Оди ако сакаш да се успокоиш, јас ја видов снимката се беше во ред и се уверив дека немам рак или нешто слично. Но за жал моите вртоглавици уште траат. За џабе ни се зрачења кога сме здрави но барем ќе се убедиш дека си апсолутно здрава, а си јас гарантирам )))
тенкју мало-мило само ке кажам никад нема да земам маж камионџија anuskaNESTLE мила мене еве матичната пред еден месец ми даде упат(можеби оваа е по 100 пат) за снимање на маг.рез. бидејки веке незнае што да ми прави кога ке отидам онака целата никаква и буууу еве ти па снимај се .......ја велам нема шанси знам дека залудно ке чекам 3-4 месеци и залудно ке се зрачам а знам дека нема ништо да ми најдат ......не би препорачала на никој да се снима па сега вие сте големи и знаете што и како да правите сепак ја сум ПРОТИВ во секој случај Ве гуууушкам најмнооогуууууууу
здраво како сте ми јас еве денес сум супер само гушената многу ме нервираат мислам немам воздух да дишам писете
Леле ве молам не се зрачите за џабе....знаете ли како се препознава дали некој има тумор во мозок?! Тоа се страшни главоболки луѓе, страшни, секојдневни, проследени со повраќање, се изобличува лицето. И што е најважно- заболувањето на мозокот се гледа во очното дно. Значи, ако сте биле на очен доктор и кога ќе ви го отворат окото- тие дооообро знаат дали нешто не е во ред. Ве молам не си ги арчите парите ...освен ако ги немате овие симптоми. Јас имав силни главоболки, пиев по цела табла дневно таблети против главоболка, кои ги комбинирав. Кога отидов на очен доктор, тој ми кажа „девојче, здрава си, се се гледа од очното дно, зеницата се изобличува...ама да не те јаде црвот , оди сними се“ ми кажа...И беше во право. Се снимив еднаш и никогаш повеќе. Кога ги добив резултатите, плачев од среќа...И да ви кажам дека глава не се снима од секоја вртоглавица. Денеска пола ден ми зуеја ушите, ама си работев, се нашминкав , на работа бев убава, бев до банка, ми зуеја ушите и после пеш до дома...Се помина. Ве молам послушајте ме , барем еднаш
Ферхунде знам мила, и јас се сложувам со тебе, не сакам да одам јас, но моите од дома ми рекоа, ке те однесиме и таму, ќе го направиш и тоа, и кога ќе видиш дека се е во ред, не смееш да се пожалиш веќе, стегај се, не си мала, здрава си како дрен кога ке сфатиш, ама што да правам, еве сега добро и ок сум, си шетам цел ден, филмче си гледам, ама кога навечер ќе се почувствувам лошо, ќе ме стега грлото, ќе ми чука срцето, па јазикот или нез шо, се трудам мирна да останам и тогаш си викам абе ајде да направам и да знам дека немам рак ни ништо, зашто нонстоп во глава ми се врти дека иам рак на грло или јазикот, затоа морам да одам..... не сакам да се зрачам ама уште тоа ми остана и ќе го направам секако...па ќе ви пишам што и како Инаку морам да ја препорачам книгата од Џофеф Марфи Моќта на потсвеста, прекрасна е, и мене лично многу ме успокојува навечер да читнам по некоја страна со добро музиче. А Зоце мила не се секирај, и јас исто сум како тебе, се гушам неколку пати веќе, не можам да дишам срцето мислам ќе ми испадне од брзо чукање и се ме стега, и ќе се напијам демитрин еден и после пола саат одма ќе се смирам, и ќе излезам на воздух, значи пола саат макс ме држи тоа така, или додека не си ги отргнам мислите на друга страна одма, зашто ако се затапам зошто ме стега зошто така вака каде ми е крајот... Само демитринот ќе ме опушти одма и гледам одма да земам нешто да правам, да си најдам занимација за да си ги отргнам мислите и одма подобро ми е.
Азурааааааааааааааа знам ама јас лично сакам да одам сама да се уверам, да ги видам резултатите во мои раце, и тогаш дури мислам дека ќе бидам уште посилна... затоа викам уште тоа ми остана.... И моите ми рекоа, ете пишав погоре да не бидам досадна по сто пати исто да пишам... Мислам дека после тоа ќе бидам стварно подобро.... Ве гушкам.
аааааа добро, оди сними ја главата, женска главо и немој сега да измислиш дека имаш и рак на јазик! Оти тоа не се манифестира со обично гушење, туку со страшни болки и големи рани...ако ти најдам слики од тоа, ќе се згадиш и ИТНО ќе си кажеш НЕ, НЕ, ТОА ЈАС ГО НЕМАМ !!! Инаку, да, мене, Моќта на подсвеста многу ми помогна, ама навистина. И секому ја препорачувам, веќе ја знам на памет добро четиво е читај си ја и практикувај ја, а не да одиш по нови снимања и знаеш дека се е во ред нели?!
