adela mislam deka se pronajdov ovde jas sum od tie што и тоа би направила само да ми е подобро али на шала знам да кажам по можност да се топли и одличен избор навистина опушта оваа музика браво еве ја мојата химна http://youtu.be/ImMj2pgThn8 за сега толку а и заборавив да кажам zoceee престани веке да се измачуваш и себе и другите незнам дали треба да ти нацртаме дека неможе ништо да ти се случи и дека оваа се ке помине само малку опушти се BTW девојки како ви оди љубовниот живот малку да смениме тема доста е веке само анк па анк Поздрав ве гушкам и мислам дека не е добра идеја да се наогаме на FB знам од искуство верувајте
Прекрасна музика навистина,одлична за релаксација. Инаку за тоа со бајачките,точно е тоа дека кога човек има мака на секоја врата ќе побара помош,сум била и јас кај две-три жени што баеле,но не видов никаков ефект,за ден-два пак истата песна и така на периоди со години....но било па поминало,можеби некој на вистина видел подобрување,не велам не,човек понекогаш се фаќа и за сламка кога бара решение на некој проблем. Јас лично не видов некоја полза од тоа. * ферхунде9 убаво ти текна ова за љубовниот живот,јас уживам максимално,среќна сум и многу заљубена А тоа за контактите на фб некој сакаат така да контактираат со луѓе од форуми,но и јас како тебе не сум многу за тоа,единствено ако профилот го направиш како тукашното корисничко име.
tenkju Ferhunde za pesniceto'' ja stvarno nemam razlog da se zivciram '' hahaha kako za nas e snimeno najverojatno i severina se panici pa i rekle ova da si go snimi hahahaha . Nie mozeme da ja zafrkneme da si napravime hor hahaha i cd da si izvadime so naslov NISTO NE MI E .
Девојки здраво! По се што прочитам очигледно и јас сум за тука...Мојот проблем се симптомите што ги имам, значи грлото ме стега, нонстоп јазикот ми трпне, ептен грозно чувство, ептен... И од трпнењето на јазикот и тегањето на грлото ме фаќаат паники страшниииии, кажете ми ве молам дали и вие осеќате така на јазикот, како да ви оди назад, и слично.. Бев на секакви доктори никој ништо не ми откри освен дека имам болно грло, т.е хронично, зашто речиси нонстоп ми е црвено ждрелото и крајниците, али ништо страшно не било тоа. Матичниот ми препиша хелекс, го пијам веќе 2 месеци, искрено не го осеќам него толку, иако редовно го пијам, но исто пијам и демитрин, од 10мг, тоа некако малку ме смирува, обично навечер симптомите ми се најсилни, одма црни мисли ми идат, демек јазикот ке си голтнам, ми трпне ме стега грлото и се така. Заради тоа навечер поретко излевам и кога ќе излезам не зборам многу зачто одма ме стега грлото. ПОМОШ!!! Нонстоп сама си викам ништо не ти е, ќе помине, има многу околу мене што биле порано во иста ситуација, на мајка ми пријателки, викаат ќе помине, но ајде како...... Ве поздравувам сите!
da prijatelke tocno za tuka si :] dobredojde vo klubot na najzdravite devojki aj za dobredojde edno muzice za relax http://youtu.be/LKrzYg6FQl4 I NAVISTINA BAS NISTO NE TI E
danika ти љубоморам се зезам уживај млада си и јас уживава некогаш сега нешто слабо љубовта како што велеше оној од музички идол "а англиски слабо англиски" али како викаат никад није касно да се љуби страсно ке дојдат и моите 5 минути се надевам ја слушам секогаш кога сум разочарана и ме крева можда изгледа шашаво али делува anuskaNESTLE добре дојде на форумов и не се плаши сето тоа што ти се случува ке помине само не мисли на тоа ако имаш било какви прашања слободно прашај секогаш некоја од нас ке те дружи и одговори само напред и не се предавај
Добро утро.. се наспав и ве чита..браво за некои од ВАС... поздрав до Нестле..да претпоставувам ако се испитала дека е за тука и да и посакаме ,,добредојде,,и поскоро да се врати у нормала. За почерток би ти препорачала мила Нестле да го игнорираш фактот дека нешто ,,те стега во грлото,,оти тука сре само напнатите нервички твои кои тука си нашле место да си поигруваат со тебе ...не плаши се.Јас 33 пати одев на ушен ..ми го отвараа грлото..ми гледаа гласни жици....море, море и .....ништо додека не се смирив кнедлата стоеше и стоеше откако анксот попушти и стегањето и корнењето го снема.Сега сум ОК(куц, куц).л...така мила...наврати се на постарите наши постовии ке видиш како ние сме минале и како сме се бореле но и избориле....биди силна не попуштај пред стравот, игнорирај ги симптомите..работи многу и љубакај се ако немаш момче...најди си под хитно.... Вие драги мои останете со здравје и силна воља денес да ви е најубав денот.....без анкс. Ве сакам ..одам на семинар... За ФБ?????зошо НЕ само направете си профил под имево на Форумот и пишет ми го поЛП и јас веднашке Ве најдам па и там ке се дружиме .На мојот скриен ФБ профил имам веќе 20 Феминки.... ви посакувам МИРЕН ДЕН...
