Тоа ми беше поентата да кажам дека нема доволна заштита оваа заштита во нашата држава е 0 за разлика од скандинавските земји да ги земам за пример. Исто и за деца и за жени и за стари лица и за насилства во училиштата нема строги мерки
Ne se prepukuvajte nepotrebno, Devojceto sto ja otvori temata imase konkreten slucaj za deca maltretirani od majka,(ako spored kazanoto mozeme da ja deklarirame taka). Ima nacini ima sretstva samo mora yporni da bidat. Site znaeme slucaevi i kade yspealo i kade ne uspealo,toa neznaci deka odma vrski fatile tie sto uspeale. Toa uspeva so mn upornost i pred se BEZ STRAV I SO OGROMNA HRABROST I LJUBOV KON DECATA.
Да да те разбирам што сакаш да кажеш. (Инаку еве уште еднаш ти се извинувам ако сфати дека тоа е за тебе, тоа е за членката која на секој пост во секоја тема се закачува и ми ги извртува постовите, вреѓа, се кара не дозволува некој да каже некакво мислење. И покрај тоа што ја игнорирам) Но јас лично кажувам дека и покрај тоа што законите не се опширни и е навистина тешко, има надеж и луѓе без пари без покрив на главата успеаа да се изборат за свое место под сонцето. Верувам дека има и случаи за кои не се знае но ги охрабрувам да пријават, во центри или невладини кои се бават со таа проблематика. Секако зборувам за тоа јас што сум го видела. Верувам дека ти познаваш луѓе со поинакви судбини.
Во оваа држава физичкото насилство не се зема за сериозно, а камо ли па психичкото. Уште повеќе, кога иде од правед родител-дете. Го знаеш менталитетот, ќотекот од рај е излезен, дете е тоа додека не му свикаш не се разбира, додека не го удриш не се учи етц етц.. Друга ствар, и да пријавиш и да констатираат надлежните дека вистински постои семејно насилство во куќата, што потоа ? Првин казна, па одземање на детето ? Насилник останува насилник, без разлика дали е маж или жена, нема мрдање од таа насилна жичка, значи доаѓаме до второто, одземање на децата. И како животот во позитивна насока ќе им тргне на децата ако се сместени во дом, со оглед на тоа што ги знаеме условите за живеачка таму, и што калибар се вработените, кои уште повеќе ги оштетуваат веќе оштетените деца ? Ептен лоша ситуација без идеално решение, не знам. Ете ако ако сакаш да имаш мирна совест пријави, можеби и јас би направила исто. А и уште нешто, погрижи се вистински да ја испочитуваат твојата желба за анонимност, пошто и тоа не функционира кај нас. Доволно е да има човек жената во полиција и одма ќе дознае дека си ти, па може да имаш проблеми после тоа.
Кога се одзимаат децата не се даваат право во дом. Прво се гледа кои се најблиски членови во семејството и дали ќе прифатат. Доколку не прифатат и не се најде друг член, бараат згрижувачко семејство. Некогаш се покажува како добра мерка, некогаш не. Се зависи од тие кои се ангажираат и колку се ангажираат за децата. Ама ако се сака се може.
Сите кои не ја согледавте двострано ситуацијата: Пред да нападнете некого за семејно насилство и уште да му се одземат децата, да ви текнеше дека не секој човек е роден психолог и попушта со нервите на моменти, особено кога се деца во прашање, кои честопати можат да бидат неразбрани. @Nisam odavde кога веќе го пикна носот кај комшиите, барем истражи ја приказната до крај. Свесна си и самата дека таа жена, каква таква, сама ги чува тие деца и нејзиниот лош пристап е веројатно многу пати резултат на страв дека нема да успее, дека ќе потфрли, дека нешто ќе им се случи. Сведоци сме на тоа дека децата воспитувани и од исти родители завршуваат на различни патишта и со различен табиет. Проблемот не лежи честопати во домашното воспитување. Како што премногу хистеричен родител може да биде лош старател, така и премногу заштитнички настроениот може да биде, какви што се 90% од родителите денес и прават лигуши од децата. И ние кога правевме бељи не караа и што ти не ни викаа, некои добиваа и ќотек. И сепак станувало луѓе од нас. Треба детално да се истражи ситуацијата на жената, да се вклучат и психолози, а не само да и се наметне етикетата семеен насилник и не веднаш да се повикува на тоа да и се одземело старателството.
