Мене анксиозноста ми се случи преку ноќ,излезена бев и се онесвестив. После таа вечер не излегов од дома,булвално бев како пореметена имав секакви симптоми но не знаев дека е тоа анксозност не ни знаев дека постои такво нешто,дека мојата психа може да биде посилна од мене. По сите можни доктори проверив се' и секогаш истиот одговор ништо не ти е сосема си здрава а на мене ми се случуваат триста работи. Така преку ноќ како да го загубив видот (а отсекогаш имав одличен вид) гледав некако чудно како да ќе заспијам секој момент како да сонувам и никој не можеше да ме разбере . Во кафич не можев да замислам да одам а не пак во дискотека или воопшто негде каде што има гужва. Во школо едвај издржував и не ни одев само дома се чуствував безбедно штом ќе излезев од дома мислев дека ќе се онесвестам (можеби имав мал степен на агорафобија). По некое време почнав самата да се терам да излезам од дома да отидам на кафе и почнав да одам на почетокот не можев ни 20 минути да издржам но повторно одев и сега ми е најнормално но малку ми е страв во дискотека да одам и не одам често додека во кафичи скоро секој ден. Но, многу ме плаши тоа што не гледам добро како да сонувам и гласовите така ги слушам на тие што зборуваат. Никогаш на психијатар не сум била ниту апчиња немам пиено (освен Б6) . Само не ми е јасно како толку позитивна личност како мене секогаш насмеана може да ми се случи вакво нешто и тоа на 16 години... Секој ден ме фаќа анксиозноста,некогаш не спијам по два-три дена, не јадам зошто ми се гади и ми е многу тешко ама некако прифатив дека ќе морам да живеам вака а најлошо ми е оној дел од денот кога се стемнува како ноќта да ми е голема непријателка . Многу потешки работи ме чекаат во животот и морам да се изборам со нив а јас се жалам од еден факултет тешко ми е да одам понекогаш. Многу сакам да ми заврши кошмаров и сите стравови од онесвестување, ослепување и не знам што веќе. ( јас се извинувам за долгиот пост ама на никој го немам кажано, морав некаде).
@azzurro. Pocni si so terapija soodvetna pij ai po sema sekoj den za mesec dva nema ni da osetis deka normalno funkcioniras, ova si bara terapija pozitivnite misli i se drugo se propratna terapija i odberi nekoj dobar psihijatar ke se sredis veruvaj
Cudno na site sto ni se slucilo ova sme bile vedri drustveni premnoguaktivni i vo noken zivot i so drustvo stalno izlezeni prijatni za druzenje se cudam i jas kako od takva licnost stanav ova so ne se prepoznavam
Не бира години нити пол ,шо ќе се праи,и мене не ми беше арно понеделникот,па ми тееба време да се смирам ее денес сум ок.Па факсот е топ и мене ме мрзеше да идам,ама па коа ќе отидев ќе заборам на тоа шо ме боли,предавања колеги вамте тамте. Порано идев на германски,шпански,италијански али некако ме мрзи,а треба колку да си окупиран нешо од нешо... Talk and write as much as you want,ќе ти олесно
prv pat mi se javi pred dve god. uzhasno beshe me drzheshe nekolku meseci,sve mozhni ispituvanja napraev sve beshe ok so mn napor, i pokraj toa shto gi imav simptomite ja normalno izlagav sekade i po nokjni klubovi i neznam kako ama se izgubija simptomite dve god bev super i toa bez terapija, sea pa me fati i kje probam povtorno da se izborim nesakam da piem apchinja momentalno samo b6.pozz
Ххахаа прц прц нешо позитивна си ми многуууу. Ама јас пак ке кажам од кога се споивме анксов изгуби сила. Сега по некад сака да не дружи, ама ќе го подружуваме... зашто да не беше он немаше да се знаеме ниеее. Утре осекам дека совршено ке поминеш хаххаа. Те сакааамм
Нате јас на периоди сум добро на периоди не , имам отежнато дишење, болки во желудник ама игнорирам .. Битки водам со времево .. А иначе живеам многу подинамично од порано, некако го подобрив начинот на живот и тоа е позитивна последица од анксиоНоста .. Како сте вие сите ?
Е суперрр, и ние сме доброоо како што гледаш, мењаме мислии, на стравот во очи му гледаме и ке почне да бега. Иначе те оговаравме со @Be-yO-nCe дека немаш фб да те замараме и тебе хахаххаа.
