.zdravo kakvi simptomi imase so mirtazapin ,jas piev 30 mg no nisto ne pomogna,,sega mi prepisaa 15 mg so paraxetin 10 mg,pa 20
Здраво , имам едно прашање , и ве молам за сериозни одговори ,На 35 г. сум и после една година се вратив на елицеа која ми беше потребна за да се успокојам , зошто секој ден чуствував нервоза. Пијам по 5 мг на ден , вероватно така ќе продолжам преку целото време за да не бидам сексуално дисфункционален. Моментално сум до девојка која не знае за терапијата , а очевидно ми го приметува позитивното расположение откако се вратив на елицеа. Наскоро ке ми биде жена , а планирам и бебе нормално , дали на некој начин постои ризик на плодот од елицеата , или да ја стопирам на време уште од сега. Поздрави
Најдобро е да се консултираш со психијатарот. Факт е кај повеќето мажи либидото го снемува со пиењето на антидепресиви пример сертралинот е многу потентен зависи до тој степен што се губи секаков нагон. И од есциталопрамот ова е нормална нуспојава секако ја снемува откако ќе се намали и дефинитвно откако ќе се престане меѓутоа за прашањето најдобро ти е за ова ако е малку незгодно сепак мораш да зборуваш со докторот дури може да консултираш и второ мислење за да ти објаснат и од искуство со луѓе што минале низ такви случаеви.
Одредено време пијам Венлафаксин (Велафакс). Пред некој ден во аптека немаа, имаа само Занфекса, што е исто по содржина. Арно ама, моето последно искуство беше негативно. Мислев дека си умислувам, ама и сега е така. Прашувам дали некој се соочил со нешто вакво? Демек исто е, само името различно, а мене скроз лошо ми делува... Буквално ко да не сум пиел таблета, башка што сум екстра понапнат во однос на деновите кога пијам Велафакс. Многу чудно, знам, ама стварно ова ми се случува.
Мислам дека има разлика, јас пијам Занфекса 50мг два пати на ден. Порано пиев Велафакс, мислам од Плива беше и мислам ми беше подобро.. Не сум сигурна.... Одмна ги пиев, плус иам пиено и со продолжено дејство XR.
исто и јас сум ги пиел тие со продолжено дејство, капсули ќе да беа, ако добро се сеќавам. Дефинитивно има разлика, не знам зошто е така.
Занфекса 50 мг се напив пред пола саат, е сега ме фати заб и одма се напив Ефрдол. Дали има интеракција? Паника ме фати.
Може ли некој да ми каже накратко која е разликата помеѓу елицеа, деметрин, диазепам? Кој за што конкретно е, кој е "најбезбеден"? И кој е најсоодветен само за привремен краток период поради екстремно стресна ситуација?
Друштво, искуство со Пароксетин за интрусивни мисли и несоница? Ми го препишаа пред некој ден. Знам дека не е ич на место прашањево ама многу сум исплашена да почнам да ги земам оти не знам дали ќе можам да ги издржам несаканите ефекти на почетокот, оти сум веќе преизморена. Проблемот ми е несоница со интрусивни мисли.
Дали до сега имаш пиено нешто за несоница? Луната на пример? Јас имам несоница и тоа сериозна, не се "мачам" ноќе туку преферирам да сум будна ноќе. Но, светов не функционира така, па морам да се присилам да заспивам, а без Луната, тешко. Почнав да работам втора работа, многу пофизичка, примарната ми е седната во канцеларија цел ден, и ова второво ми помага многу. Ќе се изморам и немам опција, телово заспива од умор. Но, бидејќи иако заспива од умор, се будам за максимум 5 часа, пијам Луната за да ме држи подолго заспана т.е. подлабоко. Морам да напоменам дека не ја пијам постојано/секој ден, затоа што ствара зависност, што дур можам ќе ја избегнувам. Немам сајд ефекти, најодморена и најсмирена се будам со неа, инаку будењата ми се најтешки психички, општо. Уморна сум додека не си ја испијам терапијата.
Дечки хелп. Има некој што пие Хелекс? Го оставив Парокестинот и како потребата за Хелекс да ми се зголеми. Ги пијам веке две години. Не е многу тоа ??? Преплашена сум......ке ги оставам ли ?