Од една страна ќе сретнеш луѓе кои години од животот ќе посветат на учење како да воспитуваат и образуваат деца со посебни потреби и после гледаш колку со љубов си ја работат работата колку и да е тешка, знаат како да допрат до тие деца, додека ваму имаш родители кои при мало нетрпение си го вадат бесот врз детето кое притоа нема ниедно нарушување. А и да има, детето не е криво ако "лошо" се однесува. Ако на неа ѝ е тешко и не е психолог, постојат психолози. А бај да уеј ако неа ѝ е тешко, сигурно и на дечињата им е тешко што се без татко. Не знам од која причина е сама, ама као што реков, има стручни лица со кои би можела да се посоветува како да се справи. Тебе утре нека ти ја врзе шефот или дечко ти/маж ти на работа па некој нека ти рече ама да гледаме двострано. Нема да ти е сеедно нели? Или ти си возрасна, разбрана? И он попуштил со нервите де. Ни јас не ја знам точната приказна зад ова, ти кажувам дека нема оправдување за таков однос спрема дете. Особено не со фразата И нас нѐ тепаа, па еве живи здрави сме.
Епа ете сите сме различни и не може секој да си го посвети животот на дефектологија. Родителот не е во состојба во секој момент да изигрува полит, особено со се што му стои ма рамениците. Плус, немаш појма што направил некој за да не му се развикаш. Постојат и деца деликвенти кои нон стоп прават проблеми, а проблемот може да лежи само во тоа што се чувствува помалку од другите затоа што живее без татко. Колку што разбрав тука не стнува збор за тепање, туку жената им викала на децата. И на психијатар/психолог кога ќе отидеш, некогаш ќе ти се развика за да се свестиш малце. Не знам кој ви е тој агресивен тренд на цигулигу воспитување, од такви млитави родители најголеми деликвенти стануваат децата.
И децата треба да бидат разбрани и да се научат да помагаат на родителите во небрано, а не да прават додатен проблем, а некој гледа да ги извади на прав пат од петни жили. Кога ќе родиш дете не ти завршил животот, твоите желби и потреби и да се фрлиш на исполнување на хирови на размазено дете. Јас не реков дека е убаво да се караат по дома, ама е тотален ридикул да се повикува на одземање на децата на некоја жена, затоа што викала по децата, па ако толку ти е жал и сакаш да помогнеш оди прашај ја жената дали и треба некаква помош околу децата, а не да изиграваш судија и да ја пријвуваш за семејно насилство како пришипетља. Се мешате само ради сеир, а не ради алтруизам.
Се пронајде во пишаното? Им се дериш на децата па си се тешиш дека не е ништо? За психичко малтретирање в затвор се лежи, а не да одиш да ја тапкаш по рамо и еден зејтин оди купи и да не и треба помош на жената. Остави ја социјалната служба да одреди дали е ридикул или не. Ама ако за фаќање на дете и дерење "ќе те убијам" велиш дека е ридикул, јас и тебе би те пуштила на една стручна проверка. Нема да мрдне од мртва точка оваа држава заради такви ко тебе што мислат дека се мешаш кога пријавуваш насилство. Разгалени деца се резултат на неспособни родители. Ама полесно е да се каже дека детето ми е разгалено одколку дека јас сум неспособен родител нели?
На една братучетка на мм две деца и одземаа во Шведска зошто едното и падна од раце во банка. И за нејзе тоа беше ништо ама децата и беа дадени на старатели незнам колку години, па едвај некако си ги врати. Итоа рачунај паѓање од раце ненамерно. Аова е психичко насилство во случајов. Замисли да сме Шведска,а?
Ако оваа жената што секој ден ги малтретира обавезно да ги снимаш или слика или тон па да ја пријавиш у полиција, за доброто на деца!
Пријави во социјална служба. Повеќе имаат познавање од вакви работи отколку полицијата. И не се секирај за анонимноста. Законски, не смеат да кажат кој пријавил и ако им кажеш име и презиме.
