Здраво, дечки 2 ипол месеци пиев Елицеа од 10 мг, ми ги дадоа за превенција од тинитус, но за жал не ми помогнаа, напротив ми го влошија само тинитусот. И не гледам веќе причина да ги пиам. Матичната ми рече да го допијам пакетчето и само последните 5 дена по пола и толку. Нели е тоа некако нагло прекинување ? Или е доволно Фала
Мислам дека треба постепено да ги намалувате. Пример 2 недели по 5мг, па после две недели секој втор ден по 5 мг, па секој трет ден ама тоа во консултација со твојот лекар. Дали може да напише некој искуство колку долго пие Елицеа? Јас пиев 9 месеци и во консултација со доктор ја прекинав бидејќи се чувствував добро. Но сега после 2 месеци гледам дека ми беше подобро додека ја пиев. Дополнително мн почнав да се дебелеам од неа. Кој друг лек е замена за Елицеа, некој што има позитивно искуство.
Каков лек е велафаксин? За што се препишува? Мајка ми пиеше сероксат, сега и го дадоа овој? Некој искуства?
Здраво, сакам да купам Асентра апчиња или некои други антидепресиви, но ме интересира дали истите можам да ги набавам на приватно, без рецепта од аптека?!
здраво, веќе неколку години живеам во странство и после долго испробување конечно најдов терапија што ми одговара, fluoxetine и bupropion. Но наскоро ќе се селам во Македонија и случајно проверив во регистарот на лекови и видов дека најверојатно bupropion не е достапен во МК а ни некои други антидепресиви од истата категорија (NDRIs). Дали некоја од вас има искуство со ова, дали користите слични апчиња? Нормално ќе си закажам на психијатар кога ќе се преселам целосно, ама до тогаш многу ме копка ова, бидејќи стварно со години се мачев со антидепресиви, и не сум во состојба сега да менувам терапија пак
Не се регистрирани кај нас, така да ги нема во продажба и мислам дека нема ништо од оваа група. Миртазепин мислам има само како атипичен антидепресив. Најчесто употребувани и препишувани кај нас се пароксетинот, венлафаксин, дулоксетин, есциталопрам, сертралинот