До 17 часот сме сами, после веќе е полесно со мажот ми е, шеткаат или надвор се. Јас претежно сум дома од март наваму, многу ретко да испазарам, ама морам барем со пешачење да почнам. Се затворив четири месеци дома и сега се одразува. Фала ти многу.
Здраво.Да споделам лично искуство,пред 6 год.пиев пароксетин во форма на SEROKSAT,за дијагноза анксиозност со депресија по препорака на лекар.Бог здравје да му даде на тој што ги измислил.Не можев да станам од кревет се чувствував многу исцрпена и дење ноќе плачев, а имав мало дете и работа од која се бара продуктивност..Ги пиев 8 месеци и докторот ми ги прекина.Размислував како ќе живеам без нив,ми беше страв да ги оставам,но откажувањето испадна супер.Немав негативни реакции.Посетував и психолог тогаш, но мислам дека треба повеќе сесии.Таа негативна состојба не настанала за неколку дена ,и затоа треба да се посетува психолог минум една година 2 пати месечно.Подобрувањето одеше полека,секој месец на подобро.Ова беше старшно искуство за мене и станав религиозна,и верата во БОГА помага.
Здраво на сите. Прв ден од терапија со елицеа од 5 мг почетна доза и не се осеќам ич добро. Дали сугестивно дека очекував негативна реакција на старт или стварно не знам. Ми треба совет од некој од вас што ја зима, колку дена ќе не можам да функционирам нормално и како сте задоволни од леков?
Фала ти, мора да се издржи . Ги пиеше во комбинација со друг лек? психијатарот ми рече хелекс само по потреба при поголема нервоза, а ни тие ги немам зимано никогаш.
За вртоглавица обично препишуваат, антипсихотик, не знам зошто. Еднаш сакаа да ми препишат, аа не, забораив одма на вртоглавицата. Ако е од панични напади произлезена, можеби затоа ти прешишале, затоа што од панични напади се зезнува центарот за рамнотежа.
Ти најди си го твојот начин на лекување и не им се мешај на другите за други начини. Ко што пиеш антибиотици за настинка, така и антидепресиви требаат некогаш. Остави доктор да процени на кого му треба, на кого не.
Имам пиено антипсихотик, кратко, и многу ми помогна, ама не смее да се пие долго. Кај мене е од вратот, нема што не пробав.
Да не имаш проблем со доток на кислород во глава? Тоа знае да праи проблем. Седатив ќе ти го ублажи,ама нема да ти го реши тој проблем (ако е тоа).
Темата е отворена за слободна дискусија и секој слободно да си го напише своето мислење. Овде немаше да пишуваме мислења ако сите сакаа да одат на доктор. Тука никого на никому не му се меша. Тука бараме мислења и искуства од членовите на форумот. Даваме совети и предлози. А, тебе ако те нервира тоа, немораш да воопшто да пишуваш вакви нападни мислења. Кој што сака да си напише нека си напише, без потреба од напаѓање. Имај убава вечер.
Здраво јас сум нова на форумот веќе подолго време се борам со анксиозност кај која како последица се јавува депресија и опсесивни мисли проследени со панични напади пред 10 дена докторката ми препиша занфекса 50 мг насабајле 50 мг навечер и три пати на ден хелекс но кај мене сите симптоми станаа поизразени особено анксиозноста дали некој од вас имал искуство со овој лек
Темата не е ако некој се бори со депресија и пие лекови, ти да му напишеш фрлај тоа хемија е. Не, не е тоа темата.
Zdravo ima li nekoj iskustvo so AD Zanfeksa i kolku vreme i treba da deluva jas ja pijam veke 9 dena 2 pati na den po 50 mg i simptomite mi se vloseni dali e taka na pocetokot ili lekot ne mi odgovara
Треба да збориш со докторот што ти ги препишал. Објасни му ги симптомите. Може треба да почекаш, може треба да ги смениш, ама тоа тој ќе ти каже.