За апликацијава дознав пред некое време; за тие што не се запознаени, накратко, тоа е апликација на која можеш да закажеш средба со психолог; има детален опис во врска со образованието на психолозите, специјалноста, нивниот пристап со пациентите и сл., и притоа, самите избирате термин и начин на разговор - видео кол, воис клип или допишување. Од една страна сакав да ја споделам со оние коишто до сега немале можност да ја сретнат, а од друга страна ако има некој што веќе вистински ја употребил апликацијава и разговарал со некој од психолозите, да ми препорача некој од нив.
Првпат слушам за апликацијава, а звучи добро. Посебно сега кога многу од нас се чувствуваат изолирани и осамени. Во секој случај, според мене разговор лице во лице со психолог би бил поефективен, но и ова е нешто. Би ја употребила апликацијава ако почувствувам потреба.
Да, цената ја поставува секој психолог индивидуално. И, да, цената е најниска за допишување, а највисока за видео кол.
Знам за оваа апликација баш тука од форумот од друга тема. Имаат и веб страна. Јас лично не сум ја користела, но мислам дека е одлично што постои ваква апликација, има многу што се срамат да посетат психолог, некој не се во можност да посетат психолог, па може во секое време преку апликацијата да разговараат со стручно лице. Мислам дека може и анонимно ако не се лажам. Убаво би било да сподели искуство некој што ја користел.
Користев едно време и не бев задоволна. Најбрз начин за правење пари во време на корона. Последниот пат кога закажав, имаше слободен термин, си платив и на крај не се вклучи личноста.
Како тоа? Нели закажувањето на сеанса/состанок е преку договор меѓу психологот и клиентот? Инаку сметам дека, станува збор за доста интересна опција за психо-советување, особено доколку некој има потреба од помош "веднаш" па би можел и преку порака итно да добие совет од психолог. Во однос на цените, па дури и за видео повик, сметам дека се прилично високи(особено кај некои психолози) за наш стандард. Искрено се чудам, пример, како еден студент би можел да си дозволи да посетува психолог/психотерапевт еднаш неделно(во период од еве 1-2 месеци, може да треба и повеќе), шо ќе го чини 1500-2000 денари од сеанса...
Јас ја симнав апликацијата онака од љубопитност да видам што како , јас одам на психијатар во ординација а вака онлајн до сега не сум била и не планирам , едноставно не е тоа тоа. Од една страна за време на пандемија е ова одлично за заштита од вирусот затоа што е онлајн и без контакт во живо. Но од друга страна мене повеќе ми изгледа како они да заработат брзи и лесни пари.
@Waverly Raven така, едноставно. Освен да го контактираш лицето преку порака на месенџер, друго не гледам како решение. Има одбројувач ама ако не се вклучи лицето, немаш ни потсетник (а и да одиш на апликацијата, немаш можност ти да пишиш). Ништо не го заменува контактот во живо. Кога некој ќе ти посвети внимание и се постави како што треба, тогаш значи дека се обраќаш на правата личност.
Според оцените на пациентите и нивните коментари, сепак не би се согласила дека акцентот е на тоа да се заработи брзо и лесно Дополнително, за што и да станува збор, не може и не е нормално на сите да им се допаѓа. Исто и апликацијава, не значи дека секому ќе помогне и дека секој непречено ќе се јави на договорената сеанса. Суштински, целиот тој концепт ми се свиѓа. А, кога станува збор за цената, до сега со сите што сум зборела кажале дека под 1000 денари не е. Многу или малку, тоа е, никој не нè прашува. Најважното е барем за тие пари да се реши проблемот...
Во ова наше општество каде сеуште постои стигматизација за психичките заболувања (а верувам дека повеќето имаме потреба од стручна помош),мислам дека беше повеќе од потребна ваква апликација .На овој начин ,личност на која и треба помош а се плаши да не биде стигматизирана од средината ќе ја охрабри да превземе макар малку чекор за подобрување на нејзината состојба а покасно и да пристапи физички кај стручно лице.Инаку во соседна Србија а верувам и во други земји од соседството веќе од поодамна ја има.
Вакви апликации се важни. Знам за разговори од кога беше најавена лани. И ја предлагам. Имаш поефтини и поскапи психолози и секој према можноста нели. Некогаш и да се растеретиш моментално е доста. Добра е за луѓе кои се срамат да одат, кои се кријат од некој ( најчесто од родители), па дури и во пандемија за да се избегни контакт. Некои не сакаат контакт во живо и овај начин можи да е чекор да стигни човекот до посакуваната цел. Нормално дека контакт во живо е незаменлив, тука е јазикот на телото, зближување и оддалечување ама и другото не е за џабе и можи да биди полезно. Како тин јас седев на странска апликација за иста намена. Јас сакам во пишана форма зошто така се осеќав комотно и прилично сум сигурна има доста тинејџери како јас тогаш. То шо си зад текст те "чува" и крие на еден начин. И обично е одскочна даска за евентуално да се охрабриш за воис пораки, па видео чат па лице в лице средба. Ако психологот е професионален и стручен, ќе биди професионален и стручен кога и да е на работно место, безразлика каде е тоа работно место. Ако не е, тогаш и ирл не би бил. До чоекот е. Не мислам дека е начин за брза заработка на пари. Од еден начин сфаќам, тие вложуваат ист напор, пример исто време, ист интензитет на клиент и зато ваљда наплаќаат како во клиника, АМА клиентот не го добива истиот ефект како ирл и сметам дека и то треба да се земи во предвид кога поставуваат цена.
Препорака и од мене за апликацијата. Има избор на психолози, секој има оставено кратко био, цените се доволно приступачни, со ценовен ранг од - до, што сметам дека секој може да си најде соодветно. Предност ми е и што можеш во "најудобно" издание да си бидеш, т.е. дома, во свое катче, па го нема оној дополнителен стрес што ми се правел дека сум во ординација/канцеларија.
А што не е скапо? Ние кога бевме Мк се шокирав од сметката во маркет. Најдобро е психолозиве да ги плаќа државата или барем еден дел. Како Проект среќа што е на пример. Психолози не се потребни само на нормалната класа туку и на некој што нема ни за леб. Сепак супер идеја и апликација, посебно писмениот дел, јас само на писмено би разговарала со психолог.
Тоа мислам дека е индивидуално, зашто не на секој му одговара истиот пристап. Јас обично ги пребарувам, повеќето имаат статии, интервјуа, па отприлика би се добила слика за пристапот, начинот на изразување и сл. Моја препорака Розалија и Марија Грубор.
Имено, апликацијава е навистина за пофалба од аспект на достапни опции(порака, повик, видео-повик), на секој како шо му одговара, т.е. како шо му е удобно. Е сега морам да речам дека некои си се "прецениле", ма да ако земеме во предвид колку кошта една сеанса од 1ч-1.30ч во живо, сеансиве преку апликацијата и не се така скапи. Инаку потполно се согласувам дека државата треба да ги фининсира психолозиве, а воедно и да се развие стратегија/кампањи и сл. за посета на психолог, т.е. да се разбие стигмата, бидејќи искрен да бидам посета на добар псхиолог, а особено на психотерапевт можи да те кошта и до 8000 денари месечно(па и повеќе). Убаво би било доколку некој сподели инфо во однос на конкуренцијата на пазарот, иако знам дека во последно псхиологијата е доста популарна и се учи и на државен и на приватен универзитет.