Јас не станав зависна од антидепресиви. А пишав и претходно дека ги имам пиено 3 различни видови по повеќе месеци. Едноставно не ми делуваа затоа што за анксиозност не делуваат.
@izmislena сподели со нас каде точно си се обратила и кој ти помогнал, затоа што пет години пробувам да најдам стручно лице кое навистина има волја да ми помогне ама не го најдов. Освен 15 мин муабет и рецепти друго не знаат. И јас страдам од анксиозност, антидепресиви никогаш не ми помагале туку баш напротив ме бутале уште толку, ама затоа хелекс пијам редовно и сакам полека да го оставам но при тоа ми треба разговор и со добар психијатар да ми објасни како да ги фрлам еднаш засекогаш.
Беше во длабока депресија, идеше на терапии, чуда. И препишаа дури и потврда дека малку е шврки.. Ја клукаа со разни таблети, да стана зависна од нив. Имаше еден обид за самоубиство, за среќа неуспешен. Здоби тромбоза, по што тотално одбиваше да ги пие лекарствата. Епилогот беше второот обид за самоубиство кој за жал заврши фатално. Нема нешто што ќе ме натера да помислам дека не постои подобро утре! Нема да дозволам моите најблиски да ме гледаат како страдам, а најмалку да ги облечам во црно. Нејќам да чујам за анти-депресиви, а не па да ги пијам. Само јас знам како ја пребродев (до некаде) нејзината смрт.
Eden obicen analgin stvara zavisnost isto kako cigari alkhol i sl taka i antidepresivite prasaj psihijatar ke ti kaze ili procitaj po net
Ти ја препорачувам Мими - Гешталт психотерапевт, се наоѓа близу холандска амбасада во Ск. 1000 и беше 1 час разговор кога бев јас, сега не знам, али многу е добра.
Ова е претежно, нека почива во мир. Но, не можеш да кажеш дека сите што пијат апчиња си прават лошо на себе
Инаку да, пробав неколку психијатри, психолози, психотерапевт и мислам дека одбрав добар на крајот не знам зошто иронија
Скоро за секој антидепресив му требаат најмалку 3-4 недели за да почне нормално да функционира и да се нормализираат хормоните. И јас пијам депрозел, мене за околу 4 ипол недели почна да ми се нормализира организмот и да ми се навикнува на антидепресивите, ама треба време за убаво да ги почувствуваш дејствијата. Инаку прочитав погоре за некој случај каде антидепресивите довеле до самоубиство. Лошата работа со антидепресивите е што тие треба да те третираат и да те спасат од суицидални мисли, ама имаат контра ефект бидејќи ти даваат ептен храброст и може да те потикне на самоубиствен чин. Во самите лекови, на ливчето со препораки пишува дека може да се јават суицидални мисли и затоа луѓето што земаат антидепресиви мора постојано да се надгледуваат и да се внимава на нив бидејќи секакви работи може да бидат тригер за да се направи глупост. Ова многу често не се кажува од психијатрите бидејќи е огромна одговорност, ама тоа е реалноста. Го имам доживеано и искусено ова, затоа зборам. И ако имате блиска личност што е на антидепресиви ве молам внимавајте, може да изгледа сосема најнормално, а да биде suicidal.
За тие што патат од дереализација што често е и придружна состојба на анксиозноста не се препорачува медитација. Може само дополнително да ја влоши таа состојба на изгубеност и чувство како да се наоѓаш во сон.