na mojto prasane ne odgovori nikoj ve molam odgovor zs o sekak kako s truja da mi mine po teloto po glavata liceto se mi trpne i me bocka
Сега ги читав постовите твои Зоце, колку што те разбрав не пиеш ништо. Инаку, твоите симптоми се карактеристични за анксиозноста. Баш така, трнење на цело тело, и како морници да те лазат, и вртоглавици...Мислам дека треба да одиш на психијатар за да се договорите што понатаму. Ти ги чувствуваш овие симптоми навечер, кога телото се смирува, и на површина излегува анскиозноста. Додека да се одлучиш дали и кај кој доктор да отидеш, земи нешто напиј се пред легнување за да те смири. Хелекс или дијазепам... Млада си , не се мачи, но мораш да најдеш од што ти е се појавува анксиозноста. Тоа е состојба , не е болест и затоа не треба да се плашиш. Се појавува најчесто кога човек страда, има нервози, и има стресен живот. Имаш две деца, можеби едноставно ти е тешко. И тоа е една причина за да се чувствуваш анксиозно. ..не се секирај, немаш никаква магија. Но, мораш да се напиеш нешто за смирување....поздрав
fala na sovetot i mi se koce levata raka i me bocka kaj srceto mi se koce a srceto mi e vo red i navecer koga pokusavam da spiam koga mizam kako da tonam so se krevet te molam pisi v
* Zorceeee Не се секирај.... многу е вообичаено и типично тоа што го чувствуваш навечер, ако си ги читала постовите од почетокот на форумот ќе сретнеш многу луѓе што поминуваат баш низ истото. Слушај ја Azzura.....секој збори и е вреден и навистина помага, со тек на време ќе научиш да живееш со тие чувства и ќе почнат да изчезнуваат. Секој си наоѓа сопствен излез....пробај наоѓај начини, зборувај со луѓе, твори нешто, ако живееш во куќа средувај си го дворот, гледај цвеќиња, гледај ги децата како растат, учи ги, читај форими и статии на интернет, има многу работи за правење....само треба да ја најдеш твојата што ке ти помага. Некогаш ќе биде подобро, некогаш и не....се си има свое влијание, ништо не може да биде како некогаш во безгрижното детство.... ама затоа може да направиме да имаме убава иднина, секој сам си ја креира својата среќа. А ако почнес да веруваш по магии и чуда каде ќе ти биде крајот, само ке наоѓаш и ке бараш нови и нови бајачи.... секоја чест на тие што им помогнале такви луѓе и нека им дава и понатаму здравје....мораш да ја наполниш совеста со позитивни работи, со надеж и верба и ќе се среди.... кога ќе ја истренираш позитивно и позитивна ќе бидеш. Само напред, не се плаши ,можеш да станеш посилна
Каква магија, не се секирај и те молам не верувај во такви работи. На вакво време искрено јас уште не знам како се држиме на нозе, а не дели ни трнат. Мене од пубертет навака ми се врти кога ќе станам, решението е едноставно прво поседи неколку секунди на кревет па после полека стани. Рече дека имаш две деца ако не се лажам, значи цело време си дома околу нив, гледај што почесто да излегуваш, одвои си време за себе, среди се, прошетај низ град па макар и сама. Движи се редовно и проблемите ќе се решат. Како што пишав и претходно на пролет е мн важно да се земаат витамини, ц-витамин, б-комплекс се основни според мене, ако имаш можност земај и нешто плус секако нема да ти штети И не се секирај, апсолутно немаш никаков проблем
zoceee ne si samo ti .jas deneska celata sum otrnata.glava raka noga jazik i ne znam sto uste ne.nozete mi se skros ukoceni.ne si samo ti veruvaj mnogu ne ima.toa e mnogu teska sostojba koga si otrnet mislis vo sekoj moment ke te frkne mozocen udar ama jas veke tri godini sum taka i nisto od toa.ne se plasi tolku .ako treba nesto da bide ke bide ako ne nema da bide.i mene mi e smaceno od doktori ne mozam veke da gi gledam.znaes sto e loso sto ne mozeme da poveruvame deka sne anksiozni.ako go prifatime toa mozebi polesno ke ni bide.i jas sum istata kako tebe.si vikam kako moze da trnam koga sega ne se nerviram i stvarno ne se nerviram samo mi e tesko sto se me boli.ama doktorite vikaat taka deka se od stres. pa da im veruvame.i jas nepijam nisto samo od vreme na vreme zatoa sto ne veruvam ali ke moram da pocnam da veruvam.
