Прашањето за антипсихотиците е добро прашање еве што јас знам од клиниките и од искуство прво името антипсихотик може да е чудно меѓутоа тоа се многу слични лекови на антидепресивите, главно влијаат на мозочните хормони и рецепторите. Тоа значи примарна употреба за психотични растројства меѓутоа исто како и антидепресивите што се даваат за разни растројства не само невротични и како што се најпознатите анксиозноста така и антипсихотиците и тоа како може да се даваат. Највеќе се даваат за депресија со психоза да постои ваква работа или за панични напади. Апсолутно се даваат скоро за секое опсесивно компулсивно растројство ОЦД и тоа како помагаат и за афектни состојби и за сите како што кажав психотични растројства од типот на шизофренијата, психозите со и без халуцинации и шизотипните растројства. Исто антидепресивите самото нивно име не значи дека се даваат само за анксиозност паника и депресија туку истите се даваат и за шизофренија и психози Такада во психијатријата комбинацијата од трите врсти лекови, анксиолитици, антидепресиви и антипсихотици е најдобра фактички најбитно е да се темпираат лековите и дозите зашто има иљада комбинации. Од антипсихотиците кај нас најмногу се даваат рисперидонот, оланзапинот и клозапинот како и арипипразолот што не оди на рецепта.
Прво и основно оди на психијатар за антидепресиви, најдобро ќе знае да ти помогне на таа тема. Второ, 10 и кусур години пијам антидепресиви, не станав билка уште Трето, влијаат на либидото, но навикнуваш и се нормализира после некое време. На почеток е тешко додека се навикне телото, но либидото си се враќа во нормала. И четврто, ако имаш потреба од антидепресиви, имаш, нема тука зависна независна. Ако треба да се боцкаш клексани нема да мислиш леле зошто. Затоа што мора за да имаш подобар и поквалитетен живот и тоа е тоа. Психичкото здравје влијае на секој можен орган во телото и не смееш да го запоставуваш. Ама сепак, за овој тип на терапија, ќе идеш на психијатар, никој друг не може и не знае соодветно да ти ја одреди.
Извини што ти упаѓам така но мене либидото сеуште не ми се враќа во нормала, веќе 2 години ..какви ад пиеш ?
Многу зависи од симптомите кои ги имаат пациентите. Ако еден пациент со шизофренија има пропратно депресија, би земал и ад. Значи зависи од симптомите на пациентот. И антипаихотиците воопшто не се слични на антидепресивите, ни по состав, ни по ексцитација/инхибиција на невротрансмитери ни по несакани ефекти. Различна група на апчиња се.
Асентра, сега сум на поголема доза од вообичаено и моментално имам проблем со либидото поради тоа. Но кога сум на доза за одржување (доста ниска) немам никаков проблем.
Значи од Асентрата е ,и јас на Асентра 100 мг два пати на ден . Кога бев на 50 мг се беше океј .. А како ти ја намалуваат и покачуваат дозата? Осеќаш нешто кога ја намалуваат?
Јас 1х100 сум, па ми смета. Ама имав поголем релапс поради животни околности. Инаку доза за одржување ми е 25 (пола апче од 50 на ден) и со години бев така. 2х100 е поголема доза, затоа веројатно. Со тек на време кога ќе се стабилизираш и ќе почнат да ти намалуваат, ќе ти се врати либидото. Инаку, можеш да си даваш „викенд“, односно, пример, четврток и петок не пиеш терапија, сабота имаш веќе зголемено либидо, од недела продолжуваш нормално со терапијата Мене ова ме научи психијатарката, го применував на почетокот кога највеќе изразени ми беа тие проблеми
Јас лани пробав така,два дена да не пијам и ми се влоши состојбата, почнаа да ми зујат ушите,да ми се врти...и психијатарот ми кажа повеќе да не правам така..Сега веќе треба да ми ја намали асентрата на 2х50 па ќе видиме како ќе биде и дали ќе се врати либидото во нормала...веќе пукнав
Може, зависи од човек до човек. Јас да се прашувам ќе пијам повеќе од 100, ама психијатарката ми вика не ми треба повеќе и да издржувам, да не се ослонувам премногу на терапијата (имам тенденција тоа да го правам). Јас сум ок и 2 дена да не пијам, па и 3, четвртиот веќе осеќам раздразливост и немир. Кај мене е мешано депресивно панично растројство, само што одамна паниката ја решив, сега сум само депресивна (и анксиозна, само немам веќе панични напади со години).
Јас бев кај 4 психијатри и сите 4 ми дадоа различни дијагнози 10 пати ја менеа терапијата ,пиев по цела шака лекови ама сега сум само на Асентра фала му на бога и без никаква дијагноза ,се било во главата. Мислев никогаш нема да можам да се откажам од толку антидепресиви,психотици и стабилизатори .
Па психичките болести се во главата, да И мене кога ќе ми кажат „се' ти е во главата“ си викам - браво бе, полн погодок Да не ми кажевте ќе мислев дека депресијата ми е од слезенката Оди на психолог, по можност клинички, нека те тестира, има начини да се дојде до дијагноза најточна. Пак за терапија ќе ти треба психијатар (фармаколошка), но дијагнозата е важна, а психијатрите обично не обрнуваат премногу внимание кај што нема посериозна патологија, тоа е затоа што се доста кризно ориентирани и ние што сме функционални некако не им спаѓаме во доволно „интересни“ за работа. Затоа почни со психолог, дојдете до дијагноза, а потоа според тоа со психијатар ќе се направи добриот „коктел“. Реалноста е дека сите пиеме „коктели“ и треба проба за да се види што делува.
Охоо,шо коктели сум испила досега и сама не знам од кои ад какви искуства сум имала Шала на страна ,мене овие 2/3 месеци ми е скроз океј само на Асентра и Афрон ама тоа е на природна база . Единствен проблем ми е намалено либидо и тоа мн долг период..дали постои нешто на природна база да се земе ?
За антипсихотици треба да се отвори нова тема за да не се меша со оваа. Воедно и да додадам антипсихотиците се и седативи во мали дози тоа значи делуваат како анксиолитици. Оланзапин (оландикс, заласта) од 5мг ќе делува како седатив и ќе го нема антипсихотичното дејство.
Јас на природна база ама ништо не земам искрено, не знам што би ти препорачала. И апчињата за спиење не ми се на природна база, помага мелатотнин, ама повеќе (и поуспешно) ми помага Луната.
Антипсихотиците се употребуваат ИСКЛУЧИВО ЗА ПСИХОЗИ, ЗОШТО ДАВААТ ЈАКИ ЕКСТРАПИРАМИДАЛНИ СИМПТОМИ. А тоа што имале седативно дејство, многу очекувано кога ги блокира H1 рецептори, па и затоа има седативно дејство. Впрочем сите медикаменти влијаат на некој од рецепторите.
Мене Асентрата ми помогна најмногу, пиев и антипсихотик и стабилизатор ама без Асентра не би била како што сум сега . Во скоро време треба да ми ја намалат дозата па и да ми ја прекинат. Инаку супер се чувствувам сега. Мислиш што симптоми имав пред да примам терапија ?