Осеќам глад ми се јаде но кога ќе го видам јадењево неможем јадем нешто што ќе успеем со сила но тоа се само неколку работи .Не сама доктирката рече ако не да зголемам на 15 ,но незнам колку веќе да чекам некако осеќам не ми делуваат
Не ми е прашањево за антидепресиви, ама не знаев на кое друго место да прашам: има ли некој позитивно искуство со некои таблети за смирување на билна база? Нешто во стилот да те опуштат, секако дека ако не е хемија нема да реагира длабоко. Нешто типа валеријана и микс од други нешта или што и да е друго, капки, таблети, било што... На Лорсилан сум и приметувам дека без него не сум смирен, а не би сакал да се навлечам зашто еве, досега, години сум со него па без него и не сум се навикнал. Но, сега сум на 2.5 мг-нешто што буквално знае да бутне човек, а мене скоро па ништо не ми прави. До душа, ме опушта, има голема разлика кога ќе земам, но гледам да тоа не биде секој ден и да биде половина таблета. Нешто слушав некои кажуваа за такви нешта на природна база од Бугарија. Ве молам ако некој знае да ми помогне, ќе изнајдам јас начин како да ги добијам, од каде и да се. Буквално.
Ти си навлечен на Лорсиланот штом толку долго го пиеш. Штом не чувствуваш никакви ефекти значи толерантен си станал на него. Треба сега постепено да се намалува дозата оти ќе ти се појават симптоми на одвикнување. Значи под контрола на доктор оти може да биде опасно ако во своја режија се одвикнуваш. Лорсиланот е лек кој се дава во ''итни'' ситуации,а не е за секојдневна употреба. Максимумот на земање е 4 недели. Ако ме слушаш мене ќе си одиш на психотерапија комбинирано со медитација, јога или трчање. Да знаеш дека апчињата се полесниот пат, треба да работиш на себе ако сакаш долгорочно да бидеш подобро.
Хм, па не баш, искрено... Или па потајно сум? Не знам. Ама немам потреба да земам секој ден. Чат-пат половинка ќе каснам хахаха.
Мене ич не ми е смешно. Ама терај како мислиш. Ако не те смирува лоразепамот валеријаната сигурно нема да ти помогне. 1 мг лоразепам редовно земање не е мала доза. Максимално се дава 2-4 недели заради големкиот потенцијал зависен да станеш од него.
Како тоа доктор? Од кај знам јас кој стои позади тој аватар? Ако е доктор, не треба да значи дека треба толку нападно да се однесува поради своето знаење и/или ставови. Па јас лекот не го земам од трафика, побогу. Препишан ми е од психијатар, исто доктор, нели? Ваљда знаат што ми препишуваат, колку долго го земам, дали сѐ уште треба да го земам... Одам на контроли, не е дека бев еднаш пред 5 години и си терам со истата терапија. А, искрено, ваков доктор да изберам за преглед-не би отишол ни на контрола. Со вакво однесување нека си лечи вака, по форуми. „Терај како мислиш“, сериозно? Има ли некои тајни тунели преку кои се снабдуваат со бензо? Ако ги знаеш-работи на случајот да ги снема, а не тука мене да ми се понашаш да сум си терал како што сум си сакал. Многу си дозволувате. Башка, ако толку сакал/а да ми помогне, ќе ми пишел/а приватна порака со такви ниски зборови и фрази. Јас, како прво, не го/ја прашав за совет директно него/неа. Имам мозок, имам интернет, имам лекар кој се грижи за терапијата која ја земам... Не се секирајте, нема да земам Ариел ако ми каже некој дека помага тука, на форум.
А бе слушај доктори, таму кај што идеш, психолози, во тој стил. А не овде на форум. Сама си знаеш како си се осеќаш
@theunforgiven може да ти звучи ''остро'' она што ти го кажав ама совет можам да дадам не да те натерам да го примениш. Бараш совет на форум ама мојот не ти се допадна оти ти кажав дека треба да работиш на себе со помош на психотерапија и да најдеш друг начин да се справиш со нервозата или вознемиреност што и да имаш (кик бокс, медитација,трчање, вртење на велосипед). Ама ова е потешко, полесно е да се "лапне" таблета. Ти слушај кој сакаш ама и сам гледаш дека имаш проблем. Зголемена вознемиреност после прекинување на терапија со бензодијазепини е симптом на одвикнувањето. Зборувај со твојот психијатар и прашај го за несаканите дејства од долготрајна терапија со бензодијазепини, за потенцијалот на зависност за можните алтернативи. Впрочем ако толку му веруваш на психијатарот зошто бараш совет на форум? Јас не пишувам ЛП. Ова е форум. И ова багателизирање на проблемите и "лапнување" безнодијазепини како бонбончиња е опасно.
Дали некоја жена има пиено антидепресиви во бременост јас не сум трудна но сакам да останам но имам проблеми со спиењето неможам да спијам така да изгледа ќе треба да посетам психијатар и дали со антидепресиви се останува трудна..
Не се пие толку долго ниеден бензодијазепин, без разлика што не е секој ден, ама е многу често. Не го прекинувај наеднаш, оти знае да даде не така лесен апстиненцијален синдром. Пробај разговарај со друг психијатар и нека те следи во одвикнувањето , евентуално со терапија која ќе ти помогне. Овде психијатрите препишуваат бензодијазепини на многу подолги стази а не треба. Ништо на билна база не помага толку како замена на овие проклети седативи. Само продуктивен и здрав живот ќе ги поттикнат потребните габа рецептори во мозокот со тек на време. Треба време. Не е брз процес. Мој добронамерен совет.
Да, другарка ми и пред бременоста, во текот и после исто си продолжи со следење од доктор секако. Тие и' помогнаа да остане трудна. А поради анксиозност ти се манифестира неспиењето?
Е, па, сега... Ми препишале неколку различни психијатри. Шо треба да речам еј чекај, стој, не така? )))))) П.С. Не пијам веќе. А јасно ми е што се и како се, но, кога ќе размислам, сите лекови колку прават добро-толку прават и лошо. Ама ај сега да не се задлабочуваме до толку... Здрав живот и не знам што не може секој да води така лесно, психата е опасна работа.