Тоа само може да се почуствува, тоа не се опишува и пишува иако ќе пробам некако на кратко. Кога ја имав анксиозноста нападите доаѓаа и беа доста нептијатни, срцебиење, ладна пот, мисли дека готово... тука е крајот, срцето ќе препукне, такихардии.... што уште не.... но тоа траеше неколку часа во денот, некои денови дури и го немаше тој страв. А додека депресијата е состојба кога душата буквално страда, боли, се будев во 5 часот наутро, вознемирена, растревожена, душевен немир, како да нема иднина, како да е завршено со се, апетитот е на нула, ти се гади од пимислата на јадење, а ако ставиш во уста нешто секундарно го враќаш, не можеш да одиш, немаш сила да зборуваш, немаш никакви чуства, не ти се излегува, работите кои те радувле не те интересираат, и така секој ден, тониш... паѓаш, солзи ми доаѓаат во моментов и веќе не сакам да се сеќавам повеќе, фаламу на Господ што ми помогна и сум добра.
Види ова не е расправање туку општа дискусија. Многу е иронично на некој што му е поплавена куќата да му речеш оди гледај филм. Исто како да ја зезаш... Друго е да и речеш не грижи се се ќе помине, помогни колку можеш на твоите, ќе добиете соодвета помош, изегувај на свеж воздух, зборувај со некој... Нормално треба да ги тргне мислите, ама ти и викаш седни гледај филм а таа кажува поплава дома имаат. И таа си знае сама што и помага за да се смири, овде бара само поддршка.
Не, не е дискусија кога некого индиректно повикуваш со ароганција. Освен тоа ова е повеќе тема за поддршка, а не за дискусија, али небитно. И реков јас, не си го прочитала постот до крај. Затоа еве ќе го копирам и болдирам за да го прочиташ делот каде меѓу редови ја имам истата поента каде и велам да не се грижи, и дека се ќе се среди. Она со филмот впрочем, не ни беше совет колку предлог за привремено ,,одмарање" и одвлекување на вниманието, ама кој да сфати... А, ако ова си го сфатила само како обичен совет од типот - Иди гледај филм и се ќе се среди, тоа е твој проблем, не мој.
Еве и нешто од мене добра метода за опуштање можеби на некој ќе му помогне мене ме релаксира ако не нешто друго
Lejla fala srce. Jas depresija znam sto e, ama anksioznost nesum imal nikogas.Mene sitnici ne me butale, ne sum imal nikakvi fizicki simptomi kako paniki, taxikardii nisto od toa, ama zatoa pogolemi stvari trupajki se vo zivotot me butaa vo depresija cak pat.
Де испокарааме ццц. Баш во во тема, ама не е ни првпат. Пресска ме дрмаше страшно анксот уште сум зашеметена како во шок, главата ќе ми испрсне и толку ми пречи и малку повеќњ пуштен Тв не пак музика да ги тресе џамовите. Пред 20 минути излегов од купатило и се качувам по скали, на компјутер пуштена музика ептен малку гласна, додека се облеков и отидов да ја изгазам мислам мозокот ми се стресе. Ми идеше не да го изгасам звучникот туку да го мавнам бокс екранот. Не секогаш така ми пречи, ама некогаш неможам да поднесам. И ај не се карајте. Дугокоси можда имаш право за музиката ама некого што може да ја поднесе и не во моменти баш кога има паника. И жива ненаспана сум во последно цел ден ми се спие, неможам и не да заспам
Ве читам како се карате за музиката дали да била гласна или тиха тоа секој индивидуално го доживува но од свое искуство сум приметила дека доколку нешто успее да ти го одвлече вниманието да не мислиш на самата паника во еден момент стануваш свесен дека веке не си во паника ,и во тој момент кога ке помислиш пак на кратко ти се враќа , а постојаното мислење од типот леле готво ќе колабирам ќе се онесвестам ќе ми се слоши , прави магепсан круг кој од самата помисла или асоцијација од нешто преминува во паника, паниката во физички симптоми , физичките симптоми додаваат нови лоши мисли и т.н. При паничен напад незнам дали имате осетено но дишењето е плитко забрзано што може да доведе до хипервентилација ли вртоглавици , заматен вид и сл . па затоа и психијатрите препорачуваат вежби за дишење . Јас линкот шо го постирав погоре , а го најдов на нет е водена психотерапија со музика и јога дишење кој го води доктор , Пробав и добро опушта само како што опишува и докторот треба упорност . Се надевам дека на некој ќе му помогне
Ароганција? Кај виде во мојот коментар ароганција? Ти одма скокна да се караш, ко кој знае што да се случило. Мој проблем било како сум разбрала Господе боже, очигледно ти си имаш проблем. Не сум те спомнала во коментарот пошто очигледно не си ми била битна за да те запамтам, само уште пред некој ден го прочитав и ми остана во сеќавање твојот предлог да си гледа филмови. Како и да е...тоа што го пишав беше повеќе кон шала завртено, се зезав, ама очигледно ти немаш појма од зезање.
