Антидепресиви

Дискусија во 'Психологија' започната од lileee, 27 јуни 2011.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Секој антидепресив е различен. Некои имаат побрзо дејство, некои поспоро. Никој пат неможеш да процениш ад само од еден месец, освен ако има некои тешки абнормални ефекти врз телото. Од прилика треба еден месец да помине, за да видиш дали ти одговараат или не. Не сакам да пишувам за нус ефектите кои доаѓаат при навикнување на апчињата, бидејќи потсвеста е премногу моќна и може да ги имитираш истите. Почекај барем еден месец е мојот совет. Но, по незнам кој пат ќе кажам, мораш да разговараш со психолог. Да видиш што е она што те влече во сопствената жива кал. Продолжи и ќе видиш подобрување. Јас до сега имам користено два типа на антидепресиви. Едните беа Елицеа, која страшно лошо ми делуваше на почетокот. Мигрени, халуцинации, зголемена анксиозност. Меѓутоа бев решена да ги земам, затоа што ми требаше брз излез. После година или две од откажување, ми препишаа Миртазапин. Едноставно нема подобро нешто. Имав сува уста и суицидни мисли на почетокот, но многу брзо ме дигнаа. Сепак најголемата помош ја добив од психологот и благодарение на него, дознав што е всушност анксиозност. Јас пак ќе бидам на моменти анксиозна, но суштината на истата веќе не ме плаши, баш напротив, се здруживме.
     
    На elmj и Anksa им се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Дечки пијам elicia и melatonin, бидејќи имав голем проблем со спиењето од типот со часови се вртев неуспешно и сл. Еве две вечери го пиев melatonin и заспивам по 1 до 2 часа откако ќе го испијам, што пак е многу. Ноќеска неколку пати се будев и тешко презаспивав. Утрово (а и вчера) имам ужасни главоболки. Дали може некој да ми објасни како треба да делуваат овие апчиња? И ако има некој со искуство да ми каже дали е нормално ова... Збунета сум бидејќи докторката (психијатар) ми рече да ги пијам точно пред спиење за да не заспијам некаде по пат :D и по тоа сфатив дека треба брзо да делуваат. Моите се melatonin retard (портокалово кутивче). Имаше два вида (и едни во сино) и аптекарката ми ги предложи овие за подобри. Инаку во однос на антидепресивот вчера се осеќав многу омалаксано со вртоглавици и некои други симптоми (иако пиев само четвртина апче), но мислам дека тоа е нормално во првите денови.
     
  3. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Така е во право си треба време и да се издржи додека почне лекот да делува а и не е работата само на лекот на ослони мора да ја бара суштината коренот на проблемот
     
  4. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар психолог ако не е проблем
     
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ти пишав порака.
     
  6. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Дали на некој му се случува на почетокот на користење на АД насабајле да му е полошо за разлика од остатокот на денот апетит на нула можност да се сконцентрира и да сработи нешто исто така нула мисли до плафон
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.279
    Да.
    Мене ми се случуваше.
     
    На Anksa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Оф се надевам дека ова ќе помине се чуствувам измачено
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Јас по 7 дена елицеа за жал морав да ги оставам бидејќи ми даваа страшни негативни ефекти од ден во ден многу полоши од пред да ги почнам. Ќе се вратам на други кои претходно долго ги пиев а психијатарот сакаше да сменам со понов ад зошто и покрај терапијата редовна со старите ад добивав панични напади. Дали имате искуства со префрлање од еден на друг ад?
     
  10. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Змам дека треба време за секој ад, психијатарот инсистираше и дозата да се зголеми меѓутоа по 2 дена од 10 мг страшно лошо се осеќав, без јадење пиење спиење, буквално дехидрираност. ☹ Не знам дали има смисла толку мачење за да се чека позитивен резултат. Не сакам да плашам никого што треба да зима ад ама секој организам различно прифаќа некој лек.
     
  12. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно ако не се издржува се бара солуција нормално и јас исто неможам ни да јадам ни нормално да функционирам меѓутоа бев предупредена дека тоа може да се случува на почетокот...но штом се враќаш нс нешто веќе познато во ред...се ќе биде само треба време
     
    На Aronika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    5.598
    Таков е принципот на работа на антидепресивите, не се како вентор напиј се и ќе пројде болката. Се работи за мозок, неуробаланс, трансмитери, сератонин ... така да не може да биде преку ноќ, ниту депресијата не сме ја добиле одеднаш. Самата депресија е многу многу пострашна од тој преоден период што мора да се помине.
     
    На WildMk, poi, Aronika и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Точно така затоа има и период што се толерира
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.068
    Допаѓања:
    173.705
    Пол:
    Женски
    Издржи две недели, три преку сила. Не се откажвај. Мора да стани полошо пред да стани подобро. На тој принцип функционираат. Само гледај да имаш луѓе и поддршка околу тебе во овие почетните недели. Негативни ефекти, за жал, мора да ги има во тој почеток. Ама исчезнуваат покасно. И за среќа, ретко ги има покасно ама буквално те „бомбардираат“ на почеток. Никако на своја рака прекини. Само период е. Кога си издржала една недела, буквално на пола пат си пред да почни да ти биди подобро.
     
    На WildMk, poi, Aronika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.279
    Ова е многу битно. (y)
    Кога се враќав на антидепресивите, после бременоста и доењето, седев три недели кај моите, затоа што знаев што ме чека, а маж ми одеше на работа, и немаше да ми биде 'при рака' секој пат кога ќе ми беше лошо.
     
    На Anksa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мажот ми од кого имам најголема подршка оваа недела е по цел ден на работа затоа и јас дојдов кај моите бидејќи само 14 дена сум на терапија од кои 4 дена на зголемена доза за да дефинираме колкава ќе биде дозата што ќе ја пијам..Значи најбитно е секој да најде подршка од луѓе кои ќе го разберат и позитивно ќе му делуваат
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Девојки дали може да се крене температура (37,2-37,5) од elicea?
     
  19. Aronika

    Aronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Фала на сите за подршката. За жал во моментот морав да одам редовно на работа плус немам стабилна личност за покрај мене во вакви моменти. По консултација на матичниот со психијатарот решија да ме вратат на ладиомил кој добро го поднесувам само не знам колку има ефект по долгогодишна употреба и не се осеќам среќно. Додадоа уште хелекс и ансилан. Па ќе видиме во иднина дали ќе мора да се проба нов ад за што ќе мора да земам одмор или боледување очигледно. Подршка до сите кои се борат со депресија, само тој што поминал знае какво е чувството но верувам дека со права терапија има излез.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anksa

    Anksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Се ќе биде во ред ќе помине и ова само не се откажувај пробај се што ке ти каже психијатарот и не се плаши од нов АД од него може само подобро да ти е
     
    На Aronika му/ѝ се допаѓа ова.