Другарчиња мои, јас веќе немам сила да се расправам со Зоце, кревам раце девојчево не сака да разбере паталци. Едноставно си тера и крај. Уште еднаш ќе и кажам дека нема да „збрлаве“ од анксиозност и толку. Се што правиш Зоце сама си правиш и си наметнуваш лоши и присилни мисли дека ќе ти се случи нешто. Јас мислам дека секој ден пишуваш на форумов и прашуваш едни исти работи, а ние те разубедуваме да се смириш и дека НЕ ТИ Е НИШТО. До сега да требаше ќе ти се случеше мозочен удар, инфаркт, и ќе „збрлавеше“... Како и да е, јас веќе не се расправам и не те разубедувам http://www.youtube.com/watch?v=unfzfe8f9NI
Zoceee ne mozes da pobudalis, ti lici li nekoja od nas na forumov luda ne site sme normalni no imame nekoi simptomi koi se na psihicka bolest. Znaci stom e isklucena organska bolest preostanuva psihijatar, toa e za tvoe dobro. Mora i sama da vlozis trud za da pomine, znam i site znaeme deka ti e tesko i na nas ni e. Taka e *ferhunde mora da se borume se e do nas ne smeeme da se predavama, nie ne sme psihijatri samo kako velat starite ne prasuvaj gatalec prasaj patelec, nie pominuvame niz toa i site vasi iskustva za zal, nosat i malku hrabrost deka ne sme edinstveni i deka ova ke pomine eden den. *Dunja , a voedno i Azzura i site koj go nadminale anksot mi davat silka na mene da se broam i ponatamu. *Danika navistina ubava pesna me raspolozi *Malo drzete mi sreka vie jas sega da odam da ucam da ne se zanesuvam pa da polozam i ova posledniov i vodka i se ke castam )) Pozz
Поздрав драги мои, веќе месец и половина ве читам и се восхитувам на вашата храброст како се борите со оваа несакана состојба, и навистина ми помогна што ве читам и што знам дека не сум единствената што пати од неа.... да ви кажам малку за мене ..... пред месец и половина односно од 1ви Мај , се појавија симптомите на анксиозноста, по една немила случка сто ми се деси, во привите недели имав многу панични напади дури стигнав и до болница и се затоа што незнаев што ми се случува.....откако го почнав да го читам форумот со симптомите што ги имав целосно се препознав во состојбава, отидов на психијатар ми дадоа некои таблети Helex и ми рекоа да пијам по потреба едно од 0,25 мг еднаш дневно, бев двапати и на психолог, направив муабет и психологот ми кажа дека со мене нема никакви проблеми и дека стравовоите и немирот што ги чувствувам треба самата да ги отстранам , а како мине времето дека ке бидам подобра, и се чувствувам подобра, ги нема веќе оние стравови што ги имав на почетокот, секој ден ми е се подобро, само неможам да си ја објаснам состојбата, дека понекогаш се ми е како во сон, а и ја губам концентрацијата, и треба да се замислам малку повеке за да се сетам што сум јадела вчера или слично...ќе ве замолам да пишите дали и вие сте ги имале тие симптоми и како можам целосно да се ослободам од оваа состојба...... Ве поздравувам сите и ве читам
Бринета душо...и оваа подзаборавање и чувство дека с е е сон е само дел од анксот.Како се смируваш така и концентрацијата ке ти се враќа, аи чувството на реалност.Продолжи само со психологот...и не бери гајле се ке помине.. Поздравче..пишувај ни редовно и дружи се со нас и ние ке сме со тебе...
