1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 27 март 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ Го прочитав линкот уште одма кога го видов, се пронаоѓам некаде :^)
    Ама прашањето го поставив чисто онака оти дома само тоа ми го викаат мајка ми и сестра ми :|
    Па да си прашам јас за секој случај, оти во последно време и не баш сум добра, цело време имам тахикардии, болки.... Спаркс ми објасни се убаво, како и што.
    Ама откако ми го рекоа моите дома ова, ептен ме загрижив.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Е па те предупредуваат...Не ти мисли никој лошо.Јас ти кажав што да правиш и мислам дека ќе ме послушаш нели.. :) Мораш да јадеш нормално и редовно.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ubavina89

    Ubavina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Бев болна од булимија и веќе една година како сум излечена но нешто што нонстоп ме држи во мисла е тоа што кога сум гладна и ако не јадам тоа што јас сакам почнам да плакам и ме фаќа нервоза. Јадам се но не сакам да претерувам не сакам да бидам пополна затоа што не се чуствувам добро , сега кога јадам бирам кое е подобро кое не е помрсно сакам да се хранам здраво несакам многу мрсно, благо несакам да мешам јаглехидрати со протеини и сл ... Сакам да знам дали сеуште сум болна дали имам психички проблем дали е нормално да се реагира така до плакање до колку јаденјето не ми е погодено ве молам за помош
     
  4. srekica

    srekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Несакам да те лажам и да ти кажам дека си излечена,затоа што и јас се тешам самата себе си.Добро е што веќе не повраќаш си тргнала доста напред ,само сега треба да се продржуваш и да не претеруваш со храна и од се да си почнеш да јадеш по малку.И јас пресњтанав да повраќам со сила ама затоа користам многу јаки хемисли лаксативи и диуретици за да идам нон стоп во веце.Незнам како да се ослободам од ова.Почнав полека без нив ама за 1 ден качувам и по 3 кила
     
  5. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Веднаш јави се на мајка и и носи ја на лекар.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас го имав овој проблем кога бев дете.
    Не можев да поснесам храна и ми се гадеше на самата помисла на неа.
    Не бев никогаш гладна, и веднаш штом ќе ми пикнеа нешто со сила во уста, имав нагон на повраќање и плукав.

    Имам слики од дете каде личам на џогер свртен наопакува.
    Голема коса и надоле ништо. Не се познава дека за човек станува збор.
     
  7. Angelesss

    Angelesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Вака... Јас почнав да бидам дебела кога бев 4то одделение (сега сум 8мо).. и многу се здебелив.. од некои си 35 кг јас накачив на 50тина мислам.. не се сеќавам точно.. и после 5то, 6то, и почеток на седмо се здебелував уште и стигнав до 68 кг.. тоа беше некаде лани летото и пред тоа пролетта и зимата.. кога почнав со седмо одделение, си набив многу комплекси како тоа сум дебела дрн дрн.. и навистина бев.. и дури самата незнам како, почнав да слабеам нагло.. и некаде пролетва стигнав до 55 кг.. сега сум 52, моите дома се загрижени, ми велат дека сум на работ на анорексија, многу малку јадам, ве молам помагајте.. почна и да ми се гади од храната... јадам ама ен многу.. 1-2 на ден 3пати преку сила.. што да правам.. коските кај колковите и карлицата почнаа да ми се гледаат клучната коска ми е премногу изразена, ама имам големи бутчиња(или пак повторно мојата психа проработува)... исто така и ребрата малку ми се познаваат а имам мал стомак и многу ми пречи.. а за вежби не ни сакам да слушнам.... :worried:
    P.S. сега дури и облекувам алишта што ги носев во 4то..... :(
     
  8. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Анорексијата е извртена слика за одразот во огледало, штом твоите дома се загрижени мислам дека треба да прекинеш со тоа дека си дебела и да се грижиш за своето здравје. Најдобро би било да побараш стручна помош.
     
    На Angelesss му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angelesss

    Angelesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Не сум по барање на стручна помош (тоа ми е веќе друг проблрм) ќе си помислам се и сешто како сум неспособна сама да се средам.. искрено ни јас не се сакам ваква, не сакам повеќе да слабеам, ама ете, не ми се јаде, премногу малку јадам единствено кога сум прегладнета јадам.. :worried:
     
