1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Maximus

    Maximus Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Cielo5 и Starbucks, ви благодарам на одговорите и се читаме понатаму, гледам дека на форумов навистина има познавачи на оваа состојба и вреди да се разлиста од почеток до крај. Ви благодарам уште еднаш и се читаме и понатаму.

    Добра ноќ
     
  2. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
  3. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    zdravo kako ste mi jas sum super sa mo mnogu imam bolki vo polovinata dali zosto treba daimam ciklus
     
    На A.d.e.l.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flyemirates

    flyemirates Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Azzura најпрво благодарам за одговорот, а кога сме кај психијатрите ќе ви кажам дека тој кај што бев едвај ме сослуша 5 минути па затоа се распрашував во Дијагностички центар кај др.Чадловски и во Ординација Весна вајс каде имаат двајца доктори др.Емилија и др.Павле мислам дека беа, а разликата е во тоа што вторите работат и со сини картони.Се уште немам закажано кај никој па очекувам ваши мислења за споменатите или препораки за некој кој стварно има искуство за ваквите состојби.Поздрав.
     
  5. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    Дали е морално да се оди на психијатар? Гледам секоја од вас оди или одела . Јас бев еднаш ми ја снима главата ми зеде 2000 и ми рече секое гледање ке ме чини 500 денари и не отдов повеке па ми помина за срека за неколку дена. Сега кога повторно сум во таква состојба се прашувам дали мора да се оди или не . Многу пари кошта ... ако одам 10 пати тоа се 5000 а и ке ми даде некои апчиња како асентра кои навистина неможам да ги пијам ( се имам напиено едно ) Мислам дека и вака ке помине со бедоксинце и по некој хелекс одвреме навреме но ако грешам советувајте ме.
    Денес денот почна многу подобро од вчерашниот најверојатно од бедоксинот од сношти .
    Вие како сте ?
    Како се снаоѓате?
    Ве сакам
     
  6. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Вака сега, д-р Чадловски е одличен психијатар. НО, како за кого. Јас бев еднаш кај него, ќе одев повторно, но 1000 денари ми беа многу навистина. Типот е постар човек, има издадено книги за фармакологијата во психијатријата. Кога објаснува вика, се дере, бла бла, и веднаш познава дали човек е ментално здрав, и дали поседува некоја клиничка слика. Сепак, она што ми го кажа, беше во ред, добро ми објасни се, но не ми препиша таблети од други причини...Кога ќе го видиш имаш чувство дека е народен човек..јас лично некако сакав да одам кај женско зашто ми беше глупо на маж да му се исповедам :rofl:
    Е тогаш ми ја препорачаа д-р Весна Вајс Павлов. Она работеше со сопругот д-р Павлов , кој важи за добар психијатар и се задоволни многу од него. Мислам дека он не работи со плави картони, значи кај него е 1000 ден цел час. За него слушнав добри работи. И тој и сопругата негова Весна сметаат дека нема потреба телото да се измачува во анксиозна состојба и затоа препишуваат АД, кои ги контролираат и за 6-7 месеци ги намалуваат, нормално. Е сега, јас одев на неколку пати кај Весна, која ми препиша таблети и си ги пиев 7-8 месеци...За Весна, ќе кажам дека е добар аналитичар, ја бара сржта на проблемот. И на крај директно ќе ја каже :) барем мене ми ја кажа, зашто јас така сакав и барав....Но, кога ќе ти препишат АД, би требало да одиш едно 3-4 пати кај кого ќе си одлучиш зашто ќе мора да ти помогнат да се најде коренот на проблемот. Во меѓувреме, ти ќе си работиш на случајот, значи не може ништо само од себе - нели...:) Кога нема да ти се зборува, не мораш да одиш , ако имаш закажано-откажи..они разбираат дека не може секогаш да му се зборува на човек...
    Ако се одлучиш со плавите картони да одиш, кај Весна е 400 ден (ако во меѓувреме не се сменило нешто) и ќе ти треба упат од матичен ... но, побрзај и одлучи, не се мисли многу. Голем поздрав :)
     
