ја во боја, па дури и замислете и ја миризбата. Замислете како ја ставате во се помали кутии, на крај ја земате кутијата и ја фрлате во ѓубре Сето тоа си го замислувате или визуелизирате...откако ќе ја фрлите во ѓубре, замислте дека во вас се шири здравата боја јас вака доста си помогнав на себеси, а искрено ми остана навика, кога ме боли глава, ако не ми помине од еден кафетин, легнувам , затворам очи и визуелизирам како ми поминува и почнува да се шири убава енергија доста е ефикасно, пробајте, што има да загубите ? А Надеж, еве и тебе ти е подобро малце нели?! Ајде глава горе и во борба
Ги читам секојдневно вашите коментари и искрено многу ми е жал што има толку многу лица кои страдаат од оваа анксиозна состојба... Јас колку и да се трудам колку и да се борам и да не се давам, мојте вртоглавици се секојдневни, веќе не занм како е да станам наутро да ги отворам очите а да не почувствувам вртоглавица... Навистина се трудам да ја надминм оваа состојба, и фала му на Бога одкога го најдов форумов ќе се повторам може доосадна станав не сум отишла на лекар да правам испитувања и да паѓам во несвест и сцени ра праам да не можам од кревет да станам. Морам да признаам дека советите од Дуња навистина ми помагаат и би ве посоветувала да ги слушате, навистина е прекраснa и плени со своите зборови. Мене ми дава надеж бидејќи на неа и поминало дека и нмене ќе ми помие....се надевам барем Сите тука зборуваме за најразлични симптоми но јас не сретнав ниедна друга личност како мене да има секојдневно нонстоп вртоглавици, може кај секој различно се манифестира тоа но навистина не се издржува ова што да правам ќе дојде ли крај на ова, ве молам и останатите за совет....неможам да се помирам дека најубавите години ги поминав и ги поминувам во оваа состојба Бидете ми добри и поздравени
Еве уште неколку совети Во однос на исхраната, минимум шеќери, пржена, масна храна, кафе а особено алкохол. Овие продукти докажано негативно влијаат на нервниот систем. Повеќе овошје, зеленчук, црн леб, риба, (можете омега 3 масните киселини во форма на таблети). Сте слушнале ли дека бананата го зголемува хормонот на доброто расположение или серотонин? Друг потиикнувач на доброто расположение е дневната светлина. Затоа дигнете ги ролетните, отворете ги прозорите, поминувајте повеке време надвор. Имајте ред во спиењето. Обидете се секој ден да станувате и легнувате во исто време. Исто како што краткиот сон негативн влијае на нервниот систем исто така нечини ни предолго спиење (повеќе од 8 часа). Вежбајте, пешачете, возете велосипед. Докажано дека телесната активност го подобрува расположенито. Ментална активност - решавајте крстозбори, а има и толку игри онлај (јас ги играм room escape) Научнициве велат дека гледањето на слики од природни убавини помага при анксиозно-депресивни состојби. И вежбајте дишење со дијафрагма кое се обидов да го објаснам во претходниот пост. Иако повеќето од вас ги направило сите основни иследувања,а и лекарот ви кажал дека органски се е во ред и проблемот е од психичка природа, сепак на 6 месеци направете си барем лабораторија. Луѓето знаат да етикетираат, па и докторите (абе ништо не и е, се е на психичка база), и недајбоже нешто може да се пропушти. На пример и слабокрвноста прави тахикардии, вртоглавици Во основа на анксиозноста лежи потиснат проблем (конфликт), за кој самите не сме свесни. А до одговорите се доаѓа со психотерапија. Но, магично стапче нема ни психологот ни психијатарот, нити постои таблета која може да го реши проблемот (тие ги лекуваат само симптомите). Вие сте клучот, се зависи од вас, ако вие решите да ја надминете состојбата. Останатите можат да ви бидат само поддршка.
zdravo sielo5.jas gi imam istite simptomi kako ti.jas sekojdnevno imam vrtoglavici stanuvam i legnuvam so vrtoglavici.i toa ne onaa klasicna vrtoglavica da mi se vrti se tuku nesto kako da mi se slucuva vo glavata.kako d a me lula .taka sum veke tri godini .se sum probala i eglonil i cinedil ali nisto od toa.ne si sama ne se plasi.jas od tie vrtoglavici ne mozam ni na rabota da odam. se plasam mislam se deka ke padnam.
