Првите 2 месеци ужасно,катастрофално .Полошо од што бев ...Не знам како издржав со тие лоши мисли секојдневно по цел ден ме демнеа, без волја за ништо, само лежам и ништо не правам,дома хаос,мајка ми ќе дојде ќе ми исчисти јас до вечер сите руби на земја...се самоповредував,се кубев итн ..не знам како поминаа тие 2 пеколни месеци ама еве сум ,здрава,жива, во одлична состојба. Од 6 врсти на лекови сега само на Асентра.
Само да врви се, на подобро. Мене мозокот преку ден цел на фокус ми е, а ко ќе се приберам дома не сака да одмори, да се исклучи. Најчесто преку лето немам мака, а во зима ме фаќа некоја депресија, тага, безволност.
Разбирам,и мене зимата ми беше така...никаква волја за ништо . Да се надоврзам погоре за антипсихотиците ,имав многу кошмари ,секоја вечер ,ми беше страв да заспам.
Девојкии,дали има некоја искуство во бременост да пиела асентра? Дали е тоа штетно и дали е безбедно да се остане бремена? Многу сакаме второ бебе ама сеуште ја пијам асентрата ..
Луѓе, докторката ми зголеми терапија. Од 1/4 од 50мг Занфекса , на цело апче 50мг, два пати на ден. На поручек и на ручек. Дали сте имале ваква ситуација на зголемување?
Да,не на Занфекса,ама на Респиридон и Асентра..Асентра ја пиев по 25 мг два пати на ден значи 50 мг на ден и ми ја зголемија на 100мг наутро ,100 вечер значи 200мг. Исто и Респиридон така ми го зголемија. Немав некои си нус појави .И еве уште терам со 200мг Асентра
Ама док ми рече од 1/4 од 50 мг да Зголемам директно на едно цело. Инаку претходно го пиев на пола и цело, со години
И кај мене е истото додека сум на терапија се чудам како сум можела да гледам така на животот...сега кога ја намалив терапијата на најмалку пак сум заникаде ...
Не ем фаќајте за збор дали беше после Нова година не сум сигурна,докторот работеше некое време и потоа мислам дека веќе таа ординација не постои .
Проверете дали тој АД што го пиете ви е на рецепт од месецов, елицеата е веќе на рецепт и поише од пола цена е намалена.
Тоа е Елицеа, јас пијам година ипол. Првиот месец додека се навикнеш е тешко, после супер ќе функционираш.
Почнав во вторникот со пола таблета, меѓутоа ми се појави дијареа. Може да е нус појава на лекот? Вие кој симптоми ги имавте дури се навикнавте на лекот?
Се може да е нус појава, дијареа и болки во желудник, се појавуваат од стрес, така да може и елицеата да ти предизвка, полека се налачува доза, јас почнав со 1/4 апче, и стигнав до 10мг. Така и остана. Вртоглавици, главоболки, зашеметеност, поспаност, не ми текнува друго.