Добро ако е мајка немора да значи дека и ќотекот е добар за детето и викање и хистерија тоа многу влијае на детето на неговата психолошка стабилност, смаодоверба.. Ако се хистерични или по природа нервозни личности или ако имаат ментално пореметување нека пијат лекарства, а не да истураат врз децата
Нормално е дека не е убаво децата да растат со нервозен родител, затоа што тоа ќе се одрази на нивниот понатамошен живот, но сакав да кажам дека можеби и самата жена била жртва на некакво насилство и тоа, поврзано со стравот за децата и стравот и самата да не биде лоша мајка, ја прави токму тоа. Се согласувам дека е потребно да се вклучи психолог или психијатар во приказнава, при што првично би била советувана и би ѝ била препишана некаква рецимо терапија, но не се согласувам со тоа дека децата треба да и бидат одземени веднаш. Доколку одговори позитивно на терапијата и се соочи со проблемот, и таа и децата ќе продолжат со нормален живот. Не можеш деца без мајка да оставиш, затоа што некогаш повишила тон. Сеа, може е стварно некоја лудача што си ги мрази децата и ги малтретира ничим изазвано, ама тоа секој психолог ќе го оцени и ќе реагира соодветно.
Никој не повика веднаш да ѝ се одземат децата, ниту зависи од некој тука, ниту ќе се деси ако се процени ситуацијата од надлежни лица дека ним им е подобро со мајката отколку без неа. Не е во ред никакво насилство, без разлика колку му е тешко на родител, децата не смеат да ги трпат нивните фрустрации. Те молам не барај оправдување веќе за неа. Ако треба да ѝ се помогне, ќе ѝ помогнат стручни лица, се разбира колку она ќе дозволи. А во интерес на здравјето на децата се надевам дека веќе е пријавено.
Треба да се направи страна ко што им за педофили, со сите насилници, да ги има со слика име и презиме. Не се само родители кои вршат психичко и физичко насилство, туку и професори, колеги. На сите вас што ви е ок дека дете се воспитува со викање и ќотек, размислете уште еднаш. Дали детето е проблем или вие си имате проблеми со себе, фрустрации кои си ги лечите врз невино суштество. Не само дете, и партнерот е често жртва на насилство. Проблемот е што многу повозрасни луѓе, најчесто и нивните деца, таквиот однос го сметаат за нешто нормално, а верувајте не е нормално некој да те млати, или да ти се дере, да те навредува и да се чувствуваш ко да газиш на јајца, ко да живееш со темпирана бомба. И психичното насилство е насилство, не мора да летаат шамарчиња за да се осеќаш безвредно и исплашено, и психичкото насилство знае да остави трајни последици врз здравјето жртвата. Не е нормално да се тресеш кога ќе чуеш дека личноста доѓа, и да ти е нелагодно да сте сами во иста просторија. Со таква личност не може ни да се разговара, само ќе го потпалиш оганот, они секогаш го имаат последниот збор. Затоа луѓе ако сте во брак со таква особа, спасете се и себе и децата на време, бегајте што е можно подалеку. Ако вие сте насилник, побарајте психијатарска помош и немојте повеќе да ви се повтори тоа.
Тука е ПРОБЛЕМОТ.... Доколку си сведок на СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО а не пријавиш или реагираш, ти по ЗАКОН си соучесник на тоа семеј.насилство. Од друга страна пак , поради ова НЕПИС*****Е ОД Ц.С.Р во Македонија, ако пријавиш, ке те обвинат за ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ и може гадно да НАЕ*ЕШ.... А бе ова е : КАДИЈА ТЕ ТУЖИ , КАДИЈА ТИ СУДИ И јас снимав и приложив АУДИО СНИМКА , ама за жал ова КЛОША**ТЕ ОД Ц.С.Р - ИЧ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ. МОРЕ ЗА НИВ ТРЕБА ЈАВНО ДА СЕ ОТВОРИ WEB СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДА СЕ ОСУДАТ ЈАВНО ( МИСЛАМ НА КЛОША*ИВЕ ОД Ц.С.Р ) Снимано е, ама не се ПРИФАКА