zdravo i jas imam vrtoglavici sekoj den bev dobra eden mesec nemav vrtoglavici no sega pak i pocnav da gi piem deroxat apcinjata no nisto uste eve 4 dena kako gi piem mi rece doktorkata da gi piem mozelo da se smirat vrtoglavicite no gledam deka i vie ste piele sekakvi apcinja no nisto znaci nie cel zivot ce imame vrtoglavici ve molam pisete dali ste gi piele vie ovie deroxat ve molam pisete pozdrav
i uste nesto da ve prasam mene najtesko mie treba na kurs da idem francuski jazik se mislim kako ce sedim so ovie vrtoglavici tamu i sakam da vlezem na rabota ve molam pisete povece za onie sto go prosle ova i vrtoglavicite pozdrav
Јас мислев дека сум единствена што има секојдневно и константно вртоглавици, но за жал не сум била имало ин други личности и баш ми е жал поради тоа навистина... *bllakce и јас немам класични вртоглавци така да ги наречеме туку многу чудна и лоша состојба. И јас осеќам лулање, ме занесува од една на друга страна, а кога ми е најлошо кога не можам од кревет да станам тогаш ни да лежам не можам осеќам како да тонам надолу и уште полошо ми е. Најлоша е таа состојба мисалм веќе аман... Јас 6 години не успеав и не успеав да го надминам ова, навистина не знам веќе ќе има ли крај. Останува уште поупорно да се борам и да си давам сила сама на себе. Иначе и јас пиев еглонил ама кај мене имаше несакано дејство ми потече течност од 1та града а имав само 16години тогаш и од тоа што сум била во пубертет ми се јавило така...И јас дури од преголема оптовареност со вртогчлавиците и во несвест паднав 2-3 пати :/. Мора да се бориме и да се надеваме дека ќе ни биде подобро и ќе помине ова еднаш засекогаш... *birsen јас имам слушнато дека дероксатот во другите земји е замена за сероксат односно сероксат наречен со др име... Јас пијам депрозел(пароксетин) а тоа е слично со сероксат. Треба подолго време да пиеш околу месец ипол 2 за да почувствуваш подобрување...Другарка од Канада пред скоро време ја заврши терапијата со дероксат и сега нема симптоми воопшто, иако она имаше срцебиење, и трнење раката но сега е сосема во ред, така да јас би ти препорачала да ги пиеш редовно и се надевам ќе има подобрување Поздрав
Исто така да ви се пожалам, :Ѕ вчера вечерта од чиста мира почна да ми тече крв од носот, не ми течеше многу количински ама едно 7-10минути така капки, и тоа беше доволна причина јас да си направма филмови во глава дека имам нешто во главата, дека леукемија имам, ама после мајка ми ме искара вика ајде среди се веќе не смееш да мислиш само негативно и малце се смирив ама денес напната сум поради тоа...
Сиело мила, веројатно имаш слаби капилари на носот па затоа ти потекла крвта.се случува тоа..На мојот син често му течекрв...ништо, ке го запре и продолжува.Провери го само притисокот ако не е висок...заборави !!!! Поздравче
zdravo fala cielo za odgovorot ce gi piem pa ce vidim sega za sega nisto nema podobruvanje mislite pak so mene sa a da ve prasam vi ide li pametot i deka mislis izlagas ot pamet i vikas ce idem da se ubijem vi se desava take a znaes deka nema da go napravis toa ste msilele li take nesto pisete povece pozdrav ot mene
*Драга Дуња Не измерив притисок во моментот, ама не осеќав дека е висок најверојатно од слаби капилари иако ми се нема случено од дете, се надевам дека нема да се повтори и дека се ќе биде во ред ...Ви благодарам на одговорот прекрасна сте знаете што мислам за вас, душа од човек *Бирсен сите ние сме мислеле дека ќе побудалиме, дека веќе не сме нормални но еве јас 6 години па уште сум ментално здрава како и сите анксиозни...Биди само упорна и пиј ги апчињата само ќе ти помогнат нема да ти наштетат, ама минимум 6 недели треба да ги пиеш за да осетиш подобрување Поздрав
fala srce moe stvarno mi pomagas sto mi pisuvas ce gi piem pace vidime samo sakam ovie losite misli da izlezat ot mene bidejci imam dete i muz mi e prekrasen covek ama vie ste tie sto ste podolgo so ova fala mnogu pisi mi povece i vie sto ste so crni misli pisete povece da go projdeme ova zaedno cao ot mene ce vi pisem pak