Јас срцка живеам турбо од рано на утро да не ја претерам ама пред 5часот сум станата па се до 23 и покасно.Во меѓувреме одмарам по 1-2 саати ако имам време.Супер сум....анксот мрази друштво а јас постојано сум со многу луѓе,па нека пукни!!! Немам многу време,затоа и не пишувам..не дека се е совршено ама се навинуваш па игнорираш симптоми.Следен предизвик ми е планирање на мојата свадба.Ве гушкам П.с.Чекам предлози за венчаница
Ај вака, да пишам и кога сум со арните, чисто за да разбиеме монотонија. ДА, конечно можам да кажам дека сум многу добра, дека тешкото време е зад мене. Почнав да одам сегде без проблем, да се дружам, забавувам и да не гледам на саат за дома. Црните мисли речиси па и да немам, некогаш само, ама добро тоа секој човек го има. Опсесииите со притисок и со мозочен удар ми се на најниско ниво, што дури почнав и понекогаш да им се смеам. Симптоми имам понекогаш, ама не се со таков интензитет како порано и што е најбитно научив да не се замарам со нив и да ги третирам како нешто небитно. Еве последниве 3-4 дена и нив ги нема, нека биде така не ми недостасуват. Да не редам толку убавини, да не ме чуе анксот, зборот ми е дека секој може да се избори со ова, битно е да сфатите дека ова е состојба и е минливо во секој случај. Клучот за времето е кај вас. Никој и ништо не може да биде посилно од вас, вие сте тие кои управувувате со вашето тело и вашиот ум. Оддалечете се од негативните луѓе, внесете ред и позитивност во вашиот живот, дружете се, правете ги работите што ве исполнуваат, соочувајте се со стравовите и никогаш не дозволувајте анксиозноста да ве спречи во вашите намери. Верувам дека сите ќе успеете и тука сум за совет секогаш. На крај краева и не е толку лоша анксиозноста, овде скоро сите запознавме луѓе што ни станале многу блиски, а и излезот од состојбава ќе ве направи посилни! Се извинувам за вака долгиот пост, имајте убава вечер.
Lugje, sekogas koga ke legnam da spijam pocnuvam da se gusam i mislam deka vo sekoj moment ke se ugusam. Imam grutka vo grlo i od koga ke stanam nemam sila racete da gi mrdam pogotovo prstite. Glavata sekoj den me boli pozadi nad uvoto najcesto i kaj tilot... Po dva tri pati mora da me fati panicen napad i ne znam sto da pravam. Kolku i da sakam da mislam na pozitivni raboti ne mozam. Samata psiha me tera da mislam na toa deka mi e nesto i deka nesto ke mi se sluci. Sekoj den imam novi simptomi i sekoj den se poveke i poveke gi preuvelicuvam simptomite. Pomos
Ne sobrav hrabrost, ne uspeav da odam na svadba, ete doma si sedam i si mislam. Edna nedela se spremav i ubedena bev deka ke mozam i vcera oop naednas pocnaja nekoj glupi misli da mi se vrtat vo glava, pocnav da placam, se pocustvuvav bespomosno, ocajno... I ete ne otidov. Sega zal mi e
Ова е голема уткааа..... вака само го храниш стравот. Денеска сабајле станав и ми беше ептен лошо и морав на пазар. И си викам да ја пратам мама да ми ги заврши работиве јас дефинитивно нема да можам, и и кажувам и она вика ок важи ке одам. Ама у моментот ми доага мисла..... сега кога си супер, сега кога мислеше дека си на самиот крај, сега ли нема да отидеш на пазар и ке те подеби стравот. И одма мама стојјј !!! Јас ке одам. Си се облеков и тргнав, па си ги завршив сите работи. Толку бев задоволна и среќнааа. Бравоо за мене. Па дојдов дома, редев дрва, работев турбо до 16 цасот и само каснав и со малата на играорна до 18 и 30. И сега и викам на мама, значи сум можелааа јас се, само полесно ми било претходно да речам не можам и да си го гушнам креветот. Утре сме на роденден во игротека и едвај чекам да одаааммм. Мораш да си кажеш ок и со анкс и страв и сите симптоми ќе одам и супер ке поминам.
Vo pravo si stavot so strav se hrani, pogresno postapiv. Natemila pa ti si super stom odis na pazar bez problem, jas ne mozam sama ni do prodavnica
dali nekoj ja procital knigata Monahot koj go prodade svoeto ferari ama vtoriot del jas ja najdov na net i ja poracav mislev prviot del e ama stigna vtoriot mnogu dobra kniga,psiholoshi mnogu deluva pozitivno i tokmu zboruva za stravovite i kako da se soocite so niv,i deka sekoe zlo vo zivotot e za arno.
Здраво јас сум нова денес се зачленив бидејки сакам мислење од вас.Имам 20 години и имам децко веке 5 години но никој пат не сме се разделувале на подолго време и се поврзавме многу.Сега пред 2 недели тој отиде на обука за полициски службеник и тоа ке трае 1 година но во текот на таа гоина ке си доага дома секој викененд.Сега јас никако да се помирам со тоа дека тој е веке таму и дека ке е една година ми се вратат во главата некој чудни мисли негативни дека таа средина таму тие луге ке го променат дека нема да биде истиот со мене како порано и тој го знае мојот проблем и разговараме на оваа тема многу( знам само дека еден ден ке му досади и на него и ке ме остави како сите што зборуваат но никако да сфатам јас таман ке се средам ке помислам на убаво како да ме коче нешто и одма плачам неможам да се воздржам ниакко не ми доагаат убаво мисли ме гуше кај желудникот ми е тешко и одмах плачам си мислам кога ке помине таа година па потоа каде ке отиде на работа, дали ке се смене кон мене а можеби и ке ме остави најлошо е тоа што никако да се приберам веке 2 недели нон стоп плачам одбивам да јадам да пијам бегам од дома мајками да не ме забележи одам кај другарками излегувам на викенд со него и неможам да се опуштам да бидам среќна го мислам тоа кога ке си отиде во понеделник...ве молам помогнете ми дајте ми некој совет, мислене неможам вака да продолжам ке го изгубам и него а со сигурност и јас ке се разболам.
Dali vi se slucuva koga ke rabotite nesto po doma, samo sto ke pocnete odma da se cuvstvuvate izmoreno? I da nemate sila za nisto?