Фала Дуња.... да ти кажам право ништо не ми помогна како што ми помогнавте вие овде на форумот.... Ви благодарам премногу , сакав уште нешто да ве прашам, зошто читав дека повеќето од вас се борат со анксиозноста и паничните напади , со години и години, а јас тоа го искусив само 2-3 недели, дали е можно, нападите пак да ми се вратат со ист интензитет како на почетокот, само тоа ме загрижува, а ме загрижува и оваа моја "Брлива" глава, (мислам на помнењето) зошто сега ми иде полагање на фах, и мн потешко учам од порано.... се надевам дека и тoа ке се среди а за апчињата да кажам ги пиев една недела, односно пет дена, се почуствував подобро, и еве вчера и денес сум без апчиња, незнам дали да продолжам да ги пијам или не ? Советувајте ))
Бринетка, паничните напади и анксиозноста можат да се вратат. Мене ми се вратија на неколку пати. Паничен напади имав само еден, но анксиозноста беше тешка. Кога почнав да пијам анти-депресиви едноставно си зацртав во главата дека нема да се вратат. И навистина не се вратија, а апчињата полека ги намалував. Лично јас , сум анксиозна по природа работата е во тоа што оваа состојба колку побрзо ја прифатиш како дел од себе, толку побрзо ќе си замине. Всушност , стравовите се појавуваат најчесто од неизвесната иднина или кога правиш нешто што не е во ред со твоите ставови. Е тогаш, потсвеста се буни и вика „каде ти со ова понашање“ Сепак, стравот од неизвесноста е реален, ретко кој сака да си го наруши комодитетот и веќе познатите ситуации да ги замени со нешто ново и непознато. Луѓето со силни емоции ја доживуваат оваа состојба и не се плаши, има таблети, се пијат и телото се смирува. Не дај боже, не е нешто што не се лечи.... Продолжи со апчињата, зашто треба да си смирена за учењето. А за подобро памтење и концентрација, другарка ми (која страдаше од анкс) додека учеше си пиеше Билобил (на билна база се) и стварно и помогнаа, така да опушти се , диши длабоко и знај дека се е во ред
Азура има право, не плашете се од таблетките пијте ги тие ни помагаат и олеснуваат..мене лично не ми беше тешко да се одрекнам од нив иако многу време ги пив.Првин лекарот ми ги смалуваше постепено.а на крај сосема мали дози сама си ги регулирав пиев по потреба..... Основно е да веруваш дека и оваа е минливо и дека секој ден си се подобра.....не се секирај коцентрацијата се намалува кога имаме некоја поголема задача или ...еве испит како ти Бринетка ама не му ја мисли сњ ке се среди..само ти учи...Еве Сиело како оди напред и покрај се таа учии имауште еден испит....Ајдедевојчиња живејте баталете да се грижите з асе и сешто.... Ве сакам.....Леле ама е доцна ..ја уште муабетам и ве читам ......хе хе неможам без вас Зоцеееее се оправаш ли мила ајде пиши ни нешто убаво....!!!!! Азура многу си умна ...драго ми ешто те имам-е.
ЕХЕХЕХ ПОЗДРАВ за дуња мило ми е што ти се допаѓам, кога и да ти треба мојот оптимизам тука сум делам и не барам кусур ))))))))24 СААТИ окезена од зуб до зуб, 300 на саат идам отсекогаш оптимизмот и позитивната енергија ме прават неодоливa во најтешките напади сум била на маса у кафана со сукњича више се види него што се скрива-КРАЛИЦА НОЧИ-сум заглавила у пубертетот, ама ако важно ми е убаво, мораме едно парти да направиме заедно сиело 5 - те држам за збор за вотката, само пази мене секогаш ми е дупната чашата бринета.маце- ти ич да не ми се секираш , само ти учи си, и ако ти се чини дека не памтиш, мозочето секоја прочитана информација ја регистрира , јас постдипломските ги запишав и завршив со најтешките симптоми на анксиозност, извадив просек 9,83 подобар него кога студирав,само што се ми поминуваше како во сон, како да не сум доволно разбудена, па така што се однесува до испитите нема да имаш никаков проблем
вака сега и јас да си го кажам проблемот во последно време некако чудно се осеќам и тоа се манифестира исклучиво навечер, кога би требало да спијам..(кога сум во кревет, изгасено светло, спуштени ролетни...). не знам од кај се појави некој чуден страв...и од секој минимален шум мене буквално срцето ко да ќе ми излета. најмногу ме чуди тоа што баш и немам некои проблеми поради кои би ми се случувало ова...имам и големи потешкотии да заспијам. проблемот со несоницата е одамна присутен и едно време целосно исчезна ама еве сега гледам дека пак се појави. ни тогаш не знаев зашто имав несоница и бев сигурна дека потекнува од нарушен биоритам, зашто друга причина за тоа не гледав. отидов и а психијатар и таму ми рекоа дека не гледаат каде е проблемот..преку ден е се нормално, немам намалена концентрација, расположена сум, се е во ред. проблемиве ми се појавуваат навечер. понекогаш додека лежам цело тело ми се наежува како да смрзнувам, трае неколку секунди, а сега последниве денови приметив и дека имам тикови (несвесно мрдање на телото)- исто така ова се случува додека се обидувам да заспијам навечер, преку ден не. па си реков да ве консултирам тука.....дали се шлакнувам?
