фала за утехата,знај дека многу ми значи <3 иначе ме интересира дали некој го има истиот проблем со спиењето ? да неможе да заспие заради брзо чукање на срцето и биење ?
Тоа што горе долу ги знаеме приликите и неприликите низ кои што минала Нате, а верувам се исто така исти или слични стравови и на многу од нас, а и тој голем ентузијазам со кој што Нате пишува цело време како се бори, мислам дека е лекција за сите нас, мене барем многу ме охрабрува и ми помага секогаш кога ќе прочитам што се доживеала, се ставам веднаш во нејзини чевли. и си велам мора да е тешко, и страшно,. па сепак повратила и волја и желба, и радост, и насмевка и продолжила.... значи се може. Истрајте, упорност само.. ве гушкам
Јас го имав истиот проблем до скоро, сеа го немам моментално што не значи дека во секој момент може исто така пак да ми се појави, но го имав и ми олесна многу што некое време го нема барем се наспивам ко човек, па и спијам долго сега како да сакам да искористам нормално спиење што повеќе за да не ми се случи пак а инаку, низ истото минев, па дури и на спиење мислам дека имав чувство дека е најлошото биење на срце , и најнеудобно чувство..дополнето до нервозата од тоа што не можеш да заспиеш ко човек, и на време, фрустрации од самото непријатно чувство внатре...и тн и тн.. мислев секад ќе остане така..ама помина... читај нешто пред спиење..опуштај се на некој начин и труди се да не мислиш на тоа коа легнуваш, поврати си го нормалниот сон.
Koga ke si legnis pusti si zen muzika relaxira isto kako da letas vo oblaci, zapali mirizlivo stapce nekoj egzoticen miris eukaliptis sandalovo drvo i ne misli na nisto od muzikata ke osetis mir vo dusata
баш ми е мило за тебе * да се надеваме дека тоа беше само за вчера,дека нема повторно да се врати целосно вечер ке пробам на секој можен начин да не ми се случи истото оти тоа дефинитивно ми е најлошиот дел од анксот
@Emili12321 пред да легнеш напи се едно б6 и свари си чај од мајчина душица, да видиш и додека го вариш од самиот мирис како ке се осекаш спокојно. хахха ко баба рада звучам. Ама помага верувај ми. И нај важно е да не мислиш што ако се случи пак, што ако ми се врати и сл. Ако се врати ке мислиме.... до тогаш уживај. @Cleonika претешкооо... највеке од се ме погоди загубата баш на оние што ми беа се. Знаеш како е да се будиш со помислата дека денес колку и да ти е тешко ги имаш нај добрите пријатели и знаеш дека се тука само да молчат и да те слушаат. И таа што ме излечила од анкс после смрта на татко ми... и ми беше нај добра другарка ми починува. А одма после тоа и се разведувам, и одеднаш на 27 години животот ти е ништо. Не правев после тоа ништо, ни јадев, ни пиев, ако ми верувате може не убаво звучи ни се бањав. Но еден ден после 2 месеци таква. состојба сватив дека јас имам дете и морам и можам да живеам за него. Станав 40 кила, жив костур не можев да одам. Па почнав полека со јадење, посветување внимание на сама себе, не искачав сама, ама почнав по малце со мајка ми и малото ми сонце. И така полека полека сега сум одлично. Скоро се пак правам сама, одам сама секаде, се возам во бус хахха со ова напнав ама нај голем страв ми беше, правам се што претходно не го правев. Стравот е уште тука, ама не му давам значење. Едноставно си викам и со страв и со сите симптои одам да завршам тоа што морам па нека биде што ке биде. И уште нешто... хахха да се пофалам вака, секој ден од луѓето на улица сега добивам комплименти како сум секој ден се поубава и поубава. Тоа уште повеке ме мотивира. Друштвооо животот е стварно многу убав. Сега ја имам @Be-yO-nCe, многу си помагаме една со друга. И искрено се надевам на долго и искрено пријателство.
Ајде некој викенд да се договоримеее и да пиеме кафенцее. Со душа чекам и тебе да те запознаамм. Знаеш дека те сакааамм
Баш ми е мило за пријстелствата склопени тука, се надевам ќе има уште многу такви. Еве јас да кажам кога бев при крај со анкс си ја запознав @perla24 (и демек ја како поискусна хаха) што и кажував секој ден дека не е ништо сериозно тоа што и се случува и што и давав совети јас некако добив повеќе самодоверба. Сега уште се присутни некои симптоми, ама можам да кажам дека најлошото помина. Ќе дадам се од себе и она да го надмине ова што побрзо, верувам во неа. Конечно можеме да кажеме дека и од анксиозноста има нешто убаво и верувам дека пријателствата од форумот ќе бидат долги и искрени. Имајте убава вечер!
@natemila Натула моја.Те обожавам!! Се надевам дека секогаш ќе си носиме позитива во тмурното секојдневие! Викнете ме со @bubic.k ко ќе одите на кафе..Мислам ако сакате Љубов до сите и имајте спокојна ноќ.
@Emili12321 штом се осеќаш веќе добро , јас верувам само период ти е и ќе помине... послушај ги советиве ми звучат убави..прави се за да се опуштиш дури и безначајно да ти звучи, прави се пошто ќе почне да делува и не се плаши си минала и полоши денови.. сонот ќе се поправи. Верувај ми сигурна сум
ja sum katastrofa ljudi mn mi e teshko simptomi fizichki i telesni imam vishe dva meseca, mislim trista gluposti,neznam vishe ova ne se izdrzhue.
Isto i so mene nema izlez od ova iako sum na pocetokot ma anksioznosta... Se me boli, de muskuli de vrat de race mi se kocat de vilica kako nekoi trepki niz celo telo mnogu se plasam, panicni napadi kako izguben da sum vo prostor
Sve se izdrzuva bidi pocesto vo kontakt so tvojot psihijatar neka ti ja prati sostojbata ke te ohrabri polesno da gi pominuvas krizite
Taka e na pocetok duri pocnis da gi prepoznavas simptomite koga ke se naviknes na niv polesno ke go sovladuvas nema da im pridavas tolku vaznost