пиев од 20мг,па потоа од 10мг,тоа е најмала доза не е голема ме интересира искуства со елицеа,колку сте задоволни и по колку време делуваат
Да не ве разочарувам, јас немам добро искуство со елицеа. Кај секого нели различно делува и зависно за што и како се препишани. Тоа беа првите лекарства што ми беа препишани, пиев елицеа околу 2-3 месеци, но не забележав подобрување. Не би да се навраќам на тој период, подоцна кога ми ја менаа терапијата пополека се средував. Пак ќе кажам, тоа е само моето искуство, што не значи дека ќе биде и ваше. Секој организам е различен и различно му делува. Се надевам дека вие ќе сте меѓу тие со позитивно искуство.
Веќе 3 години ја пијам, убаво ми делува, само што кога ќе испијам поголеми дози имам проблеми со дијареа, главоболки итн. За оставање тешко се остава, човек зависен од неа станува.
како мислиш во големи дози,вајда секојдневно истата доза ја пиеш ,не те разбрав конкретно со поголеми дози мила
Пијам дневно по 20 мг а при тешка депресивна епизода се случува да се напијам по 30 / 40 мг. Знам не е препорачливо над 20 мг ама секој си се бори против депресијата како знае и умее.
Првото е елицеа и имаш искуства погоре. Второто е хелекс. Сум пиела претходно во комбинација со други ад и имав подобрување. Пијам и сега хелекс, бидејќи имам стресен период. Ми помага и ме смирува. Но ствара зависност.
Јас лично сум многу задоволна пиев првиот месец 5мг после 10мг само насабајле а навечер пиев хелекс по потреба од 0,25мг. Со оглед на тоа што пробував да си помогнам и сама за мојот проблем со кој се соочував многу брзо ми помогна, осеќав дека ми ја враќа позитивата што си ја имав претхосно и доста енергија ми даваше. Подобро почнав да се чувствував после 3 месеци активно пиење , јас ги прекинав по 9 месеци сама на своја рака.. што не препорачивам на никого ама не бев толку лошо кога ги прекинав дека и сама верував ваљда дека сум добро веќе.. Јас сакав да прашам искуства со тие што ја пиеле елицеата, јас се здебелив од неа доста кг претпоставував дека е од неа затоа што не сменив баш ништо друго во исхраната а и имам слушано дека антидепресиви општо дебелеат. За колку време си ја вративте килажата после престанокот ја терапијата?
тоа е индивидуално,јас пиев 8години ,а ставив 6кг,за на мои 175см висина да дојдам до 64 кг,фактички дојдов во нормална килажа,сега не пијам три месеци и пак паднав на 58кг,моментално ослабв сакам да почнам со елицеата ,но пишува дека луѓе со неправилени откуцаи на срце ,тахикардии несмеат да ја пијат.Дали некој со тахикардија и аритмија ја има пиено?
Јас пијам Елицеа (Escitalopram) веќе 2 години, прво на 5, па на 10 мг, па на 20, па назад на 10 и сега на 5. Дефинитивно помагаат и тоа многу, јас сум презадоволен. Единствена маана - многу отвораат апетит, нон-стоп ќе ти се јаде. Уште ако и не си физички активна, седиш цел ден... Јас за 1 година се поправив 20 кг
јас ја започнав од денес,а имам тахикардии и екстрасистоли често,ти дали имаше тахикардии од самата анкс и панични пред да започнеш да ја пиеш и по колку време осети подобрување од елицеата?ти благодарам
Пред да почнам да ја пијам тахикардии немав, меѓутоа бев многу нервозен, напет и под стрес секој ден. Јас почнав од многу мала доза 5 мг и таа ја пиев 2 месеца, па третиот месец преминав на 10 мг и тогаш осетив подобрување.
јас сум на елицеа две недели, сега ја зголемивме дозата на едно и пол апче. првата недела секое утро повраќање , ослабев пет кг, апетит нула, но скроз подобро се осеќам. хипер сум не застанувам по цел ден сум во движење, глава ладна, емоции ич.
пиев јас 8 години пароксетин, три месеци нипто и сега елицеа ти се врати апетитот?јас прво апче, поспано се осеќам и тремор моментално раце и глава,а панични те фаќаа првите две недели или?