da se cuvstvuvam Kako da ziveam inaku bev skroz zatvorena I nisto ne mozev da rabotam da sega funkcioniram blagodarenie na hemijata pa imalo kurtul
Тоа е добро. Бидејки има случаи каде што никаква промена не забележуваат лугето но и понатаму ги пијат од страв да не дојде на полошо. Затоа викам добро е штом имаат ефект и што ти го подобрува квалитетот на животот.
За жал некои ситуации не се едноставни за пребродување без соодветна помош. Среќа што има лекови за таквите ситуации. Само со поглед напред и се ке биде во ред!!!
Se na da taka e morav da go prifatam toa deka treba da pijam lekovi za da odam napred da funkcioniram
Така е бидејки не одговара секој антидепресив на секаков организам а и ако се работи на биполарно пореметување не делуваат антидепресиви само
Апсолутно се сложувам. Антидепресивите како што и името кажува влијаат на расположението на однесувањето даваат овозможуваат полесно да се пребродат некои емотивно тешки ситуации и слично. Биполарните растројства се сосема друг тип на проблеми и бараат поинаков третман.
Во пракса се даваат и антидепресиви за анксиозност, и антипсихотици за депресија и се настојува во иднина да се исфрлат овие класификации, така да не, името не секогаш кажува за што се користи лекот.
Зависи од јачината на симптомите, искуството на психијатарот, возраста на пациентот. Сеуште се користат и постари генерации на лекови кои даваат задоволителни резултати наспроти новиве кои како главна несакана појава е дебелеење. Тоа го тврдат и кориснички погоре во постовите!!!
Ако се погодени антидепресивите кај одедени личности можат по 10 20 години да немаат појава на депресија зависи од прихијатарот кој ке ги препише дали точни или некои кои не делуваат кај лицето доволно
Како и сите па така и јас само побарав совет од некој кој веќе имал искуство со истите, како влијаат итн. Сигурно не оставивме да чекаме ТИ да ни одговориш или подобро кажано да ни продаваш мозок што треба да правиме као најголем стручњак овде.. И да само да те известам дека бевме на доктор, но кај друг и тој веднаш и ги прекина лекарствата кои ги земаше бидејки тие не и одоговарале, и баш од нив била како поспана, омалаксана и изморена. И препиша друга терапија од која фала му на господ е подобра. Доколку сите реагираат вака како тебе тогаш незнам кој би побарал совет и мислење овде.
Браво штом сте отишле на доктор. Не треба да си најголем стручњак за да знаеш дека за проблем каков што имала мајка ти не се бара совет на форум. Ама пошо вие се знаете и на своја рака прекинувате лекови наеднаш, стварно не ми е јасно што совет чекаш ние да ти дадеме. Требаше да ти кажеме, браво штом стеги прекинале лековите без консултација со доктор, алал.
Недај боже да се најдеш во таков проблем тогаш секаде ќе побараш мислење и совет само да и помогнеш. А мој совет за тебе е следен пат прво да се преслушаш што сакаш да пишеш или воопшто и не враќај онаму каде нема да помогнеш.
Девојче, најдобриот совет и најдоброто нешто што можеш да го направиш е да одиш на лекар за вакви работи и да не прекинуваш лекови на своја рака и после да пишеш како ти е страв да не имало негативно влијание прекинувањето. Лош совет ќе беше да ти речев, не уживајте, нема врска што сте ги прекинале лековите наеднаш, али ти си знаеш што да ти кажам.