Адела, не , не , не седи дома, никако!!! Мораш да одиш на работа!!! Кога и да си следниот работен ден ќе одиш! Напиј се хелекс, било што, само да не си дома. Што ќе им кажеш на луѓето?! Зошто, кажи зошто да не одиш на работа?! Дуња е во право, не се наоѓа лесно работа, те молам не си го прави ова на себе. Иднината ти зависи од тебе. Од никој друг! Зоцееее, таква те сакам. Си била кај мама, си имала анкса, и си ја надминала. ОК. Вечер легни си и кажи си „Браво, добро е, денеска добро помина, утре уште подобро“ И мене лошо ми влијае времево, се шетав низ продавници денеска и се нешто ги слушам луѓево „не ми е добро, некоја температура имам....“ Значи, сите сме такви... Ајде, терај вака и да ти стане подобро.
zdravo na site denska eden mesec kako gi piem apcinjata deroxat i dobra sum samo mene mi kaza doktorkata da gi piem 3 meseca e sega kako sto citam ovde znaci stanuvas zavisen ot ovie pacinja sto se za depresija i sega se mislim koj ce gi ostavam pak ce mi se vratri toa custvo ili kako ^pisete ve molam
Cielo мила пред 2 месеци правев крвна слика добра ми беше и неверувам да има голема промена . Земи мила цвекло коприви побрзо ке се средиш со крвта . Незнам мене што е ова што ми се случува никогаш наутро несум имала мака а сега е се обратно деновиве утрата ми се узасни . Терапија не примам никаква освен понекој хелекс на неколку дена ама изгледа ке морам наутро да пијам барем по пола Дуња мила се трудам многу но денеска навистина денот го поминав во лежење и во сама себе сожалување ( сега имам грижа на совест но тоа е тоа нема што да правам) .Утрото го почнав со музиката што ви ја пуштам понекогаш и ми делува ме смирува незнам што ке правев и без неа (многу веројатно ке требаше апчиња да пијам ). Дури ни утринските вежби не ми помагаат . Чувствувам дека немам баш циркулација ке морам да вежбам сега а треба и б6 да си купам. Ви благодарам милички мои за грижата знам колку многу ви е тешко а се грижите и за мене . Како што кажав претходно ке треба драстични мерки да превземам ( ке ви пишам во приватни пораки затоа што ми е срам а и несакам да ме мислат за несалам хахахахаха) . Само кој ке издржи до среда ... али тоа е сакам несакам морам. ВЕ САКАММММММММММММММММММММ
Azzura мила ова ми беше прв пат да бидам толку неодговорна и се надевам нема да се повтори . Работам во сопствена фирма ( заедничка со дечко ми ) но е многу одговорна работа и губам клиенти со секое не одење . Многу ми е страв да пијам апчиња мила но како што гледам и како што веке кажав ке морам . Ова ми е прв пат да се срушам до толку . Утрово немав веке ни сила ( работам секој ден немам ниту еден слободен ден дури и недела имам неколку саати работа ) верувај неможев ни да се измијам од лошо што ми беше но не е оправдување и ви ветувам на сите дека нема повторно ова да се случи макар и да се влечкам до работа и да пагам во несвест таму . Те сакам
da da se bese dobro eve tri dena sum super da ne se podrecam samo navecer mi e tesko koga miruvam mi ripa celo telo mi se vrte ama kratko trae
Леле Аделче да знаеш колку мака имам со тоа цвекло, ич не го сакам одвратно ми е поодвратно нешто немам јадено. Сега пред некој ден купив боровинки и мајка ми ми прави сокови некои и шумечи таблети со железо земав па вањда ќе се поправи тоа. Иначе убаво ти кажаа Азура и Дуња, немој да не одиш на работа, менее колку и да ми е тешко одам на факултет. Имаше периоди во средно кога ми беше најлошо забушавав и не можев од кревет да станам на лекари бев 24/7 сега сум подобра но уште вртоглавиците остануваат. Но мораш да се бориш и да не се даваш. Доколку осетиш потреба од некој антидепресив слободно земи да пиеш, тие се понештетни од седативите. Боси се работата не чека, јака си ти знам дека ќе успееш. Ајде изгледај некое филмче релаксирај се и ќе биде добро . Поздрав мили мои
*cielo ај пробај со мед и семе од коприва го има мислам и по аптеките.Почни со малку па ако ти одговара направи си поголема количина.......вака семето ке го смелеш на машинка за кафе (веројатно имаш )семето го мешаш со мед убаво стави го во фрижидер и секое утро по една лажичка се користи најмалку еден месец за да има подобрување знам многу луге што ја подобриле крвната слика со оваа за кратко време ......јас за жал не можам да го користам бидејки сум алергична на мед *адела знам мила точно како си се чуствувала и каква е таа паника јас за жал од таа моја паника пред 7 години ја изгубив работата и сега сум и анк. и дома без работа и без пари затоа немој тоа да си го направиш никако колку и да ти е тешко МОРАШ да одиш и секое лошо за добро е Ве гушкам ситеееее
