Бев кај двајца различни лекари и исто ми кажаа дека се е во ред. Ама јас сепак се чувствувам малаксано, цела треперам еве уште лежам страв ми е да станам од кревет... се трудам да мислам позитивно ама стравот не ми поминува. Испив половина апче сабајле во 3, слични се на дијазепам, не знам дали да се напијам пак.
Dajte malku ohrabruvanje,vecer idam na proslava so moite a i edna moja drugarka ke dojde sto uste poveke me voznemiruva bidejki ne sme se gledale tolku cesto od koga stanav anksiozna,duri od sega sum voznemirena za vecer.ako ne umram vecer znaci nikogas.dajte nekoj sovet do da pravam,ke ima muzika a mene toa uste poveke me zbunuva ne sum izlegla doterana i na muzika 5-6 meseci..leleee
Мислев на психолог си била па ти рекол као не е ништо, моја грешка извини, затоа спомнав второ мислење. Ако нема потреба не пиј, посети психолог не е ништо срамно баш напротив, а и денес речиси секој втор го има ова... Без лоши мисли ајде, ќе помине Чајче од маточина, мелем за живци e, пробајте
@Merlin_Monroe Срц ај читни го ова болдираното од цитативе. Не паничи, нова година е како и секоја друга вечер само малку поисфорсирана, ништо посебно. Среди се дотерај се нашминкај се и провесели се. Не мисли на ова, игнорирај колку можеш. Ако згусти, техникава со дишењето пробај примени ја, помага. Плус и твоите се со тебе, нема да си сама, воопшто немаш потреба од паника Убав провод вечер, на сите!
Дечки, а да ве прашам дали случајно некој од вас ги поседува овие симптоми: тежина во предната страна на главата, измореност кај очите и одвреме навреме чуство дека ти се врти но всушност не е вртење туку така тебе ти се чини а се интензивира кога си под стрес или нервоза, а некогаш дури ми доаѓа како да ми пржи нешто во средина на главата односно чуство дека крвта ми циркулира низ главата, па се плашам да не е нешто поврзано со мозочен тумор, имам направена крвна слика и се е перфектно исто и ЕКГ, докторот ми рекол дека ова е поради стресот ама пак не се чуствувам сигурен :/
Провери си за секој случај, а и измери си притисок да не случајно ти е малку покачен (не знам која возраст си а и зависи дали ова ти се случува повремено или константно цело време ја имаш таа главоболка). Може и ништо од ова да не е, туку само резултат на стрес (анкс). Како и да е, не се плаши, има решение за се
Ви благодарам на љубезниот одговор, јас имам 22 години и студент сум на економскиот факултет а сега сум при дипломирање, веќе цели 4 години учам интензивно но повеќе преку ноќе така да најверојатно е поради тоа што сум бил стресиран многу, но мислам дека може да биде и како резултат на недостаток на витамин Д, бидејки цела ноќ учење а цел ден спиење обратно на тоа што го бара човечкиот организам, а инаку болките се повремени, понекогаш се подобруваат со консумирање на природни чаеви, а тоа што чуствувам дека ми се врти мислам дека не е поврзано со "синусните симптоми", пошто ми се има случено да не ги имам тие симптоми а да се нервирам и да ми појави тоа чуство на вртење, а често кога легнувам обично 2-3 минути пред спиење некако се чуствувам како да сум на брод и бродот да ме носи п.с. притисокот обично ми е 110/70
Супер си брат ич да не се секираш. Ете, сам си даде одговор каде лежел зајакот Ако сепак излезе недајбоже да има плус некој проблем во врска со синусите пиши ми слободно и ќе ти кажам природен лек, проверен што ќе ти помогне и ќе бидеш како нов. Поздравче
Dragi moi prijateli jas sum vo mnogu losa sostojba gi prekinav mirzatenot i pocnav so seroxat, e trebalo vreme da pomini, jas kriziram ko narkoman ama ke pominelo. Od se srce vi posakuvam NAJSREKNA NOVA GODINA, zdravje pred se, da si zamine anksioznosta vo 2015, a mirot i spokojstvoto da vi dojdat vo novata godina. Se ke bide vo red, samo trpenie, nadez i hrabrost. Pozdrav vi posakuvam se najubavo
Дечки, каде и да бидете вечерва, убаво да си помините. Иако јас не чуствувам дека е нова година, ми фали снег и пакетче хахаха Ви посакувам здравје пред се, тоа е најбитно, бидете најсреќни и заљубени. Се надевам во 2016 ќе се заљубам и јас Да бидеме повеќе позитивни, да ја победиме скроз анксиозноста, во новава година само за позитивни работи и убави да ја потполнуваме темава Ќе ја испратам со винце старава и ќе ја дочекам новата Ве сакам сите d:
Друштвоо..јас турбо на работа, малце ми дојде напорно но издржаввв. Сакам само да ви посакам среќна нова...без анкс. Само позитивноо и игнор на сите симптомии. Спасот е во нассс.
Значи имам огромно разбирање и толеранција за се...дечко ми не го оставив ни секунда сам во тешки моменти туку напротив го бодрев,му бев огромна поддршка,ризикувавмногу за него..сега веќе е скоро излечен,незнам како би било без апчињата но сега се чувствува многу добро и оздравено...но тој не заслужувал ништо од сето тоа!!!!!!! Си знаев од секогаш дека си е себичен но веќе ги поминува границите и сега пак сум јас таа што мисли како да изреагира за да не го повредам или изнервирам ма у пичку матер со извинение веќе се чувствувам како да сум живеела за него со години а не за мене па како може, славиме нова год он да си праќа слики и бакнежи на фб со друга??????како да не сум јас ништо!!!!!