Зоцеее мила, вака......кога си легнуваш навечер ако е такво чувството обиди с еда ја промениш положбата нателото, да повежбаш малку во кревет има некои вежби за опуштање најди на интернет, земи си некоја книга за читање иииии.....така секоај вечер ке ја прелажеш анксиозноста...таа ке си замине а со неа и струјата низ телото и вртоглавиците и не верувај во магии. Да јас сум се чувствувала вака како тебе....струјата ја чувствував во тилот, арацете и нозете трпки целите...амапомина...само со упорност, со физичка активност и со игнорр на негативна мисла. Аколегнеш и чекаш да почнеш да тонеш....навистина тоаке се случи. Поздрав ...не плаши се ..поминува...смирувај се , убедувај се дека си здрава и не бори се со овие симптоми...пушти ги нека си заминат...отпрвин не ке биде лесно и не веднаш ама за некое време се ке се среди. ЈАС ЈА ПОБЕДИВ АНКСИОЗНОСТА КЕ ЈА ПОБЕДИТЕ И ВИЕ!!! Ве сакам драги мои и барам начин да ве уверам како анксот не евечен само дајте малку повеќе од себе...не жалете се ....така само долевате масло на огнот туку трагајте по начинот кој ке ви олесни...читајте ги моите постови и на Азура....нананзад и ке видите како ние сме се бореле...и избориле.ЈАС СУМ ПОБЕДНИК...АЈДЕ ПОБЕДЕТЕ И ВИЕ..
Jojoba сега ме расплака и растажи уште повеќе ако е навистина климактериум може веднаш да се убијам ја немам ни деца ни маче ни куче освен родители и брат кои и не ме разбираат баш страшно ако е така а со очите не носам очила но имам страбизам или народски кажано едното око ми забегува и тоа од пред 4-5 години не од малечка и ми смета и на вид и главата ме боли често а уште и низок притисок така да кога ке крене на лошо нема стоп сепак фала знам дека се што си напишала е со најдобра намера Аззура ако некој се молел за здравје повеке од мене овие 7 години нека се јави и ништо секој ден ми е само тоа во главата само здравје и здравје да имам и знам дека е тешко од што и да си болна али оваа што ми се случува мене некогаш не можам сама да отидам ни до WC и тоа не се трпи пропагам и физички а за психички и да не зборуваме.Каква бев некогаш немаше машко што не се вртеше по мене а сега сум ко баба не личам на ништо ууууууффффф тешко ми е многу знам дека ве замарам али немам на кого да кажам и да се изјадам И се надевам дека ова е само пролазна криза или период али сега за сега сум ЗА НИКАДЕ ајде бидете ми поздравени и фала на подршката многу ми значи
Поздрав ФЕрхунде... Немора да значи ..јас имам братучетка на маж ми си роди девојченце во 41 година и е пресреќна.Мислам дека ти е рано з климакс... Јас имам 45 и сеуште не сум во климактериум..Побарај си совет од гинеколог. И воопшто не ен замараш...ние сме тука да си помагаме...
Ферхунде, колку што гледам ти си само две години постара од мене. За каков климакс зборуваш?! И не може да имаш климакс на тие години, нека не ти зборуваат за климакс те молам...Па искрено да ти кажам сосема е нормално да ти доаѓа циклус на 25-6 дена. Мене ми доаѓаше така цела година, сега нешто од времево може ми доаѓа на 28 дена- зборев со гинекологот и сосема е нормално тоа и здраво. Каков климакс какви бакрачи, те молам доста. Немој погрешно да ме сфаќаш, ама се обидувам некако да те разубедам дека циклусот кај секоја жена е различен, и се зависи од стресот што го доживува телото. Мила, твојот брат и родителите не е дека не те разбираат, едноставно не сакаат да прифатат дека „женската по која се вртеле сите“ сега пропаѓа....Болно е мораш да признаеш. Замисли си како би ти било да си на нивно место: те гледаат цел живот убава и по некоја случка, детето „им го снемува“..... Кога мене ми се појави анксиозноста, моите беа многу загрижени. Ама имам една „откачена“ мајка со која секогаш се расправам, но таа тогаш беше грижлива колку што можеше , а јас плачев, не можев од кревет да станам (буквално), повраќав .... И еден ден, мајка ми ми влезе во соба и кога почна да ми вика „станувај, станувааааајјј“.....Јас и викав, се каравме, ама веројатно е дека сакаше бесот да го извади од мене, зашто толку се испокаравме, што јас станав и излегов Ако примаш терапија, терај со неа, не може да не ти помагаат лековите...или едноставно не сакаш да ти помагаат. Твојата свест исто така многу делува на тебе. Издигни се над сите болки Ферхунде, ајде кажи му збогум на минатото, прости си себеси за грешките. Во книгата на Лујза Л. Хеј, „Како да го излечите својот живот“, писателката поставува едно прашање „МИСЛИТЕ ЛИ ДЕКА НА ЛУЃЕТО ОД МИНАТОТО ИМ Е ГАЈЛЕ ШТО СЕ ОСЕЌАТЕ ЛОШО? НЕ!“ И ајде малку размисли, еве на некој начин господ ти отвор нов прозор да запознаеш луѓе (тука на форумов) кои те разбираат и се обидуваат да ти помогнат.... Излези денеска малку надвор, ќе ти се лоши и врти, ама ќе подишеш кислород. Утре пак. Ајде стани пак женска по која ќе се вртат сите момци п.с. не не замараш, пишувај колку сакаш, еве тука сме и зборуваме...но, следното што ќе го пишеш нека биде дека барем си се обидела...
