Taka e,se nadevam deka site nabrzo ke go nadmineme ova,koga ke citnam malku ovde na forumov mi se vrakja voljata da prodolzam da se boram,imam uste nadez ..
Многу е тешко да објасниш на тие што не поминале низ ваков терор, сакаат ама не можат да разберат. Те гушкам многу и биди силна, што и да те мачи тука сме
Ја имате цела моја подршка ..не сакам да ја отварам темата сакам да збаоравам на сите симптоми и да живеам јас а и сите вие нормално веќе...секој ден се борам со секој страв што го има во мене...Ве гушкам сите и не се предавајте
ljudi da ne ispadne deka pishuem samo koga mi e losho...moram da se pofalim deka ovie dva dena mi e super imam podobruvanje,daleku sum od toa shto bev ama posle tri katastrofalni meseci sega sum ok pochnav i da izllagam ushte se javuaa simptomi ne vikam ne ama nauchiv kako da gi ignoriram istoto vazi.i za mislite mora da ja pobedime anksioznosta site,samo na pred i golem pozz.
Pa lujge jas deneska me zabole nesto kaj rebrava ama samo. Na dopir I mene odma psiha me fati pritisokot mi se snizi abe haos
lujge ve molam poddrska sovet.I jas zaminav na psihijatar koj me vrati na seroxat i helex taa terapija ja piev do pred 2-3 godini.Kolku vreme e potrebno da pocne da deluva?????porano mislev i jas jazikot ke go goltnam panicev srcev udar sega crno misli mi idat kako deteto da ne si go poznavam pa mi e strav od drugi raboti da ne poludam pa si pravam filmovi od tipot deka sum poludena mi go ponizuvaat deteto zaradi toa pa deka sum vo dusevna bolnica......izvinete za negativniot post ama mi treba poddrska
Хелексот делува одма (ама баш одма, за пола саат), а на ад им требаат 3-4 недели за да видиш резултати. Земи воздух, знаеш дека ниту во лудница ќе одиш, ниту детето ќе си го заборавиш.
И јас сум патувала по 37 саати сама, со автобус до Белгија, после со кола до Луксембург уште ~3 часа. Гајле сум немала. А сега... Прееска во кола со дечко ми, земав го отворив скроз прозорецот. Го смрзнав сирот, ама се плашев дека ќе останам без воздух. Истото го правам и пред да си легнам, ги отварам прозорците, се мрзнам во соба, ама поинаку не можам да спијам. Алпразоламот најверојатно нема да го земам, има некои контраиндикации поврзани со дишењето, оланзапинот исто има многу несакани дејства, несвестици сум имала после нивно пиење порано, буквално. Асентрата најмногу ме стабилизирала, ама после либидо нула, апетит "бутни цел леб наеднаш и пак ти е малце". :/ Ама сепак сум многу подобра отколку што бев до пред недела дена, па ќе терам вака уште некое време. Сега изгуглав набрзинка за мелатонинот и гледам дека е забранета супстанца во Германија. Може да напишеш нешто повеќе околу него?
Со Асентрата само на почетокот ми страдаше либидото, некои 2-3 месеци, после во нормала дојде Не знам како може да се забрани мелатонин, кога веќе сами си го ствараме? Што се однесува до него, еве линк https://en.wikipedia.org/wiki/Melatonin#Medical_uses, инаку и Америте го консумираат. Јас не сум видела негативни ефекти од него, се продава без рецепт како суплемент. И психијатаркава ми го предложи, ама ми рече ако не ми делувал да ми дала нешто друго. Ама мене ми делува кога не можам да заспијам. Edit - пробај со капсули Валеријана. Мајка ми ги користи за спиење, и вика дека и помагаат.
Луѓе зошто не пробате со психоаналитичари,психијатар работа му е лек да даде и толку. Можеби разговор би ви помогнал,знам дека за лекови тие им е потребно месец или така за да имаа доволно концентрирано во организмот да делува.Ако не делуе по одредено време,нели ко антибиотиик се мења.Јасно и лекот помага али и самите мора да се смириме.Али ако земете у обзир дека поише е психички,не знам не мислам нишо лошо just saying . Сум имала ужасни панични напади,со брзо срце биење,мисла сека сум готова ќе "полудам",единствемо шо имам пиено е бедоксин,магнезиум витамини и техники на дишење. И со докажување и *викање" од мајка ми дека ништо не ми е.Иако е психијатар по професија секат ми вика освести се,добро си,ќе помине лекот ствара зависност,мораш да се смириш.У право е али посилно од мене е ќе и кажам,одговор на тоа е епа да идеме у болница тогаш,јас детално не можам да помогнам,хелекс ќе успие ќе спиеш и после што,иста фора.Ќе ми допре нешо до тиквата. Ако страдате од паники,анксиозност читајте тука,ако исто ви се дешава длабоко вдиши и речи си океј,here we go again нишо не ми е доста више од тебе ќе ми помине,одма фатете се за работа занимаци. Мислам зборење односно пишување, како што си пишуваме е најдобар лек,ем е бесплатен ем колку и пати исто да се пише сите разбираат и зборат,докажуваат.
Jas im kazav na moite doma i mnogu mi olesna. Ne osekjam nisto Fala Bogu. Mnogu me motiviraat i oni pominuvale niz vakva rabota samo ne i posvetuvale nikakvo vnimanie.