vaka dunja edna den sum arna edna den sum loso neznam eve deneska stanav ama nozete kako da nese moi me turka mi se vrte ama jas odam za inat i si vikam ako padnam padnam samo premnogu sopnam se i sesto i vo sonot nemam mir pisi
зоцее знам и верувам дека си многу збунета и јас бев ,се плашев од се и сешто секој ден нова болест ,и незнам дали пиеш нешто од лекови зошто јас мислам дека треба нешто да пиеш колку да се смириш и да почнеш да размислуваш со мирна глава за се што ти се случува во овој период,верувај дека е само период и ништо трајно и не поправливо и ке помине,сега знам дека дека си збркана но потоа се си иде на место.сите луге било да се анксиозни или не имаат и лоши и добри денови и ако денес ти е лош ден тоа нека не те обесхрабрува утре сигурно ке биде подобро,од тоа што прочитав од твоите постови се што набројуваш како симтоми сето тоа е од анксиозноста телото така се справува со тоа ,кога ке се смири мозокот се смирува и телото немаш органска болест и мислам дека е време да почнеш од некаде зошто мене ми се чини дека тапкаш во место.затоа почни со некоја терапија, не сама, препишана од доктор,исто така има и добри психотерапевти мене ми помогна и пред се мораш да веруваш во излекувањето и крајно време да се убедиш дека се ти се случува од анксиозноста и да ја прифатиш и да не бараш други болести од тоа што ти се случува,и друго мора и сама да допринесуваш за да излезеш од оваа состојба немозе никој друг да го направи тоа место тебе нити психијатарот нити лековите тие се тука како потпора а ти си таја која ја има мокта на излекувањето,затоа само борба,поголема верба во илекувањето и почни да им веруваш и на други луге а не само твоите анксиозни мисли.поздрав
momentalno pijam persen i heleks ama sakam bez apcinja da se upravam eve do denes mi e tret mesec neznam do koga ke me drze
Zoceee zasto ne ne poslusas navistina ne ti mislime loso poseti psihijatar da ti prepise antidepresivi mnogu be tesko da se nadmine ovaa sostojba bez tabletki. Jas so tableti 6 god i pak mi e loso a kamoli bez niv. Sovet od srce ti davam da si posetis psihijatar i AD da pies za tvoe dobro e toa. Poj mnogu tecnosti sega caj od majcina dusica so 2 kocki led e idealno za popladne toa smiruva. I zemi malku so temjance, so mirizlivi masla meditiraj pravi nesto sto ke te opusti. Pomina ispitot ))) Finally end !!! Dobro pominav da s epofalam se nadevam se ke bide vo najdobar red. Malo ako ako ti e sekogas dupnata caskata bitno e vodka da ima )) Cekam rezultati i obavezno vodka dobivas Pozdrav mili moi
zoceee poslusaj gi site sto ti pisuvaat site se vopravo i nemoj da brois kolku vreme ti e taka kolku meseci zosto nie sme so godini,i podobro e da ne ti napisam kolku godini sum jas vaka so napadi probaj malku da se smiris cielo 5 ke bide vo red ne se sekiraj junska e sekogas uspesna jas se nadevam......pozdrav do site
