Јас ги откажав пред месец дена. Чувството на струја е нормално ке го имаш максимум две недели ,ти ветувам....не се откажувај ке видиш...❤
Ќе помине, издржи, јас моментално откажувам занфекса, Господ го видов првата недела, сеа е подобро се намалуваат симптомите на откажување, издржи можеш ! ❤️
Јас пијам Зепира (есциталопрам) веќе 2.5 години. Ми помогнаа да излезам од анксиозно-депресивна состојба која траеше 2 месеци. Посетувам и психотерапевт веќе 3 години, која ми помогна премногу, многу повеќе од антидепресивите. Според мене таквата комбинација е најдобра за третман на вакви состојби, па можам и да кажам дека целосно ме промени на подобро. Две години пиев 10 мг, а сега сум на 5мг и одлично се чувстувам и размислувам. Планирам и да ги намалам на 2.5 со кршење на таблетата, а во ПМС по препорака на психотерапевтот ќе пијам 5 мг, поради привремено депресивно расположение. Откажувањето беше прилично лесно, само два три дена имав блага анксиозност но мислам и беше и умствено поради самото откажување. Би ви предложила на сите кои страдате од анксиозност, депресија и слично, обавезно најдете психотерапевт кој ќе ви одговара! Не ги жалете парите знам дека е скапо, ама вреди, бидејќи и менталното здравје е сепак здравје. Поздрав до сите и ви посакувам лесно опоравување, сфатете го како нешто пролазно, млади сме и нормално е да имаме вакви периоди, сепак најдобро е да се најде причината и решението за полесно поминување на истите. ))))
Директно не можат да влијаат на циклус, нема такви докази. Како и да е некои антидепресиви можат да влијаат на хормонот пролактин, односно да го покачат, во ретки случаи кај жени, кој може да влијае врз циклус. Би ти препорачала да испиташ пролактин (и други хормони, види на гинеколог прво).
Здраво, исто и јас кога ги оставив ми се појавија такви симптоми, и сеуште ги имам бидејќи ги оставив антидепресивите (Елицеа) пред 5-6 дена, после 3 дена ми се појавија симптоми, еве 3 дена верувај незнам кај терам, психички сум скроз океј, значи подобра никогаш не сум била психички, но физичките последици од откажувањето ме убиваат, ама знам дека ќе помине, психијатарката ме предупреди за оваа состојба уште пред да почнам со намалување (па откажување). Осеќам како струи да ми поминуваат низ целото тело, вртоглавици, трнење на раце/нозе/глава/усни/очни капаци итн., заматен вид, проблеми со концентрација и помнење, осеќам како да се губам во просторов, понекогаш доживувам и деперсонализација, тахикардии, кошмари, тешко заспивање и постојано будење (ако заспијам), исто така ми се случуваат и грешки во говорот, гадење, имам чувство како да ми се пресекуваат нозете кога пешачам/трчам и што уште не... Се извинувам на долгиот пост, но со ова сакам да испратам порака до сите оние кои се борат со последици од откажување на антидепресиви, ви посакувам што поскоро да ви помине оваа тешка состојба, ве охрабрувам да не се откажувате по никоја цена, бидејќи симптомите траат само одредено време, потоа ги снемува, и јас минувам низ истото, верувајте никогаш не сте сами, после дождот секогаш изгрева сонце
Мене скоро ми завршува тешкиот период, а беше тешко, дури и почнав да плачам без причина пред некој ден. Тебе би ти препорачала да земеш нешто за смирување на природна база, и нешто за спење- многу ќе ти помогне да го пребродиш периодов. Убаво е вака кога си даваме поддршка.
Јас сама ги намалив на 5 мг, мислејќи дека можам и се покајав за тоа.. Психијатарот ми кажа така ќе тераме со 5 доколку не се почувствувам пак лошо, сега веќе се навикнав ми помина тешкиот период, ама не сум сигурна дека можам целосно да ги откажам... 6 месеци ги пијам..
Да, пијам за смирување некогаш чај Валеријан Микс или маточина, помага многу, денес се осеќам подобро од вчера, се надевам дека деновиве ќе исчезне скроз. Напомена: Валеријан Микс во него содржи и кантарион, затоа не смее да се пие додека се пијат антидепресиви, бидејќи и на самото упатство што е во пакувањето од апчињата пишува дека треба да се избегнува кантарион додека се пие антидепресив.
Би ти препорачала да ги пиеш уште малку па потоа да ги оставиш. Кога више ќе осетиш дека си добра психички, тогаш почни со откажување, малку по малку, исто како што си ги почнала, ако пиеш сега 5мг пробај да ги намалиш на 2.5мг, но пиј ги по 2.5мг околу недела-две пред сосема да ги откажеш бидејќи нагло откажување многу тешко оди. Поминува но многу потешко отколку постепено намалување. И верувај дека ќе ги откажеш, не се предавај, биди упорна, исто и јас мислев дека никогаш нема да можам без нив, но еве, ги оставив, можеш и ти, само верувај во себе, биди посилна од сѐ, увери се себе си дека можеш и без нив колку и да ти е тешко кога намалуваш или целосно оставаш. Докажи си себе си дека не си зависна од нив, верувај во тоа затоа што какви ни се мислите, таков ни е животот, биди позитивна и за сѐ размислувај позитивно. Период е, ќе помине. Кај некого побрзо, кај некого поспоро но ќе помине.
Дали некој поради дефицит, прешол од Занфекса XR 37,5 капсули на Занфекса 37,5 таблети? Од кој производител ги зедовте таблетите? Искуства?
Дали некој знае колку време траат симптомиве после оставање антидепресиви? 8 дена има поминато од кога ги оставив, но уште се присутни и интензивни...
Конечно ја гледам светлината од големиот тунел со полош на дулсевиата и хелексот.. Конечно после толку години.. I feeling myself, иначе женски ксанаксот и хелексот се многуу различни а исти состав на фјзер е подобар ксанксот не успива многу повеќе ти дава сила отколку хелексот што одма ме бута.
Здраво пијам Зепира од 5 мг две недели иа денови кога ми е подобро но сефа и ПМС и лудило тежина што да кажам
Zdravo. Pijam elicea vejke 3 nedeli i mnogu pocnaa da me bolat dojkite i dolu kaj stomkot dali e mozno da e od eliceata da imam nesto hormonsko poremetuvanje
Можно е да те боли стомакот од нив оти не си навикната на нив. Елицеата имаат мнолгу нус појави на почетокот од терапијата.