  7. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Леле Ферхунде мила фала ти највеќе си се измачила заради мене Фала ти највеќе :)
    Еве мама сега ми го спрема ќе почнам да пијам и се надевам ќе се подобри ситуацијата :)
    Поздрав Maximus, биди добро и се читаме
    *Адела ако ти сметаш дека ситуацијата можеш да си ја контролираш со бедоксини и лесни лекарства, нема потреба да одиш на психијатар. Се зависи од тоа како се осеќаш и дали ти мислиш дека има потреба од антидепресиви и разговор со психијатарот.
    Јас искрено одам на психијатар само за да се консултирам со терапијата, мене нивните разговори ми се поплтки од овие нашиве овде навистина. Јас одев кај Весна Вајс и ок, ако сакаш пробај. Види како ќе се одвива ситуацијата и одлучи.
     
  8. Monk

    Monk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Другарчиња, ве прочитав од почеток до крај.. и нигде не видов дека некој у ''жутите минути'' :) пие диазепам.. Мене ептен ми помага, у комбинација со Б6
    Ваше искуство..?

    Супер сте ептен !!!
     
  9. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    i mene toa mi pomaga diazepam i b 6
     
  10. mila23

    mila23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    31
    и јас некогаш знаев да се напијам диазепам ама мн ретко.иначе, сакав со вас да споделам нешто убаво но и тажно во исто време.вчера излегов низ населба да си го прошетам кучето со дечко ми и кога гледам мало кученце легнато во тревата и ми кажаа дека го удрила кола.се потресов многу и знаев дека мора да направам нешто зошто немаше шанси да го оставам така.и одма побарав помош да се однесе на ветеринар да се направи нешто.за среќа кучето е згрижено но треба да му се прави операција.мене тоа ме исполни многу зошто знам дека спасив еден невин живот и денес се осеќам многу подобро.
     
  11. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Браво мила23, навистина браво. Тоа е прекрасен гест од тебе, си спасила невина душичка од сигурна смрт. Каде е згрижено кученцето, дали ќе има кој да ја финансира операцијата, те молам немој да го оставиш без операљција кога му е најпотребна. Имаат ветеринаритеразбирање за уличните кученца сигурно ќе излезат во пресрет.
    Поздрав за сите
     
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Здраво како сте ми денес? Јас да ви кажам на присхијатар не сум била, се консултирам нонстоп со мојот матичен кој е одличен лекар, и куќен пријател, и со него отворено за си правам муабет, и мислам дека нема потреба од психијатар. А инаку дијазепам не пијам, туку демитрин и многу ми помага, сега се немам напиено една недела, ама пак ме фаќаат кризи, денеска особено еве јазикот ми е цел отрпнат, не можам да голтам убаво... аман :( Ама избегнувам да пијам апчиња.
    Инаку сакам да ве прашам дали некој или некоја од вас биле на магнетна резонанца, зашто ушѕе тоа ми остана да ме проверат, и ми рекоа оди и на тоа за да бидеш до крај сигурна дека со тебе е се во ред!
    Ве молам пишете ми, како е, дали е стварно така језиво како што казжуваат сите и колку време трае само за главата :) Ве гушкам.
     
