Дали некој има искуство со флуоксетин и како ви делуваше? Зборував со неколку личности што го пиеле и ми кажаа дека многу ослабеле, дали и а вистина во ова?
Ја искрено ко робот се осеќав не знам дали месец дена го пиев еднаш страшно повраќав и да помалку јадев многу... После тоа правев пауза три месеци и хаос дојде на глава страшно на никој не би го дал тој лек
Истите почнав да ги пијам од пред скоро 2 недели. Од колку мг пиеш зепирА? И дали ти текнува дали на почеток кога ги почна имаше нус појави, како ветоглсвица гадење и сл.? После колку време почнаа да делуваат како што треба?
Имате многу погрешна слика за антидепресиви. Тие не ве прават нешто што не сте, напротив, вие не сте вистински без нив. Како? Епа, од медицински/хемиски аспект на депресивни/анксиозни луѓе им фали серотонин ( невротрансмитер, "хормон на среќа" ). Антидепресивите само ги регулираат тие хормони, односно ги доведуваат во ред и во количина која ја имаат "нормалните" луѓе. Механизмот им е тој. Не ве дрогираат, баш напротив, отрезнуваат и го разбиструваат умот и психата.
Луѓе, како се снаоѓате со зголемен апетит? Пред 2 месеца ми заврши терапијата со Елицеа, меѓутоа уште чувствувам многу глад и тоа конкретно за нездрави работи (чоколади). Пробав разни диети, искрено напорни ми се, константно треба да готвам и никогаш не сум најаден.
После 6 години со борба со анксиозност,панични и депресија сакам да почнам да пијам антидепресиви. Првите 2 годими одев константно на разговор кај др.Ангелина и нсвистина многу ми помогна. Откако прекинав имав период ок од година,година ипол и потпа пак почна истата агонија. Кога сакав да продолжам на разговор ми кажаа од ПЗУ Калинка фека др Ангелинс не работи таму повеќе и така почна мојата потрага по друг доктор. Одев на различни места и не бев задоволна. Крајната опција ми беше др.Хаџи Ангелковски и тој ми предложи да почнам со Елицеа. Почнав и кога требаше да ми препише пак бидејќи ја испив за месец негде препишаната доза, човекот исчезна, дали отиде на одмор, навистина не знам. Нагло ги прекинав и имав многу несакани последици, хорор ми беше. Пак помина година ипол, некако терав не знам ни јас како и ради х причини се влошуваше состојбата. Не излегувам од дома нжбез кока кола, одам само по "сигурен пат", избегнувам луѓе и места. Ужас. Пробав кај една друга млада девојка и беше навистина катастрофа. Сакам деновиве да го побарам пак Ангелковски бидејќи многу тешко се наоѓа човек што одговара. И дефинитивно би сакала да почнам со антидепресив бидејќи минува времето а јас само повеќе се затворам. Извинете на долгиот пост, се надевам ќе разберете. Ако имате предлог за добср психијатар, техники, предлог и искуства со антидепресив би ми било драго.
@contact us За терапијата треба прво дијагноза не се знае што навистина би имала и за самата дијагноза да биде поточна треба следење не само од прва иако повеќето ќе ти кажат одма треба добро иследување зашто во психијатријата еден куп на дијагнози имаат исти симптоми. После тоа се пробуваат различни лекови и дози и ова исто од прва ако е искусен докторот и сака да помогне ќе следи не само од првиот пат да препише лекови туку важно овде е иследувањето што бара време. Тоа значи менување на лекови и дози зависно од реакцијата и нуспојавите исто така. Инаку мислам дека тоа со затварањето ти е индикација дека мораш да побараш помош посебно ако не е минлива работа односно ти трае подолго време. А за совет за доктор јас можам да речам од клиника за психијатрија има неколку добри докторки што се оди со упат од матичен доктор.
Сѐ согласувам. Меѓутоа за државно се чека многу и не се следи баш ситуацијата како што би требало во мојот случај. Првиот пат кога имав панични одев на државно со упат и чекав по месец ипол за термин. Инаку и јас би сакала таму,ем поефтино ем знам дека има добри доктори.
Тогаш пробај да одиш во некоја приватна ординација што работи со фонд знам дека има неколку и гледај повеќе пати да одиш во месецот за да те следат на почетокот тоа ти е многу важно, тоа е што можам да ти речам.
Азоларот 1/4 ми ми го дадоа навечер за допаминот, лпк помага во расположение и ги контрорирал мислите. Јас не почнав да ги пием пошто ми е страв. А плачам секој ден и не ми е добро
Стравот не ти е од лековите стравот шета тој ќе се фати за друго ако не се лековите и така нема да ти се поправи ситуацијата, треба да ги земаш сите дози што ти се дадени и дури после да се види ако не ти е подобро треба да се накачат инаку без лековите не можеш да имаш подобрување.
Менди незнам мила до кај си со ова,ама јас од Парокстетинот живнав. Асентрата незнам ,не ми помогнаа многу.
Мене асентра супер ми беа, скроз ме вратија во живот, ама морав да ги прекинам зашто почна да ми се појавуваат многу несакани ефекти физички, пример склона бев кон крварење, ми пукаа капилари неконтролирано и добив алергија на сонце. Ги прекинав и ми се повлече се ова. Ама и психички без нив сум ок. Сега за сега.
По се изгледа Азолар ми прави толку кризи паники и плачки и тоа 1/4 навечер Сабалје кога ќе станам сум за нигде. Не знам дали е нормално?! Лорислан ми рече докторката да го заменам со 2мг дијазепам, ама тој воопшто не ми помага. Некој со искуство? Занфекса 37,5 мг ми е покачена на 50мг Лорсилан пола од 2,5 заменет со Дијазепам од 2мг Азолар, што ми е ново апче, 1/4 од 10 мг, навечер.
Треба да прочиташ дека Арипипразол се дава во дози до 30 мг во еден ден. 1/4 од 10 е 2,5 мг и тоа не е никаква доза за делување. Сите антипсихотици во толку ниски дози џабе се земаат. А Хелексот е најквалитетен лек на нашиот пазар како седатив.