Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Loco992

    Loco992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, биди поише активна...запиши се некаде...мораш некаде да се трошиш...колку и да нејќеш ти гарантирам дека многу ќе ти помогне...џабе те клукаат со апчиња...запиши се некаде дали теретана, јога, фитнес, пилатес...само биди активна и кажи како си прошла, ако можеш да идеш и на две, на пр како јога и теретана, супер..позз и не губи надеж
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Сите се тешиме на некој начин тука ,но факт е дека не секој може да си помогне затоа што сите имаме различен степен на анксиозност и депресија ,некои се справуваат полесно затоа што имаат анкс со помал интензитет а некои се чудат како тие со анксиозност полесно функционираат во животот од нив нема што да се мисли некои имаме потешка форма скрос на дно а некои со полесна ,сум била и со полесна и функционирав нормално но ако те стисне појако тогаш сериозно се замислуваш како би се изборила со оваа рунда кога од дното треба да се издигнеш чекор по чекор ,потежок е патпот но има спас.
     
    На Merlin_Monroe, veren, Loco992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Коолкуууууууууууууууу сакаммм да се собереме сите на едно место и да си разговараме да си дадеме подршка да се увериме дјека стврно не сме сами дека сите во одреден период од животот го искусва ова само од нас зависи колку ке бидеме упорни ....слушајте позитвни видеа мене многуу ми помагаат верувајте ...се соочувствувам со сите вас ...сакам да заспсијам и да се разбудам без страв да го прегранм животот ете тоа сакам...поздрав до ситее ве гушкаам
     
    На Crna Dama, dunja, Merlin_Monroe и 7 други им се допаѓа ова.
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Може да се договориме некогаш за една заедничка средбааа ☺
     
    На Merlin_Monroe, deskarada, Inkaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Можееее:inlove::hug::hug::hug::hug:
     
    На Merlin_Monroe, deskarada, blueberry93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Опкружете се со добри,позитивни,насмеани луѓе!Колку и да ви е тешко зграпчете го денот!Не ја испуштајте среќата,прифаќајте ја секоја прилика и предизвик што ви се нуди!Сакајте се себеси,разгалувајте се!Заљубете се...Најдобриот лек тоа!:l:Најдете човек што ќе знае што носите длабоко во себе а сепак ќе ве прифати!Не се плашете да зборувате за состојбата,споделете искуства со некој што веќе има поминато низ истото..Но сепак се нека заврши со позитивен муабет.Смејте се често!Излезете од вашата зона на комфорт..Кога еднаш ќе успеете стравот од неуспех полека полека ќе бледнее..
    За заедничка средба и јас немам ништо против..Ајде да се договориме! 8)
    Ако дозволев анксиозноста да ме спречи да излезам сега немаше да го познавам човекот што ме прави многу,многу среќна!Сиромашен ќе ми беше животов! @natemila фала ти среќо што ме охрабри тогаш!! :inlove:
     
    На Cleonika, Merlin_Monroe, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  7. HoneyStrong

    HoneyStrong Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Најдраго ми е кога некој нов ќе пише и ние постарите со поплаки тука помагаме :) драго ми е што се разбираме. Нема себичност да мислиме само на својата анксиозност. И дај боже ситеда ја победиме и да функционираме нормално . Форумов ми помогна повеќе од се . Иако не знаеме ни кој сме. А ако има средба обавезно доаѓам. Само немој паника да не фати и сите по дома хаха.мала шала на наша смегка. Бескрајно сум благодарна на секој совет. И се чуствувам подобро знам не сум сама и кога ми е тешко отварам и се полнам со позитива . Ве поздравувам многу :* :inlove::inlove::makeup::l:
     
    На Cleonika, Merlin_Monroe, deskarada и 4 други им се допаѓа ова.
  8. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Дааа, и јас исто. Многу сум среќна на сабајле, посебно кога ќе изгрее сонце ме полни со енергија, рано станувам да си го искористам денот. Навечер ретко ми се излегува, и излегувам само зашто ми е непријатно да ги одбивам луѓето. Доста луѓе изгубив ради ова, ама комфорот и сигурноста се најголеми дома. :(

    Многу ми е мило за тебе Нате. Јас сакав да го променам статусот на вонреден студент во редовен, ама очигледно сепак не бев доволно решена.
    После демек ќе работев, татко ми' ми најде две убави работни места кај негови луѓе и го посрамотив, џабе отидов и повеќе не се вратив.
    Баш прееска си се расплакав убаво дома, среќа што мами е тука да ме изгушка и да ми каже дека се' ќе се среди. Зашто некогаш се осеќам само како товар ;(
    Не можам да го опишам тоа одвратно чувство кога сум опкружена со луѓе што не ги знам и таа нужна потреба за дома. Зоштоо :(
     
    Последна измена: 14 декември 2015
    На Cleonika, Merlin_Monroe, presiosaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Полека полека ќе се среди се. И ке работиш и ќе излегуваш. Се во свое време.
     
    На Merlin_Monroe, blueberry93 и bubic.k им се допаѓа ова.
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Секогаш има спас и пат до успех :)
     
    На Merlin_Monroe, deskarada, Marija_Maci и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marija_Maci

    Marija_Maci Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Me interesira kako se spravuvate so PMS? Dali otkako stanavte anksiozni dobivte poizrazeni poteski simptomi,osven standardnite: osetlivi gradi,poduenost itd...Edna nedela pred da dobijam custvuvam golema napnatost,cesti tahikardii,se vrakja custvoto na nestabilnost,custvo deka ke se onesvestam...ne znam dali ima nekakvo vlijanie ednoto na drugoto...Dali vie ste primetile nekoi promeni vo toj pogled?
     