Фала на советот драга Ферхунде баш прееска и кажав на мајка ми да купи од аптека семе од коприва. Јас не сум алергична на некои работи но не можам ми се гади да ги јадам. Мн сум спрецифична со исхраната. До сега никогаш немам пробано сирење или пак јогурт. Хахаххаа Леле дај нека ми помине периодов на вртење таман бев едно време подобра сега деновиве пак некои вртоглавици страшни уф едвај издржувам :/
*cielo за специфична и јас сум не да не али јас имам проблеми со желудникот хроничен гастритис и во последно време се ми смета али кога е во прашање здравјето се би пробала под услов да не сум алергична на нешто ....пробај ако можеш уште вечер направи си од тоа со една лажица мед и една стави од семето да биде онака ни многу густо ни многу ретко и види ако можеш да го поднесеш слободно продолжи и уште нешто мораш да пиеш витамин Ц тоа оди заедно со железото како брака близнаци се ако имаш можност земи си од cali vita најдобри се.А тоа што ти се врти можеби е од малиот хемоглобин што го имаш,од некој стрес исто така може да е и од центарот за рамнотежа незнам дали си го проверила после вртоглавица предизвикува и вратна спондилоза не сакам да те плашам само ти кажувам што може да е причината ......али мислам дека си млада за сето ова така да не бери гајле сето тоа е од анк. и е во твојата глава Вечерва е мирно овде изгледа сите се излезени браво девојки уживајте и за мене
Ооо мила моја ферхунде не центар за рамнотежа, не спондилози на врат, на кичма на што ли уште не се имам испитано и се е во ред. Двапати и магнетна резонанса правев на главата се зрачев за џабе бидејќи паднав во несвест и ајдеее знаеш стравот до кај не тера. И се е во ред. Утре мајка ми ќе ми го подготви (имаш огромен поздрав од неа ) и најверојатно нема да имам проблем не сум алергична и ќе помогне сигурно. Фала ти уште еднаш на советот. Се е до нашите глави аман веќе кога ќе ми текне низ што се не поминав ауффф ми се плаче само нека помине др се ќе е заборави :/ Поздрав мила, прекрасна си
Ако по утрото денот се познава е ок но вечерта никако . Денот ми беше ужас но вечерва се прошетав малце и ок ми е . А и бедоксинче си купив прееска да ви се пофалам))))) и си се напив без да имам потреба а и повежбав малце . Сега ке си спијам и се надевам дека утре сабајле нема да ми се врти па ке си поработам и за денеска што се излежавав. Ви ветувам дека нема да си давам слободен ден заради паниката . Ве сакам најјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјпреееееееееееееееемноооооооогууууууууууууууууууууууу
Добровечер на сите! Ве читам веќе долг период, пред се затоа што ги имам истите симптоми, а не знам дали станува збор за анскиозност или станува збор за органска болест. Се почна пред една година, кога наутро имав вртоглавици, телото почна да ми трпне, завршив на лекар, ама единствено имав повишени крвни зрнца поради вирусот кој ме фати. Потоа се беше во ред, се до пред некое време, кога започа да ме боли стомак, па ми открија дека имам нервозни црева, а потоа повторно се јавија вртоглавиците, кои траеја два дена, што никогаш не се случило. Ми испитуваа уши, ми рекоа дека се е в ред. Крв испитувам секој месец, одлична е, докторката вели подобра нема видено. НА ЕКГ одев, исто се е в ред. Вртоглавици оттогаш немам, ама често чувствувам трпнење на нервите, дури и на нервите кај тилот, тресење на телото кога ќе си легнам, постојана нервоза. Пијам бедоксин постојано, некогаш ми е многу добро, ама деновиве не. Вратот истотака постојано ми е вкочен. Немам вртоглавици, а чувствувам нестабилност, како да ќе се срушам секој момент. Особено кога немам добро спиено, нервозата многу повеќе ми се изразува. Од Ноември наваму, чувството на страв и немир стана постојан споатник. Како да станува збор за друг човек, а не за мене. Нервозата и стравот ме опседнаа. Зимото беше мошне тешко, летото сега некако се поднесува. Се започна кога мојата мајка се оперираше пред 10 години, а последен пат пред пет месеци. После две недели од последната операција и ги добив тие страшни вртоглавици, од кои дури и денес имам страв. Секако, нема потреба да говорам за постојано шетање по лекари, читање за болести, страв од истите, паметот ми е постојано во болести и слично... Дали е ова анксиозност?
Според гореспоменатите симптоми и според моите знаења ова е анксиозност. Чувство на страв,немир,напнатост,вознемиреност, ,нема органско заболување, причините се непознати.Тоа е анксиозноста. Таа е поврзана со нашата психа,психосоматско заболување е.Делува врз вегетативниот нервен систем и може да доведе до озбилни нарушувања на организмот.
