После работните обврски си одиш дома можеби со кола може да ти сметаат. Може да одиш на кафе ке те заспијат. И на крај имаш работни обврски и дома пак ке ти сметаат. Затоа најубаво пред спиење.Барем така јас мислам.
Пиев сероксат скоро 7-8 месеци. Ги прекинав самоволно на неколку денови и сега го имам тоа чувство ко да ми паѓа притисокот, не можам да функционирам ко шо треба. Инаку и кога го пиев сероксатот имав понекогаш такви моменти али малку беа. Имал некој ваков ефект при депресија/анксиозност?
Наеднаш ги прекина или постепено намалуваше? Не е добро наеднаш, мора прво да се намалува дозата со консултација со психијатарот што ги препишал. Јас сум на најмала доза на пароксетин моментално (ист состав се со сероксат), 5 мг пијам и наредно ми е целосно да ги прекинам, ама не ги намалував на своја рака. И мене со оваа доза ми се случуваат некои чудни физички симптоми, како струја низ тело ми поминува, се плашам како ќе е без нив.
Бев во ваша ситуација и чарето го барав во лекови, откако пробав три лека и видов дека нема аир решив со психотерапија. Се осеќам 50% подобро, анксиозноста е секад тука нели ама под контрола... не размислувајте на лековите како опција за излекување... треба да се најде причината и да се работи на тоа
@Sandra91 одам редовно И јас сум подобра (поточно бев, сега ситуацијата ми ја влоши пак анксиозноста), затоа ми ги намалува за по некое време да ги прекинам целосно.
за жал знае да е пеколна ... и мене мал стрес ми треба за да се активира повторно со облак мисли и симптоми .. и секој пат е нов почеток ..
Искуства со Елицеа? Пијам еден месец по 5мг но разлика не почувствував. Е сега со оглед на настанатата ситуација со вирусот не можам да одам на психијатар. Не знам дали да си ја зголемам сама дозата на 10.
Елицеата се најслаби антидепресиви и им треба време да почнат да дејствуваат. И јас пијам од 5мг, осетив разлика после два месеци. Сама немој да зголемуваш никако, ама можеш да си го исконтактираш психијатарот и телефонски на кратко да кажеш дека не чувстваш промени, а он ќе ти каже дали е време за зголемување на дозата. Ама би рекла дај уште малку време.