ама каков црн климактериум??? јас имам 23 год и циклусот ми е на 26 дена. стварно нема простор за паника
draga azzura mi prepisaa pred eden mesec deprozel ama cela se tresam od nego sega piam samo helex po potreba asakam da pokusam bez apcina i me plase mislata dane si napravam nesto ili dane gi povredam drugite pisi mislene
здраво на сите инаку ferhunde9 немој да мислес дека само ти си така јас сум 8 години вака бев година ипол до нова година ок и еве сега пак се борам и се надевам некогас и јас незнам сто да правам да ти казам колку се јас молам и ке се молам најмногу сто сакам е здравје и јас ако помислам назат каква бев колку работев покрај сите проблеми сто ги имав не стоев само трЧав а сега како некоја баба,а имам 31 година и мене ми е смаЧено вака сакам да работам да бидам весела ама тоа е не си само ти.....поздрав до сите јас се надевам дека еден ден ке помине........
Azzura,Dunja,nadez31,Estelle site vie ste еdinstveni moi prijatelki sega i vi blagodaram za sekoj vas zbor mnogu mi znaci,i iskreno se nadevam deka ne e menopauza bidejki sakam mnogu deca i ako dade Gospod еден ден можеби ке ги имам Aззура денес сум цел ден во кревет некој грип ме фати страшно целата сум лигава али кога ке помине оваа ке пробам да се кренам на нозе како што велам јас Баш би сакала еден ден да се сретнеме сите што се овде на форумот на една трач партија бидејки само ние можеме да се разбереме и сватиме како ние Поздрав до сите ве гушкам силно најсилно Azzura заборавиви да ти казам едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ за оваа
Е ова е веќе подобро Така , ајде малку нека се врати таа самодоверба и кажи си „кој им е.. матер на сите“ .... Ти си една и единствена, никој нема да те спречува да како да го живееш животот! Ајде сега да се излечиш побрзо, паднат ти е само имунитетот, и НЕ си во менопауза . И уживај , тука сме сите
Луѓе ајде видете надвор прекрасен ден ај доста веќе со тие глупави мисли..Мене фала богу многу ми е поубаво многу се осеќам подобра,бактеријата на белите дробови ми се излечи..Господ ми прати премногуу блиски луѓе за да ми помогнат јас да се излечам од оваа проклета состојба не знам како да ја наречам веќе..Господ ни помага луѓе тој не не остава не се плашите ради него,зошто сето ова ќе пројде се е пролазно у животот,многу сум страдала во животот и веќе не го сакам тоа..Ајде бидете храбри не ви е ништо јас од оваа состојба секој ден ми се вртеше ми се зближуваа притисоците 110-100,се тресев целата срцето ми лупаше 1000 на саат,ми трнеше целото тело раце нозе глава,лице ми се здрвуваше и уште што не..А зошто сето тоа?Зошто кога сум здрава да си правам да ми се случуваат такви работи место да живеам убаво,еден е животот алоо сфатете го тоа зошто да мислиме што ќе ни се случи нешто??Тоа не треба да го мислиме ако фатиме болест тогаш ќе му ја мислиме а не сега,вака сами си ги барате болестите..ДОСТА ВЕЌЕЕ!!!!!Ставете веќе едмаш крај на ова КРАЈ НЕ ВИЕ Е НИШТОО и самите знаете сте биле на милион контроли се ви е во ред тогаш како може да ви се случи нешто кога немате проблеми со здравјето.Мене ми пукна филмот и реков доста веќе што сака нека биде ако е пишано да биде нешто ќе биде ако не нема..Се жалите од трнење на раце и нозе па нормално дека ке ви трне се кога не станувате од кревет..На телото му треба многу многу физичка активност,најдете си работа,или почнете некоја активност вежбајте,читајте книги правите нешто излегувајте со другаркии одете купувајте алишта..Вчера случајно другарка ми носеше книга со неа и книгата е преубава немам зборови..Како поп кажува за неговиот живот и дава многу совети,вика проблемите сфатете ги како лекции,вика зошто секогаш да мислите на лошо секогаш треба да се има позитивност..Луѓе од позитивност имаат излечено РАК..Не дај боже да фатите такво нешто бог знае што ќе направите вие..Дури сте здрави уживајте..Книгата се вика КОЈ ЌЕ ПЛАЧЕ КОГА ЌЕ ТЕ НЕМА!најдете ја негде купете ја не ми текнува сега како се вика писателот ќе ви пишам вечер и ајде веќе доста прекинете ќе им здосадите на луѓето никој не сака негативни личности..Ајде да идеме на кафе некој ден да се собереме сите што викате ? Ќе си изнаправиме муабет и ќе ви кажам колку е тежок мојот живот а пак имам надеж и волја за живеење сакам да живеам!Ако не ви е пишано сега што и да ви се случува господ ве чува ..Мене господ ме излечи фала му многу не знам како да му се заблагодарам,а фала ви и на вас и од вас научив многу работи..Ве сакам сите ајде храбро само и надеж,и не се труете со апчиња зошто џабе ги пиете ако вие самите не си помогнете апчињата па нема ич!!Ајде поздрав
Па ако не уживаме сега кога ќе уживаме на 70 години???Ајде ајде сите храбро и освестете се веќе еднаш!!