Да, за подобар хемоглобин , значи мед измешан со семе од коприва , во билна аптека го има и чини 55 денари! Прашај ја билијарката од таму и ќе ти објасни . Никако целата маса од семето во медот, мислам дека треба да се стави неколку лажички во медот и да сркаш секојјјј ден. Плус Витамин Ц. Вака ќе пробаш и тераш цел месец, после пак ќе правиш крвна слика. Зашто крвта се регенерира на една недела. И Cielo , треба да знаеш дека медот одлично го храни мозокот со витамин Б. Така, по еден месец, ако малку ти се смират вртоглавиците, знај дека е од медот и добрата апсорпција во организмот. Јади и многу црвен зеленчук , значи ако не сакаш цвекло, јади патлиџан Пробај вака овој месец, ако не се подобри железото, ќе ти кажам ново чаре бакнеж
оооо тенкју претенкју поздрави ја и ти неа *adela браво мила така треба храбро сега испи си бедоксинче и убаво да ми спикаш и утре ко нова *azzura мислам дека семето се става во половина кило мед ако не грешам cielo најдобро ке ти биде да прогуглаш и ке видиш точно колку и како треба да се подготви
Пред три-четири години ме боцкаше кај срцето, ми извршија прегледи, се беше во ред. Единствено досега глава немам снимано. Ме плаши лошењето и чувството на нестабилност, ми се вртат секакви мисли во главата. А и откако се смени времево имам главоболки и постојано ми се спие, па и тоа дополнително ме вознемирува....
Фала на советот Азура навистина прекрасна личност си ти се восхитувам на знаењето и на моќта за искажување утешителни зборови која ја поседуваш. Не е мн лоша крвната слика и самата докторка ми кажа најверојатно е од преобилните циклусии она вика дека само со храна може да се поправи. Дефинитивно уште од утре ќе го пробам рецептот и ви кажувам резултати. Иначе мед земав еден период 3 месеци секое утро по една лажичка но за жал вртоглавиците траат и траат цели 6 години. Се е до мојата психа и анксиозност, многу ми помагаат вашите зборови и ме тешат се надевам и го молам Бога ова да помине. )) *Аделче убаво да спиеш и утре е нов ден, и ти посакувам да ти биде убав и без непријатности *Maximus, добредојде, сепак за жал. Тие симптоми кои ги имашдефинитивно се од анксиозноста јас тврдам. И самиот гледаш дека да беше некое органско заболување до сега за оваа година дена ќе испливаше на површина и ќе се влишеше твојата здравствена состојба. За среќа органски си здрав, нормални се јавуваат моментални здравствени проблеми кои брзо се санираат. Бидејќи мислам дека си на почеток на анксиозност пробарј да пиеш бедоксин и персен ан билна база, но доколку имаш потреба посети психијатар за да ти препише некои антидепресиви или да те насочи што понатаму. Анксиозноста (во мојот случај, во твојот и во милион други) влече корени од некои ситуации поврзани со болест, немила случка итн. Обиди се да се убедиш самиот себе си дека си апсолутно здрав бидејќи и испитувањата покажуваат дека органска болест кај тебе не постои. Среди си ги мислите пробај да мислиш позитивно, а овде на форумов можеш да прочиташ деќа не си единствен со овие симптоми и да дознаеш повеќе за анксиозноста. Токму тој страв од болести кој јас го имам од малечка ме доведе до оваа ситуација да се осеќам лошо секој ден. Се надевам дека за брзо време ќе бидеш како нов, не се предавај, бпори се и секогаш кога ќе почувствуваш нешто лошо, обиди се да ги преусмериш мислите на друго место. Знам дека е многу тешко тоа и на мене ми е и на сите нас но проај не се давај. Анксиозноста не е болест тоа е состојба која треба да ја надминеш и ти и мн други од нас и од која не може ни да се умре ни да се полуди. Затоа храбро и бори се, со тебе сме. Поздрав
Фала Ферхунде, не е проблем ќе прашам ќе се снајдам, што како. <3 Имајте убава вечер, јас одам да спијам. Лека ноќ
Снимај ја и главата,ако ти не се грижеш за своето здравје,кој? Оди на доктор,распрашај се,прогуглај малку, види кои се симптомите. Ако е анксиозност, ти препорачувам да одеш на психолог, чисто онака да ти помогне, да ти даде совет како да се однесуваш при напад,зашто се тоа е на психичка база.Не е многу опасна анксиозноста,таа дури и не е болест,но може да го оштети вегетативниот нервен систем.
*cielo пробав во приватна да ти испратам али не иде па морам вака ако е погрешно нека го избришат http://www.coolinarika.com/recept/lek-za-jacanje-krviza-slabokrvne/ поздрав