добродојдовте за адела и нестле бре што лесна нога имав се наполни форумот блакце па ти стварно си ми блиску па би можеле да пиеме некое коктелце у форца, ма да и сиело не е далеку, досега сама стигнав до бисер па миц, миц ќе стигнам и до н.лисиче, ми остана сега да си го средам грбот ,максимално ми настрада од толку стегање,а за частењето да те предупредам однапред кој помалку пие тој плаќа зоце без навреда за никого ова е инвидуално јас мислам дека ти како што гледам си премногу млада, а се соочуваш со сериозно работи, деца, маж, свекор и сл. и тоа ти го акумулира стресот најубаво ти е психијатар да си посетуваш да имаш каде да се истресеш од сето ова. ферхунде мојот лубовен живот па незнам, мислам дека е интересен, јас се плашам понекогаш да излезам надвор, дечко ми да се прибере дома хехехехе тенџерче со капаче, а водењето лубов па може да кажам страшно креативно, ми се превртуваат очињата, ми трне телото ама од убавини, поседниот пат максимално ја расклатив терпезариската маса се согласувам со ферхунде ма да само болен човек може да злоупотреби туѓа мака да се задоволи себеси,а ма да за жал светот е полн со такви, на светот постојат 4 групи на луѓе:1. емотивно растроени се потресуваат за све и свашта, сите се пронајдовте нели?, 2.луѓе кои сеуште се држат ама блиску се до работ да ни се придружат, 3.злобни луѓе преокупирани само на кого да напакостат и си ги излечат комплексите и 4.восочни фигури кои не регистрираат никавно чуство. Па сега кога треба да бирате не знам видете каде би сакале да се најдете????? дуња се изнашета по семинари да не земеше и нас малче, ќе си направам лажен профил па таму ќе ве малтретитам што се однесува до бајачките јас отсекогаш сум имала фобија од нив, никогаш не сум посетила, мозокот не може да ми свати како некоја бабичка со пу.пу,пу и некои водички ќе ми ги реши работите кои самата морам да ги решам, ма да другарките мои надохнадуваат за сите, очајно сакаат да си ја вратат нивната другарка,немат со кога да мерат улици, па да ми се живи и здрави ги сакам најмногу на свет ама уште остана со вуду кукла да ми дојдат на врата кога полагав воена психологија ги учевме факторите кои го определуваат нивото на страв и влијаат врз човечкиот мозок, да ги разбере и перцепира ризиците и заканите ,и зашто од некои помали работи се плашиме повеќе, а од некои пострашни помалку, ги има милон, ма да најглавните се овие за полесно да се справиме со стравот:1. контролата врз процесот во кој се јавува стравот( чуството на сигурност),2. факторот на страв( да се разбере што е она што те плаши ),3. свесноста за она што ни предизвикува страв,( колку е тоа реално )4. дали она што го сметаме за наш ризик е нов или претходно сме се соочиле со слична ситуација,5.довербата која во најголема мера ни го определува нивото на страв. јас лично никогаш не сум била плашлива,секогаш у први борбени редови сум играла, ма да мојот живот си има убава подлога за анкс., пост-трауматскиот синдром ми ја прелија чашата, првиот пат ми помина за 2 недели дечкото со кој сум сега ми го изби, ма да овој вториот пат добро ме закачи 1 и 3 месеци со страшен интензитет а дечкото што ми го изби, повторно ми го наби очигледно треба да одам на друг да ми го избие, па на трет нема да ми го набие пак, доста е на ти го дајми го сите ние од тоа што се плашиме само се подготуваш за понатаму само ојачуваш, мене кога ме терат да одам надвор сама автоматски почнува да ми трне телото, не зашто стварно трне него самата си барам причина да не излезам и да не се соочам, од тој пуст страв дека нешто ќе ми се случи не си отидов на веридбата лудо нели за жал работите не можат да се изменат, понекогаш не може ни да се влијае на нешто ама може со сигурност да се контролираат и максмално добро искористат......... ај јас да не замарам више денес ептен сум во фаза на творење, отидов малце да си го растресам газето со некоја добра музика ве гушкам сите
