Генерички тој лек е по состав escitalopram кој влијае на ЦНС и едно од можните несакани дејства е хипертензијата. Во секој случај консултирај се со лекарот, немој на своја рака да менуваш дозирање и терапија.
Не не за тоа и побарав помош од лекар мислев дека имам висок притисок ама носев и холтер ама сигурно ми се крева од анксиозноста
Кога мериш си возбуден и моментално ти се крева си мислиш кој знае колку ке е ете холтерот те следел 24 саати тој покажува точно
Те сфаќам, но како едно од несаканите дејства на лекот е наведено баш тоа дека предизвикува покачен крвен притисок, затоа и ти реков да се консултираш со лекар. И да е од самата анксиозност, сепак лекарот би требало да ти препише/корегира терапија. Ти измери го притисокот како што ти реков, неколку дена по ред веднаш по станување пред било каква активност. Ако станува збор за вистинска хипертензија тоа ќе се покаже. Што и да е, сепак извести го лекарот. И не прифаќај одговор- тоа ти е од стрес и сл., доктори се, мора да ја откријат причината. Сега прочитав дека конкретно помислата дека ќе мериш притисок ти го качува притисокот Е тогаш не знам што да додадам освен тоа да се релаксираш, немој да се оптеретуваш со тоа какви ќе бидат резултатите. На крајот на краиштата па и не мора беспотребно да го мериш притисокот цело време.
искрено помагаат овие работи што ги прави девојкава,јас да се пријавам дека почнав пред еден месец да плетам вакви нараквици дури му сплетив на сите блиски брачеди роднини ги подарив .Да кажам за нова година убаво си поминав пиев ракија една чаша после пиво ,несум за пофалба , живеам како да не сум анксиозна затоа што ја прифатив состојбаа како дел од мене ,пијам половина АД иако треба цела таблета јебига ,зошто да пијам цела кога се живее со пола а можи и без таа пола .Се случуваат стресови трагедии во мојот живот како во секој друг тоа е истрпив ,повторно стресови и ке има можеби уште ,спремна сум да поднесам се тоа е дел од животот.Како и да е животот ке се живее со стравот се скарав ,нели кога ке го пуштиш стравот почнува животот , од активности вежбам јога повеке стојам на глава отколку на нозе се дружам ,правам креативни работи гледам времето да ми биде исполнето .И за крај ние немаме проблем со состојбата ние имаме проблем со мислите а мислите се избор никогаш не заборавајте дека ние избираме што ке мислиме како што ке мислиме така ке ни биде животот .Поздрав и среќни празници
Јас имам фобија од мерење притисок и при првото мерење секогаш ми е покачен, обично 140/80 или 150/90, ама при второ мерење најчесто се стабилизира. И јас често пати завршував на итна и докторите ми викас да не се замарам со вакви работи. Самата помисла дека ќе мериш го покачува притисокот малце, посебно ако имаш одвратност кон тоа. Избегнувај да го мериш, не мисли едноставно на него,од паника притисокот нормално е да биде покачен. Ако се е во ред со резултатите, нема потреба од загриженост, притисокот секако варира во текот на денот, на секој му се случува тоа. Позз.
Сакам да кажам дека вчера добив,значи пмс беше во прашање и покрај другото..овај месец ептем изразен..лошо поминав,депресијата ме нападна.Дома кај моите се тоа лесно го пребродував ептем ми беше исполнет домот,повеќе членови,повесело...тука ми е така стишено,тмурно и неможам да се изборам најдобро.Добрата страна е што одам на работа оа така полесно ми е.Одамна се немав почувствувано вака,наутро повраќав,немам апетит сеуште ама се трудам да јадам по малку.Се ќе се среди навикнати сме ние....мора по малку и да си покукаме!!! Ве гушкам.
Дајте некое искуство некој како ја баталил Елицеата мислам како ја намалувал дозата до целосно откажување дали пиевте некои од овија на билна база што се таблети,чаеви,нус појави
Пет дена по цело две недели по пола десет дена на секој втор ден и толку ама ако мислиш дека не ти треба веке и консултирај се со доктор симптомите знаат да се вратат ако прекиниш рано
3 месеца сум на 10 мг навечер незнам какви ке са симптомите кога ке ги намалам ама секако сакам да ги баталам а да имам закажано за во понеделник па ке видиме што ке каже
Sreken praznik dragi prijateli. Neka ni dade ovaa godina mnogu zdravje, srekja, izobilstvo od pozitivni misli, pari, harmonija. Anksioznota ne ja osekjam ovie denovi ima po nekoj simptom ama ne mu obrnuvam vnimanie.
Ви се има ле случено да се укочувате во друштво како да ти се парализира главата и ви се заматува видот
Daaa sekogas mi e taka, ama veruvaj stom gi ottrgnes mislite sto ni go jadat umot nema da cuvstvuvas nisto od toa