Хелекс пијам долги години веќе во комбинација со Асентра. Секако ако можеш најдобро е да не ги пиеш, но ако вознемиреноста е огромна и те спречува да функционираш, секако е подобро да пиеш терапија него да не функционираш или да се измачуваш. Со психијатар види околу дозирање, инаку, Хелексот е анксиолитик, брзо создава зависност, но јас се одржувам на иста доза веќе години, некогаш и помала од препишаната ако не сум вознемирена. Инаку ниту еден лек немој да оставаш наеднаш, првиот ако така си го оставила (без полека постепено да се одвикнуваш) нормално е да си повознемирена и автоматски поголема потреба од анксиолитик имаш.
Ухх те разбирам, мене одамна ме немаше фатено, години бев супер. Сега зимово ме фати после огромен стрес и си направив опсесија од ова. Плус не одам на работа и тоа ми е најголемиот проблем.
Елицеа е анксиолитик, а деметрин и дијазепам се антидепресиви. Но и покрај овие називи, често ги сместуваат во иста група и ги даваат за исти состојби и луѓето често се бунат. Елицеата се дава за психолошка анксиозност и депресија, за вештачки да го зголеми нивото на серотонин во мозокот, па луѓето на терапија со Елицеа се очекува да бидат постабилни, посреќни, побезгрижни. Деметрин и дијазепам се даваат кога имаш физички манифестации на анксиозност и депресија, како тресење на раце, главоболки, плачење, викање и сл. Дијазепам на пример се дава и ако имаш мускулни болки, затоа што ќе те опушти меѓутоа ако проблемот ти е во главата тогаш дијазепамот сам по себе не делува. Обично психијатрите препишуваат комбинација од двете групи, ем за психолошка ем за физичка манифестација на анксиозност и депресија. Мене на пример, ми дадоа Елица со дијазепам, ама дијазепамот скоро и да не ми затреба, затоа што Елицеата си го заврши своето. Инаку деметринот е послаб, дијазепамот е појак. После нив уште појаки се хелекс, лексилиум итн.
@FreeToGo обратно, елица е антидепресив. Останатите зависи што е манифестацијата, јас никогаш се немам напиено дијазепам на пример, бидејќи една од особините е што води и до мускулна релаксација што во превод кај мене ќе доведе и до поголема летаргичност. Хелексот не ми делува така, ниту би требало да делува така.
Во право си, моја грешка. Ама не можам да го едитирам постот веќе Чудно како хелексот не ти делува така, а во иста група се со дијазепамот, дијазепамот е дури и послаб. Мене хелекс ме има нокаутирано ептен и се префрлив на дијазепам, еден краток период.
Не. Во минатото пиев долги години седатив за анксиозност и кога го оставав доживеав прв пат интензивна несоница и после три години еве бев супер и ништо не земав а спиев прекрасно. Ама од минатиот месец после некои околности и огромен стрес ми се врати, па попушти околу нова година и од пред една недела пак ме подбра после стрес. Пијам само чаеви. Еве пример засношти бев поопуштена спиев едно добри 8 саати природно без ништо. Сношти пак си направив филм дека не ќе можам и навистина не спиев воопшто. Претешко ми е. Влегов во зачаран круг и многу и' се плашам. Ми стана опсесија и со тоа повеќе ја хранам. Есенва по 10 саати спиев без проблем. Како е можно олку да ме надвладеа. Преплашена сум. Барам нова работа од кои две одбив оти ми беше страв да почнам зашто ќе треба откази да давам. Толку многу работи се чекаат од мене а јас немам сила да сварам кафе. Страв ми е од таблети оти знам низ што поминав кога ги откажував.
Хелекс е првиот лек што го пијам сабајле со првото кафе, Асентра пијам со јадење подоцна. Веројатно има врска и дозата, макар и при поголеми дози кога инцидентно требало, не ми се приспало никогаш. А знам дека луѓе ги успива, мене не, само ме смирува и сум попродуктивна многу. Дијазепам се немам напиено никогаш, всушност ништо освен Хелекс не сум пиела, но бидејќи е релаксант и да се напијам веројатно ќе заспијам или нема да заспијам ама нема ни да мрднам од кревет (јас и вака општо прокастринирам поради депресијата, ко на курбла палам ) Во суштина не се толку јаки/слаби, колку што зависи кој организам што може да поднесе подобро, на пример мене пробаа на Елицеа да ме стават, жива мака ми беше 3 месеци, не ми одговара воопшто. А другарка ми 10 години е на Елицеа, ништо освен тоа не пие и одлично е. Нормално дека не секој лек на секого исто делува, јас од трамадол што луѓе за болка го пијат, спијам бетер него хипнотик да се напијам на пример Затоа само еднаш во животот имам испиено, втор пат јок, такво спиење да не можам да си дојдам на себе 12+ саати, не.