Не бе Естелице душо....ај навечер земи си по некоја книга за читање ама..убава љубовна хе хехе...немојте да мислите дека читам шунд, ха ха ха ги исчитав јас и Зола и Достојевски..и Хессе...и Куељо...ама ништо поинтересно нема од некое лесно романче пред спиење....хе хе...потоа стави си столна лампа, пушти си малку музика ииииии лесен сон.Поздрав Естелице дружи не и понатаму иако јас лично мислам дека не си во ,,нашиот круг,, за среќа. Поздравче Оваа Малово ептен е ,,Кул,,се служам со ваш младешки жаргон..ха ха ха ..Малооо немој да ни бегаш од форумов пишувај ни ..може нешо имтересно ...а бе забавувај не малку.....твојот оптимизам е ЛЕК за сите нафорумов.... Поздрав и до Аззура ...Даника нешто нија нема????? Ве сакам девојчиња ..ајде пишете декасте подоброоооо
Имам една пријателка-прекрасно суштество. На четриесетина години, вистинска дама. По стабилна личност, цврста, уравнотежена, немам запознаено. Помина многу тешкотии-сериозна болест, смрт во блиска фамилија и други тажни дешавки кои си ги носи животот. Но таа секогаш храбра, со оптимизам. Одгледа и прекрасни деца. А за совети, за поддршка да не правам муабет. Секој нејзин збор- драгоцен. Е сега, главното е дека пред некој ден случајно во муабет ми кажа дека на некои 18-19 години имала голема психичка криза. Анксиозност, панаични напади. Се јавиле така, без причина. Користела анксиолитици кои биле актуелни во тоа време и ги слушала советите на психијатарот и ја надминала состојбата. Па си велам, како по некој план можеби животот со цел не става во искушенија од кои треба да излеземе појаки, и со нашето искуство понатаму да им бидеме потпора на другите.
Поздрав до сите ..... Како сте ми??? Добри? Јас денес сум екстра, ако продолжам вака, ќе ми нема крај ....хехехе, Ова Helexot стварно си ја врши работата ..... денес баш правев муабет со една пријателка .... (докторка), се размуабетивме за анксот, и ми кажа дека оваа состојба е се почеста и почеста , особено кај помладата популација, поради стресовите и напнатите ситуации кои ги доживуваме, низ разговорот ми раскажа случај за една нејзина пријателка која 6 месеци земала Helex, потоа кога прекинала, продолжила со B Complex Stress, и сега веќе не пие ништо ....... а вели дека е понормална особа одколку што била некогаш во животот ....Овој разговор баш ме смири.... денес незнам што е тоа анкс ...хехех, а веќе не сакам ни да знам Јас сум супер, се надевам дека и вие сте ..... ма неможе бре некоја состојба мене да ми управува со животот, а ниту пак со вашиот..... Сите сме супер, и ќе продолжиме да бидеме ..... Ве сакам и ве читам
Здраво на сите и од мене,драго ми е што повеќето сте храбри и борбени само така и никако потклекнување пред анксот. И јас сум супер,изненадувачки добро,еве веќе извесно време вежбам онака за рекреација,си читам книги,навика што во последно време малку ја запоставив,признавам,но полека се враќам во шема. * зочеее и јас пред неколку години си голтав персени како ќе ми текнеше,и понекогаш дијазепам(наскоро тоа понекогаш стана многу често),но верувај дека си правев само полошо,се додека не си отидов на психијатар кој ми ја даде правата терапија и почнав со вистинската битка со анксот и успеав да го победам.Е сега ти самата одлучи што ќе правиш после сите совети од феминките и нашите реално поминати состојби на анкс.