се нервирам но нервозата некако ја контролирам ... ама мислите не можам се ми е како во сон паники имам разни мисли ми надоагаат секакви глупости... не можам ниту пешки да одам на семафори ме фака паника мегу луге ме фака паника секаде...само уште оваа ситуација ми фалеше Мислам ке изгубам контрола и ке направам нешто ненормално
Девојки не се расправајте ве молам како и да е некој навистина го опушта гледање филм секој различно се смирува...Се е индивидуално... А јас и да сакам нема кај да гледам сега хахах малку да се насмееме се шаламВо секој случај ситуацијата ми е мн тешка а и оваа состојба премногу ми е...
Јас не се расправам, само си коментирам ама некој друг се расправа....Е токму за тоа болдираното јас коментирав, пошто ти нема кај да гледаш а таа баш тоа ти го предложува, ко да се зеза. Нека си види и сама, ти што пиша...дека нема кај да гледаш моментално... Пробај да се опуштиш. Не знам дали примаш некакви лекарства за анксиозност или депресија, ама можеш да си земаш бедоксин неколку дена со ред. Не е штетно тоа. Се ќе се среди, скоро цела држава помагаме за тоа кој како може и кој колку може, битно се ќе се среди. Поразговарај со некој близок, кажи му како се чувствуваш може ќе ти биде подобро. Диши длабоко и не мисли многу на тоа.
Душо верувај ти си посилна одошто мислиш , мислите никој неможе да си ги контолира тие се дел од нас ако не мислиме значи дека и непостоеми -МИСЛАМ ЗАНАЧИ ПОСТОЈАМ нели треба да ги прифатиме како дел од нас тоа се само мисли доѓаат и исчезнуваат зависно од нашето расположение , од околностите од кој сме опкружени . но погледни ја реалноста ти си жива и здрава , твоето семество е добро - има луѓе кој погинаа на жалост тоа е лошо но и тоа е дел од животот . Сега сконцентрирај се на своето семејство , на тоа што треба да се направи за да се санира ситуацијата негледај како да нема излез секогаш има излес , ајде сети се на земјотересот во скопје па како толку многу луѓе кој останаа без домови на карај си го средија животот. не е се црно . Само прифати ги имслите не им се спротивставувај не се стегај пушти ги како дошле и ке заминат никогаш не си вели и не се нервирај зошто имаш такви црни мисли секогаш ќе ги имаш , само речи си дека тоа се само мисли , пгледни околу себе погледни со можеш да направиш , како највеќе ќе си му од корист на своето семјство .Мораш сама на себе да си поставиш цел нормално не превисока и не таква за која си сигурна дека неможеш да ја оствариш одма помали цели , мисли на нив и ќе видиш дека постепено некако ќе почнесш од помали цели да се движиш кон поголеми , труди се и сигурна сум дека ќе успееш само напред догорено ти посакувам се најубаво се надевам малку ке ти помогнам со советов поздрав
Леле сеа беља направив тоа е по грешка болдирано испаднав лошкаИнаку не можам да се пожалам навистина поединци помагаат со храна хигиенски средства лекови господ да им даде здравје на сите хумани луге во ситуацијава видов дека уште постојат такви...Но не се сите верувај многумина не се замараат... Ама тоа е на никој не посакувам вакво нешто тешки моменти се
Индиректното споменување на некого во негативна конотација, чиј пост не е доволно прочитан или сфатен, не е ароганција? Јас не се карам, но ти упорно реплицираш на нешто за што не сакаш да сфатиш во кој контекст е напишано. Затоа во иднина, не запамтувај членови, ама бар читај им ги постовите до крај и внимавај што ,,реплицираш". Значи сега се согласуваш дека било предлог, а не совет. Океј, фала на разбирање, пријатно.