Здраво. Пијам Есциталопрам 15мг наутро и Заласта 1/4 од 5мг навечер поради пост породилна депресија. Сега сум добра. По цели денови се чувствувам поспано и ми се чини дека во било кое време да легнам,веднаш ќе заспијам..имам активен живот моментално,со 2 деца од кои едното 5 месеци бебе. Постојано сум во движење,дури и коските и мускулоте ме болат. Наутро не можам да се разбудам. Не ми помага ниту кафе за расонување... Прашањето ми е : дали е можно,поспаноста да ми е од таблетите или може да е некој друг фактор? Дополнително веќе 3 месеци внесувам Омега 3, Инозотол,вит.Д3 и пробиотик поради проблеми со кожата(осип на лицето).