*Азура и мене денес ми зуеја ушиве, но не обрнав внимание, но сепак сметам дека има големо влијание и огромната промена на времето. Не сум баш ок деновиве се ми влијае ама здрава сум тоа знам и не паничам , што за разлика од порано е успех, симптоми имам но паника не ме фаќа. *anuskaNESTLE ќе го направиш и тоа ете, иако е зрачење убаво вика Азура, јас по себе си нзам 2 пати се зрачев, за џабе и што дека не ми помогна апаратот ништо смао се уверив дека немам рак а симптомине т.е вртоглавиците останаа. Како си сакаш тоа си е твое Поздрав мили мои, ферхунде, Дунја, Азура посебно до вас најголем, и секако за Зоце (како почнав поздрави и честитки хахаха )
здраво девојки сега се вратив од работа , не поминав многу лошо имав 3 напади ама се исконтролирав . Утрото не ми беше како минатите ... бев поопуштена најверојатно од б6 што ги земам навечер и наутро веке 2 дена. Си велам дека се потсмирувам. Како поминувате вие? Поздравчиња
здаво на сите еве и јас да писам ве Читам секој ден јас стварно незнам сто ке правам со тие мои бодези околу срцето како слон да ми седи на градите денес бев проверував крв супер а јас се осекам како да имам 100 години несто денес сум катастрофа еве сега излегов сама да се просетам се изнаплаЧав стварно е многу разоЧарана од самата себе мислам дека сите ги измаЧувам околу мене сто да си родам дете да си најдам работа јас сум секој ден по болници мозеби ке помине поздрав до сите
ејјјј, и јас ги имам истите проблеми .... се плашам дека ќе ми откаже срцето ама не се давам. пробав денеска, еве сега , пробав да го одиграм ова што е на линкот ...леле ми се плаче од среќа дека сфатив дека можам, не ми е напор повеќе, можаммммм ... Мила Надеж31, не плачи, мила , остави тоа...зошто се солзите само ако не се од среќа?! Ма ајде, зошто да плачеш, имаш сопруг, те почитува, те сака, таква каква што си...знаеш ли колку е вредно тоа?! Аман, сакајте се луѓе....одиграј го ова, ако не можеш тогаш само пола минутка барем, ќе видиш- мора да се осеќаш после топ , те гушкам http://www.youtube.com/watch?v=KPv8ZGrb78Y
Добредојде помеѓу храбрите сите ние го доживуваме тоа секој ден секој час понекогаш и почесто . Сигурно си била во некоја незавидна положба пред да ти се појави оваа напаст. Биди силна и барај си занимација затоа што колку повеке седиш дома толку повеќе напади добиваш. Едно треба да ти биде јасно како што и на сите тука ( на цело друштво )ни е јасно НИШТО ама баш НИШТО лошо неможе да ти се случи и од ништо неси болна. Оваа состојба е минлива само треба време самодоверба и многу трпеливост и се ке си замине како да не било . Тука сме сите ние за да се поддржуваме , да си помагаме и да се дружиме . Остави ги болниците тие неможат да ти помогнат шетај забавувај се биди мегу пријателите уживај во лјубовта така полесно ке можеш да стигнеш до главната цел ДА И КАЖЕШ ЗБОГУМ НА АНКСИОЗНОСТА . Не е лесно и ние секој ден се бориме со тоа но многу е важно да несе предаваш . Поздрав
Азура мила замисли да си бевме сите од еден град и да си имавме еден ваков простор па да си лудувавме и да игравме како на клипчето немаше ни паника ни ништо да остане . Ке ги запалеше патиките во неповрат Уживај мила
ви благодарам azzura adela добро доагат такви моменти јас се борам долго со оваа и сакам и бебенце да си добијам да работам да бидам тоа сто бев да се радувам на се,незнам како да си ја вратам вољата ама некогас се Чуствувам толку беспомосно излегувам се трудам ама некогас е тоа посилно од се во секој слуЧај вие сте срцки ве Читам секој ден и јас сум присутна со вас ве гускам голем поздрав и се надевам дека еден ден ке помине...
ке има и бебенце и крај на таа состојба не очајувај . ете за пример јас пред 3 год бев во оваа состојба па ми помина , е сега пак се јави но пак ке помине. милички мои еве нешто ново http://youtu.be/2rqDgQGQchc внесете се и пејте и вие навистина е добро па кажете како ви се допаѓа
леле Адела, колку е убава мантрава, а ми се допаѓа и зошто се пее To eliminate not only pain of diseases but also help in overcoming the major inner sickness of attachment, hatred, jealousy, desire, greed and ignorance. многу е убава...нема зборови кога се пренесува ваква енергија....
гледам позитивна атмосфера владее меѓу вас.. ЛАЈК ! ..ја малце да разбијам со депресии.. али мора да ве прашам, пошо ме мрдна веќе цела недела покрај нападите срце глава и секој можен дел од телото... ) осеќам АДРЕНАЛИН као банџи да скокам.. али е многу лошо трае по 15,20 минути и мислам дека цело тело ќе ми експлодира.. му се има на некој десено истово ? исто така и со видов приметив проблеми, баба не ми е рамна (се надевам дека е последица на анкс.) не можам да се фокусирам.. коа глеам у монитор превише ми свети.. и т.н. АМАААААААААААН ДО КОГААААААА ?
Да Монк се ти е од состојбата во која се наогаш и јас кога ке ме фати паника веднаш станувам неконтролирано со многу енергија ( телото се бори ) а и со видот е исто ете ме сега моментално неможам од кревет да станам а неможам ни да лежам ми се лоши ми врие желудникот трпки ми поминуваат низ цело тело половината како одкината ми е и се разбира дишењето ама сега ке се дотерам и заминувам на работа поздравче
и мене ми се допадна па ете пак ја слушам и си пеам па да видиме каква е за почнување на нов ден бакнежи мила