ljudi pomagajte mnogu mi e teshko, sve mi doadjaa nekoi loshi misli deka sum teshko bolen a vishe i nezgodno mi e da idem po doktori vchera bev pak matichnata mi reche deka sum zdrav samo treba da projde vreme, i da gi ignoriram mislite.Nemozhem vishe vake.Mu se deshava li na nekogo ova ili samo ja sum vake?
Не си само ти, од цел период на панични напади, хипохондријата ми беше мислам всадена во ум, дење и ноќе. Посети психијатар, со соодветна терапија за 2-3 недели ќе има резултати. Не се мачи залудно, овие состојби не поминуваат сами по себе, ти требаат промени.
pochnav so terapija ima edno 10 dena samo dopolnitelen strav mi sozdavaa simptomite sho mi se javuaa pr. konstantna nestabilnost pri odenje, psihijatarot mi reche deka imam silno izrazena anksioznost.Za nigde sum.
Тоа е сето нормално! Имаш основна состојба анксиозност, а антидепресивите знаеш дека им треба време да делуваат. Ќе бидеш во ред, труди се да вежбаш дишење, издржи уште малце, ќе видиш подобрување. Со тек на време нема ни да размислуваш на терапијата како на терапија, туку ќе ти биде нормален дел од денот. Ти држам среќа и брзо да шутнеш што и да пиеш за смирување (мене ми дадоа Хелекс), а после неколку месеци и антидепресивите
HI jas we plasev da ne sum samo jas so takvi misli na najmala bolka jas se plasev da ne sum bolna ama polekapoleka isceznubaat mislite
Па сега за сега сум, не пијам ад веќе 3 ипол месеци, Хелекс по пола ептен ептен ако се вознемирам нешто (повеќе од претпазливост го пијам), а последна паника Јануари ми беше. Само упорност и верба во себе, и објаснувај си секогаш - ова не сум јас, ова е само недостаток на серотонин АД ќе ти помогнат да се вратиш во колосек, но долгорочно мораш сам/а да си помагаш. И мене до ден денес знае да ми се појави по некој симптом, и почнувам одма да го игнорирам, бидејќи мозокот располага со она што ние му го пружаме - ако пружиме страв, тој ќе го програмира телото да биде во готовс за борба (fight or flight). Биди сигурен/сигурна дека колку повеќе бираш на што ќе мислиш, толку побрзо ќе се справиш. Диши. Длабоко, од дијафрагма. Не брзо. Земи воздух длабоко, задржи го 2-3 секунди, испушти го. Неколку минути така секогаш кога те фаќа силно паника. Слушај паталец Не можеш за 1 месец да промениш нешто, анксиозноста не почна да ја третираш во првиот месец, нели? Пиј си ги лекарствата, минимум 6-9 месеци. Првиот месец сеуште ги чувствуваш нус појавите на ад, после 2-3 месеци веќе ќе се навикнеш. Јас кога ги прекинав не чувствував ништо различно, ама ги пиев 9 месеци, и на крај почнав да ги заборавам, еднаш во 3 дена ќе се напиев. Не е тоа правилен начин на оставање на ад, ама кај мене така беше. Не е најпријатно сознанието дека пиеш ад, ама мене ми изгледа како помала жртва него животот да си го поминувам во страв. Да треба утре пак да пијам (а шансите постојат да треба), нема да се предомислувам. Некој пие таблети за висок притисок, некој за разредување крв, некој прима инсулин, некој пие ад. АД ќе ти помогнат да се врати хемискиот баланс во мозокот (примарна цел им е поттикнување на лачењето на серотонин, познат како хормон на среќа) кој во нашите мозоци се намалил поради разноразни причини (хроничен стрес, траума....). Гледај на нив како и на секој друг лек. Нема вечно отарасување од анксиозноста Ти си со подолг стаж, знаеш подобро и од мене. Ако е само еден месец пробај само со самоконтрола, ако гледаш не бива.. знаеме што ни следува Инаку - само еден прост пример - на одмор додека бев 11 дена, ни еден единствен симптом не ми се појави. Заклучок - барем кај мене - стресот на секојдневнието ми е најголем предивикувач. Overthinking за се, преемотивно се, абе во шпанска серија да ме стават сите ги сечам А дојдов во Скопје, уште првата недела ми се сврте еднашка Ама си седнав, си подишав и се смирив.
