Abre kakvo umiranje,Napravisi voda so sekjer i stabilizirajse.. Na site ni se slucuva istoto periodov ama ne se davame ajde hrabro samo opustise sto pomalku analiziras tolku podobar ke si veruvaj
Болки, затегање, неможност за дишење, пецкање, бодење, чешање. Бирај. Сите можни соматски симптоми се присутни. Седни, затвори очи и диши длабоко. Не умираш. Хипервентилацијата си го прави своето (брзо вдишуваш и кратко) тоа прави срцето да чука побрзо, мускулите се стегаат и е нормална таа реакција. Анксиозноста прави да си во “грч“ цело време, телото реагира како што му наредува мозокот - “ти дава сигнали“, кои кај нас се - лажни. Ако не пиеш терапија, во понеделник закажи си на психијатар. Нема потреба вака да се измачуваш, има решение. До сега имам преживеано неколку изливи, преку 200 инфаркти, емболии, запушени вени, рак на желудник, дебело црево, панкреас, црн дроб, СИДА, разно-разни микроорганизми, шизофренија, психоза, пиши која сакаш дијагноза, сите ги преживеав. Се ќе биде во ред, верувај ми. “Ги имав“ сите срцеви заболувања се додека на систематски од работа не ми кажаа дека ЕКГ ми е школско, студенти да учат како треба да изгледа. Просто се изненадив. Мојот најпрв симптом - вртоглавица, “потекување“ на јазикот, отрпнување на лицето и пецкање на лицето. Се “гушев“ де, епилепсија имав. Ништо не му е. Не читај такви глупости, јас уште малце да се уверам дека имам рак на простата, а жена сум... како да ти кажам. Се што ќе чуеш и видиш, се ќе мислиш дека имаш. А немаш ништо. Колку побрзо прифатиш дека анксиозноста засекогаш ќе остане, толку побрзо и ќе се справуваш со неа. Антидепресивите најмногу ќе ги осетиш како бенефит после повеќе месеци, а и самиот спорт е одличен “лек“. Ни јас до ден денес не можам премногу да се мешам со народ (дискотеки), ама една година подоцна правам работи што тогаш можев само да ги сонувам. Не е лесно, има тешки денови. Денес ми е тежок ден на пример. Ама знам од што ми е - имам многу стресен период на работа, многу стресен период дома, мозоков немам кога да го одморам. Моето тело се лути, се бунтува против сето она што јас му го правам. И секогаш си викам - имам лош ден, а не лош живот. Секогаш ќе имаме падови и успони, со тек на време ќе научиме да се помириме со падовите, полесно да ги преживуваме. Тоа е како со луѓето кои се болни од хронична болест, се учиш како да се справуваш со симптомите, со тек на време веќе не ги ни доживуваш толку силно. За успаноста ни јас немам најдено лек, успана сум и без ад Кај мене мислам дека треба и промена на исхрана, премалце свежи продукти јадам, па може и до тоа да ми биде, неповрзано со анксиозноста.
Sekoj pocetok e tezok, i jas na pocetokot bev za nikade, nemozev da jadam, ke dehidrirav od glad, se dodeka ne otidov na doktor i mi dade apcina, pa mi pomina nekoe vreme, pa se vrati uste posilno, od togas ima 3 i pol godini. Ete denes sekoj den se custvuvam posilna. Mojot najgolem problem e sto ne mozam da izleguvam sama i ne mozam vo mnogu luge. Ete denes izlegov sama malku da prosetam, kako sto se oddalecuvav od doma se poveke strav, tahikardija, vrtoglavica, matno gledav, nozete mi se tresea, no bev uporna, znaev deka nema nisto da se sluci, toa e samo vo glavata. Odvaj doma se vrativ, no uspeav. Treba samo upornost. So sedenje i mislenje nisto ne prajme. Anksioznosta toa go ceka, da te napadne uste poveke. Zatoa samo hrabro i napred. Znaete anksioznosta e teska a anksioznite luge se najhrabrite luge vo svetot. Sekoj den se soocuvaat so nekoj strav. Se ke bide vo red od vas zavisi kolku ke trae, kolku pobrzo se soocite so stravovite tolku podobro. Ova i za mene vazi Bidete pozitivni.
