1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Mehmet

    Mehmet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Па да ти кажам искрено некои симптоми од анксиозноста може да бидат и под влијание на тоа кога те напаѓа демон или како што исламски се нарекуваат ЏИН, особено кога душевно не се чуствуваш добро, тоа е поради тоа што кога џинот влага во телото тогаш управува со истото и се чуствуваш како ти да не си ти, сите свети книги се Божји, затоа не е лошо и ако отидеш кај оџа оти навистина многу помага, јас имав роднини кои беа нападнати од џин т.е. преку магија ама биле кај оџа и сега се целосно излекувани, а иначе можеш и на јутјув да пуштиш поглавје од светата книга куранот наменети за оваа проблематика, јас ке ти пуштам еден линк, ако евентуално ти се појавуваат симптоми додека го слушаш како на пример стргање во градите, повраќање и главоболка тогаш да не те уплаша ама можеби си урочена или пак ти направиле некоја магија, а ако можеш да го дослушаш до крај без симптоми тогаш чиста си :)

    еве линкот:
     
    На stelaohrid и mukimemedi им се допаѓа ова.
  2. Pozitiven

    Pozitiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Еве ме пак мене но овај пат со превод од некој странски форум. и пишува една личност кој ја има надминато анксиозноста исто како Дуња и други ,и накратко како го направил тоа текстот е неколку страници во пдф фајл ама мислам дека вреди да се прочита
    Поздрав :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Winter Lady и pajton им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    16.586
    Женски, за мене нема Пивофест годинава. Само што излегов и седнав в парк ме фатија паники, страв, тапост во главата, нерасположеност. Почна сето ко пластично да ми е, чудно. И си заминав. Се истресив од страв дур станав. Претходно пишуваме со машкото што се гледав од страв го одбивав тој ништо не знае за мојава состојба. Дали да му кажам, срам ми е, страв, а сега веќе сегде ме блокира и на фб и на вибер. Дали е можно да ми биди оваа анкс изразена најмногу во ПМС?
    Постојано сум дома и најмногу сигурно се осеќам, кога ќе излезам надвор одма сите симптоми ми се јавуваат, најмногу ми се плачи и изгубеност осеќам.
    Најинтересно е шо знам дека е до мозокот, чувствувам дека тој води.
     
    Последна измена: 14 јули 2016
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Не те разберах баш убаво те блокна од фб вибер и сега како сте во контакт ? Зошто да му кажеш он не те барлава 2 %, ти ваква чувствителна тема ќе му кажеш.Да ти се исмева ли ? Тој те одбегнува, мајни го.
     
  5. Lidijadfilip

    Lidijadfilip Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    kazete nekoe iskustvo za demetrin
     
  6. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Ајдееее....До ексорцизми преку видеа стигна темава :o
    Ако го ислушаш до крај чиста си,држам среќа (fingers)
    Демони,ѓаволи што нема да прочитам...
    Единственото зло во нас е мозокот а за тоа ни свештеник ни оџа не помага!!
     
    На natemila, Lexus, mukimemedi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477


    TELL ME YOUR SIX NAMES !!! :devil:

    :rofl:
     
    На Nalayan и Be-yO-nCe им се допаѓа ова.
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски

    Ако го изгледате видеово до крај чисти сте!!!
     
    На Nalayan, veren и blueberry93 им се допаѓа ова.
  9. Lidijadfilip

    Lidijadfilip Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    nekoe iskustvo so demetrin
     
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    абе ајде хахаххахахахха
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.737
    Допаѓања:
    122.368
    Пол:
    Женски
    Во текот на мојата долгогодишна борба со анкс и панични напади, имало периоди кога сум била супер, имало многу лоши периоди. Редовно одам на психијатар , кој покрај терапија ме тера да проникнам длабоко во мене да го најдеме коренот на проблемот.

    Значи анксиознот и/или паничен напад во најголем процент од случаите се појавува после преживеан голем стрес, живеење во стресна околна ( нефункционално семејство, родител алкохоличар или злоупотребувач, трпење во брак), моемнти кои го намалуваат нивото на сератонин ( хормон на среќата) кој кога ќе се истроши појавува депресија, анксиозност ( состојба на страв, напнатост и нервоза, црни мисли итн) и панични напади.

    Некои можат да го поминат сами. Некои ( како мене ) им треба помош од стрчно лице. Не се плашете да одите на психолог или психијатар. Не се плашете да примате терапија ( може ќе ја пиете 3 месеци може 3 години). Јас едно сфатив. Се додека го правев она што други ми го наметнуваа јас бев несреќна, јас бев напната, акнсиозност и панични напади. Сега го живеам секој ден за ден. Не му ја мислам многу за некои работи. Не преќутувам кога ќе сум нпадната, и најбитно од се не се соживувам со трагедии. Само си велам, судбина. И толку. Одиме на поведри теми.

    Дали ме фаќаат пак напади? Да. Што правам тогаш? Велам ајде де падни да те видам баш и одам игнорирам. Особено ми е тешко кога сум во ПМС. Ама ете знам дека е тоа, земам магензиум, земам б6 терапија и тоа е. Читам книги, бојам боенки за возрасни, си гледам комедии. Ако ми се спие спијам.

    Правете го она што вас ве исполнува.

    На вашиот роденден сте се родиле вие, и само пред самите себе ќе се правдате за тоа што правите, само вие си имате право да се осудувате. Околината е само околина. Вие самисте прифатете се онака како што сакате да бидете. Ако не оди врската, раскинете, не оди бракот разведете се ( не е лесно знам, ама живот под стрес ете што носи. А за децата им требате здрави и среќни). Не се трудете дечко или маж да ве разберат. Немаат осетено. Не можат да ве разберат.

