Здраво,барав ваква тема и не најдов.Сакам да купам дигитален апарат за притисок,ги фалат sendо конкретно овој на сликата.Ме интересира и ваше мислење,дали некоја од вас има ваков тип на апаратче и како сте задоволни.
Никогаш не сум имала проблем со притисокот ама деновиве полудев.Моите имаат систолен ама нешто гумичката е скината.Немам време и не знам каде да најдам мајстор што ги поправа,па реков да купам дигитален. Фала за одговорот
Таткоми го користи2- 3г мислам дека е најдобар. Овој го има. Кој и да го земеш од Сендо нема да згрешиш.
Додека работев во аптека овој апарат беше најпродаван. Солидна цена има, не е прескап и има гаранција. Одличен избор направила мајка ти.
Од Зегин го купи, 1200 денари. И велев дигитален да си купи, на друга марка не сакаше, а на Сендо дигиталниот и беше скап, па се одлучи за овој
Не знам зошто (можеби сум старомодна ) но не верувам во дигиталните. Се жалеа пациентите - три пати да измериш, трите пати ќе даде различен резултат. Исто и за дигиталните топломери.
Од оние старите, со живин мерач, нема попрецизни - самите доктори така тврдат. Бидејќи нема веќе такви, мораме дигитални да користиме. Јас колку што знам, на Омрон се најдобри.
Всушност има. 1350 денари е..(има и поскапи секако, знам за еден од 5200 ден а сигурно има и други) И точно е дека е најпрецизен. Јас со 4 различни дигитални апарати, добив 4 драстично различни мерки за притисокот во рок од неколку минути.. Така да не им верувам баш..
Знам дека дома имавме куп такви нефункционални и татко ми се лутеше зошто или пумпата, или тоа цревото беа од лош квалитет и дефектни.
И јас сакам да купам апарат мм има во последно време варирачки притисок ама се мислам каков...т.е јас на тие со пумпање и со бројчаник незнам да мерам Што ќе препоррачате за ваков тапчо
Дали постои начин сам да си мерам притисок и ако ДА со кој апарат? Не знаат моиве да ми мерат...само се карам со нив а знам дека иам или многу низок или многу висок некад.
Со било кој апарат можеш сам да си измериш притисок. Полесно ќе ти биде со дигитален. Си го ставаш на рака, го стискаш копчето, само ќе измери и на екранот ќе ти покаже колку ти е притисокот, дури и пулсот колку ти е. Со систолен апарат, го местиш на раката, си ги ставаш слушалките, со другата рака ќе пумпаш, потоа полека ќе го испушташ воздухот. Каде ќе почне да чука тоа ти е горниот притисок, а каде ќе престане да чука тоа ти е долниот притисок. Препорака за марка на апарат: Сендо, имаш и систолен и дигитален на таа марка.
Со овој може сами да си мерите... дури и повозрасни лица можат сами.... не го рекламирам но добар е (често има и "тркало на среќа-за попуст) па може и поефтино да ви дојде...