  13. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Јас сум била и сум правела магнетна резонанса 2 пати. Значи не знам кој те лажел дека е грозно и језиво. Ако не си клаустофобична нема ништо страшно.
    Легнуваш на едно креветче и влегуваш до подполовина како во тунелче, и лежиш слушаш тропање лупање како да си во некоја цевка и ти лупаат со се и сешто врз тоа. Се снима отприлика 20тина минути и треба само да седиш мирна и ништо страшно. Јас се плашев викам што е ова сега ама ништо страшно. Ама јас те уверувам дека снимката ќе биде во ред.
    Јас со мојата анксиозност првиот пат паднав во несвест и се преплашив имам рак и дома им викам што и да ми се деси знајте весакам лудача ко да ќе умирам и мајка ми с естресе мораше она да пие дизаепам пред да ме снимаат и се беше во ред.
    А вториот пат ми направија на мое барање бидејќи јас упорно барав болест зошто ми се врти за џабе се зрачев ама со контраст вториот пат ,ме снимаа ( ми ставија некоја течност као инекција во вена) и пак исто ме снимаа и се бше во ред.
    Др. Врчаковски ги виде снимките и ги фрли во корпа вика иди дома веќе да не ти видам очи туа здрава права ќе ги мачиш твоите инфаркт да добие некој од нив.
    Вика иди пиј какао, 2 литри вода на ден, сокови и јади овошје и зееленчук а не да идеш на зрачења мајка треба да бидешш или не.
    Еве истата бев и јас , не е страшно снимањето ако те смири тоа направи, иако се закажува на подолг период и за џабе ќе даваш пари. Мене колку толку ме успокои.
     
  14. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    здраво сиело5 кај сте ве нема нешто дапишете се отказабте од мене како сте па пишете нешто
     
  15. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    Браво мила секоја чест за тебе а и наша чест е да се дружиме со таква личност каква што си ти
     
  16. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    зоцееееееее мила девојките денеска сигурно се шетаат :clap: а и ние треба да прошетаме ( додуша јас сега се вратив од на лимонада али неми е доста) . Навечер функционирам одлично па треба тоа да се искористи :)
    Инаку за снимање на главата јас не сум за . Како што еднаш напоменав бев и јас да се зрачам ( глупава ) за грев моите дома свеста им беше земена али дотогаш никогаш небев слушнала за панични напади и никого не познавав што е во ваква состојба . Ете ние сите сме пример за што се работи. Ова е минлива ситуација само треба да се издржи и да не се потклекни. Првиот пат пред 3 години ме држеше 4 месеци (не земав одредена терапија понекој хелекс само одвреме навреме) и сега од пред 3 недели пак . Ете јас сум пример дека ова е навистина минлива ситуација . Ова се јавува после доживување на трауми или стресови ( телото се буни ) а ние сме меки на срце како што би се рекло и затоа нас ни се случува. Бидете трпеливи ке помине
    Ве сакам
     
  17. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Тука сме Зоцеее, како си ти гледам напредуваш се повеќе од ден на ден, очекувам наскоро да кажеш еј јас веќе не сум анксиозна. И јас се надевам ќе го кажам истото.
    јас се спремам вечер ќе одам во Парадизо малку да се продувам се убив од учење заслужувам одмор.
    Имајте убава нооќ , се читаме утре
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Фала ти многи Cielo5, баш ме успокои со одговорот, па не сум јас баш клауст. ама ќе видиме, морам да одам уште ова да го направам и да бидам мирна. Нормално дека се ние во главите, ама пусти ние, мора до крај да одиме, се да испитаме за да се успокоиме на некој ден, и после пак, истото, се нешто не е во ред, а сме совршено здрави :) Од тогас смирена си битно, заврши со тоа и готово, и јас повеќе заради мајка ми гледам смирена да останувам и да изджувам, зашто и таа почна од мене апчиња да пие, ама и сама сега ми рече бравос ќерко, уште малку има и ќе помине, и јас го надминав тоа. :)
    Ќе одам на приватно јас, за некој ден, па ќе ви пишам што и како. :* :*
     
  19. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    ЈАС МИСЛАМ УШТЕ МАЛКУ ДРУЖЕЊЕ ТУКА И ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ЕДНА СРЕДБА, УПОЗНАВАЊЕ И СЕКАКО КАФАНА СО ЈАДАЧКА И ПИЈАЧКА :)

    http://www.youtube.com/watch?v=eoGp8ueYvcI
     
    На Cielo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. malo-84

    malo-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    АЗЗУРА ПИШИ МЕ НА СПИСОК ЗА ДРУЖБА :rofl:

    ФЕРХУНДЕ САМО ЈА ТЕБЕ http://youtu.be/WyOkkzYeJ0k