    Малку подолг текст ама само со една поента Анксиозноста не е болест туку е состојба!! Не сте болни, не сте луди, не сте ненормални. Едноставно сте истрошени!
     
    Последна измена: 15 јули 2016
    На Lexus, Matea94, Viki693 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас иако не сум преживувала анксиозност досега, околностите се такви да секојдневно среќавам жена која е анксиозна.
    Ја знам цела нејзина ситуација, затоа што живееме во иста куќа, т.е. потстанар е и она од другата страна на куќата, од една страна ми е жал за неа, ама од друга, пробав да и помогнам и да ја советувам, но изгледа дека и она сама дигнала раце.
    Има две деца, со повозрасното е во екстремно лоши односи, можам да кажам дека не сум видела досега дете толку да ја мрази од душата мајка си, значи буквално ја мрази. Помалото дете е 7 години, оно не ни разбира што се случува. Маж и работи во Германија, си доаѓа еднаш во 3 месеци на 2-3 дена, и со него е во екстремно лоши односи.
    Е сега, женава е нон стоп под јаки седативи и таблети, има изгубено секаква воља за живот, пред некој ден дојде да ми кажува за нејзината болест, и ја советував истото што и @nena2010 го напиша погоре.
    И реков овака:
    Секој во животот има преживеано срање, секој има преживеано да изгуби битна личност, секој има преживеано да живее во немаштија, живееме на такво поднебје каде е нормално да е транзиција, војна, сиромаштија и стрес. Но! МОРАШ да најдеш нешто што ќе те покрене во животот, мораш да најдеш нешто што ќе те исполнува. Има жени кои претрпуваат се и сешто, ќотеци, изневерувања, пијанства, ти не преживуваш ништо од тоа. Твојот маж ни не е со тебе, ти праќа пари месечно, кога ќе дојде ти ја плаќа ќиријата, сметките, и плус ти дава џепарац тебе и на децата, а ти немаш ништо од сето тоа. Овде е голема дијаспора, секој што работел во странство направил куќа, купил стан, стекнал нешто, ти немаш ни свој телевизор, ни фрижидер, на онолкави пари. Мораш ако несакаш да се покренеш за себе, да се покренеш барем за детето (малото). Не е оно криво за ништо, и нема оно избор, МОРА да биде со тебе, зошто го осудуваш да го живее твојот пекол? Зошто и он да ја преживува твојата болест? Зошто ти се напиваш дупла доза седативи и таблети, и легнуваш да спиеш како мртва, а твоето дете те гледа таква? Дали си свесна каква последица му оставаш? Драга, твоето дете не расте здраво, ова не е здраво растење, да те гледа таква каква што те гледа, не си способна ни јадење да му направиш. Имаме во комшилукот ЖЕНА со големо Ж, која има закопано дете од 3 години, и нејзиниот маж работи во странство, погледни ја каква е, од сопруга, до домаќинка, до мајка, нејзините деца се секогаш стокмени, нејзината куќа секогаш блиста, она не дигнала раце кога го закопала детето, продолжила да живее и нејзиниот маж како и твојот во странство работи куќа направиле. Има еден куп тажни судбини на жени, а ти ниедно од тоа не си преживеала. Што ти фали во животот? Двете деца здрави и живи, пари секогаш имаш, маж ти не е курвар, ни пијандура, ни те тепа. Што ти фали во живтот за да бидеш оваква каква што си?
    На крајот само и реков, колку имам читано за анксиозност по форуми, скоро сите што се излечиле, се излечиле така што се преиспитале сами себе, нашле нешто во себе што ги покренало и рекле доста е. Ниедна анксиозна личност не се излечила со помош на таблети. Твоите таблети кои ти ги пиеш, прават
    моментално да се чувствуваш подобро, но што потоа? Ќе се напиеш уште една доза??
    Најди нешто што сакаш да го правиш за почеток, нешто што те прави среќна, или посвети се на тоа јадно дете кое нема избор, земи чисти по дома, плети, вези, што и да е, што ќе ти ги оттргнува мислите.
     
    На tigree.., GirlLove, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.737
    Допаѓања:
    122.368
    Пол:
    Женски
    @Offspring жената нема анксиозност таа има класична депресија. Мислам дека од поголемото дете и е и плус што мажот не е тука. Нејзе под итно и треба добар психијатар.
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nella404

    Nella404 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    ова е депресија, овде везењето не помага.
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    [​IMG]
     
    На Lexus, black-angel, Be-yO-nCe и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Да, депресија можда.
    Маж и ја има носено на психијатри, дури и по бајачки, сегде каде слушнал човекот дека може да се помогне ја има однесено, она едноставно несака да се покрене.
    Незнам, не сум видела досега такво нешто некој до толку да има изгубено допир со се во животот.
     
  17. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки

    Ова ми е најомилениот дел од цел филм! :D
    Ама вакви работи не се за нас... :wasntme:
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mehmet

    Mehmet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Ако си толку сигурна дека нема ништо во твоето тело тогаш пушти го видеото па да видиме дали ке можеш да издржиш :П
     
  19. pajton

    pajton Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    имам фобија од временски неприлики сега почна да се спрема невреме мене почна да ме гуши :(
     
  20. Pozitiven

    Pozitiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Јас немам некоја фобија кон времето но секоја промена ја осеќам и мислам дека и многу други ја осеќаат поради што се се случува нагло но ние анксиозните сме почуствителни еве и јас осеќам како тежина на градите поради времето ама знам дека не е ништо ,ако треба ќе полежам малце и само од себе за некое време ќе си помине