на сестрами и дијагностицираа анксиозна состојба и и дадоја да пие есциталопрам 10 мг(елицеа) и диаземам 2мг. два дена по ред навечер и се слошуваше губеше свест на однесавме на болница и дадоа инфузии и направивме секакви испитувања и и дијагностицираа анксиознот и при разговорот со психијатар излажа дека има дечко а нема, тој може и да си помисли дека има лјубовни проблеми и од тоа и се случува. првата недела пиеше само диазепам беше малце поубо, потоа ги купивме елицеа зошто делуваше скроз изгубено. не знае да направи нормален муабет дома цело време е замислена излегуваме на кафе таа не прави муабет со никој ако ја прашаш нешто треба да и повторип дека не е регистрира ние што зборуваме не е воопшто заинтересирана. и кога и да направи нешто муабет тоа е само за на работа. од јули месев до сега има сменато 3 раб мести.едно беше сезонска раб и ја напушти сама најде редовна демек. таму на второто раб место газдите женкари некој муанети без везе одеше еден месец но напусти. на третово раб место оди веќе два месеци. првата недела кога почна беше супер сега секој ден се жали од колегите од газдата као ја зафркавале и пседнта е со работата и работи под страв вика не можам да се опуштам да раб нормално и цело време е стегната да не згреши нешто не сака да ја изгуби раб ама кога доаѓа дома цел ден само за тоа зборува ова згрешив ова погодив ова вака ова така. и правиме ние друг муабет и таа повторни за на раб ова вака ова така и цело време кажува како некој ја праит, сите луѓе правеле исто што прави и таа, ја имитирале, ја гледале чудно, сите зборувале за неа..секој муабет што ќе го слушне таа се пронаоѓа во него. поминала низ многу стреси ситуации го надмилана сето тоа не стигнала до анти депресиви имаше еден кризен период и тогаш јас сама заклуцив дека е анкес ( цело време ве читам и мило ми е што сте силни и упорни) но не бевме на психијатар сами се изборивме без апчиња но сега не можев. таа не сака да пие таблети но не сака ни да ме слуша да перстане со тие глупи идеи дека сите неа ја пратат, зборуваат за неа итн, некогаш ме слуша со внимание некогаш и иде да ме задави вика како луда по мене..Ве молам незнам што да правам повеке и моите се при крај со нервите. и дали некој имал искуство со овие таблети?
Lugje minative 3 Dena taman se potsmiriv malce ok bev smirena duri ne ni merev pritisok t.e. merev pred 2 Dena mi bese ok I denes cel den bev ok setav I pred malce pocna da me boli glava malce (ok moze I zosto sum vo PMS) ama pocnav da panicam I odma se fativ da go meram pritisokot I op malce pokacen leleee pobudalev... I sega nemozam ni da zaspijam a mi se spie, a pred nedela Dena na kardiolog bev rece se e ok. I sega pak me fakja nekoja panika :/
Можно ли е само мене хелексот да не ме успива. Не дека пијам голема количина, половинче од 0.25 и ретко, ептен ретко цело од 0.25, ама ич не ме успива. Затоа мелатонинот ме успива, како бебе спијам. АД секако не се трајно решение, ама се добар начин кога немаш панични напади, туку си постојано исплашена (како јас). Ретко, ептен ретко, дали 2 или 3 пати сум имала паничен напад, ама сум имала цели денови со вртоглавици. Сите психијатри истото го викаат - се пие ад, а покрај него се учи како без ад. До сега сум презадоволна и од терапијата (пијам во најмала можна доза) и искрено, да ми речат до крај на живот ќе ги пиеш, нема да се бунам, мојов живот се смени сосема. Можеби сум посериозен случај на исплашеност, ама тоа чувство на немоќ, неспособност, безволност... не сакам никогаш пак да го доживеам, макар ад засекогаш да пијам. Ајде, знаеш дека немаш вистински проблем, а притисокот се покачува зошто се плашиш, затоа. Напиј се бедоксинче едно, чајче топло (мајчина душичка е супер за ова). Од ова ти што ми го кажуваш, не би рекла дека главниот проблем е анксиозноста. Повеќе има тука и параноја, опсесии итн. Мој совет ти е да посетите друг психијатар, вака од ракав да не нагаѓаме дијагнози, ама мислам дека има повеќе од анксиозност само. Добро е што сака да појде на лекар, искористете го тоа и консултирајте се со уште некој.
Супер,баш ми е мило шо ти помага ад.Ееее шо збориш и саамата си се "прибрала" као време поминува се смируваме,фала богу и лекот помогнал. Лекот делуе ама и ти си вложила напор,не знам може ја погрешно мислам. Почекот на мојот паничен напад беше шо се прејадов,цигарии ово оно легнав и добив екстрасистола тоа у текот на ноќта прерасна у да не ти зборам,ме отепа срцето као се вознемирував се повеќе и повеќе чукаше уше од уста да ми излезе.Морав да ја викам од работа мајка ми,од тогаш не страв,ххаха да не опишувам две години не можев да се смирам.Долго време не можев да спијам(ми се дешава и сеа али поретко),многу уморно се осеќав,не можев да јадам,искачам ова да не ми се деси она,со раката на пулсот ужаси. Решив да меењам нешо да се окупирм станав вегетаријанец цигари чао о ред други ствари. Не ми прднуе да јадам сеа после 6,нити тешка храна да јадаам у денот ако јадам нишо друго не јадам.Со три пати на ден бедоксим(не знам зашо али кома ме праи ),па не сум имала потреба да земам хелекс.