Мене за првпат ми се појави пред 6-7 години. Пред две години мислев дека засекогаш се отарасив, и ете пред месец ипол пак. Пм
mene mislive me utepaja znachi golem hipohondrik sum a simptomive me do utepaja neznam vake kako kje se tera
И ти исто како мене, хипохондрик и анксиозен. Тоа е нешто најлошо... Да не можеш да уживаш нигде па дури ни дома. Секојдневни мисли дека нешто не е во ред со нас. Секој симптом го преувеличуваме за нешто сериозно. АМА ГЛЕДАМ КОЛКУ ЛУЃЕ СЕ СПРАВИЛЕ СО ОВА ЧУДО МОЖЕМЕ И СИТЕ ОСТАНАТИ!
Советувајте се со својот психијатар пред да ми го послушате советот - кај мене функционира (ше) вака - при преголема напнатост, осамете се и пола Хелекс од 0.25 (ако не сте пиеле до сега) или цел (ако сте пиеле до сега). За кратко ќе ве смири. Имајте на ум дека ад се лекови, Хелексот моментално делува. Мене МНОГУ ми помогна на почетокот, сега ептен по потреба. Прашајте, ако е во ред и добиете зелено светло, мислам дека вреди да пробате.
da da hipohondrik i anksioznost e najlosha kombinacija znachi kj i da sum so kogo i da sum nemozem nikako da se opushtim zatoa shto ne se nashle vo ovaa sostojba i ne te razbiraa kako ti e.
Точно... Иако сум нов овде скоро 2 месеци се борам со овие две работи, почнав дури и да се чудам на сите околу мене, зашто ова мора мене да ми се случува, а другите да бидат среќни и да немаат гајле за ништо. Ама не бива да седам дома и да имам панични напади. Дали и вие чувствувате чешање во гради или раце?Гледам да искачам надвор ако треба низ маало да се врткам со кучето колку и да не ме држат нозете или да ме стегаат градите. Сега планирам да почнам и во теретана. Гледајте ги видеата на Ана Бучевич, бројте од 17 наназад и мислете само на позитивни работи.
Абе на улица мене да ме видиш нема на крај памет да ти падне како изгледав пред 1 година Луѓето не се фалат со своите психички проблеми. Има надеж, ќе биде подобро, само тоа биди сигурен
ja sega pochnav da izlagam edno dva dena pred toa nemashe shansa da izlezem samo doma sedev i mislev trista gluposti mi beshe strav ako izlezem nadvor da ne padnem iako so kola patuvam chesto sea kje mora malu da ja ostavim da odmori
Antidepresivi mora da pies ke se osetis podobro za mesec posle ke gi pies kako zezancija ne citaj upatstva samo teraj semata vo epten neubo nesto za smiruvanje i pij kakao go pokacuva serotoninot
piem ima edno 10 dena sega za sega samo spienjeto mi se podobri...drugo nema nekoja drastichna promena
Хах, јас кога сум уморна најчесто - кога си одам од работа, така ми доаѓа, пошто сум скапана и ми се спие И си викам - е ако паднам де, ќе ме однесат кај мене на работа а ако ме однесат таму немам гајле И така си се куражам сама себе
Ista sum I jas nema lsto I kaj mene nema nema pa ke mi letne nekoja misla deka sum bolna ama kako sto kazav nekako uspevam nabrzina da mislam na drugo nesto
anksioznosta e mnogu chudna rab.Eve ja pred malu se tushirav i si vikam ne be nema shansa da vlezem sigurno kje padnem me i za inaet vlegov i neznam se koncentrirav na tushiranjeto anksioznosta kojznae kj beshe znachi mnogu e lesno samo malu treba mozokot treba da se ottrgne od takvi misli da se opushti i gotovo...ama sepak za povekjeto od nas izgleda i te kako teshko.