Мислам дека не ни сакам да научам да бидам со многу луѓе. Не сакав гужви ни пред да бидам анксиозна, не гледам зошто сега би се форсирала да просакам наеднаш. А тоа пешачење... ех, некогаш со задоволсто ќе си прошетам со слушалки на уши, некогаш ми иде на тротоар да седнам. Ама нема седнување. Ако е за умирачка дојдено, има на нозе да умрам, така си зацртав. Инаку анксиозноста не треба да се сфаќа како казна Анксиозноста се јавува кај оние кои премногу се грижат, премногу се чувствителни, премногу размислуваат. И сме посебно силни луѓе. Ни сама не знаев колку можам да бидам силна додека не ми се случи ова. Не знаев колку можам да поднесам, се сфаќав здраво за готово. Само кога ќе те стефи вакво нешто, сфаќаш што значи да го собереш последниот атом сила во тебе и да станеш и да функционираш и да се трудиш од петни жили никој да не примети. Оти нема нема нешто попоразувачко од сожалувањето - посебно од оние кои сакаат, ама не можат да разберат. И тебе телото ти тежи еден тон, нозете ти се тресат, ти се врти, ама стануваш и го освојуваш светот.. малце по малце секој ден Инаку, еден совет до сите вас кои сте постојано со луѓе (на работа, во школо) - објаснете им се за вашата состојба. Прво ни јас не сакав да зборувам, ама секоја моја паника тие сериозно ја сфаќаа, па нив паника ги фаќаше и тука доаѓа до моментот трчај на Ургентен. Добро е да знаат што ви се случува, да ви ги знаат симптомите и да знаат тие да останат смирени. Нивната смиреност и вас ќе ве смири. Дечко ми профи стана Јас се препотувам, тој само ќе почне за нешто 16то да ми зборува (за нешто што многу го сакам на пример) или ќе почне милион прашања да поставува, и до сега секогаш му успева. Прво и тој се плашеше, ама откако убаво го запознав со сето тоа што го носи анксиозноста - се смири и тој, па не се притресува на моите паники. Имав една ситуација - во Крушево, се симнуваме надоле по стаза пешки, а тоа се лизга. Мене страв, ни угоре ни удоле можев, се здрвив. Плачев како мало дете. Тој остана смирен, ме остави да ми помине паниката неколку минути, па полека се симнавме. Другиот ден трчав надоле
Lugje ja mislam deka skroz pobudalev. Taman si bev ok denovive... I nisto eve sea borbi vodam. Non stop si merev pritisok prosliov mesec - 2 I vo sustina imam ponizok pritisok da recam normalen. Proslava nedela ne go merev I vecerva me fati neznam nekoj garden strav go meram I pokazuva 125 so 85. Ne e visok ama mi dojdes cudno zosto mene sekad mi e ponizok pa uste tolku ke pobudalev. 3 saati vekje kako budala go meram pobudaluvam, nemozam da spijam... Dali I na nekoj mu se slucuva vaka nesto slicno ?
Ima denovi koga so denovi stojam pred ogledalo I si gi gledam gradite dali se isti samo gi napipuvam pa si velam bre budalo pozdrava si od site
Istoto i jas, ama jas sum masko. Ke zastanam na ogledalo i od vratot nadole pocnuvam da gi istrazuvam kovcinjata od dvete strani na belite drobovi, isto da vidam dali ednata strana e podolga od drugata. I na kraj ko ke vidam deka se e isto, si vikam abe glupav nisto ne ti e zdrav si mlad si uzivaj.
Ту самм хаха, ве читам секој ден само што ете поретко пишувам. @CameliaMiller одлично се објаснуваа и да не се повторуваме. Иначе сум супер, на се игнор и терам. Симптомчиња од време на време си имам ама си ги навикнав и така. И да знаешш дека те мисламмм и јас тебее. И се надевам дека набрзо ке се запознаемее
ja gotovo ne teram mnogu izgled, samo mi se javuaa simptomi, sega sum uplashen za jazikot imam nekoi tragi od zubi na net prochitav deka po toa se poznavale bolesti, i na matichnata go pogledna jazikot reche nishto strashno toa se tragi od zabi ama mene mi e mnogu strav cel den sum pred ogledalo teshko mi e mnogu
Nisto ne e ajde. Cim maticnata ti kazala deka nisto ne e strasno nemas gajle. Mene barem taka bi mi olesnilo koga nekoj ke mi kaze deka nisto ne mi e.
Moze go kasas jazikot vo spienje zatoa imas zabi ne gledaj se vo ogledalo ne citaj upatstva od apcinja ne se analiziraj i samo si baras simptomi izlezi so devojka relaksiraj se, nikoj ne umrel od stres, vie maski namesto da ni davate sila ispadnavte pogolemi kukavici
vo pravo si...site mi vikaa nema nishto a od sekogash mi bil takov barem take mislim od koga pochnav da se gledam na ogledalo se nekako chudno e so recki,a pravev i kompletna krvna sl. ok beshe.
Бев пред 2-3 недели и и кaжaв кaкo се oсеќaм. Oнa oдмa ми рече гледaј дa не се зaтвaрaш дoмa, aкo не вежбaш ништo бaрем трчaј нa кеј двa три пaти вo неделaтa. И ми рече дa не мислaм декa ме бoли глaвaтa декa oд мислите уште пoвеќе ќе ме бoли. Ми рече декa уште сум мaл дa ме прaќa нa психијaтaр aмa некoгaш билo дoбрo дa се пружи стручнa пoмoш. Истo ми кaжa дa пијaм Б-кoмплекд, Б6 пo пoтребa и мaгнезиум.
Ne si mal jas sim videla dete od 7 god i od 13 na psihijatar imas problem toa ne bira godini loso e da se macis a toa sto ti dala maticnata dobro e kako plus terapija