1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апатија

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 4 ноември 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet додека е точно дека апатијата може да биде предизвикана од развојот на технологијата, сепак постојат и други фактори од кои таа настанува. Односно, Апатијата може да се погледне во повеќе аспекти, и тоа во:
    -технологијата
    -социјално потекло
    -во училишниот систем
    - набљудувач
    -комуникација

    Од медицински аспект, пак, апатијата може да биде показател за болести како што се :

    -депресија
    -алцхајмерова зараза
    -вознемиреност
    -хорор, односно Посттрауматско стресно нарушување
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Го видов тоа во воведот, но посебен акцент ставив на технологијата затоа што сметам дека таа носи најголема одговорност. И дека човек од неа има повеќе штета отколку корист.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со твоето размислување а ефектите може да се видат насекаде околу нас ... :)
    Но претпоставувам дека тоа е една од негативностите на модерното општество
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Најпрвин, не би се согласила со популарниот став дека технологијата е главен виновник во глобала за апатијата како што се смета дека е и за многу потешкотии со психата. Треба да се разбие тоа мислење и да се сфати дека сите тие, поблаги и посериозни, краткорочни и долгорочни психички промени - постоеле и во „старите добри времиња“ без интернет, само што баш поради развојот на таа технологија од научен и стручен аспект - разликата е што сега имаат име, се знае за нив и информирани луѓе ги разбираат.

    Никој што actually се соочува со апатија, не си ја има предизвикано свесно и не е задоволен и среќен што е во таква фаза/состојба. И јас истата ја разбирам како недостаток на волја за акција во повеќе сфери од животот, а не како обично неразбирање и свесно ладно однесување кон другите.
    Апатијата може да е предизвикана од тешки разочарувања, животни трагедии... и е еден од симптомите за депресија.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Иако технологијата е наведена како еден од причинителите на апатијата, сепак таа нема доминантна улога. И секако дека апатијата постоела и во минатото. Христијаните историски ја осудиле апатијата како недостаток на љубов и посветеност на Бога и неговите дела. Оваа интерпретација на апатијата е исто така позната како Sloth во седумте смртоносни гревови. Но ова секако е само од аспект на религијата во која зависи дали некој верува во неа или не.

    Јас би рекла дека модерниот концепт на апатијата станал особено познат по Првата Светска Војна, кога беше една од различните форми на т.н. "shell shock".
    Имено, војниците кои живееле во ровови сред бомбардирањето и пукањето со автоматското оружје, и кои ги видоа бојните полиња расфрлани со нивните осакатени и мртви пријатели, успеале да развијат чувство на неповрзана вкочанетост и рамнодушност кон нормалната социјална интеракција кога се вратиле од борба.

    * "shell shock" - психолошка вознемиреност предизвикана од продолжена изложеност на активни воени дејствија, особено за време на бомбардирање ;
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.986
    Допаѓања:
    8.754
    Пол:
    Женски
    Сите ја имаме во одреден период од животот. Скроз нормално е.