Ехеееејјјј девојчицииии, ве изначитав Оваа Мало-84 е слатка „мала“ со силна психа и баш знае да си уживка. Значи, мила Мало, ако некогаш си имала анскиозност, таа веројатно затропала на погрешна врата Ферхунде бре цуро! Па ти си сосема друга личност од твоите први постови. Немој случајно да си се променила, да си страдала, да дозволиш да се враќа анксот. А и некогаш ако ти е лош денот, знај само дека сме само луѓе и се случува да имаме „жута минута“....BTW, мојот љубовен живот од секогаш беше компликуван, а сега сум со еден фраер што упорно мисли дека ако ја игнорира љубовта - нема да е повреден. Всушност , мислам дека и он е анксиозен, али машката гордост никогаш нема да признае. Ма сум пробала онака „цакано“ да зборувам со него и да му објаснам за себе, али ме гледа онака чудно, и ми вика „не не никад не ми било така“ а во очи му гледам дека имало мноооогу ситуации кога му било лошо од анкс, али не признава. И можда е тоа добро, едноставно го игнорира тоа чувство и вика НЕ, НЕ! А јас пуста, сум се вљубила и ајде си викав од прво ќе му помогнам некако, ама после си викам „а зашто да помагам ако не бара помош?! што има да се мешам во тоа?! “ се согласуваме, се љубакаме, се смееме и зошто да знае за мојата анксиозност?! Ма нема да знае, зашто ЈАС веќе знам како да ја средам и крај со тоа. И кога ќе размислам, зарем не гледате дека не помага толку многу некое апче, колку ШТО ТУКА НИЕ САМИ СИ ПОМАГАМЕ?! забележувате ? ве љубам сите
еве ја мојата омилена песна деновиве а следната е вистинска за уживање двете се за водење љубов http://www.youtube.com/watch?v=5rZgr6d4TyQ http://www.youtube.com/watch?v=3E96kHlBydE
luge moze sum dosadna znam deka sum ama od sabajle mi se trese snagata i sega sakam da odam kaj mama ama me strav sto da pravam pisete
Немој жити се работни се....пукнавме од математикава ...семинар ама Охрид...ваму-таму а не тука у школото, се наседев ја у школо сега сакам да шетнам малку...ај отитодов ...само сакав да ве поздравам и да ве прашам како сте ми..вечер ве читам.... киссс
zoceee pusti si muzice podlegni si i olabavi se tuka sme site nie nema da ti bide nisto veruvaj http://youtu.be/TDUdT5z_CBU zatvori gi ocite i disi so stomakot opusti se i zamisli si mestence na koe bi uzivala vo muzikava ajde mozis ti
hahaah Azura па кај мене тоа така оди ја сум ко оваа времево надвор час добра хиперактивна час умирам мислиш :'( ни да мрднам само се надевам ке потрае оваа фаза во која сум сега Како јас да најдам некој да ми го избие овој страв веројатно некој пратходно добро го набил па сега никако да најде дупче да излезе zoceee ај пробај јави се на некоја твоја другарка зборувај,средиги сите прозори во куката,пушти си музика свиркај си и ке помине ајде биди храбра и ако имаш испи си едно бедоксинче А за FB направете група и кажете ми под кое име и ја ке се приклучам и ке се дружиме мислам така ке биде најдобро НАЛИ
ајде и јас да ви се придружам.... иако може не сум активна, и не постирам ама ве читам стално, не ми поминува ден без вас. Еве нешто во моментов ми е мутаво во главата,работам и ми се врти, сврти се на лево, ми каснат сликите, сврти се на десно пак ми каснат, ама ке прочитам нешто од вас, ке се потсетам дека може е само момент, и се надевам дека ќе ми помине. А иначе решив да ви пишам заради љубовта.....темата љубов....јас сум сама, немам дечко, партнер, sex baddy.....ништо, по првиот паничен напад што го имав, кој меѓу другото се појави по прекин на една врскa, можеби и имам одбивност или страв од напуштање, не се опуштам, не ми е возбудливо од тој аспект.Си фантазирам за безусловна љубов, партнери до крајот на животот, и така....женски фантазии.
View Page Panicni Napadi. Ne Jas Sum Posilen ete vaka se vika grupata :] nabrzinka ja naprajv pa site zaedno ke ja ureduvame :] ve sakam site hrabri devojki
RAFFA mojot prv panicen napad mi se javi po raskinuvanjeto na edna dolga vrska [ se osetiv kako nemokna kako sama kako izgubena...] . I jas stravuvav od uste edno razocaruvanje i veruvaj site stravuvaat od toa no si fativ decko [ najbliskiot drugar hahahahahaha] i super mi e . Predaj se srcka na ljubovta toa e mojot sovet . Nema posilno cuvstvo i veruvaj ke ti se seni zivotot.
zdravo na site na forumov eve me i mene,inaku raffa nemoj taka mila da razmisluvas jas bev ista kako tebe samo kaj mene problemot bese strav od tatko mi pijanica da ne mi napravi problemi ako me vidi so decko.....nemoj sekogas vredi da se proba jas eve me sega sum omazena i na maz mi seuste ne mu se veruva kako sum bila bez decko ama nema veza probaj nisto ne mozes da izgubis moze i ke te razbere eve mene maz mi me razbira ama saka sto pobrzo da zaboravam na panicnite napadi i da ne panicam i kukakm kako se me boli zosto treba da uzivame vo zvotot i jas sakam i se nadevam eden den deka ke pomine ova pozdrav do site