  10. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Леле не ми се верува дека и оваа "ментална болест" ја "прележав" |( за среќа траеше кратко благодарение на мојата свест, се започна во седмо одд. на 13 год. имав некоја луда и нелогична желба да бидам преслаба иако бев слаба почнав да нејадам ама баш ништо, кога ќе се сетам мислам дека станува збор за некоја друга личност а не за мене, абе ништо не јадев само вода пиев и така со месеци чат пат каснував нешто нискокалорично, една кришка леб дневно за мене беше калориска бомба моите ме тераа со сила да јадам а јас демек го земав јадењето со мене во соба и потоа го фрлав (facepalm) коска и кожа бев а во огледало се гледав како дебела да сум, потоа почнав по малку да јадам ама вежбав максимално 3 пати по 45 минути дневно :drunk::headbang: после 6/7 месеци наидов на тема анорексија во списанието убавина и здравје ја прочитав статијата и се пронајдов во текстот, ме фати паника каква болест е всушност тоа и какви последици има и некако свесно се препознав иако многу анорексични тешко може да се убедат во тоа да престанат со изгладнување, за среќа кај мене беше исклучок и немав ниакви последици по здравјето. :whew:
    Сите што ќе се препознаат дека имаат анорексија, свесно да го сфатат проблемот затоа што знам имате една цел а тоа е да ослабете и да изгледате убаво а анорексијата е чиста спротивност на тоа, ќе изгледате 30 години постаро со слаби коски, слаба коса без сјај, бледа кожа, кршливи заби, коски и нокти, слаби атрофирани мускули, разни болести, исцрпени со ужасен изглед... Не е финтата да се биде само слаб, штосот е да изгледаш здраво и фит, со свеж и сјајен изглед а тоа само ќе го постигнете со здрава исхрана и физичка активност и само преку здрав начин на живот, изгладнувањето ќе ве доведе до смрт! Да знам дека звучи бизарно и брутално но тоа е реалноста за анорексијата ако се препознавте престанете сега!
    Мислам темава треба да се префрли у психологија затоа што ова дефинитивно е психичка болест, страв од дебелеење и илузии, во огледало гледаш сосема друга личност и уствари имаш проблем со психата и надминување на тој страв од дебелеење...
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Многу ретко го имам споделено моето искуство со оваа болест. Јас ја имав уште како дете. На 9 години јас тежев 11 кила, што не е нормално. Моите често ги прашуваа луѓето дали ми даваат да јадам, што мислам им паѓаше најнезгодно зошто токму тие се трудеа толку многу да ме натераат да јадам.
    Мене од самата помисла на храна ми се гадеше, не можев да поднесам храна воопшто, дури со тек на време и стомакот ми ја одбиваше и малата количина на храна што ќе ја внесев. Мене ми произлезе болеста поради тоа што сум алергична на лактоза и сахароза и од бебе бев на строги диети, и целосно ми се поремети желудникот.

    Многу е тешко да се справи организмот со сето ова, безброј пати лежев на инфузии. Со тек на време почнав да внесувам залак по залак на секои 15 минути и по неколку години ми се среди желудниот. Ама и ден денес имам последици од сето ова. Има денови кога не можам да јадам нормално и ден денес и кога ми се гади премногу од храна, кога свесно се фаќам себеси како само ја превертувам храната низ тањир и скришно ја фрлам на кучето ама се потсетувам дека барем сега изгледам здраво и се трудам да го надминам тоа. Имало периоди и кога ќе накачам тежина повеќе од онаа моја нормална и верувајте ми дури ми било мило, зошто никогаш не би сакала да се навратам на оној период кога бев коски и кожа.
     
  12. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Сериозно прашање. Висока сум 157 тешка 45 кг. Не мислам дека сум дебела ниту нешто слично туку едноставно не мислам дека треба да јадам. Дури и ако јадам се чувствувам некако виновно. Што ќе да ми е? Додека не почнат да ми кркорат цревата и да не можам да стојам веќе, не ми текнува да јадам. :wasntme:
     
  13. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Па не е лошо , таман си со тежината спрема висината.

    Анорексијата е опасна работа . Посебно младите кои сакаат да ослабнат брзо и имаат комплекси поради тежината , имаат голема шанса да станат анорексични .
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2019
    На tatjanasakalieva и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  14. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    832
    Не мора да е слаб некој за да е анорексичен. Има и многу крупни лица кои ги познавам(машки,женски) што имаат по еден минијатурен оброк дневно или го живеат денот со кафе и со благо ама немаат естетски промени, не гледам дека губат килограми. Ете имаат таков организам колку и да е чудно тоа. И некој ке каже дека ваквите се анорексични, т.е. одбиваат да јадат.
    Многу полошо е кај такви што се слаби и 100 пати на ден се гледат во огледалото, демек по цел ден јадат се и сешто ама тоа добро го подмачкуваат. НЕ пијат кафе насабајле. Пијат топла вода со лимон, темпераментни се место не ги фаќа(теретана/фитнес+дома вежбат), пијат ненормални количини на вода, јадат се само леб не, не внимаваат што јадат (демек) а кога ке ги прашаш дали имаат 3 главни оброци тоа не постое...и кој ке го видат само прашуваат-Е некако мислам дека сум поправен/а. Сум?. НА изглед се испиени во лицето и обавезно јадат прввокласно селектирана здрава храна.
     
    На SummerGirl и Sejfullai им се допаѓа ова.