Алпразоламот е посилен лек од дијазепамот во иста доза. Или лоразепам исто. Дијазепамот е најслаб лек што се дава за се и сешто. Поради рекордните производства се дава за безврска работи на секого. Според мене со антидепресивите треба посилен лек може лоразепам.
Дали антидепресивите имаат влијание на плодноста? Ако има некој искуство или знае ( Секако ќе се консултирам со доктор)
Луѓе, ве молам за поддршка со почнување антидепресиви. Имам опсесивно компулсивно растројство кое беше во мирување повеќе години, но поради огромен стрес неодамна, веќе два месеци ми е активирано до плафон. Најтежок симптом ми е несоницата која ми ја предизвика окп то со интрусивните мисли. Веќе два месеци се мачам надевајќи се дека ќе попушти ама не попушта. Ме интересира ваше искуство со антидепресиви кои ви помогнале со опсесивно компулсивно растројство а притоа и спиењето ви се подобрило. Веќе ми препишаа Пароксетин, ама страв ми е да почнам. Две недели ги чувам во чанта и никако да се осмелам да почнам. А криво ми е што олку одложив оти од сиот овој стрес, неспиење и многу цигари веќе соматски ќе се разболам ако и не сум.
А зошто страв? Тоа е нормален лек како секој, ако имаш потреба го пиеш. Незнам тоа е мое мислење, може грешам
Здраво. Ми треба препорака за нешто за смирување, имав голем стрес периодов и не можам да се смирам. Вознемирена сум постојано, не можам да спијам, кошмари.. Нешто на природна база без рецепта што можам да го набавам..
Б6, Б12, (или некаков Б комплекс) , магнезиум, омега 3, 5-HTP, D3, чај (или апчиња) од кантарион, за спиењето мелатонин. Ова можеш без рецепт.
Ако е добар и искусен психијатарот и направил правилна проценка знае дека тој конкретен антидепресив е соодветен за тебе и моменталната состојба во која си. Ако се двоумиш за пароксетинот итно јави му се и закажи разговор, на почеток од давање ваков лек и самите даваат контакт да се пожалиш ако не се осеќаш најдобро. Јави му се слободно.
Искуства со антидепресиви самостојно без седатив? Денес почнав со Зепира , психијатарот ми рече ако ти е ок немој да земаш седатив. Ако се почувствуваш вознемирено тогаш земи четврт Аклонил. Сте истуркале АД без седатив на почеток?
Класична зависност нема меѓутоа најдобро се прекинуваат исто како што и се почнале. По половина или во некои случаи четвртина. На почеток ќе делуваат по неколку недели. Инаку зависно што мака имаш и дали ти се препишани антипсихотици и седативи заедно обично дејството во комбинација е подобро додека за дозите не може никој да каже освен тој што доктор те гледа како сеносеќаш
Мене ми ги препишаа пред некој ден после лоша реакција на Пароксетин, ама уште ми е страв да ги земам. Матичната ме охрабрува да пробам оти многу помагале за несоница предизвикана од анксиозност или депресија. Почна веќе ти?