    На Cleonika и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    Пред некое време се чуствував како паразит, одвај станував ми се спиеше, во 12 од кревет и после на кафе во кафич или пак кај некоја другарка, секој ден, иста монотонија, сакав да правам нешто, да работам.
    Сега се чуствувам многу од корист станувам на сабајле во 7, тешко ама важно станувам хаха.
    Стажирам од факс, јас таму работам се, зависи каде ме имаат пратено, со луѓе нон стоп опкружена, запознав нови луѓе уште од првиот ден не се почуствував како вишок или да ми биде незгодно воопшто, сите убаво ме прифатија, фини се, ти кажуват нешто ако не знаеш. Душата ми се полни кога ќе слушнам како некој пациенти ќе ми речат дека мене ме барале, сакале со мене :l:
    Вежбам, ама малку зафркавам од денеска редовно ќе вежбам :rofl: Книги читам, пред спиење гледам да медитирам.
    И се пријавив за да полагам за кола :D Многу сум возбудена денеска ќе почнам на предавања да одам, се радувам цел ден ми е исполнет, одвај чекам да почнам да земам часови за возење.
    Вчера возев со татко ми, не ме фати воопшто паника, ми кажување како шо и дури влегов малку во форма, возев убаво, заедно со други коли, на кривини, преубаво се чуствував. Сега одвај чекам пак да возам, адреналинот ми се крева :lol:
    Вие сте ми единствената подршка, било и многу полошо, ќе биде подобро, јас пред некој месец безв за никаде, сега сум многу подобра фала богу, стравот полека исчезнува.
    Инаку и јас сум за да договориме средба, да се дружиме:D
    Многу ми е мило кога гледам некој дека е подобро :D

    @natemila многу ми е мило срцка, со среќа нека ти е работата, само за убави работи да пишуваш:*

    Се изнашишав јас реферат, имајте прекрасен ден, исполнет со убави работи, јас заминав елката да ја редам :D :inlove:
     
    На Loco992, mal.ecka, Be-yO-nCe и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Inkaaa

    Inkaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Јас имав голем проблем со ПМС когс бев со интензивна анксиозност. Симптомите дупло ми се зголемуваа и напнатоста никако не поминуваше. Пмс ми беше најтежок период, сега е подобро фала Богу се вратив во нормала. Медитирај ако си во можност, прави работи да не мислиш на тоа, напнатоста тешко поминува, ама сепак не е невозможно. :) Можеш и B6 да пиеш, мене колку-толку ми беше од корист.
     
    На Marija_Maci и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.
  14. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465

    Здравоо, да, јас тоа го забележав дека пмс го осеќам мн поинтензивно.,.,.но исто така ссе случува па некои месеци да не осеќам лоши симптоми, а некои па , знае да е ептен лошо.. дури го осеќам пмсот од првиот ден кога ќе удри.. значи во принцип, 7 до 10 дена пред добивање ми се јавуваат симптоми на пмс, и самото влегување во пмс ми е тешко, а после се навикнувам неколку дена, и неколкуте дена пред добивање, ми се најјјаки такви, ама во принцип тие денови ми се исполнети или со преемотивност, или со раздразливост и нервоза... а влегувањето во пмс ми е некој микс од се тоа, и нов симптом што го забележав после анксот , во пмс, ми е кога влегувам во пмс, значи првите денови, осеќам некоја неопислива нервоза низ внатре, и не можам да го окарактеризирам тоа баш како нервоза пошто често пати, (како сега на пр) мне сум нервозна за ништо, дури се еок, а од нигде никаде осеќам низ натре како немир, но и нервоза некоја и напнатост, и чешање на средина од раце, и нозе... тоа ми е ко нервите да ми трпнат... и ми мине по еден ден, после си тече пмс онака со симптомите негови, и плус дополнителна некоја омалаксаност знам да имам, и нормално веднаш почнува да ми е малце лошо и да ми се привртува ... ама тој симптом со чешање и нервоза низ тело ...
     
    На Marija_Maci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    :l::)
     
  16. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Да, по победата ќе станете посилни.Поздрав
     
    На Marija_Maci и Loco992 им се допаѓа ова.
  17. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ти реков Азуро...игнорирај ј а таа мисла доволно долго додека не се изгуби нестабилноста.А кажи ми ...дали некогаш падна? НЕ.Само храбро и преусмерувај ги мислите.Мислата дека ќе паднеш ќе си замине.
     
    На Marija_Maci и azzurro им се допаѓа ова.
  18. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    (y)
     
  19. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ама ако дојдам јас ќе ве натепам:muscle:..хе хе хе ..поздрав
     
    На deskarada, silvija88, natemila и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    228
    многу се пронајдов во делот со мајкиве:) иста бев и уште сум ама сега не до толку... периодично ми е... сега сум во ПМС фаза и денес буквално пукнав од нервоза:devil: некој внатрешен немир и раздразливост секакви измешани мисли ...ама не се секирај верувам искрено дека еден ден се ќе биде минато и го молам Господ така да биде... мора да биде имаме и примери за тоа:) битно е дека не си сама во ова ете гледаш доста не има :nod: секое добро
     
    На Cleonika и Merlin_Monroe им се допаѓа ова.